Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Министерката за образование и наука Весна Јаневска во посета на Општина Битола оствари средба со градоначалникот Тони Коњановски, на која се зборуваше за прогласувањето на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ во регионален центар за стручно образование, како и за унапредувањето и зајакнувањето на образовните процеси во училиштата во Општина Битола.При посетата на училиштето министерката истакна дека ова училиште е најсоодветно за регионален центар во регионот ...
Гостинка во IUS FORUM: Теорија и пракса на Правниот факултет (Битола) беше нејзината Екселенција, Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република С. Македонија, г-ѓа Петра Дрекслер.Студентите имаа единствена можност да дискутираат со нејзината Екселенција за нејзината кариера и работните обврски во Амбасадата, потоа евроинтеграциите на нашата земја, родово-базираното насилство и родовите стереотипи, како и очекувањата од новата ...
Општина Битола издава урбана опрема – типизирани куќарки за комерцијално користење со намена продажба на храна, пијалаци и други производи кај Офицерски дом во Битола и на плоштад “Магнолија“, за периодот од 20.12.2024 до 06.01.2025 година. Понудите да се достават најдоцна до 04.12.2024 година во 12:00 часот, лично во Архивата на Општина Битола. Подетални информации можат да се добијат на телефонскиот број 047-208-312. Јавниот повик и ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против 24 годишна битолчанка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Пријавената во периодот од декември 2023 во повеќе наврати, набавувала кокаин и истиот го продавала на друго лице од Битола. На 16.12.2023 во угостителски објект во Битола полициски службеници ги лишиле од слобода ...
Денес, петок, 29 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен од северен ветер. Температурата во Битола до 11 степени. Утре, сабота, 30 ноември, во Битола времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата во Битола до 5 ...
Веспрем -Еурофарм Пелистер 33:26 (20:11) Тимот на Еурофарм Пелистер во рамките на 9. коло на групата “А“ на Лигата на шампионите загуби на гостувањето во Унгарија од шампионот Веспрем со 33:26, полувреме 20:11), во натпреварот, во натпревар во кој домаќините како изразити фаворити, имаа предност во текот на сите шеесет минути. Натреварот започна со одличен старт на Унгарците кои во 6. минута имаа 5:0. Пелистер намали на 5:2 со убави акции на ...
Во организација на Стопанската комора на С. Македонија успешно се одржа обука на тема „Бизнис интегритет” во Битола во хотелот “Капри“, која е дел од проектот “Граѓаните против корупцијата”, што се реализира со финансиска поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).На обуката во Битола учествуваа менаџери на големи, мали и средни претпријатија од овој град.Обуката, како што изјави Зоран Јовановски, ...
Силниот ветар кој пред неколку дена дуваше со голема брзина во Битола на Пелистер беше уште пострашен, а поради неговата јачина срушени се десетици, а можеби и стотина борови дрвја. Меѓу нив се наоѓа и македонскиот бор – молика, кој се наоѓаше на првата ливада над хотелот “Молика“ на Пелистер. Овој бор “падна“ од силниот ветар кој изминатата недела ја зафати Битола и битолско, а за него се претпоставуваше дека е стар 200 години, а така е и ...
Околу 2.500 средношколци привлече најголемиот натпревар по математика во Македонија – UltiMATH. Од нив, 350 ја поминаа онлајн квалификациската рунда и се пласираа за учество во големите финалиња што ќе се одржат овој викенд, на 30 ноември и на 1 декември во халата за настани на Ист Гејт Мол во Скопје. Како што потенцираат од Бреинстер НЕКСТ факултетот и NU Колеџот за средношколци, кои го организираат натпреварот, посетиле и повеќе од десетина ...
Денес, во кабинетот на градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, заедно со секретарот Борче Димитровски остварија прва официјална средба со Евроамбасадорот Михалис Рокас и неговите соработници. Евроамбасадорот оствари средба и со советниците од Советот на општина Битола. На средбата градоначалникот Коњановски истакна: -Почестен сум што првата официјална посета на евроамбасадорот Михалис Рокас е токму во Битола и што јас како ...
Вечерва почнува 16. издание на Фестивалот на музика од светот чиј организатор е Центарот за култура од Битола, а според програмата денес започнува со поетско-музички перформанс на Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски како дел од уникатни настапи кои ја слават различноста и богатството на музиката од целиот свет. Директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска-Илијевски за годишаното издание на Фестивалот рече: -Денес започнуваме со ...
Новиот состав на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз ја одржа првата седница на којашто беше избрано партиското раководство. Се избраа потпретседателите на партијата. На состанок на Централниот одбор на СДСМ, Методија Илиевски од Битола е избран за еден од тројцата потпретседател на СДСМ. Роден на 10.02.1987 година во Битола. Основно образование завршува во Битола, средно и високо образование ги продолжува исто во родното место. ...
За прв пат оваа година и после седумте мастерси не го добивме шампионот во “амерички пул билјард“ за мажи. Бидејќи се бодуваат шест најдобри резултати имавме егал ситуација бидејќи и Христо Василевски од Битола и Андреј Ѓурчиновски имаа по три први и три пати беа финалисти. Потоа се пристапи кон играње мајсторка која беше закажана да се игра во клубот “Табана“ во Прилеп како неутрален терен но и поради тоа што клубот располага со нови маси кои ...
Денес ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола ќе го играат натпреварот од Лигата на Шампиони против екипата на Веспрем од Унгарија. Тренерот на “пелисерци“ Раул Алонсо за овој натпревар рече: -Веспрем е меѓу најдобрите екипи во Европа со години, имаат долга историја и супер-екипа покриена со играчи од светска класа. Не е лесно да се подготват сите детали за овој натпревар. Имавме три дена за подготовка и се припремиме најдобро. Тешко е да ...
Сенаторите на Универзитетот “Св. Климент Охтидски“ Битола на 229 седница одржана на 27 ноември 2024 година едногласно го избраа д-р Филип Поповски, вонреден професор од Техничкиот факултет – Битола, за претседател на највисокиот орган на управување на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Постапката за избор на нов претседател на Сенатот со тајно гласање ја спроведе Изборна комисија, во согласност со законската и статутарна процедура. ...
Кај луѓето кои боледуваат од одредени хронични заболувања како што се: спондилоза, дископатија, дискусхернија, сколиоза многу е важно да се внесува редовна и одредена храна. Треба да се знае кај заболувањето како што е спондилозата, кај оние со одредени израстоци – калцификати дека најважно е да го намалат внесот на калциум, храната која содржи високо количество на калциум како сирење, млеко, кашкавал, јогурт. Кај овие лица погодно е да се ...
Денес, четврток, 28 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата во Битола до 11 степени. Утре, петок, 29 ноембри, во Битола времето ќе биде наутро со појава на магла или ниска облачност. Преку денот претежно облачно со повремени врнежи ...
-Отворен ден за млади: инспиративно искуство што го слави талентот, активизмот, уметноста и младоста во Битола! Младински културен центар – Битола во Europe House – Битола организираше завршен настан за проектот „Ехо на уметноста: мелодиите на Битола“. Настанот претставуваше отворен ден за млади на којшо младите талентирани уметници од Битола имаа можност да настапат пред битолската публика со своите ликовни, графички и музички творби. Настанот ...
Струга Трим Љум – Пелистер 0:1 Во рамките на 16. коло од Првата македонска фудбалска лига екипата на Пелистер од Битола гостуваше во Струга каде е поразена од домаќинот Струга Трим Љум со 1:0, полувреме 1:0. “Пелистерци“ имаа инцијатива на почетокот на натпреварот, но тоа не го искористија да постигнат гол, а прилика имаше и капитенот Ивановски. Од левата страна Карчевски го проигра Мирко Ивановски, а напаѓачот на битолчани се обиде атрактивно ...
Денес во салата на Народен театар Битола се одржа прес конференција за утрешната премиера на НТБ со баслов “Повторното обединување на двете Кореи“. Се работи за дело на Жоел Померат, а во режија на младиот словенечки режисер Јуш Зидар.Оваа провокативна драма ја истражува комплексноста на љубовта, врските и човечките емоции низ впечатливи и вознемирувачки сцени. На денешната прес конференција на почетокот на присутните новинари им се обрати ...
Ракометарите на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер од Битола денес патуваат во Унгарија, каде утре, четврток, во рамките на Лигата на Шампиони им гостуваат на екипата на Веспрем, од кој беа поразени во Битола. Дејан Манасков и Урош Борзаш веќе го носеле дресот на Веспрем и знаат против кој ривал ќе играат пелистерци. Манасков за првпат ќе се врати во Веспрем по неговото заминување пред две сезони, а за тоа како го очекува овој натпревар ...
Започна асфалтирањето на првиот дел од велосипедските патеки на улица “Партизанска”, кое ќе продолжи и во следните денови. Со реализацијата на овој проект Битола ќе добие велосипедски патеки во должина од над 5 километри, со една заокружена велосипедска целина. Реконструкцијата се изведува на веќе постоечките тротоари, во ширина од 3 метри, без да се нарушува зелениот појас на улиците. Реконструкцијата на постоечките тротоари на дел од ...
Со рачна терапија “taftherapy“ може да се подобри здраствената состојба кај пациентите кои имаа хронични болки во грбот. Од направените истражувања на светска здраствена организација (СЗО) околу 78% од население се соочува со здраствени проблеми, кај некој од луѓе тоа е физички проблем, настанат поради дегенеративни промени на самото тело, кај останатите е внатрешно небалансирано работоње како на организмот така и на органите. Дел од ...
Д-р Елена Јорданоска Бисероска, специјалист по радиодијагностика, во болница “Плодност“ во Битола ја продолжува традицијата на Прилеп како град од кој потекнуваат врвни радиолози. Со нејзината исклучителна експертиза, таа го продолжува делото на почитуваниот прим. д-р Александар Ристески, кој остави значајна трага во областа на радиологијата.Услугите што ќе бидат достапни во нашиот оддел вклучуваат: • Ехо на абдомен и мала карлица • Ехо на ...
Општина Битола објавува јавен повик за избор на субјекти кои ќе учествуваат во организација и реализација на културни активности во пресрет на новогодишните празници и збогатување на понудата на јавни содржини во општина Битола по повод дочекот на Новата 2025 година. Право да аплицираат на јавниот повик имаат сите домашни правни и физички лица кои работат во областа на културата и културниот туризам, со достава на апликација и изјава за ...
Денес, вторник, 26 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде ведро и студено. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Температурата во Битола до 11 степени. Утре, среда, 27 ноември, во Битола, времето ќе биде наутро со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата во ...
Покрај секојдневните изведби на претстави од репертоарот на Народен театар во Битола како што беше ветено на почетокот на оваа сезона дека главната цел е театарот да биде во функција на сите генерации, за сечиј вкус, односно дека „Театарот е повторно твој“, екипата на Битолскиот театар ја подготвува театарската претстава за деца“Снежана и седумте џуџиња“. Можеби најважната приказна оваа сезона, како што истакнуваат, приказната наменета токму за ...
На 24 ноември, 2024 година заврши нашата политичка академија во организација на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ при ОК Битола.-Таа започна на 21 октомври, 2024 година и траеше 10 модули. “Политичка академија 2024“ во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ при ОК Битола, академија каде младите се стекнаа со многу нови знаења и вештини за многу различни теми поврзани со политиката, на која присуствуваа голем број на млади. Примарна ...
Еурофарм Пелистер 2 – Миултиесенс 22:33 (генерација 2006) Минатогодишниот финалист и вицешампион на Македонија генерација 2006 на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 не успеа во Битола на свој терен да освои бодови во рамките на 5. коло од младинскиот шампионат на Македонија, од фазата по групи на досега не поразените екипи од наведеното натпреварување.За домашниот состав најдобри стрелци беа Томче Пецаковски и Карло Буторац со по 5 постигнати ...
Фудбалскиот клуб Јени Маале од Битола со својата традиционална забава во ресторанот „Вила Виста“, ја заокружи есенската полусезона од натпреварувачката 2024/2025 година. Настанот беше одлична можност за тимот, навивачите и поддржувачите да се осврнат на постигнатото досега, но и да погледнат кон иднината со оптимизам.Како што е вообичаено, капитенот Никола Пискачев ја отвори вечерта со својот традиционален говор, правејќи ретроспектива на ...