Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за прв човек на Скопје од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, преку својот Фејсбук профил соопшти дека архитектот и професор Мишко Ралев се приклучува кон неговиот тим. „Голема чест и искрена благодарност до професорот Мишко Ралев што се приклучува во мојот тим за поубаво Скопје.“ – напиша Ѓорѓиевски. Тој додаде дека: „Со своето обемно искуство, визија и интегритет, тој претставува цврста поткрепа и уште поголем поттик ...

Скопје повторно е на мапата на иновациите: AI Tech Summit 2025 со посвета на визионерот Филип Аврамчев. Од 30. септември до 1. октомври, Скопје по трет пат ке биде домаќин на водечкиот регионален настан посветен на вештачката интелигенција – AI Tech Summit 2025. Вештачката интелигенција одамна не е само концепт и визија. Интегрирана е во секој аспект од нашите животи, од автоматизација на работни процеси до постојани иновации во најразлични ...

Девет компании се вклучени во постапката за селекција на изведувач за изградба на автопатот Букојчани – Кичево на Коридорот 8, во должина од 11,5 километри, по завршувањето на претквалификациската фаза според тендерот на Јавното претпријатие за државни патишта. Кандидатите кои ги исполнија условите денес добија покана да достават финансиски понуди до 30 септември годинава. ЈПДП објавува дека со финансии обезбедени преку заем од Европската банка ...

Управата за јавни приходи (УЈП) реализираше 154 инспекциски надзори на терен за фискализација во периодот од 21 до 27 јули годинава, таргетирајќи различни видови бизниси. Според информацијата од УЈП, контролите ги опфатија продавниците за широка потрошувачка, рестораните, туристичките агенции и хотелите, како и други комерцијални објекти за продажба на мало. “Контролите беа реализирани низ државата во повеќе градови, меѓу кои и туристичките ...

Советот на Народната банка на својата редовна седница го усвои Кварталниот извештај за второто тримесечје од 2025 година. Во Извештајот се истакнува дека, во текот на вториот квартал, Народната банка го задржа внимателниот пристап во водењето на монетарната политика и не направи промени во основната каматна стапка, соодветно на условите во економијата. Во однос на остварувањата на основните макроекономски показатели, во првиот квартал од ...

Италија даде зелено светло на ватиканскиот проект за подигнување на соларна централа на површина од 430 хектари земја, лоцирана северно од Рим. Овој простор, веќе децении, претставува предмет на несогласување помеѓу двете држави. Ватикан се надева дека оваа инвестиција ќе му овозможи потполна енергетска самостојност. Целта е да се трансформира Ватикан во првата јаглеродно неутрална држава на планетата. Како што наведуваат извори од Ватикан: “Со ...

Модерна медицинска опрема е набавена и ставена во употреба на Универзитетската Клиника за уво, нос и грло. Во рамките на проектот, извршена е обнова со реновирање на четири оперативни сали, обезбедувајќи соодветни услови за дијагноза и лекување согласно европските и светските норми. Поради овој настан, денес Клиниката беше посетена од премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу, заменик-министерот Јовица Андовски, и ...

ТАВ Македонија најавува нови директни авиолинии до Стокхолм, Бари, Мадрид, Прага и Ларнака, за кои авиобилетите се веќе во продажба, и Келн, притоа зајакнувајќи ја воздушната поврзаност со клучни европски градови и позицијата на Меѓународниот Аеродром Скопје како регионален туристички центар. ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромскиот оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, со гордост ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, очекува во скоро време да биде објавено воведување на нови авиолинии со државна помош, а разговорите се насочени кон воспоставување врски преку аеродромот во Охрид. “Вчера објавивме пет нови дестинации од коишто ќе се лета од Скопскиот аеродорм, вкупно 16 откако е избрана оваа Влада, за брзо време очекувајте и нови”, изјави Николоски, по доделувањето на сертификати ...

Владата на Унгарија има намера да подготви оперативни планови за заштита на работните места и индустриското производство во земјата, како одговор на трговскиот договор помеѓу САД и Европската унија, објави денес премиерот Виктор Орбан. Во своето обраќање на Радио Кошут, тој потенцираше дека вредноста на унгарскиот извоз во САД изнесува приближно 11 милијарди американски долари на годишно ниво и дека од клучно значење е компаниите кои извезуваат ...

Ноќеска, на полноќ, заврши седумгодишниот период на функција на досегашниот генерален директор на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), Виле Итала. “Ми беше чест да го водам ОЛАФ во неговата витална мисија за заштита на парите на европските даночни обврзници и промовирање на интегритетот во рамките на институциите на ЕУ. Горд сум на она што го постигнавме заедно – од зајакнување на истражните способности на ОЛАФ, до поттикнување ...

ФАБРИКА КАРПОШ АД СКОПЈЕ во периодот Јануари – Јуни 2025 оствари позитивен финансиски резултат (добивка по оданочување ) во износ од 37.007 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех за период 01.01-30.06.2025, што е за поголем од резултатот остварен во истиот период минатата година, информираат од Македонска берза. Во 2024 година, компанијата нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на ставките во ...

Сметководстваните политики и методи на вреднување при составување на финансиските извештаи за период од 01.01.2025 до 30.06.2025 година се непроменети и се применуваат конзистентно со оние кои се применети при составување на финансиските извештаи од претходната година, информираат од Македонска Берза. Имено, Друштвото Транскоп АД Битола за периодот од 01.01.2025 до 30.06.2025 година, оствари позитивен финансиски резултат од 6.543 илјади денари ...

Обилни врнежи од дожд, кои предизвикаа тешкотии, и повеќе од 10.000 громови беа забележани вчера попладне во северниот и централниот дел на Грција, според информациите од мрежата на автоматски метеоролошки пунктови на Националната опсерваторија во Атина и веб-страницата Метео, пренесе дописникот на МИА од Атина. Најголемо количество на вода беше забележано во областа Кукуш (Килкис), каде наврнаа дури 94,8 милиметри дожд. Истовремено, покрај ...

Италија вчера одобри план на Ватикан да преобрази земјиште со површина од околу 430 хектари северно од Рим, точка на спор во минатото, во огромна соларна централа. Ватикан се надева дека на тоа место ќе создаде доволно електрична енергија за да ги покрие своите потреби и да го направи Ватикан првата држава во светот со нулта емисија на јаглерод. Договорот предвидува дека развојот на локацијата Санта Марија Галерија ќе го задржи земјоделското ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, обелодени низа нови давачки кои ќе ја подигнат просечната американска такса за производи увезени од речиси сите трговски соработници на државата за меѓу 10 и 50 проценти, пренесоа светските новински агенции. Новите американски давачки, вклучувајќи ги и оние од 15 проценти за увоз од ЕУ, ќе започнат да важат на 7 август, а не на 1 август, како што потврди американски владин службеник за ДПА вчера. ...

По завршувањето на реновирањето на Розовата градина и поставувањето златни ливчиња во Овалната соба, американскиот претседател Доналд Трамп ќе се посвети на неговиот досега најзначаен проект во Белата куќа – нова балска сала во вредност од 200 милиони долари, која ќе биде доградена до Источното крило на резиденцијата. Трамп, поранешен градежен претприемач со афинитети кон уредувањето, одамна изрази незадоволство дека на Белата куќа ѝ недостига ...

Новата најниска саатница во Србија, утврдена од страна на Социјално-економскиот совет, а официјализирана во Службен весник, ќе биде 337 динари по час, нето, почнувајќи од 1 октомври. Во моментов, најниската плата во Србија се одредува според вредноста на еден час работа која изнесува 308 динари. Висината на месечниот минималец зависи од бројот на работни часови во дадениот месец. На пример, за јули 2025 година, кога има 184 работни часови, ...

Комисијата за распределба на средства во Сенатот на САД даде зелено светло на нацрт-закон за воени издатоци, кој содржи приближно една милијарда долари за помош на Украина. Ова се случи и покрај барањето на администрацијата на претседателот Доналд Трамп до Конгресот да го укине тоа финансирање во својот предложен буџет. Комисијата одобри 852 милијарди долари за Министерството за одбрана за фискалната година која завршува на 30 септември 2026 ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, упати писма до главните оперативни директори на 17 значајни фармацевтски корпорации, апелирајќи до нив да преземат брзи чекори кон намалување на трошоците за лекови за американските граѓани, информираше Белата куќа. Овие писма беа адресирани до високите функционери на компании како Ели Лили, Санофи, Риџенерон, Мерк и Ко, Џонсон и Џонсон, АстраЗенека и други. Примероци од писмата беа јавно достапни на ...

Нема да дојде до пораст на сумите на казни за сообраќајните прекршоци, но на оние кои возат несовесно, под дејство на алкохол, без валидна возачка дозвола, или со прекумерна брзина, ќе им биде запленето возилото, кое потоа ќе биде донирано на институциите. Ова го соопшти денес министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, од ГП Табановце. “Со новиот закон за безбедност и со новиот закон за прекршоци, глобата којашто сега е утврдена на ...

Денеска, во Трансформаторската станица (ТС) Дуброво, беше успешно доставена новата 400/110 киловолтна трансформаторска единица. Овој значаен проект е дел од сеопфатната програма за надградба, зајакнување и прогрес на електроенергетската инфраструктура на АД МЕПСО. Од енергетската компанија изјавуваат дека новиот уред значително ќе придонесе кон посигурно и поефикасно снабдување со електрична енергија за граѓаните и бизнисите во регионот, ...

Современизирање на водоводните системи, редуцирање на техничките и финансиските дефицити, зголемување на енергетската ефикасност и подобрување на работењето на јавните комунални друштва, претставуваат суштински аспекти за поодржлива инфраструктура и поквалитетни услуги за населението. Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес ги презентираше целите од проектните активности вредни 7,5 милиони швајцарски ...

Делегатите од ЕУ и САД интензивно работат на дооформување на заедничка декларација, која се базира на спогодбата помеѓу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денес официјалниот претставник на ЕК за трговија и царини, Олоф Гил. “Кога ќе имаме појасна временска рамка, навремено ќе ве известиме”, рече Гил како одговор на прашање од новинар во врска со напредокот во ...

Барселона е еден од највпечатливите градови во Европа – космополитски, културен и полн со живот. Сместена на североистокот од Шпанија, во срцето на Каталонија, Барселона нуди уникатна комбинација од архитектура на Антони Гауди, плажи покрај Медитеранот, богата историја и модерна уметност, со одлична храна и енергија која тешко се заборава. За само 48 часа можеш да го доживееш најдоброто што го нуди – од делата на Гауди до медитеранските ...

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, ја оствари својата прва средба со претставникот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) во земјава, Висар Перани. На средбата се разговараше за можностите за соработка меѓу Народната банка и ИФЦ во повеќе области, вклучително и во рамките на проектот на ИФЦ насочен кон унапредување на дигиталните финансиски услуги и поттикнување на финансиската вклученост во регионот. Проектот се спроведува ...

Во споредба со трошоците за живот, Македонија има подобра минимална плата од Португалија, Грција, Црна Гора, Кипар, Малта, Албанија, Србија, Унгарија, Чешка, Бугарија, Латвија, Естонија и други. Ова, како што рече премиерот Христијан Мицкоски, не е негова изјава, туку став на „Фајненс тинк“. Одговарајќи на прашање од пратеник, Мицкоски потенцираше дека нашата држава се наоѓа некаде на средината, имајќи го предвид највисокото ниво на минимална ...

„Макпетрол“ АД Скопје успева да го зачува водечкото место на енергетскиот пазар во земјава во текот на првата половина од 2025 година и продолжува со својата посветеност на сигурното снабдување со висококвалитетни нафтени деривати и природен гас, паралелно продолжувајќи со значајни инвестиции и континуирана поддршка на своите вработени, информираат од „Макпетрол“. Во првата половина на 2025 година, компанијата оствари приход од 14,48 милијарди ...

Бруто домашниот производ (БДП) на Европската унија забележа пораст од 0,2 проценти во вториот квартал од тековната година, додека на ниво на Еврозоната тој достигна само 0,1 отсто. Ова го покажуваат прелиминарните и нецелосни податоци објавени од Евростат, европската статистичка агенција, за економските резултати на блокот во второто тримесечје од 2025 година. Во текот на периодот јануари-март 2025 година, кварталниот пораст на БДП на ЕУ беше ...

Иако можеби некој не успеа да ги привлече „Гугл“ и „Фејсбук“, сепак е многу веројатно дека еден голем светски бренд ќе купува електрична енергија произведена во Македонија, преку ветерниот парк на „Алказар енерџи“. Преговорите се во завршна фаза, а за тоа за кого станува збор ќе оставам да каже компанијата-инвеститор, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница. Како што нагласи Мицкоски, одговарајќи на пратеничко ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
94%
1017
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
85%
1018
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
88%
1018
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
64%
1018
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.12
89%
1018
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
79%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 20ᴼ
5.81
84%
1018
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
94%
1014
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
100%
1015
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
3.6
88%
1018
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
78%
1017
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
77%
1020
Currency

61.5038

Currency

53.1929

Currency

69.846

Currency

34.5366

Currency

37.8684

Currency

66.0499

Currency

7.47357

Currency

0.65794

Currency

0.34652

Currency

0.52488

Currency

0.60009

Currency

1.26056