
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



– Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон е „дипломатски неуспех“ за Киев. Таа го обвини Зеленски дека одбива мир и оти е опседнат со продолжување на војната. – Посетата беше целосен политички и дипломатски неуспех за режимот во Киев … Со своето безобразно грубо однесување за време на престојот во Вашингтон, Зеленски ...
– Тројца цивили загинаа, а петмина се повредени во украинскиот артилериски напади врз областа Керсон, објави гувернерот на регионот, Володимир Салдо на Телеграм. Во меѓувреме, вршителот на должност гувернер на областа Курск, Александар Хиштејн изјави дека украински дрон нападнал возило на брзата помош во округот Хомутовск. – Денеска украинските нацисти нападнаа во областа Хомутовски. Во нападот со беспилотно летало оштетено е возило на брза ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информираше дека со максимално интензивирање на сите ресурси во изминатите дваесетина дена во главниот град, сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди се намалени за околу 30 проценти, а сообраќајните незгоди со телесна повреда за околу 24 проценти. Вкупниот број на сообраќајни незгоди, како што изјави Тошковски, е намален за околу 13 отсто споредено со минатата година. Полициските ...
– За инцидентите што се случија вчера во центарот на Атина по завршувањето на еден од најмасовните протести во последните години, грчката полиција привела 220 лица, од кои 73 се уапсени, а повредени беа над 60 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Вчера во Грција со протести низ целата земја се одбележаа две години од железничката несреќа кај Темпи во која загинаа 57 лица, а по завршувањето на официјалниот дел од масовниот собир во Атина се ...
– Претседателката на Швајцарија, Карин Келер-Сутер изјави дека нејзината земја останува посветена на „праведен и траен“ мир во Украина. – Швајцарија останува цврсто посветена на поддршката на праведен и траен мир и ја осудува руската агресија против суверена држава, објави Келер-Сутер на Икс по синоќешната прекината средба во Белата куќа помеѓу американскиот и украинскиот претседател, Доналд Трамп и Володимир Зеленски. Украинскиот претседател ...
Во Пехчево се одржа хуманитарен турнир во мал фудбал со цел да се соберат средства за помош на младата девојка Андреа Гиздовска на која и е потребна итна финансиска помош за лекување во странство. – Андреа е млада девојка на 24 години која повторно сака да застане на свои нозе и да си го продолжи нормално својот живот. Потребна е итна финансиска помош за лекување во странство. Дијагностицирана и е болеста dg. Quadriplegia flaccida. St. post ...
Судот под плаштот на СДС, Филип Андов Сокол наместо да му определи притвор само му одземал пасош, му се отвора ли патот да избега? Не е чудно зошто СДС грчевито се бори за корумпираните судии и ги брани со последни сили. Тие се последниот бедем на нивната криминална империја. Корумпираните судии кои го пуштија на слобода Филип Андов Сокол кој шетал притвореници осомничени за тешки кривични дела како да се на екскурзија, се одговорни ако тој се ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ја посетила компанијата ИГМ Вратница во општина Јегуновце, која поседува важечка лиценца за експлоатација на минерални суровини. На средбата се разговарало за спроведување на законските обврски, еколошките стандарди, безбедносните протоколи и можностите за подобрување на ефикасноста во експлоатацијата. Од ресорното Министерство информираат дека посетата е дел од ...
– Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, при пристигнувањето во главниот град на Велика Британија, Лондон, изјави дека американската поддршка е од клучно значење за Украина. Предвидено е Зеленски денеска да има средба со Кир Стармер, а утре да присуствува на средбата организирана од британскиот премиер со повеќе европски лидери, на која ќе се разговара за идниот мировен договор за Украина и негово спроведување. Стармер оцени дека таквиот ...
– Владата на Словачка се извини поради гласањето во Генералното собрание на ОН за резолуцијата со која се осудува Русија, истакнувајќи дека се случила грешка. Шефот на кабинетот на словачкиот премиер, Јурај Гедра изјави дека Братислава планирала да ја поддржи неутралната позиција на САД, но оти се случила грешка во комуникацијата. Тоа беше неуспех од наша страна. Сакаме да се извиниме за исходот и настанатото недоразбирање, посочи Гедра. ГС на ...
СООПШТЕНИЕ: Од почетокот на март пензионерите на своите сметки ќе добијат дополнителни 2,500 денари. Ова е второ поскапување во рок од осум месеци од владата за 2,500 денари. 5,000 денари во периодот додека сме во Влада се дополнителни пари за сите наши пензионери. Од 180 евра, колку што беше најниската пензија кога ја презедовме владата, за неполна година ја зголемивме на речиси 300 евра. Тоа е она што им треба на граѓаните, конкретни ...
– Украинските власти соопштија дека во синоќешниот руски напад врз Харков повредени се 12 луѓе, од кои и две деца. Помеѓу повредните се и четворица пациенти од болницата во центарот на градот. Нападот врз североисточниот украински град се случи кратко време откако украинскиот претседател Володимир Зеленски замина од Белата куќа. Во меѓувреме украинската армија соопшти дека во текот на ноќта соборила 103 од вкупно 154 руски беспилотни летала ...
СДСМ денеска на прес-конференција побара од премиерот Христијан Мицкоски да ја разреши министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска за нејзиниот говор на седницата за пратенички прашања. – Навредите и дискриминацијата на Гордана Кочоска кон пратеничката Петровска и кон сите жени не смеат да бидат затворена тема. Кога министерка јавно ќе изјави дека жена која од одредени причини не можела да има деца нема право да зборува за ...
– Хамас соопшти дека ја отфрла „формулацијата“ на Израел за продолжување на првата фаза од примирјето во Појасот Газа, чиј рок истекува денеска. Портпаролот на палестинското движење Хазем Касем за телевизија Ал Арабија изјави дека во моментот во Хамас не се разговара за втората етапа од договорот за прекин на огнот во Појасот Газа. Договор за прекин на огнот во Појасот Газа помеѓу Израел и Хамас, постигнат во јануари, треба да се одвива во три ...
– Во текот на 2023 година 44,400 албански граѓани добиле државјанство во земјите-членки на Европска Унија. Најголем процент од нив или 71,5 отсто од државјанствата додели Италија, 22,4 проценти Грција, а потоа следат Шведска и Белгија. – Во текот на 2023 година, вкупно 1,1 милион лица добиле државјанство на во земјите-членки на ЕУ, каде што живееле, што е зголемување од околу 6,1 отсто во споредба со 2022 година. Сириските државјани биле ...
Комисијата за надзор над примената на одредбите од Судскиот деловник и на одредбите од Законот за управување со движење на предметите во судовите утврдила дека распределбата на судски предмети се врши електронски и дека не е забележана рачна распределба на предметите. Изземањето на судии се врши согласно законската процедура, а за секое исклучување и вклучување на судии од АКМИС постојат образложени одлуки. Во записниците од Комисијата, ...
– Во однос на Украина, укажав дека Европа останува посветена на праведно и одржливо решение за украинскиот народ. И независно од јавната конфронтација, Европа останува обврзана да ја надгради својата одбранбена инфраструктура. Но, поддршката од Соединетите Држави е неопходна, посочи министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис по средбата со американскиот државен секретар Марко Рубио во Вашингтон, јави дописничката на МИА од ...
Независните медиуми во Источна Европа се загрижени дека одлуката на Американската администрација за намалување на средствата за странски програми на Агенција за меѓународен развој на САД (УСАИД) за 92 отсто ќе придонесе за демократско назадување во некои од земјите од овој дел на континентот. Според Репортери без граници, УСАИД во 2023 година финансирала обука и поддршка за 6,200 новинари, 707 новински куќи и 279 граѓански организации, кои ...
Јована Мицовска, членка на скопски „Макпетрол“ како дел од македонската репрезентација освои златен медал на Балканското карате-првенство. На сениорскиот шампионат што викендов се одржува во Будва, таа во финалето во категоријата до 61 килограм ја совлада Викторија Јовановска, исто така, од „Макпетрол“, со резултат 4-3. Освен злато за Мицовска и сребро за Јовановска, уште еден член на скопската екипа се закити со одличје, односно Ангела ...
– Премиерот на Јапонија, Шигеру Ишиба денеска изјави дека се обидува да спречи поделба помеѓу САД, Украина и Г7, оценувајќи ја синоќешната расправија помеѓу американскиот и украинскиот претседател како „прилично неочекувана“. – Јапонија мора се да направи за да спречи поделба. Ова не е нешто што треба да предизвика конфликтни емоции. Дипломатијата потпомогната од сочувство и истрајност мора да се користи за да се постигне мир, наведе Ишиба. Тој ...
– Курдска работничка партија (ПКК) денеска објави прекин на огнот со Турција по апелот на нејзиниот лидер Абдула Оџалан. Извршниот комитет на ПКК соопшти дека се согласува со повикот на Оџалан и оти ќе ја „почитува и спроведува“ одлуката за прекин на огнот. ПКК побара и ослободување на Оџалан, кој 26 години отслужува доживотна казна на островот Имрали во близина на Истанбул. Оџалан на 27 февруари ја повика ПКК да го положи оружјето, потег што ...
– Неименуван извор од Белата куќа за весникот Њујорк тајмс изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп би можел да ја укине помошта за Украина. Тој наведе дека по прекинатата средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, Трамп би можел да ја укине целата американска помош за Украина, вклучително и испораката на муниција и опрема, кои се одобрени и платени за време на мандатот на поранешниот американски претседател Џо ...
– По драматично прекинатата средба на претседателите на САД и на Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Белата куќа уследи поддршка за шефот на украинската држава од европските лидери. Реагираа премиерите на Полска и на Шпанија, Доналд Туск и Педро Санчез, истакнувајќи оти Украина не е сама. Туск на Икс напиша дека Зеленски и Украинците дека „не се сами“, а Санчез објави „Украино, Шпанија е со тебе“. Додека британскиот премиер Кир ...
Митко и Катерина Дрвошанови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал на синоќешниот маскенбал што се одржа во хотелот „Сириус“ во Струмица. Тие, вечерва во 18:30 часот, заедно со кралот и кралската свита ќе го предводат карневалското дефиле на Интернационалната карневалска вечер низ улиците на Струмица. На маскенбалот учествуваа голем број гости од земјава и странство, а една од највпечатливите маски беше на градоначалникот на ...
Секој 1 март, во чест на мистериозната Баба Марта и доаѓањето на пролетта, се плетат уникатни мартинки, едни од омилените модни додатоци на младите. Се изработуваат од бел и црвен конец, а традиционално и се подаруваат. Според традицијата, на првиот ден од март, најстарата жена во семејството врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци. Според верувањата на тиквешани, мартинките се носат до 22 март, а потоа се ...
СООПШТЕНИЕ: Поранешниот Претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов од 25 до 29 февруари 2025 година престојуваше во работна посета на Анкара, Република Турција, каде што оствари низа значајни средби со високи државни преставници како и со преставници на академската и бизнис заедница. Иницијативата за посетата беше на професорите на Катедрата по македонски јазик и литература при Универзитетот во Анкара, каде Претседателот Иванов беше ...
– Протест на српските студенти насловен „Голем едикт“ денеска ќе биде одржан во Ниш, што ќе трае 18 часа – од девет часот до три по полноќ. Предвидено е студентите да се соберат на четири локации во Ниш, а во 11 часот и 52 минути на плоштадот крал Милан ќе оддадат почит за 15 жртви при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Меѓу загинатите е и македонскиот државјанин Васко Саздовски. Второто оддавење на почит за загинатите ...
– Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се очекува да пристигне во Лондон, каде ќе има средба со европските лидери и со лидерите на земјите-членки на НАТО. По драматично прекинатата средба на претседателот на САД, Доналд Трамп и Зеленски во Белата куќа уследи поддршка за шефот на украинската држава од европските лидери. Британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека синоќа телефонски разговарал и со Трамп и Зеленски и најави дека денеска ...
Коалицијата „Влен“ денеска преку соопштение наведува дека ДУИ се подготвени да ги бојкотираат локалните избори и дека на денот на гласањето ќе се обидат да направат тензии. – Али Ахмети вчера од Липково самиот потврди: ДУИ подготвува бојкот на локалните избори! Истовремено, го призна она што ние одамна го тврдиме. Иницијативата за Законот за употреба на Албанскиот јазик пред Уставниот Суд е кукавичкото јајце на ДУИ, со кое сака политички да ...
Претседателот на Бугарија, Румен Радев и претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова вчера имале телефонски разговор. Како што информира Кабинетот на Радев, двајцата соговорници разговарале за важноста од контруктивен дијалог на највисоко ниво меѓу двете земји. – Овој дијалог е од особена важност и за изградба на цврста основа за развој на билатералните односи и за решавање на регионалните и глобалните предизвици поврзани ...