Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
На 18.12.2024 во 11.07 часот во СВР Битола, било пријавено дека на ул. “Македонска фаланга“ во Битола, патничко возило „застава 101“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 67 годишник од Битола, удрило во пешак на возраст од 68 години од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената пешак, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола. На 19.12.2024 во 00.10 часот во СВР ...
Доајенот на Народниот театар од Битола, актерот Борис Чоревски, овогодинешниот добитник на највисокото општинско признание, наградата „4 Ноември“ за животно дело, денес, ја продолжи традицијата на засадување дрвце во Алејата на добитниците на наградите за животно дело. На настанот присуствуваа Градоначалникот Тони Коњановски, директорот на ЈП Комуналец, Горан Степановски и други гости. Градоначалникот Коњановски изрази задоволство што на ...
Пред седум години, во срцето на Битола, се роди AURUM kitchen bar – место кое ја редефинира гастрономијата, не само во градот, туку и низ цела Македонија. AURUM во овие години не беше само ресторан, туку и концепт што слави живот, вкус и моменти кои траат. Со секоја чинија и секој пијалак, создадовме приказна што одекнува и надвор од нашите граници. Во текот на овие години, AURUM стана симбол за креативност, иновација и стремеж кон совршенство. ...
По повод Денот на заштитникот на Битола “Свети Нектариј Битолски“, градоначалникот Тони Коњановски, денес ги додели наградите на учениците кои аплицираа на јавниот повик на општината за наградување на талентирани и наградени ученици.Критериумите во Јавниот повик, беа дефинирани од страна на просветни работници, претставници на училиштата, во соработка со претставници од општинската администрација и јасно ги дефинираа условите кои треба да ги ...
Кошаркарите на Пелистер, денес со почеток во 20 часот, во салата “Боро Чурлевски во Битола ќе го пречекаат тимот на Подгорица во рамките од последнто коло од првата фаза од АБА2 лигата. За жал, шансите за пласман во следната рунда се веќе загубени, но во таборот на „пелистерци“ се решени да одиграат одличен меч и со победа да ја завршат сезоната во регионалното натпреварување. -Играме со екипа што игра агресивна одбрана, добро ни се познати ...
Сколиоза е медицинска состојба каде се забележува искривување на р’бетот од една страна. Ако е сложена деформација на рентгенските снимки, од задна страна сколиозата може да изгледа како буквите “S“ или “C“, отколку на правилната форма на р’бетот. Најчесто сколиоза се појавува кај деца при развој и неправилно развивање на р’бетниот столб (пршлени). Истражувањата покажуваат дека отприлика 20 милиони луѓе годишно се дијагностицирани со овој ...
Денес, четврток, 19 декември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе преовладува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 9 степени. Утре, шеток, 20 декември, во Битола времето ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за појава на магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ...
Според бројот на битолчани кои попладнево и вечерва ги имаше во централната црква во Битола, “Св. Димитрија“, кои “креваа леб“, изгледа дека најголем број жителите на Битола го имаат Свети Никола, за своја куќна слава. Попладнево во црквата “Св. Димитрија“ домаќинките ги наместија свечената погача, пченицата и виното за свештеникот да ги “испее“ и со тоа да го направат обичајот “кревање на леб“, во чест на Свети Никола, заштитник на ...
На акумулацијата “Стрежево“, меѓу селата Лера и Свињиште од страна на рибочуварската служба на ЈП “Стрежево” – Битола се пронајдени и запленети рибарски мрежи, со големи окца, наменети за крупна риба со вкупна должина над 500 метри. Притоа, констатирано е кривично дело согласно Кривичниот законик, a мрежите се подигнати за понатамошна постапка и кривично гонење на сторителите. Мрежите, во координација со Државниот инспекторат за земјоделство, ...
Третата Универзитетска студентска конференција која се одржа во Битола обедини неколку нови моменти и ги заслужи епитетите: поразлична, посодржајна и поколоритна од претходните.Конференцијата се организира со интернационален предзнак, благодарение на Алијансата КОЛОРС. Студентите од УКЛО ги претставија своите истражувачки трудови заедно со нивни колеги од уште осум европски универзитети, членки на КОЛОРС.Студентскиот лидер Димитар Атанасовски ...
Денес, во Битола, во слава на преподобниот Нектариј кој тивко и достоинствено се преселил во вечното царство Христово, на 5 декември 1500 година, верници од Битола денес во храмот “Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола, од каде со света литургија Владиката Петар и други свештени лица беше одбележан на Денот на Свети Нектариј Битолски, заштитник на Битола.По службата се пристапи кон Светата Причеста, каде од виното-крвта Исусова, се причестија ...
Во рамки на проектот “Не за малолетнички бракови“ кој го реализира “Сумнал“ од Битола се одржа едукативното предавање со доктор Ели Димовска од ПЗУ “Д-р Ели“, која на присутните им понуди драгоцени информации и насоки за важноста на здравјето на малолетните лица при склучување на малолетнички бракови. Докторката Димовска нагласи дека ранoто влегување во брачни односи носи сериозни здравствени, емоционални и психолошки ризици, како за ...
Денес, среда, 18 декември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема попладне. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 10 степени. Утре, четврток, 19 декември, во Битола времето ќе биде претпладне ќе услови за појава на магла по котлините, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен ...
-Билјард федерацијата на Македонија на свечена церемонија ги прогласи најдобрите во сениорска и јуниорска конкуренција, Лонгиони екипен првак, а покрај двете титула има и одлични поединечни пласмани. Екипното првенство го означува крајот на сезоната во билјард, а како никогаш досега битолскиот клуб Лонгиони со нетрпение го очекуваше овој настан за да испише историја. Екипното првенство се одржа овој викенд во “Гран клуб“, а настапија 21 екипа ...
-Прима го отвори новиот web-shop во кој можете да го најдете целиот асортиман производи. Последниве неколку години станавме сведоци на големи промени во нашето секојдневие. Забележуваме исчекори во однос на начинот на размислување, во начинот на одмор и релаксација, но и во користењето на нашето слободно време. Сега сите сме повеќе свесни околу тоа дека она што ни е најскапоцено е токму времето и тоа квалитетното поминато време со нашите ...
Денес, вторник, 17 декември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 10 степени. Утре, среда, 18 декември, во Битола времето ќе биде претпладне ќе има услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. ...
Најголемата IT-компанија во Македонија, “Киншифт“, организираше предновогодишна забава во “Манаки“ бар-ресторан во Битола.Вработените од битолската канцеларија, која брои 60 членови, уживаа во одлична атмосфера и музика.За забавата се погрижи познатиот битолски бенд “Калабалак“, кој внесе вистински празничен дух.Главната забава на компанијата ќе се одржи во Скопје, каде што ќе се соберат сите тимови за голема прослава на успешната година. Фото: ...
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес информираше дека, Општина Битола во соработка со Фондацијата ,,Отворено општество” – Македонија, успешно ја заврши имплементацијата на проектот ,,Сончеви училишта”, со кој инсталирани се фотоволтаични соларни централи на училиштата: „Елпида Караманди“, „Стив Наумов“, „Коле Канински“, „Св. Кирил и Методиј“, „Александар Турунџев“ с. Кукуречани и ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од с. Бистрица. ...
Трета година по ред, Општина Битола, по повод Денот на заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски, ги наградува талентираните ученици од основните и средните училишта во Битола, кои аплицираа на јавниот повик на општината и ги исполнуваат условите наведени во повикот. На јавниот повик, аплицираа вкупно 146 ученици, од кои 35 ученици се наградени, додека 73 ученици не биле прво, второ или трето рангирани, 23 ученици аплицирале со награди од ...
На 15.12.2024 во 15.44 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Довлеџик“ во Битола, патничко возило „сузуки“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 54 годишник од Битола, удрило во бетонски столб. Од здобиените повреди на местото починал сопатникот на возраст од 80 години од Битола, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола. Додека, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница ...
Синоќа во Народниот театар во Битола школата за музика и пеење “Korunovska music & singing“ од Битола го организира второто издание на концертот “Пејте со нас“, а тоа беше вистинско славење на музиката, љубовта и заедништвото, инспирирано од Светскиот ден на хорското пеење. На сцената на театарот во Битола настапија над 100 деца на возраст од 2 до 16 години, носејќи ја магијата на пеењето во секој тон:-“Беби Sвон“ – најмалите пејачи, на ...
Празници се ближат и пред нас се накитено, осветлено, излози, реламни билборди и новогодишни, или божични мелодии… Време на оптимизам прослави, “предновогодишна еуфорија“. Или барем така би требало да биде. Периодот пред и по Новогодишните празници го карактеризира и зголемено ниво на стрес, и зголемено чувство на незадоволство, тага. За жал покрај оваа претпразнична еуфорија кога детето во нас се потсетува на детсвото верува во новогодишна ...
Денес, понеделник, 16 декември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата во Битола до 7 степени. Утре, ворник, 17 декември, во Битола времето ќе биде утрото студено, со можност за слаба магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, северен ветер. ...
Ротаракт клуб Битола во просториите на Клиничка болница – Битола, во одделот на гинекологија донираа инвертер клима и телевизор кои ќе придонесат за подобри услови за секоја родилка. Донација е реализација од два успешни проекти: “Најдобар битолски бељотџија“ и одбележувањето на “Ден за борба против сидата“, секако со помош на нашите спонзори “СН Сервис“, “Еко Селект“ , “Мариели“, “Бар Манаки“, бутик “Залија“ и “Шкорпион“, велат од Ротаракт ...
Пелистер Волеј – Форца Волеј Ема 3:0 (25:11; 25:11; 25:16) Во последното коло од есенскиот дел на Втората одбојкарска лига на Македонија, во Битола одбојкарките на Пелистер Волеј со победа над екипата на Форца Волеј Ема во рамките на последното 11 коло. Во екипата денес блескаа капитенот и лидер Стефани Најдановска како и младата Ања Сековска, која на најубав можен начин ја оправда довербата на стручниот штаб и максимално одговори на позицијата ...
Денес, недела, 15 декември, во Битола според метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура во Битола до 7 степени. Утре, понеделник, 16 декември во Битола времето ќе биде утрото студено, со можна со слаба магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. ...
-Во чест на Св. Нектариј, во црквата “Света Богородица“, се одржа свечена богослужба, а претходно во Народниот театар се одржа свечена седница. По свечената божествена литургија во црквата “Св. Димитрија“ се одржа литија низ градот, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Централен настан на одбележувањето беше литијата која ја предводеше Владиката Петар заедно со тогашниот градоначалник ...
Подготовките на ракометарите на Еурофарм Пелистер за вечното дерби на македонскиот ракомет кое се одигра во Битола им донесоа победа, иако малку публиката стравуваше, а подготовките на навивачите донесоа полна сала и атмосфера која “ја личи“ Битола.А се започна со песна, Димитар Андоновски, ја испеа “Ако одам во Битола“, со него пееше хор од 4.000 навивачи на Еурофарм Пелистер. Додека се пееше неформалната химна илјада зелено-бели шалови ја ...
Иницијативата на Еурофарм Пелистер љубителите на ракометот во Битола да донесат во салата “Боро Чурлевски“ и на полувремето да се фрлаат на паркетот плишани играчки беше прифатена. Како и пред четири години, пред короната, во салата “Боро Чурлевски“ Битола се организира хуманитарна акција со фрлање на играчки на теренот. По звукот на сирената публиката одговори и го послуша апелот на клубот. Овие плишани играчки ќе бидат донирани за божиќните и ...
Еурофарм Пелистер – Вардар 35:33 (22:13) Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Битола го совладаа Вардар со 35:33, полувреме 22:13, во рамките на 15. коло на Суперлигата и му се реваншираа на скопјани за првиот пораз. “Пелистерци“ имаат за што да жалат, на полувреме имаа девет гола предност, а потоа дозволија Вардар да се “врати“, но останува тоа дека во Скопје беше -3 за “пелистерци“, а сега имаат +2.Натпреварот со голови ги отвори ...