
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Локалните власти во метрополата Њујорк се обидуваат да воведат закон што ќе им овозможи на владините агенции да прифаќаат плаќања во криптовалути. Ова е сигнал за растечки политички моментум за интеграција на дигиталните средства во јавните услуги, пренесува Cointelegraph. Предложеното законодавство има за цел да ги ажурира постојните закони, така што различни владини агенции можат да прифатат криптовалути како валиден начин на плаќање. Познат ...
Заменик-премиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, кој е во посета на Обединетите Арапски Емирати со владина делегација, објави дека се преговара за авионски линии со Ер Арабија. Николоски наведува дека туризмот, инфраструктурата и образованието се областите на партнерство на кои се фокусираат. “Имаме бројни средби ќе потпишеме неколку договори за економска соработка.” “Зборуваме и за директно спојување, веќе имаме договор ...
Од петок, супермаркетите, аптеките и продавниците за електроника и мебел ќе имаат должност да ги презентираат цените на нивните артикли на официјална интернет страница. Оваа обврска произлегува од измените на Законот за заштита на потрошувачите, кои стапуваат на сила на 18-ти во месецот (петок), откако по нивното одобрување во Парламентот и објавување во Службен весник на 4-ти минатиот месец, Министерството за економија во предвидениот рок од ...
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес одржа работна средба со претставници на невладини организации и здруженија на граѓани кои дејствуваат во сферата на животната средина. Тој ги информираше присутните за Јавниот повик за доделување на средства за финансирање и спроведување на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2025 година, објави Министерството за животна ...
Во текот на продолжението на 26-тата седница на собраниската комисија за прашања поврзани со избори и именувања, се дискутираше за апликациите на кандидатите за членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија кои ги исполнуваат потребните услови. Меѓу кандидатите кои се најдоа на утврдената листа, има искусни новинари, политички аналитичари, правници, актери, музиколози, продуценти, електроинженери и доктори на науки. Исто така, ...
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во име на Регионалната мрежа за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа – (СЕЛДИ), денес во Скопје организира состанок на високо ниво под наслов „Борба против корупцијата: Иновации против нелегалната моќ“. Од МЦМС известуваат дека целта на настанот е клучните креатори на политики, цивилното општество и меѓународната развојна заедница да дискутираат за иновативни идеи и за итни дејствија ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска беше во посета на Општина Аеродром, каде што се работи напорно на реализација на инфраструктурни проекти кои се финансирани преку првиот владин конкурс за поддршка на општински проекти, информираат од Министерството за локална самоуправа. Во оваа најголема скопска општина, како што наведуваат, во тек е санација и рехабилитација на скверот зад ТЦ „Капитол“, се реконструираат тротоарите ...
„Само финансиски едуцирани лица можат да носат издржани финансиски одлуки за штедење, задолжување и за инвестирање од кои ќе зависи и нивната иднина. Има емпириски истражувања коишто покажуваат дека дури половината од доходовната нееднаквост помеѓу луѓето во светот произлегува од разликите во финансиската писменост. А доходовната нееднаквост во изминативе кризни години, по повеќе децении намалување, за жал се зголеми. Според Светската банка, ...
Девет месеци откако се одржаа регионалните избори, белгиската престолнина Брисел сè уште не конституираше влада, што според тамошните медиуми, резултира со сериозни финансиски и безбедносни проблеми. Според “Политико”, градот, кој е седиште на европските институции, се судира со ескалација на насилството, институционална парализа и фискален дефицит од приближно четири милиони евра дневно. Белгискиот весник “Бруз” известува дека јавниот долг на ...
Ректорот на Универзитетот Харвард, Алан Гарбер, во отворено писмо објави дека оваа приватна високообразовна установа се противи на барањата на американското Министерство за образование, сметајќи дека истите ги нарушуваат основните вредности на универзитетот. “Ниту една влада, без разлика која партија е на власт, не треба да диктира што приватните универзитети можат да предаваат, кого можат да примат и вработат, ниту кои области на студии и ...
Секој договор помеѓу САД и Иран во врска со иранската нуклеарна програма најмногу ќе зависи од тоа колку Техеран го контролира нивото на збогатување на ураниумот и неговата потенцијална можност да изработува нуклеарно оружје, изјави специјалниот пратеник на Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф. “Тоа главно ќе биде за проверка на иранската програма за збогатување ураниум и неговите способности за нуклеарно оружје”, рече Виткоф во интервју ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на Планинарскиот клуб „Љуботен“ по повод стогодишнината од постоењето на најстариот македонски планинарски клуб. Честитајќи им го големиот јубилеј, таа истакна дека не само таа, туку и широката јавност ги цени и високо ги вреднува нивните досегашни активности во планинарството, во коишто препознава не само спорт, туку и посебна филозофија на живот, неразделен од ...
Американската компанија Apple значително го зголеми производството на паметни телефони iPhone во Индија во финансиската 2024-2025 година (завршена на 31 март), со зголемување на обемот на 22 милијарди долари, објави каналот NDTV, повикувајќи се на свои извори. Споредено со претходниот сличен период, растот е 60%. Во фискалната 2023-2024 година, производството на уреди на Apple во индиските капацитети се проценува на 14 милијарди долари. Во ...
Со цел да им излезе во пресрет и да обезбеди директна поддршка за лицата кои се соочиле со семејно или родово базирано насилство, Општина Кисела Вода денес објави jавен повик за доделување на еднократна парична помош во висина од 2500 денари. Оваа мерка е дел од Програмата за еднакви можности за 2025 година. Лица кои ќе се опфатат со мерката доделување на еднократна парична помош се лица, жители на општина Кисела Вода кои од Центарот за ...
Комерцијална банка како истакната општествено одговорна компанија ќе обезбеди силна финансиска поддршка во износ од 30 милиони денари за новата Фондација „Заедно за едно“, основана во рамките на Македонската банкарска асоцијација за да помогне на повредените и на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани. Овој износ Банката ќе го донира на Фондацијата за 2025 година, а за наредните години согласно потребите на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, е избран за Млад глобален лидер (Young Global Leader – YGL) на Светскиот економски форум (World Economic Forum – WEF) за 2025 година. Ова престижно признание се доделува на исклучителни личности под 40 години кои демонстрирале извонредни лидерски способности и силна посветеност кон подобрување на состојбите во светот, соопшти Министерот за надворешни работи и надворешна ...
Јавното претпријатие за комунално – производни и услужни дејности „Исар“ Штип се наоѓа во ситуација на 60 отсто загуба на произведената вода, недостаток од лиценца за депонирање и обработка на отпадот, како и задоцнување во исплатата на 25,2 милиони денари според договор со Министерството за финансии. Со ова, претпријатието е исправено пред значајни предизвици кои можат да имаат сериозни импликации за неговото работење и животната средина, ...
Во екот на засилената трговска тензија со САД, Кина иницираше дипломатска кампања во Југоисточна Азија, според анализата на Би-Би-Си. Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна во Виетнам, каде оствари средби со лидерот на Комунистичката партија, То Лам, и премиерот Фам Мин Чин. За време на разговорите, Си повика на координирана борба против “едностраното малтретирање” со цел да се зачува глобалниот систем на слободна трговија, информира ...
Денес, цените на акциите на азиските берзи се зголемија, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека е можно да ги прилагоди давачките за увоз на возила. Регионалниот индекс на акции MSCI во Азија-Пацификот забележа пораст од 0,4 проценти во 7 часот, со што го засили позитивниот тренд втор ден по ред. Утринава, јапонскиот индекс Никеи се покачи за 1,1 процент, додека цените на акциите во Хонг ...
Технолошкиот гигант Nvidia соопшти дека планира да изгради објекти за вештачка интелигенција вредни до 500 милијарди долари во САД во следните четири години, со помош на партнери како TSMC, пренесува Ројтерс. Овој потег го усогласува гигантот со чипови со вештачка интелигенција – чиишто повеќето процесори се произведени во Тајван – со група технолошки компании кои ветија дека ќе го вратат производството во САД поради заканите за високи царини ...
Вкупно 25 граѓански здруженија доставија петиција до премиерот и членовите на Владата, која се однесува на дозволата за градба на хотелскиот комплекс во Горица, за која, како што наведуваат, сите релевантни закони налагаат обврска да се прогласи за неважечка. Петицијата се фокусира и на инспекцискиот надзор на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), кој, според нив, е преполн со законски повреди и потенцијални кривични дела, како и на ...
Италија направи сериозен чекор кон враќање во живот на нејзините јужни региони. Земјата планира да го стимулира економскиот развој преку значителни инвестиции – во брза железничка инфраструктура, пренесува Ројтерс. Камен-темелникот на оваа иницијатива е претстојната брза железничка линија што ги поврзува Неапол и Бари, која има за цел да го намали времето на патување на половина – од 4 на 2 часа. Делницата долга 145 километри, за која ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски беше гостин во програмата на Македонско радио – Радио Скопје, во своето гостување меѓу другото тој зборуваше и за платформата за интероперабилност, која што како што рече бележи зголемување на извршени трансакции. “Во првите месеци од 2025 година, бројот на трансакции на националната платформа за интероперабилност е зголемен до 20% во март, споредено со просекот на трансакции од минатата ...
Египет прими израелска иницијатива за прекин на огнот во областа на Газа и започнување на разговори за конечно запирање на воените дејствија, објави државната телевизија „Ал Кахера Њуз“, повикувајќи се на свои извори. Каиро, во улога на медијатор во преговорите, ја пренесе иницијативата до палестинската исламистичка група Хамас, која изјави дека ја разгледува и дека ќе даде одговор „најскоро можно“. Висок претставник на Хамас, Абу Зухри, за ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира значително да го редуцира буџетот на Стејт департментот, покажуваат внатрешни документи за финансиско планирање до кои дојде агенцијата Ројтерс, пренесе БТА. Редукцијата би достигнала речиси 30 милијарди долари во фискалната 2026 година, што би довело до затворање на приближно 30 дипломатски претставништва во странство и би ја намалило странската помош. Планот, кој сѐ уште не е ...
Албанија вчера и официјално го започна Кластерот за внатрешен пазар во преговорите за приклучување кон Европската Унија. На четвртата меѓувладина седница помеѓу Албанија и ЕУ, беше отворен Кластерот 2, кој ги вклучува поглавјата 1 (слободно движење на производи), 2 (слободно движење на работници), 3 (право на основање бизнис и слобода на пружање услуги), 4 (слободно движење на капитал), 6 (право на трговски друштва), 7 (законодавство за ...
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) денес објави дека ја укинала акредитацијата на организацијата ЗОР „СФЕРА Интернешнал“ – Битола, долгогодишен корисник на фондови од ЕУ. Дополнително, агенцијата започнала процес кон Европската служба за борба против измами (OLAF) и Основното јавно обвинителство (ОЈО), со цел комплетно разјаснување на индициите за потенцијални проневери на европски средства од страна на ...
Климатскиот феномен Ла Ниња, која носи поладно време во Европа и на Балканот во следните месеци, односно во летните и есенските месаеци повторно ќе добие на интензитет, односно, ќе се зголеми нејзиното влијание, и ќе биде со поголем интензитет, наспроти топлиот климатски феномен Ел Нињо. Сето ова, би можело да придонесе дека оваа 2025 година кај нас да биде поладна за разлика од изминатите години, а очекувам и голем број на нови временски ...
Фракцијата на Алијансата за Албанците, предводена од Арбен Таравари, сегашен министер за здравство, денес ќе одржи Централен одбор на кој ќе се дебатира за пристапот кон наредните локални избори. Таравари вчера потенцираше дека е невистинито оти преговараат со ДУИ и дека како политички субјект за следните локални избори имаат две можности – едната е да продолжат во рамките на коалицијата Влен, а другата е да истапат од коалицијата и да се ...
Државната делегација, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, денес ја продолжува официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Мицкоски, вчера, во текот на првиот ден од престојот, се сретна со претседателот на ОАЕ и монарх на Емиратот Абу Даби, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан и како што рече, била потенцирана потребата од поинтензивни и попродуктивни односи. “Од моја страна, накратко ги образложив нашите цели како Влада, но ...