
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 1149 ден од почетокот на целосната инвазија, во објава на Х и се заблагодари на пратеничката и лидерка на ЛДП, Моника Зајкова за поддршката на кампањата на Меѓународната коалиција за враќање на насилно депортираните украински деца од страна на руската ...
Група беспилотни летала повторно ја нападнаа 112-та гардиска ракетна бригада на руската армија во текот на ноќта во четвртокот, 17 април. Според Украинското одбранбено разузнавање (ХУР), оваа бригада била одговорна за нападот врз Суми, кој резултираше со 36 жртви. Информацијата е споделена преку Телеграм каналот АСТРА, пренесува Укринформ Според снимките споделени од локалните жители, по ноќниот напад со беспилотно летало избувнал пожар во Шуја, ...
Извршната институција на Европската унија воведе ново правило кое забранува виртуелни асистенти базирани на вештачка интелигенција да учествуваат на нејзини состаноци. Ова правило беше применето за првпат на повик со претставници од мрежа на канцеларии за поддршка на дигитални политики низ Европа, претходно овој месец. „Не се дозволени ВИ агенти“, стоеше на слајд со етикета за е-состаноци при почетокот на презентацијата. Комисијата потврди дека ...
На помалку од еден месец до Денот на победата над фашизмот, списокот на поканети кои потенцијално би можеле да отпатуваат во Москва на парадата, веќе предизвика бура во врвот на Европската унија, пишува Еуроњуз. Според претходните најави, годинава поканите отидоа на неколку адреси, а фактот што некои европски лидери го потврдија нивното доаѓање доведе до предупредување дека „Европа нема да го прифати лесно“. По состанокот на Советот за ...
Уште еден пациент им подлегна на повредите од пожарот во Кочани, со што бројот на жртви во трагедијата се искачи на 62 лица. Од Министерството за здравство попладнево информираа дека согласно информации од Воено – медицинската академија во Белград, денеска претпладне, на повредите подлегнал Стојанче Стефанов од Кочани, роден во 2001 година. – Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови, ...
Одделот за домашна безбедност се закани дека ќе му забрани на Универзитетот Харвард да запишува странски студенти, откако институцијата соопшти дека нема да потклекне пред барањата на администрацијата на Трамп, да ги предаде дисциплинските досиеја, објави Би-би-си, пренесува ЦивилМедиа. Администрацијата на Трамп побара од најстариот универзитет во САД да направи промени во вработувањето, приемот и наставните практики за кои вели дека ќе помогнат ...
„Не замижувај и ти можеш да ја спречиш корупцијата – биди дел од прогресот на твојата држава. Корупцијата е двонасочна – и давање и примање мито е криминал“, е главната порака на Царинска управа упатена до граѓаните преку кампањата „Стоп за корупција“. Во рамки на кампањата „Стоп за корупција“, до 25 април на граничните премини и царинските испостави ќе се делат брошури преку коишто јавноста ќе може да се информира за начините за пријавување ...
ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Колкава „кошничка“ можете да си дозволите за Велигден? Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата. Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти ...
Студентите во блокада на високообразовните институции во Белград испратија доцна синоќа писмо до Одборот за култура и информирање во кое ги известуваат дека блокадата и протестот пред РТС ќе продолжат се додека не објават јавен повик за избор на членови на Советот на РЕМ (регулаторно тело за електронски медиуми), јави дописникот на МИА од Белград. „Ви се обраќаме како надлежна институција која согласно Законот за електронски медиуми е должна да ...
Подготовките за локалните избори во октомври 2025 паднаа во сенка на трагедијата во Кочани и на вестите за глобалните светски промени. Засега, април полека, но сигурно станува месец на политички турбуленции и промени во политичките кампуси во земјава. Македонскиот политички блок ги интензивира активностите за локалните избори, вклучувајќи ги тука и внимателно избраните медиумски објави за тоа кој што направил или не направил, додека кај ...
Официјални претставници на Европската унија на 15 април предупредија дека Србија може да биде блокирана да се приклучи на ЕУ доколку нејзиниот претседател отпатува во Москва на Парадата на победата на рускиот претседател Владимир Путин на 9 мај, пренесува Кијив Индипендент. Според руските државни медиуми, Вучиќ ќе присуствува на годишната парада за Денот на победата во Москва на 9 мај и ќе придонесе со воени средства на парадата. Како одговор, ...
Во наредниот период наместо да зборуваме, ние ќе правиме притисок врз членовите на Советот на Општина Битола и Советот на Општина Новаци да донесат одлука со која јасно ќе биде посочено дека се против изградба на депонија, односно да ги променат претходно донесените одлуки со кои тие се сложиле за овој проект, изјави Зоран Лазаревски, член на иницијативниот одбор што е против изградбата на депонија во Пелгонија. Според Лазаревски, ако новите ...
Коалицијата Вреди смета дека одлуката за настап со одделни советнички листи за советници на Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари е донесена во интерес на ДУИ чија суштина јавноста многу бргу ќе ја разбере, изјави денеска претседателот на Демократското движење и вицепремиер во Владата Изет Меџити, по состанокот на лидерите и високи функционери на оваа коалиција. Вреди не го исклучила од коалицијата Таравари, туку тој, според Меџити, ...
Во Брисел има многу голема посветеност и внимание за поддршка во однос на изнаоѓање решение, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани во врска со блокадата на евроинтеграцискиот процес на државава кој зависи од измени на Уставот односно внесување на Бугарите во него. Во однос на досега неисполнетата заложба на коалицијата Вреди дека за шест месеци по формирањето на Владата ќе се случат уставните измени и немањето поинтензивна ...
На веб-страницата на БИА е објавен извештајот на Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Руската Федерација за наводна употреба на звучен топ на протестот одржан на 15 март 2025 година во Белград. Тие наведуваат дека „врз основа на добиените резултати може да се донесе категоричен заклучок дека на протестот не биле користени акустични уреди од типот емитер LRAD што ги поседуваат полициските власти на Србија“, јавија српски медиуми. Во ...
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, рече дека не би препорачал никому да се обиде да го уапси бидејќи е заштитен од полицијата на Република Српска и добро обучени специјални сили, пренесуваат српски медиуми. „Верувам дека не можат да ме уапсат. Според Уставот, јас сум заштитен од полицијата на Република Српска и добро обучени специјалци, кои неодамна беа наградени на голем меѓународен натпревар во Дубаи“, рече Додик. Станува збор ...
Три лица загинаа, а 30 се повредени во Днипро во напад на руски дронови доцна на 16 април, објави Кијив Индипендент, пренесува ЦивилМедиа. „Русите убија млада девојка во Днипро“, изјави гувернерот на Днипропетровската област Серхиј Лисак, додавајќи дека во рускиот напад била убиена и една постара жена. „Ранетите се лекуваат во болниците низ градот“, изјави градоначалникот на Днипро, Борис Филатов. Вкупно пет деца, меѓу кои деветмесечно, ...
Еден месец по трагичниот пожар во импровизираниот ноќен клуб „Пулс“ во Кочани, македонската јавност сè уште е во шок, додека институциите се соочуваат со комплексна и обемна истрага за утврдување на одговорноста. До денес, животот го загубија 61 лице, а околу 200 беа повредени, меѓу кои 25 се малолетници. Утрото на 16 март, Македонија ја потресе најголемата цивилна трагедија во поновата историја. Во импровизираната кочанска дискотека „Пулс“, за ...
Амбасадата на Украина во РСМ објави остра реакција на руските дезинформациски наративи кои се појавија и во дел од македонските медиуми. „Со длабока загриженост и огорченост ја осудуваме објавата на содржини во македонските медиуми што се засноваат на отворено дезинформативни наративи, создадени и распространети од руската пропагандна машинерија. Вестите под наслови „Се подготвува марш кон Киев и соборување на Зеленски?“ и „РИА Новости“: Се ...
Јапонија упати протестна нота до Русија поради нејзината одлука привремено да го ограничи преминот на странски воени и владини бродови во водите околу островите кои се под руска контрола на кои Јапонија има право. Тоа се острови кои Јапонија ги нарекува Северни територии, додека Русија ги нарекува Јужни Курилски острови. Спорот за островите трае од крајот на Втората светска војна и ги спречи двете земји да склучат мировен договор. -Поднесовме ...
На близу шест месеци до одржувањето на локалните избори институциите и политичките партии почнуваат да се подготвуваат за измени на Изборниот законик. Од Министерството за правда, но и од политичките партии потврдуваат дека деновиве има иницијативи за измена на Изборниот законик, без да се посочуваат што би содржеле измените. Од Министерството за правда за МИА велат дека во однос на Изборниот законик, се преземааат активности за негова ...
ТЕМА НА ДЕНОТ Еден месец по трагедијата во Кочани, под истрага за одговорност досега се над 60 осомничени Еден месец по трагичниот пожар во импровизираниот ноќен клуб „Пулс“ во Кочани, македонската јавност сè уште е во шок, додека институциите се соочуваат со комплексна и обемна истрага за утврдување на одговорноста. До денес, животот го загубија 61 лице, а околу 200 беа повредени, меѓу кои 25 се малолетници. Триесет и еден ден подоцна, јавноста ...
Од Мрежата за заштита од дискриминација побараа повлекување на одлуката за именување на Петар Богојески за директор на Националната агенција за европски образовни програми. Делегацијата на Европската Унија во РСМ, за Порталб.мк, се огласи во врска со скандалозниот избор на Петар Богојески за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Велат дека се запознаени со претходните изјави на актуелниот директор во ...
Американската компанија „Мета“ најави дека нејзините онлајн платформите „наскоро“ ќе почнат со надградба на своите модели за вештачка интелигенција во Европа со користење на содржините што ги споделуваат нивните полнолетни корисници од Европската Унија. Компанијата соопшти и дека корисниците на нејзините платформи, како „Фејсбук“, „Инстаграм“, „ВатсАп“ и „Месинџер“, ќе имаат право да се спротивстават на употреба на нивните податоци. Според ...
Бугарија неочекувано одлучи да не ги продаде своите два неискористени руски нуклеарни реактори на Украина, пресврт во последен момент предизвикан од притисокот на проруската Бугарска социјалистичка партија (БСП). „Од самиот почеток бевме категорични дека овие реактори не се на продажба. Тие се клучна предност за Бугарија – дел од нашата енергетска безбедност и економска независност“, рече водачот на БСП, Атанас Зафиров, кој ја извршува и ...
Руската државна новинска агенција РИА Новости го избриша прилогот за далечинскиот воен оператор со беспилотни летала со седиште во центарот на Москва, откако наиде на реакции кај провоените корисници на Телеграм, кои предупредија дека може да и даде на Украина основа да го таргетира градот, објави независниот руски медиум Медуза. Во вторникот, РИА Новости, инаку омилен канал за преземање руски пропагандни наративи кај делот про-руски настроени ...
Дел од обвинителите кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, како и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска одржаа состанок со стручни лица од повеќе области со цел планирање и координација на следните активности за обезбедување докази, информираат од Обвинителство. -Се издаваат барања за дополнителни проверки, анализи и наредби за вештачења на околности кои ги испитуваат и утврдуваат вештите ...
Извесна Даниса Мариа, корисник на Фејсбук која себе се прокламира како модератор на Фејсбук страницата „Banksy art Official“, на која всушност има најмалку примери од уметноста на Банкс, во објава од пред неколку часа, со антидатирана фотографија од затвор од Ел Салвадор ги претставува сегашните депортации на членови на банди кои ги врши администрацијата на Трамп од САД во Ел Салвадор. Даниса објавува фотографија од 2020 година, објавена во ...
Рускиот медиум контролиран од државата РИА Новости – заедно со неколку други пропагандни веб-страници поврзани со Кремљ, како што се Pravda и TopWar, и каналите на социјалните мрежи – повторно објави бесрамна дезинформација — овој пат лажно тврдејќи дека украинските падобранци од 95-та одделна воздушно-дестана јуришна бригада планираат да го соборат претседателот Володомир Зеленски и да „маршираат кон Кијив“. Извештајот, кој беше објавен денес, ...
ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што мислите за мерката сите цени да бидат објавени на веб-страниците на трговските фирми? Граѓаните со поделени мислења за мерката сите цени да бидат објавени на веб-страниците на трговците По прашањето поставено на Facebook страницата на CIVIL – „Што мислите за мерката сите цени да бидат објавени на веб-страниците на трговските фирми?“ – граѓаните дадоа различни, понекогаш ...