Покојниот шоумен Саша Поповиќ беше еден од најуспешните луѓе на екс Ју просторите, но неговиот живот беше како филмска приказна. Младоста и детството ги поминал далеку од луксуз, во дворот на црквата Свети Никола во Нови Сад, каде што бил свештеник неговиот дедо, протоереј Стеван Поповиќ. Израснал, како што рекол, во црква, парохиска куќа. Оттогаш па се до почетокот на деведесеттите тој заработил богатство, но во 1993 година ги загубил сите ...

Левичарот, поранешен градоначалник на крајбрежниот град Канелонес и професор по историја Јаманду Орси ја презеде функцијата претседател на Уругвај. Инаугурацијата на Орси (57) го означува враќањето на Уругвајскиот широк фронт, мешавина од умерени левичари, комунисти и тврдокорни унионисти, по петгодишна пауза за време на владеењето на конзервативниот претседател Луис Лакалеа Поу, пренесоа агенциите. Додека Орси полагаше заклетва пред Конгресот ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека имал „важен и срдечен“ разговор со британскиот премиер Кир Стармер, со кого разговарале за зајакнување на позициите на Украина и за добивање сигурни безбедносни гаранции. „За време на разговорите ги разгледавме предизвиците кои стојат пред Украина и цела Европа, координацијата со нашите партнери, конкретните чекори за зајакнување на позициите на Украина и завршување на војната на праведен ...

Чешкиот премиер Петр Фијала ги повика европските сојузници да ја зголемат воената поддршка за Украина и сопствените трошоци за одбраната од најмалку три отсто од БДП. „Европа е пред голем историски тест. Таа мора да се грижи за сопствената безбедност и добра иднина. Никој друг нема да го направи тоа наместо нас. Ако не сакаме агресивната Русија да продолжи да се шири на само неколку стотини километри од нашите домови, мора да ја зголемиме ...

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, почнувајќи од денеска до 8 март, на првиот кат во Скопје Сити Мол ќе се одржи голем „Сити базар – Подари љубов“ на кој ќе се претстават 42 модерни ракотворци. Како што најавија организаторите, до 5 март со уникатни и рачно изработени креации на првиот кат ќе се претстават: Gaia_X, Ателје Сиена, MORPHO, ТИНОСКИ, КРУГ, NATURAL. RS, M&M Luxury Soap Bouquet, DIOSA Macrame, Zen. Zeal, Креативно студио ...

Руски војници го погодија украинскиот град Одеса со балистичка ракета, а според првичните информации две лица се повредени, а причинета е материјална штета на пристанишната инфраструктура, изјави шефот на Регионалната воена управа на Одеса, Олег Кипер, пренесува Укринформ. „Непријателот ја погоди Одеса со балистичка ракета. Во нападот е оштетена пристанишната инфраструктура и цивилен брод под знамето на Република Панама, во сопственост на ...

Претседателот на политичката сила со најголема група во Европскиот парламент – Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер повика на брзи одлуки за формирање независна одбранбена политика за Европа по вербалниот судир меѓу претседателите на САД и Украина – Доналд Трамп и Володимир Зеленски завчера во Белата куќа, јави ДПА. „Ако го погледнете Вашингтон, мора да сфатите една работа: Европа е сама и сега треба да се вооружиме самостојно“, рече ...

Велика Британија и Украина постигнаа договор за заем од 2,26 милијарди фунти (околу 2,73 милијарди евра) за поддршка на одбранбените капацитети на Украина, изјави украинскиот министер за финансии Сергеј Марченко. Украинскиот претседател Володимир Зеленски и британскиот премиер Кир Стармер, заедно со британската министерка за финансии Рејчел Ривс, синоќа преку видео-повик разговараа со Марченко, јави Би-Би-Си. Марченко на социјалните мрежи ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наутро по одделни котлини со услови за појава на магла. Во текот на денот ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15 l/m2). Во попладневните и ноќтите часови поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои повисоки места претежно во северозападните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен ...

Во текот на овој ден во вечерните часови, над нашата Македонија ќе помине брз ладен Атмосферски фронт од север и од северозапад кој на повеќе места ќе услови врнежи, кои на планините над 1000 метри ќе бидат од снег, а во пониските места (градовите) тие ќе бидат од дожд, мегутоа поради падот на температурите, во северозападните, северните, и во североисточните предели од нашата Република Македонија снежната граница ќе се спушти и под 1000 метри ...

Здравствената состојба на папата Франциск, кој две недели е во болница поради пневмонија и бронхитис, останува стабилна, соопшти вечерва Ватикан во новиот здравствен извештај. „Клиничката слика на Светиот Отец останува стабилна“, се вели во новиот дневен здравствен извештај за 88-годишниот папа, кој вчера имаше респираторна криза. Како што се наведува, тој е наизменично на механичка неинвазивна вентилација (кислородна маска) и на долги периоди ...

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека е подготвен да започне дискусии за европската моќ на нуклеарно одвраќање, најавувајќи дека Франција може да помогне во заштитата на другите земји од ЕУ од безбедносната закана од Русија. Макрон ја даде изјавата еден ден пред средбата на европските лидери во Лондон кои ќе разговараат за мировниот план за Украина. Европскиот блок се соочува со одлуката на американскиот претседател Доналд ...

Британскиот премиер Кир Стармер изјави денеска дека Велика Британија ќе ја поддржува Украина колку што ќе биде потребно. „Имате целосна поддршка низ Обединетото Кралство и ние стоиме покрај вас и Украина колку што е потребно“, му рекол британскиот премиер на украинскиот лидер Володимир Зеленски пред состанокот во Даунинг стрит, пренесува Скај њуз. Тој додаде дека Велика Британија има „апсолутна“ и „непоколеблива“ одлучност да го постигне „тоа ...

По кратко и тешко боледување, почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на Гранд продукција. Александар Саша Поповиќ беше роден на 24 април 1954 година во Нови Сад. Низ децениската работа, тој беше визионер и посветен професионалец. Преку музиката и телевизијата, тој откри и поддржа бројни таленти, обликувајќи го звукот и духот на една ера. Неговата енергија, посветеност и креативност ќе живеат засекогаш преку песните, уметниците, ...

Приходите во албанскиот државен буџет во 2024 година достигнале 710 милијарди леки или 7,1 милијарди евра, што е за околу 670 милиони евра, или 10,4 отсто повеќе во однос на претходната година. – Тоа главно е како резултат на зголемените приходи од ДДВ од увоз, данокот на добивка, социјалните и здравствените придонеси, но и акцизата. За експертите, ова ниво на приход е резултат на економскиот раст и реализацијата на очекувањата во 2024 година, ...

Враќањето на војната во Појасот Газа би било „катастрофа“, предупреди денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, додека завршува првата фаза од прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас и се наѕира неизвесност околу преговорите за продолжување на прекинот на огнот. „Императив е да се направат сите напори за да се спречи враќање на конфликтот, што би било катастрофа. Трајниот прекин на огнот и ослободувањето на сите заложници се од ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва во 19 часот и 30 минути ќе одржи состанок со највисоките соработници за продолжението на разговорите за заложниците, јави израелскиот телевизиски Канал 13. Израелските преговарачи вчера заминаа дома, а Хамас претходно денеска најави дека нема да прифати продолжување на првата фаза од договорот, за што Израел се залага, објави „Тајмс оф Израел“. Хамас инсистира да се продолжи со втората фаза од ...

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да се врати на преговорите со САД. Дуда истакна дека не гледа дека кој било друг освен САД има моќ да ја запре руската агресија врз Украина и дека за Зеленски најдобро би било да ги продолжи преговорите со американскиот претседател Доналд Трамп. Со оваа изјава полскиот претседател реагираше на јавната расправија меѓу Зеленски и Трамп вчера во ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денеска пристигна во Велика Британија, утре ќе биде примен од британскиот крал Чарлс Трети, пишува британскиот весник „Сан“. Средбата ќе се одржи на имотот Сандрингам во Источна Англија. Зеленски денеска ќе разговара со британскиот премиер Кир Стармер. Тој утре ќе учествува и на состанокот на европските лидери во Лондон, посветен на Украина и на зајакнувањето на европската одбрана. рп/Фото: ЕПА . ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска по посетата на Општина Тетово и разговорот со градоначалникот Биљал Касами најави дека од понеделник ќе почне поголема полициска поддршка на „пајак“ службата, со цел да се намали сообраќајниот метеж низ главните градски сообраќајници. Тошковски рече дека овој план е ад-хок решение, пред воспоставување на системот „Безбеден град“ каде со камери ќе се откриваат и казнуваат сообраќајни ...

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) денеска соопшти дека извршила прецизен воздушен напад во Сирија и го убила Мухамед Јусуф Зија Талај, висок воен лидер на „Хурас ал-Дин“ (ХаД), огранок на Ал Каеда. „Како што кажавме во минатото, ќе продолжиме немилосрдно да ги гониме овие терористи за да ја браниме нашата татковина и американскиот, сојузничкиот и партнерскиот персонал во регионот“, изјави генерал Мајкл Ерик Курила, командант на ЦЕНТКОМ. ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека побарал од украинскиот претседател Володимир Зеленски да најде начин да ги поправи односите со Трамп, пренесоа светските агенции. „Она што му го кажав на претседателот Зеленски е: „Верувам, драг Володимир, дека вие треба да најдете начин да ги поправите вашите односи со Доналд Трамп и американската администрација“, изјави Руте за Би-Би-Си. „Ние треба да останеме заедно, САД, Украина и Европа, ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја повика Европската унија да започне директни преговори со Русија за Украина, пренесоа денеска светските медиуми, повикувајќи се на писмото на Орбан до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Орбан се изјасни против напорите на земјите од ЕУ да најдат каков било консензус во врска со Украина, нагласувајќи ја неопходноста од преговори за прекин на огнот, пишува лондонскиот весник „Фајненшел тајмс“. ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска посочи дека недостасуваат полициски службеници кои работат на терен, а во меѓувреме постои превработеност на останатите позиции во МВР. Заради ова, како што појасни, се работи на нов Закон за внатрешни работи и нов Закон за полиција. Во иднина, напомена дека ќе се работи и на нова систематизација, која ќе овозможи максимално, рационално и ефикасно трошење на парите на граѓаните, но и ...

Швајцарија на барање на Генералното собрание на ОН, на 7 март во Женева свика меѓународна конференција за положбата на цивилите на палестинските територии окупирани од Израел, соопшти денеска швајцарското Министерство за надворешни работи. На конференцијата на високите договорни страни на Четвртата женевска конвенција, Швајцарија ги покани сите 196 земји-членки на Женевската конвенција, изјави неименуван портпарол на министерството. Учесниците ...

Тимовите на Пазарниот инспекторат констатираа повеќе неправилности при контролите во маркетите кај трговците на мало, а може да има и казни со затворање маркети, изјави денеска во Прилеп заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. – На теренот се 50-тина тимови на Пазарниот инспекторат. Се контролираат маркети, аптеки, тобако-трафики, секаде каде се продава на мало. Констатирани се повеќе неправилности. Има неправилности во однос на ...

На состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, беше јасно кој е за мир, а кој сака војната да продолжи, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. „Вчера на сите им стана појасно од кога било кој сака мир, а кој војна. Кој сака да прекине убивањето, а кој сака да продолжи. Кој е тој што стои на тлото на здравиот разум, а кои се тие кои не жалат ниту за човечки ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони повика денеска итно да се одржи самит на кој ќе учествуваат САД, Европа и сојузниците, посочувајќи дека поделбите го прават Западот „послаб“, по вчерашната жестока расправија меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Потребен е итен самит меѓу САД, европските држави и сојузниците за искрено да разговараме за тоа како имаме намера да се справиме со денешните ...

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан телефонски разговарал со неговиот руски колега Сергеј Лавров за ситуацијата во врска со украинскиот конфликт, изјави денеска неименуван, добро информиран турски официјален претставник. „Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска телефонски разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за најновата ситуација во врска со руско-украинскиот конфликт“, изјави ...

Од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) денеска на прес конференција апелираа до Владата и до Министерството за енергетика да преземат мерки за високите сметки што граѓаните ги добиваат за електрична енергија од страна на ЕВН. Претседателот на КСОМ, Марјан Ристески рече дека до нив секојдневно пристигнат поплаки од граѓани кои се жалат на високи сметки и ненавремено читање на саатите од страна на службени лица на ЕВН. ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1015
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.01
73%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
63%
1016
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1016
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.17
84%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
88%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.45
75%
1012
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
77%
1014
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
81%
1013
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
1.34
62%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
7.2
82%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52