
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Полскиот премиер Доналд Туск денеска, пред да замине на состанокот на европските лидери во Лондон, изјави дека Европа се разбудила и полека сфаќа колкав парадокс е тоа што 500 милиони Европејци молат 300 милиони Американци да ги одбранат од само 140 милиони Руси. „Европа се разбуди. Разбудена Европа, Европа која умее да калкулира, која го разбира својот глобален потенцијал, Европа која е сила, нема да биде алтернатива за САД, туку најпосакуван ...
– Вселенското летало „Блу гоуст“ (Blue Ghost) денеска слета на Месечина и ја почна двонеделната истражувачка мисија. Леталото со големина колку автомобил, со четири нозе слета во близина на вулканскиот кратер на „Море на кризи“ (Mare Crisium). „Блу гоуст“ се спушти со брзина од 2,3 километри на час, што овозможи прецизно и контролирано слетување на Месечината. Леталото е на американската приватна компанија „Фајрфлај аероспејс“ (Firefly ...
Државата се гуши во сопствениот отпад, општинските депонии се нестандардни, системите за регионално управување со отпад не се воспоставуваат, а диви депонии никнуваат секој ден се повеќе. Владата и општините треба да ги засукаат ракавите и да се зафатат сериозно со намалувањето на количините на отпад кои ги депонираме, да почнат со воспоставување на селекција која ќе обезбеди доволни количини на отпад за преработка, рече денеска на ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја истакна својата целосна поддршка за предложената Директива на Европската комисија за борба против корупцијата, која има за цел да ја модернизира постојната антикорупциска правна рамка на ЕУ. Оваа иницијатива е усогласена со тековната посветеност на ДУИ за интегритет и транспарентност, во момент кога партијата започна сеопфатни внатрешни реформи, вклучувајќи ветинг на партиските претставници и поддршка ...
Ако некоја институција сама реши да се заштити, таа тоа го прави. Но, се уште немаме обврска сите институции тоа да го прават и затоа е ваквата невоедначеност која ни се случува и определени институции се многу често мета на сајбер напади, вели во интервју за РСЕ министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. -За жал, ние сме држава без Закон за сајбер безбедност додека сите држави и од регионот и од Европа донесоа такви закони пред ...
– Пратениците во иранскиот Парламент денеска го разрешија министерот за економија Абдолнасер Хемати. Претседателот на иранскиот Парламент, Мохамад Багер Калибаф изјави дека 182 од присутните 273 пратеници гласале против Хемати. Иранскиот парламент има 290 пратеници. Хемати, како што се наведува во образложението, е сменет поради пад на вредноста на риалот и економските неуспеси. Во Иран сега еден долар се менува за 600,000 ријали. ми/фото: МИА ...
По одржаниот 40-дневен помен по неговата смрт, Синодот на Албанската автокефална црква го отвори тестамент на архиепископот Анастас Јанулатос. – Во тестаментот стои дека сите негови финансиски заштеди како архиепископ и припаѓаат на Албанската црква. Половина од нив да бидат потрошени во завршувањето на катедралата „Воскресение Христово“ во Тирана, додека остатокот да се користи за поддршка на платите на свештениците и за развој на црковните ...
Потпретседателката на СДСМ, Кристина Косотова острој ја осуди арогантноста и непочитувањето на жените што повторно го демонстрира ВМРО-ДПМНЕ. Како што истакна таа, синоќешното интервју на Гордана Димитриеска-Кочоска на Сител беше јасен приказ на односот што оваа партија го има кон жените во нашето општество. „Запрепастувачко, ама не и неочекувано ниво на ароганција од ДПМНЕ. Не само што одбиваат да се извинат, што би било човечки, тие одбиваат ...
Во брзината на секојдневието, често пати забораваме дека вистинската сила е во способноста да покажеме разбирање за потезите на другите и да продолжиме напред со чисто срце. Овие длабоки гестови не се само обичај, туку силна порака дека никој не е безгрешен и дека секој има можност да покаже добрина наместо гнев, објави денеска премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил, по повод празникот Прочка. -Денес ja одбележуваме Прочка, денот ...
Последна шанса да покаже Владата минимум почит кон граѓаните е итно да интервенира со платите. Потребно е покачување на минималната плата на 500 евра бидејќи ова ќе поттикне раст на сите плати. Ако минималната плата не се зголеми на 500 евра, тоа ќе значи дополнително влошување на животот за илјадници семејства, посочи денеска на прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова. Според Шукова, Владата не презема никакви конкретни мерки ...
Десеттата работилница за родители во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ ќе се одржи утре (3 март) во Ѓорче Петров. Едукативната средба, што е дел од „Крени глас против врсничко насилство“, ќе се одвива во Домот на културата на општината, а нејзиниот почеток е закажан за 18 часот. Различните форми на булинг, како тие да се препознаат и начините за соодветно постапување ќе бидат дел од дискусиите на овој настан. Темата од ...
Ако рускиот претседател Владимир Путин, кој ја напаѓа Украина од 2022 година, не биде запрен, „тој со сигурност ќе се насочи кон Молдавија, а можеби и понатаму кон Романија“, предупреди францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за неколку неделни изданија. Евентуалното повлекување на САД од Украина „не е во нивен интерес“, бидејќи „тоа што САД го прават во последните три години е целосно во согласност со нивните дипломатски и воени ...
Во СВР Скопје синоќа било пријавено дека на улица „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Н. (48) од Гостивар удрило во Б.Л. (25) од Битола. Утврдено е дека Н.Н возел под дејство на алкохол, по што потоа бил лишен од слобода, а возилото е одземено за понатамошна постапка. -Н.Н. е алкотестиран и утврдено е дека возилото го управувал под дејство на 1,35 промили алкохол по ...
Владата води многу внимателна политика во насока на контролирање на трошоците, на буџетскиот дефицит и јавниот долг и таа заложба се покажа преку намалување на државниот долг, а соодветно на тоа и на јавниот долг, ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која информира дека нивото на јавниот долг на крајот на 2024 година изнесуваше 61,9 проценти и дека тој на крајот на јануари изнесува 58,2 отсто од БДП. -Тоа се ...
Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека Велика Британија, Франција и Украина се договориле да работат на планот за прекин на огнот што ќе им биде претставен на САД. Стармер, кој денеска е домаќин на самитот на европските лидери во Лондон посветен на Украина, рече дека идејата за овој план се создала по жестоката расправа меѓу американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Овалната соба. Британскиот ...
Радикалното палестинско движење Хамас ја нарече „воено злосторство“ и „евтина уцена“ денешната одлука на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го прекине доставувањето хуманитарна помош за Појасот Газа, пренесоа светските агенции. Во официјалното соопштение на исламистичкото движење, кое ја започна војната во Газа со невиден прекуграничен напад врз Израел на 7 октомври 2023 година, се наведува и дека Нетанјаху го саботирал договорот за ...
Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ, соопшти денеска Ватикан. „Ноќта беше мирна, папата се уште се одмора“, се вели во соопштението на Ватикан. Папата Франциско (88) на 14 февруари беше примен во римската болница „Агостино Џемели“ со тешки респираторни проблеми кои брзо прераснаа во пневмонија на двете белодробни крила, што му го отежна дишењето. Ватикан вчера соопшти дека втор ден по ред на папата му е потребна ...
Израел денеска објави дека го прекинува пристапот на секаква хуманитарна помош за палестинското население во Појасот Газа. Одлуката ја носи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, се вели во официјалното соопштение од неговиот кабинет. Во соопштението не се наведени детали, но се предупредува дека ќе има „натамошни последици“ доколку радикалното палестинско движење „Хамас“ не го прифати американскиот план за продолжување на примирјето меѓу ...
Најстудено утрово е на Попова Шапка и Лазарополе, – 1 степен, а потопло е во Скопје – Петровец и Демир Капија, каде се измерени 8 степени целзиусови. Еден степен измерен е во Маврови Анови, 2 во Берово, 3 во Крушево, Битола, 4 во Крива Паланка, Претор, Охрид, 5 во Прилеп, 6 во Тетово, Виница, Штип, 7 во Велес, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Гевгелија. Во Крива Паланка се измерени 9 литри наврнат воден талог, 7 во Виница, 3 во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ со кој англискиот јазик стана официјален јазик во САД. „Во интерес на Америка е да определи единствен свој официјален јазик. Целта на овој чекор е „да се промовира единство и да се формира заедничка американска култура за сите граѓани“ на земјата, се наведува во текстот. Досега во САД немаше јазик признат како официјален. Указот потпишан од Трамп, меѓу другото, укинува текст потпишан во 2000 ...
Имајќи предвид дека е воспоставена нова динамика во руско-американските односи, можно е Европската унија да го промени ставот кон Вашингтон, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. „Како понатаму ќе се трансформира ставот на политичарите во Европа, со оглед на оваа нагла промена на динамиката на руско-американските односи, ќе видиме, ќе покаже времето“, рече Песков во интервју за ТВ каналот „Русија-1“, пренесуваат ...
Без електрична енергија утре ќе бидат корисниците од делови од општините Кисела Вода и Чучер Сандево, а без вода дел од улицата улицата „Јани Лукровски“ во Општина Гази Баба. Како што соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Христо Таарчев“ крак – 24, а ...
„Денес навистина се среди“ – беше првата реченица на актуелниот американски претседател Доналд Трамп кога во петокот го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски пред Белата куќа, пред средбата која заврши со расправија. Трамп мислеше на препознатливата црна маица на Зеленски во воен стил со украинскиот грб, која ја носи од почетокот на руската инвазија во 2022 година, пишува Index.hr. Зеленски ги отфрли оделата и вратоврските од ...
Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за неделниот весник „Ла трибјун диманш“ ја опиша размената на остри зборови меѓу претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, завчера во Белата куќа, како „прес-конференција која заврши лошо“ и ги повика двајцата да покажат взаемно почитување. Сепак, францускиот претседател рече дека не смета дека овој вербален конфликт е знак дека дошло до прекин на соработката, ...
Жителите на зградата, главно со романско и бугарско потекло, користеле детски додаток за 59 деца кои всушност не постојат! Според германски БИЛД, властите веќе подолго време замижуваат пред овој проблем, а измамата не ја откриле надлежните сојузни институции, туку градоначалникот на Дуизбург. Благодарение на неговата интервенција беше спречена злоупотреба на системот од милиони долари. БИЛД пишува дека жителите на облакодерот Вајсен Ризен со ...
Германските сметки за енергија за домаќинствата се зголемени за 31 отсто во споредба со 2021 година, покажа истражувањето на Verivox. Просечното домаќинство со три лица во Германија моментално троши 5.407 евра годишно на енергија, додека истите трошоци во 2021 година изнесувале 4.121 евра. Во споменатиот период, цените на парното на нафта се зголемија за 35 отсто, парното на гас за 74 отсто, а сметките за струја за 17 отсто, пишува Блумберг. ...
Samsung Electronics Co., Ltd денес ги претстави Galaxy A56 5G, Galaxy A36 5G и Galaxy A26 5G, најновите паметни телефони од серијата Galaxy A. По првпат, серијата Galaxy A интегрира феноменална интелигенција (Awesome Intelligence), вклучувајќи ги омилените функции со вештачка интелигенција од Galaxy за реобмислување на креативноста, додека истовремено донесува подобрена издржливост и долготрајност, како и силна безбедносна заштита на ...
Основачот и креативен директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ, почина вчера, на 70-годишна возраст, по кратко и тешко боледување. Покојниот креативен директор на Гранде се лекуваше во онколошкиот институт Густав Руси во Вилезиф, предградие на Париз, каде ги помина последните денови, опкружен со своето семејство и најдобриот тим лекари. Овогодинешната сезона на „Ѕвезда Гранда“ започна во септември 2024 година, но за прв пат без Саша Поповиќ. ...
Израел го прифати предлогот на пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, за привремен прекин на огнот во Појасот Газа за време на Рамазан и Пасха, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху само неколку часа по истекот на првата фаза од претходно договорениот прекин на борбените дејствија. Првиот ден, според планот предложен од Виткоф, ќе бидат ослободени половина од заложниците држени во Газа, како ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека потпишал декларација за забрзување на доставувањето воена помош од околу четири милијарди долари за Израел. „Администрацијата на претседателот Доналд Трамп, која ја презеде функцијата на 20 јануари, одобри воени продажби на Израел во вредност од речиси 12 милијарди долари“, рече Рубио и додаде дека „ќе продолжи да ги користи сите достапни инструменти за да ја исполни долгогодишната ...