Тимот на Трамп предизвика толку голема штета и уништување за помалку од 100 дена што го одзема здивот, рече Бајден, кој го искористи својот прв говор откако ја напушти функцијата за да ја критикува политиката на благосостојба на администрацијата на Трамп, пренесува Би-би-си. Поранешниот американски претседател изјави на конференција во Чикаго дека владата „зела секира“ на системот за социјално осигурување, за кој Доналд Трамп и Илон Маск – кој ...

Министерот за одбрана во оставка Ејуп Маќедонци, ексклузивно откри дека Бугарија е подготвена да се приклучи на одбранбениот договор потпишан меѓу Косово, Албанија и Хрватска, но од Бугарија демантираат дека се согласиле со такво нешто. Неточни се информациите за силен неофицијален интерес од Бугарија кон Декларацијата за соработка во областа на одбраната меѓу Хрватска, Косово и Албанија, изјави министерот за надворешни работи Георг Георгиев во ...

Антикорупциска често објавува информации за водење истраги за корупција и непотизам. Повеќето случаи остануваат само на соопштенија, а самите случаи се мали и не предизвикуваат промени. Забележливо е дека врвот на власта никогаш не е предмет на истрагите на Антикорупциска. ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на Антикорупциската комисија? Што мислите вие, дали ова е точно или имате поинакво мислење за работата на оваа значајна државна ...

По неколку години прикриени предупредувања, на 4 април кинеската влада постави ограничувања за извоз на седум видови ретки минерали, како дел од нејзината одмазда против првичните 34% „реципрочни“ царини на Трамп за кинески стоки. Новите правила бараат од сите компании да обезбедат владина дозвола за извоз на седумте минерали, како и придружните производи, како што се магнетите, објави Си-ен-ен. И за разлика од тарифите, тоа е фронт каде Трамп ...

Амбасадорите на Управниот комитет на Советот за имплементација на мирот (ССМ), вчера на седницата што се одржа во Меморијалниот центар Поточари кај Сребреница, ја истакнаа силната поддршка на меѓународната заедница за суверенитетот, територијалниот интегритет и уставниот и правниот поредок на Босна и Херцеговина, како и нејзиниот континуиран напредок кон европската и евроатлантската интеграција, пренесоа српски регионални медиуми. Повод за ...

Украински беспилотни летала го погодија рускиот град Шуја во Ивановската област на 16 април, насочени кон воената инфраструктура поврзана со руската 112-та ракетна бригада, според независниот руски медиум Астра, пренесува Кијив Индипендент. 112-та бригада, заедно со 448-та ракетна бригада, беа вклучени во смртоносниот ракетен напад врз украинскиот град Суми на Цветници на 13 април, во кој загинаа најмалку 35 цивили, соопшти украинското ...

МВР демантира дека го сомничи јавниот обвинител Љупчо Коцевски дека ја компромитирал акцијата за приведување седуммина полицајци, кои се поврзани со трагедијата во Кочани и кои се сомничат за несовесно работење и за злоупотреби. Министерството за внатрешни работи во целост ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите за наводно нарушување на вчерашната акција од страна на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. МВР при вчерашната акција ...

Очекувам дека во брзо време ќе видиме инвестиции од Обединатите Арапски Емирати во Македонија. Потпишавме неколку договори за економска соработка што се услов за идната соработка. Посебно е важно тоа што Дубаи станува центар за извозот кон Истокот, што е одлична можност за домашно извозните компании да ја користат помошта и логистиката што ја нуди Владата на ОАЕ, истакна вицепремиерот Александар Николоски, кој е дел од владината делегација која ...

Нередовните преминувања на европските граници се намалени за 30% во првиот квартал од годината во споредба со истиот период минатата година, што е намалување што групите за права делумно го припишуваат на политиките на ЕУ кои ја нагласија одвраќањето додека навидум замижуваа пред ризикот од злоупотреба на правата. Падот е забележан на сите главни миграциски рути во Европа, се вели во соопштението на граничната агенција на ЕУ Фронтекс, што ...

Рускиот суд на 15 април осуди четворица новинари на по пет и пол години затвор за нивната наводна вмешаност во Антикорупциската фондација (ФБК) на Алексеј Навални, која Москва ја означи како „екстремистичка организација“, објави независниот медиум Медиазона, пренесува Кијв Индипендент. Случајот се однесуваше на Антонина Фаворскаја, Артем Кригер, Сергеј Карелин и Константин Габов, за кои се вели дека произведуваат видео содржини за каналите на ...

Централното претседателство на Алијанса на Албанците (АА) на Арбен Таравари по повеќе од три часа дебата одлучи на претстојните локални избори да понуди сопствени листи со кандидати за советници. Таравари образложи дека оваа одлука нема да придонесе за промени, односно дека остануваат како партија во рамки на коалицијата „ВЛЕН“ и во состав на Владата. Според Таравари, ваквиот заклучок е донесен затоа што во „ВЛЕН“ не ја прифаќале нивната идеја ...

Стапката на илегални преминувања на европските граници во првите три месеци од оваа година е намалена за 30 проценти во однос на 2024 година, а најголем пад – од 64 проценти – е забележан на рутите што минуваат низ Србија, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија. Падот е забележан на сите главни миграциски рути кои водат кон Европа, се вели во соопштението на Европската агенција за гранична заштита, Фронтекс, а тоа е за речиси 33.600 ...

Појасот Газа стана масовна гробница за Палестинците и оние кои им помагаат, соопшти денеска невладината организација Лекари без граници. -Сведоци сме на уништување и присилно раселување на целото население на Газа, изјави координаторката за итни случаи на Лекари без граници во Газа, Аманда Базерол. Серијата смртоносни напади на израелските сили покажуваат дека „безбедноста на хуманитарните и медицинските работници во Газа е занемарена“, според ...

Никој не може да и даде гаранции на Северна Македонија ако сега го смени Уставот, дека повеќе нема да има пречки на европскиот пат, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) во одговор на прашање на МИА дали ЕУ и земјите членки можат да гарантираат дека по спроведување на уставните измени не би имало нови блокади поради билатерални прашања поврзани со идентитетот, јазикот или историја. – ...

Српскиот претсеател Александар Вучиќ се очекува попладнево да се обрати до граѓаните со презентација на резултати од руската ФСБ за наводната употреба на звучен топ за време на протестите во Белград, што се одржаа на 15 март, најави претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ, јавуваат српски медиуми. „Не знам дали конечно е потврдено времето (17 часот), бидејќи претседателот има многу обврски…Но сигурно ќе зборува попладнево“, изјави ...

Преглед на извештајот од Народниот правобранител за 2024 година Најмногу поплаки од граѓаните до Народниот правобранител во 2024 година биле поднесени поради проблеми со лични документи, особено пасошите, покажува Годишниот извештај за човековите права, кој денеска го презентираше омбудсманот Насер Зибери. Од вкупно 2705 претставки заведени во текот на минатата година, дури 408 се однесувале на граѓански состојби, што претставува 15 отсто од ...

Со асистенција на српската полиција и на жандармеријата во опрема за разбивање демонстрации, вработени во РТС беа спроведени да влезат во зградата на медиумот во центарот на Белград, јави дописникот на МИА од Белград. При акцијата на полицијата беа истуркани студентите во блокада кои не дозволуваат влегување во РТС од понеделникот навечер. Студентите трет ден по ред ги блокираат зградите на РТС на улицата Таковска во центарот на Белград, и на ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги ублажи барањата Украина да ја врати помошта за време на преговорите за билатерален договор за природни ресурси, објави Блумберг, повикувајќи се на информирани извори, пренесува Укринформ. Според изворите, по новата рунда преговори меѓу двете страни во Вашингтон минатата недела, администрацијата на Трамп ја намалила својата проценка за помошта обезбедена за Украина од почетокот на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди американските претставници кои учествуваат во разговорите со Русија за ставање крај на војната во Украина да не прават неприфатливи отстапки во однос на окупираните украински територии, јави ДПА. -Сите територии припаѓаат на обединетата држава Украина. Само украинскиот народ ќе носи одлуки во врска со нивната национална територија, рече Зеленски. „За нас е црвена линија да не признаеме ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша рускиот двоен балистички ракетен напад врз украинскиот град Суми во кој загинаа 35 и ранети 117 како „грешка“ на Русите. Но, тоа не е така, се наведува во статија на Политико, во која се анализира руската воена стратегијата, која, според анализата, доведе до обвинувања од страна на украинските цивили до нивната војска. Нападот врз Суми во неделата, како и нападот на 4 април на Кривји Рих, каде што ...

Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) постигнаа договор за заедничка подготовка за идни пандемии по повеќе од четири години преговори, соопшти денеска организацијата. -Земјите-членки на СЗО направија големи чекори напред во нивните напори да го направат светот побезбеден од пандемии. Ова е историски договор за здравствена безбедност, еднаквост и меѓународна солидарност, се вели во соопштението. Предлогот ги наведува мерките ...

На денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците не помина Иницијативата на „Европски фронт“ за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани. За Иницијативата гласаа четворица членови на Комисијата на политичките партии „Европски фронт“ и СДСМ. Пратениците-членови на ВМРО-ДПМНЕ и „Влен“ истакнаа дека тоа што не гласаа не значи дека се против одржување на надзорна расправа, туку се за опфаќање и ...

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на чиј дневен ред е Иницијативата за одржување надзорна расправа за селективниот пристап во истрагата за трагедијата во Кочани. Основното јавно обвинителство Кочани вчера до Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерки за претпазливост за последниот 19-ти осомничен на кого беше проширена истрагата за пожарот во кочанската дискотека ...

ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што мислите за анкетите и истражувањата на јавното мислење? Граѓаните со скепса за анкетите и истражувањата на јавното мислење Анкетите и истражувањата на јавното мислење сѐ почесто предизвикуваат недоверба кај граѓаните. Под објавата на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, на прашањето „Што мислите за анкетите и истражувањата на јавното мислење?“, следуваа низа коментари кои ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврди низа пропусти во Законот за угостителска дејност. Анализата ја спроведе по сопствена иницијатива, откако се случи трагедијата во Кочани во која загинаа 61 лице. Упис на физички лица во Регистарот за вршење угостителска дејност без претходна проверка од надлежен орган за исполнетоста на минимално-техничките услови, е само една од слабостите што ги нотира ДКСК. Според Комисијата, ...

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, денеска во Брисел изјави дека НАТО нема да толерира потенцијален безбедносен вакуум и закана за мирот во Босна и Херцеговина, говорејќи пред почетокот на состанокот со членовите на Претседателството на БиХ. Шекеринска рече дека НАТО е загрижен за последните настани во БиХ, нагласувајќи дека уставниот поредок на државата мора да се почитува. „Го поддржуваме територијалниот ...

Претседавачот на седницата на косовското Собрание Авни Дехари ја прекина конститутивната седница на косовското Собрание. Дехари рече дека по настанатата ситуација со неизгласувањето на извештајот за потврдување на мандатите, седницата е прекината. „Поради создадените околности, бидејќи извештајот на комисијата не доби доволно гласови, во овие околности мора да ја прекинеме седницата и со писмо да го известиме претседателот како ќе продолжиме“, ...

Организаторот на пропалестинските протести на Универзитетот Колумбија е уапсен од страна на имиграционите службеници додека присуствувал на интервју како дел од неговото барање за американско државјанство, изјави неговиот адвокат, јавува Би-Би-Си. Мохсен Махдави, носител на зелена карта, кој следниот месец треба да дипломира на колеџот во Њујорк, беше приведен во понеделникот во Колчестер, Вермонт. Неговиот адвокат рече дека г-дин Махдави бил ...

Ова прашање се однесува на иницијативата која има за цел да ја зголеми транспарентноста и да им овозможи на потрошувачите полесно да ги споредуваат цените и да донесуваат информирани одлуки при купување. Мерката, според некои, е неопходна и одамна задоцнета, додека други се прашуваат колку е изводлива и дали сите фирми ќе ја почитуваат. Експертите предупредуваат дека за оваа мерка да биде успешна, потребни се јасни регулативи, техничка поддршка ...

Белата куќа на американскиот претседател Доналд Трамп предлага драматични кратења на буџетот на американскиот Стејт департмент, вклучително и запирање на речиси целото финансирање на НАТО, ОН и над 20 други меѓународни организации, објави Вашингтон пост на 14 април, повикувајќи се на внатрешен нацрт-документ, пренесува Кијив Индипендент. Предложените кратења за следната фискална година, наводно, ќе остават 28,4 милијарди долари за сите ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
28%
1014
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
3.09
36%
1015
weather icon

Загреб

27ᴼ / 24ᴼ
1.54
46%
1014
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
26%
1015
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
3.32
25%
1014
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
2.61
59%
1014
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
4.02
34%
1012
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
40%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.09
23%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.09
37%
1015
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
4.12
43%
1014
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 28ᴼ
8.23
100%
1013
Currency

61.525

Currency

52.6172

Currency

71.0159

Currency

34.5931

Currency

38.4564

Currency

66.0651

Currency

7.33176

Currency

0.67447

Currency

0.35703

Currency

0.52532

Currency

1.30951

Currency

0.61305

Алуминиум

2.60

Иридиум

145587.08

Кобалт

42.99

Никел

14955.00

Рутениум

25334.79

Калај

33.66

Сребро

1235.37

Злато

107889.86

Бакар

11.22

Паладиум

39095.31

Платина

46919.37

Родиум

183259.26

Цинк

2.74