Иранската полиција уапсила 21.000 осомничени лица за време на 12-дневниот конфликт помеѓу Израел и Иран во јуни, соопштија денес иранските државни медиуми. Иранската државна телевизија го цитираше портпаролот на полицијата, генералот Саид Монтазералмахди, кој изјави дека граѓаните ги пријавиле осомничените кај надлежните. “Апсењето на 21.000 осомничени лица за време на 12-дневната војна укажува на високата свест и учество на луѓето во ...

Четврта година по ред, Телеком го организира онлајн гејминг турнирот T-esports Championship (TEC), кој ги обединува врвните гејмери низ Европа, вклучувајќи ги и гејмерите од Македонија, Хрватска, Унгарија, Полска и Црна Гора. Турнирот ќе започне на 8 септември, а финалето ќе се одигра на 15 и 16 ноември во Hungexpo во Будимшпешта. Најдобрите играчи од Европа ќе може да се натпреваруваат во 4 игри: Counter-Strike 2, League of Legends, Brawl ...

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) ќе одобри кредит од 500 милиони евра на украинската државна гасна компанија Нафтогас (NAK) за финансирање на итни набавки на гас, со цел да се зајакне енергетската сигурност на државата, која оваа година е сериозно загрозена од повторените насочени руски напади. Ова претставува најголемиот поединечен заем што Банката го има одобрено во Украина. Заемот со револвинг структура е поткрепен со гаранција од ...

По жестоката битка со огнената стихија во текот на изминатата ноќ, грчките огнеборци утринава ги продолжуваат напорите за локализирање на пожарите во Ахаија, во близина на градот Патра, на северозападниот дел од Пелопонез, на островите Закинтос и Хиос, како и во околината на Превеза. Според зборовите на портпаролот на противпожарната служба на Грција, Василис Ватракојанис, 15 пожарникари се здобиле со повреди. Ова го пренесе дописничката на МИА ...

Криминална сајбер групација украла приватни информации на десетици илјади посетители во Италија, добиени од идентификационите документи кои се потребни при регистрирање во хотелите. Групацијата „Mydocs“ во изминатите денови нуди приближно 70.000 документи за продажба преку интернет, објави денес италијанската полиција, пренесува ДПА. Протекувањето на информациите се однесува на ексклузивни хотели во Венеција, Трст и на островот Капри. Хакерите, ...

Денес, Кина презеде реципрочни мерки против две европски финансиски институции – UAB Urbo Bankas и AB Mano Bankas – како одговор на санкциите што Европската Унија ги наметна на две кинески банки. Според новите мерки, на кинеските претпријатија и поединци им е оневозможено да извршуваат трансакции или да соработуваат со овие банки. Двете банки имаат централа во Литванија, која од 2021 година е во дипломатски конфликт со Пекинг поради отворањето ...

Од здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ упатуваат отворено писмо до македонските политичари. Ви го пренесуваме во целост: Почитувани, Искрено жалиме што надлежните институции остануваат глуви на нашите добронамерни апели. Доставувањето на предизборен Закон за игри на среќа до пратениците во Собранието, само три дена после распишувањето на локалните избори, ги потврдува нашите грижи. Игрите на среќа се омилена ...

Во текот на минатите 24 часа, на територијата на нашата земја беа забележани вкупно 33 пожари на отворен простор. До 8 часот утринава, активни се уште три од нив. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека два од активните пожари се ставени под надзор, додека останатите се успешно ликвидирани. Според информациите од ЦУК, два од преостанатите активни пожари се лоцирани во општина Македонски Брод, а третиот е во околината на Сарај. Во ...

Франција, Германија и Велика Британија ги известија Обединетите Нации дека се подготвени повторно да воведат ограничувања кон Иран доколку не се врати на разговори со меѓународната заедница во врска со неговата атомска програма, пренесе “Фајненшл Тајмс”. Шефовите на дипломатиите на таканаречената група Е3, односно Франција, Велика Британија и Германија, вчера испратиле писмо до ОН во врска со можноста за “брзо враќање” на санкциите кон Иран, ...

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) искажуваат длабока загриженост поради начинот на дејствување на полициските службеници кон новинари од пелагонискиот регион. Според соопштението од ЗНМ и ССНМ, случајот за кој организациите веќе испратиле официјален допис до Министерството за внатрешни работи, се однесува на известувањето за разрешувањето на директорка на училиште во ...

Во Србија, трошоците за земјоделски и рибни артикли забележаа пораст од 13,4 проценти во текот на јуни, во споредба со истиот месец претходната година. Ова го соопшти денес Републичкиот завод за статистика. Најголемо влијание на поскапувањето имаа трошоците за житарици, кои пораснаа за 3,9 проценти, како и овошјето, каде беше регистриран скок од дури 81,4 проценти. Анализирајќи ги јунските цени на земјоделските и рибните производи во однос на ...

Во изминатите десет години, преку 2,5 милиони луѓе ја напуштиле територијата на Западен Балкан во стремеж кон подобар живот, покажуваат информациите на Светската банка. Евростат, од друга страна, предупредува дека до 2050 година населението на Западен Балкан може да се намали за повеќе од 15 отсто — тренд кој сериозно ја загрозува долгорочната економска развојна перспектива и продуктивноста на државите како Босна и Херцеговина, Србија, Црна ...

Новите премиум преклопни уреди Galaxy Z Flip7 и Galaxy Z Fold7 носат значителни хардверски и софтверски подобрувања, со силен фокус на вештачката интелигенција и зголемена издржливост. Galaxy Z Flip7 – поголем надворешен екран и моќен 3nm чипсет Galaxy Z Flip7 доаѓа со поголем надворешен AMOLED екран од 4,1 инчи, што овозможува поголема функционалност без потреба од отворање на уредот – пристап до повеќе апликации, известувања и AI асистенти ...

Во текот на денешниот ден, неколку огнени жаришта се активни на отворен простор низ целата земја, извести директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Најкритична е состојбата во областа на Општина Македонски Брод, поточно во ловиштето „Јасен“, каде што пожарот веќе со денови не може да се стави целосно под контрола. „Овој пожар е активен неколку дена“, рече Ангелов. „Иако повеќе пати беше ставен под целосна контрола, а ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2025 година разбило 14 организирани злосторнички групи, во кои биле инволвирани 201 поединци и 18 компании. “Справувањето со илегалната миграција е еден од врвните предизвици и приоритети во работата на МВР, за што говори и статистиката на преземени дејствија и резултати во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2025 година.” Во извештајот на МВР се наведува дека во ...

“Ги презедовме сите мерки, како во однос на едукацијата, така и во однос на методологијата за лиценцирање и повторно лиценцирање на стоматолози”, изјави денес министерот за здравство, Азир Алиу, убедувајќи ги стоматолозите да бидат безгрижни. Одговарајќи на новинарско прашање за време на промоцијата на реновираната Клиника за урологија во Скопје, министерот изјави: “Тоа што го сторивме, сметам дека е соодветно и навремено, бидејќи доколку не го ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, врз основа на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година објави Јавни огласи за поддршка на домаќинства кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија, преку доделување на: Цел на огласот Огласот има за цел да обезбеди заштита на ранливите потрошувачи кои се наоѓаат во состојба на енергетска сиромаштија, преку унапредување на енергетската ...

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека единствено вториот конкурс, објавен од Министерството за локална самоуправа, има предвидено преку половина милијарда денари за инвестиции во спортската инфраструктура во општините. Мицкоски потенцираше дека вкупната инвестициска сума на двата конкурса надминува 720 милиони денари и најави дека Владата ќе продолжи со исто темпо да инвестира во оваа област. “Севкупно, на првиот и вториот повик беа ...

Стриминг платформите и VOD (Video on demand) услугите веќе одамна се првиот избор на гледачите, коишто сакаат да имаат пристап до што повеќе содржини, на што поедноставен начин. Водејќи се токму според овој тренд, Македонски Телеком како водечка дигитална компанија, во соработка со првата македонска стриминг платформа GLEY, овозможи единствено интегрирано решение со кое корисниците ќе дојдат до содржините кои ги бараат, со само еден клик. ...

Западот ја употреби Украина во безуспешен напор да ја ослаби Русија, рече словачкиот премиер Роберт Фицо во видео порака објавена на Фејсбук за време на викендот. Тој додаде дека и украинското водство сноси дел од вината за поддршка на западниот план да се наштети на Москва преку нивното вклучување во воените дејствија. „Украина беше искористена од Западот во обид да ја ослаби Русија, што не успеа – и за што, се чини, Украина ќе плати скапо“, ...

Илон Маск, газда на СпејсИкс, Тесла и „X“, објави дека планира да ја тужи Епл поради тоа што не ги ставиле „X“ и четботот „Грок“ меѓу најпрепорачаните апликации во нивниот „Ап стор“. „Еј „Епл Ап стор“, зошто одбивате да го ставите „X“ или „Грок“ во вашиот дел „Задолжително“ кога „X“ е апликација за вести број еден во светот, а „Грок“ е број пет меѓу сите апликации? Дали играте политика? Што добивате? Љубопитните умови сакаат да знаат”, напиша ...

Центрите за вработување во Град Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар и Прилеп предничат според бројот на активни баратели на работа – односно лица со статус на невработени. Конечните полугодишни податоци за бројот на невработени на ниво на државата покажуваат тренд на пораст и во однос на мај годинава и во однос на истиот месец лани. Според Владата годинава треба да заврши со намалена стапка на невработеност на ниво од 11,1%. Годинава ...

Денес, почнувајќи од 6:49 часот, транспортот за товарни возила со голема тонажа на граничниот премин Блаце се пренасочува преку бензинската станица Дизел. Според информациите од АМСМ, заради зачестениот проток на возила, на граничните премини Богородица, Дојран и Табановце се чека приближно 30 минути. На останатите гранични премини од наша страна нема поголеми задржувања за влез и излез од земјата. Моторниот сообраќај на државните патишта се ...

Матурантите кои не беа успешни на државната матура во јуни, денес ќе се соочат со првиот, задолжителен надворешен тест – мајчин јазик и литература. На 14 август (четврток), е закажано спроведувањето на вториот, изборен надворешен испит од државната матура во августовската испитна сесија. Според информациите од Државниот испитен центар (ДИЦ), за двата испитни дена се регистрирани вкупно 1118 ученици. Тестот по мајчин јазик денес ќе го полагаат: ...

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес соопшти дека ЕУ ќе дејствува на деветнаесеттиот пакет санкции против Русија и апелираше да не се прават понатамошни попуштања кон Москва, пренесоа британските медиуми. Во објава на платформата Х, Калас извести дека министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска дадоа поддршка за мерките на САД кои ќе доведат до праведен мир во Украина. „Со оглед на ...

Владата на Црна Гора донесе одлука да побара асистенција од НАТО за справување со шумските пожари од воздух, поради фактот што пламените јазици продолжија да се шират на повеќе подрачја, вклучувајќи го и оној во околината на Подгорица, каде што во текот на вчерашниот ден беа уништени неколку домови, а неколку пожарникари се здобија со повреди. „Според проценката на Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), заради благовремено и јасно информирање на сите државни институции, политичките партии, актерите во изборниот процес, како и на јавноста во врска со законитоста на употребата и располагањето со буџетските средства, согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Изборниот законик, денес испрати насоки за следните услови за периодот од денот на донесувањето на одлуката ...

Министерството за европски прашања е подготвено да асистира во процесот на аплицирање за зголемено користење на европските фондови, со цел да се овозможи побрз прогрес на општините. Ова беше потенцирано на денешната средба на заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков со градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески. Како што информираа од МЕП, на средбата се разговарало за нивото на искористеност на ЕУ фондовите во ...

По повод денешната конференција за медиуми на Стоматолошката комора, Министерството за здравство уште еднаш нагласува дека решението е донесено темелено врз докази, аргументи и вклучување на сите релевантни чинители во процесот. Според денешното известување од Министерството за здравство, одлуката е исход на долготрајна и темелна анализа спроведена од повеќемина експерти. “Потсетуваме дека на овој процес претходеше времена мерка изречена од ...

“Имавме неколку инспекции и не беа евидентирани никакви прекршоци”, рече претседателот на Стоматолошката комора, Маријан Денковски, на денешната прес-конференција. Оваа прес-конференција се одржа откако министерот за здравство, Азир Алиу, во саботата соопшти дека Министерството за здравство ја презема одговорноста за лиценцирање на Стоматолошката комора. “Прво, бидејќи јавните овластувања согласно Законот за здравствена заштита, член 262, се ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
88%
1017
weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
81%
1018
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
86%
1017
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
63%
1018
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.34
85%
1018
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
69%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
5.14
80%
1018
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
88%
1014
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1015
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
3.6
86%
1018
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
72%
1017
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
64%
1019
Currency

61.5038

Currency

53.1929

Currency

69.846

Currency

34.5366

Currency

37.8684

Currency

66.0499

Currency

7.47357

Currency

0.65794

Currency

0.34652

Currency

0.52488

Currency

0.60009

Currency

1.26056