Центарот за култура Битола ќе организира Денови на македонски балет, на кои битолчани кои се љубители на балетот ќе имаат можност да уживате во две врвни изведби кои го спојуваат светскиот квалитет со македонската сцена. Балетот “Дамата со камелии“ ќе биде изведен, петок, 6 декември, во 20 часот, а публиката ќе има ретка прилика да гледа величествена приказна за љубов и трагедија, инспирирана од романот на Александар Дима, со музика на Џузепе ...

-Нашиот тим е нашата моќ, а задоволството и лојалноста на клиентите се наш поттик и инспирација, велат од компанијата. Заокружувајќи ја десеттата година од основањето, овој 4-ти декември најголемото брокерско друштво во секторот на осигурувањето во земјата, “СН Осигурителен Брокер“ АД Битола, заокружува уште една успешна година во процесот на постојан раст и развој.-Денес, на 4-ти декември, одбележуваме 10 години “СН Осигурителен Брокер“ АД ...

Денес во Битола екипата на Еурофарм Пелистер го игра најважниот натпревар во Лигата на шампионите, и со победа над Висла големи ќе бидат шансите да се помине групната фаза и да играат натпревар од елиминациона фаза ќе станат реалност. Тренерот на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо за вечерашниот дуел од Лигата на шампиони вели: -Нè очекува тежок натпревар, па ни треба цела енергија и сите навивачи. Висла е тим кој е граден да ја освои Лигата на ...

По повод 3. декември, Декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби “By Marieli“ кафетерија на дечињата од ОУ “Ѓорчи Сугарев“ им приреди, мало, но слатко задоволство, поканувајчи ги да поминат различни моменти од нивното секојдневие.-Мило ни е што заедно со наставниците, родителите и дечињата направивме комуникација, ја реазлизиравме и дојдоа во кафетерија “By Marieli“. Ова е многу мал чин, кој не знаеме дали и заслужува да се ...

Maкедонскиот шампион Еурофарм Пелистер утре во Битола го очекува последниот настап во Лигата на шампионите оваа година. Во Битола доаѓа полскиот првак Висла Плоцк, кој е во битка со нашиот тим и со данската Фредериција за последното место што води во елиминациите. Филип Ивиќ заедно со Никола Митревски го сочинуваат голманскиот тандем на Еурофарм Пелистер оваа сезона. Ивиќ смета дека токму овој натпревар е најважниот за нив во оваа полусезона, ...

Од темелите на основното училиште со ресурсен центар “Кочо Рацин“ во Битола почнуваат првите чекори на посебен начин, со посебна вера и посебна надеж за подобро утре на оние најпосебните, најубавите меѓу убавите, лицата со посебни потреби за кои постои институцијата и целиот нејзин тим денес, утре, секогаш.Бидејќи имаат посебно место на овој свет во нивна чест домаќините од основното училиште со ресурсен центар “Кочо Рацин“ Битола оваа година ...

Пелистер – Беса 1:0 (1:0) Попладнево во Битола под Тумбекафе, на стадионот “Петар Милошевски“, беа публика, фудбалерите на Пелистер во последниот есенски домашен натпревар. со минимални 1:0, полувреме 1:0 повторно ја совладаа Беса.Стрелецот на единстевниот гол беше Мирко Ивановски, исто како и и во првиот натпревар од оваа сезона кога Пелистер беше победник.Пелистер уште на отврањето на натпреварот покажаа дека сакаат бодовите да останат во ...

На 02.12.2024 во 18.20 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 41 годишник од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба., биле пронајдени пиротехнички средства. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава. На 02.12.2024 во СВР Битола било пријавено дека во барака сопственост на месна заедница во село Долно Оризари, битолско, настанал пожар. Од екипа на Територијалната ...

Битолчани по краток период поворно можат да го користат мостот на реката Драгор, над Горната гимназија, кој е нов, а екипи на јавното комунално претријатие “Нискоградба“ од Битола за рекордно време го направија. Поради оштетување екипите целосно го заменија со нов, сега мостот има нова железна основа и дрвена површина. Од КЈП “Нискоградба“ истакнуваат дека за брзо време се обновени три моста на реката Драгор кај “Кланица“, кај “Рибарниците“ и ...

Денес, вторник, 3 декември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне променливо облачно. Во текот на денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Температурата во Битола до 7 степени. Утре, среда, 4 декември, во Битола времето ќе биде претпладне со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини, попладне променливо облачно. Температурата во Битола до 6 ...

“КС Групација“, повторно демонстрирајќи ја својата посветеност кон грижата за унапредување на општеството и отворање на нови можности за младите, на пригодна свеченост во срцето на Битола, ја претстави својата програма за стипендирање и додели признанија на минатогодишните стипендисти за нивните извонредни академски достигнувања.На церемонијата беа доделени стипендии и пофалници на студентите Валентин Стојановски и Петар Митревски од Факултетот ...

Синоќа во Офицерски дом во Битола беше затворен 16. фестивал на Музика од светот кој го организира Центарот за култура од Битола. Се одржуваше четири дена, а Битола уште еднаш ќе биде домаќин на уникатна музичка приказна што ги зближува звуците и емоциите на светот.Фестивалот са одржа од 28 ноември до 1 декември и ќе донесе уникатни настапи кои ја слават различноста и богатството на музиката од целиот свет.Завршната вечер, на 1 декември, беше ...

По повод Светскиот ден на науката за мир и развој, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ги избра најдобрите и најзаслужни научници во академската 2023/24. Ректорскиот колегиум на УКЛО врз основа на извештај од Работна група за проверка на пристигнати пријави за избор на најдобри научници на УКЛО за академската 2023/24 г. ги објави своите најдобри научници. Трето место во категоријата Најдобар и Најплоден научник на УКЛО добива ...

На 01.12.2024 во 14.50 часот на ул. „Столарска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 39 годишник од Битола затоа што агресивно се однесувал кон нив додека извршувале службени дејствија. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 01.12.2024 во 20.30 часот на регионален пат Ресен – Битола – Прилеп, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 53 годишник од Битола затоа што ...

Работнички – Пелистер 84:70 Кошаркарите на Пелистер од Битола, во Скопје, во 8. коло го претрпеа третиот овосезонски пораз против Работнички со резултат 84:70. Натпреварот започна со конфузна игра и на двете страни. “Зелено-белите“ одржуваа минимално водство се до тројката на Антоан на две и пол минути до крајот, но потоа следеше огромен пад, Пелистер до крајот на четвртината не успеа да постигне ниту еден поен, а Работнички заврши со 20:15. Во ...

Денес, понеделник, 2 декември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне облачно со слаб локален дожд, попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 5 степени. Утре, вторник, 3 декември, во Битола времето ќе биде претпладне со услови за појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Во ...

Во големата сала на Центарот за култура Битола во рамките на 16. по ред фестивал “Музика од светот“, Manolo & “The Voice of Gypsies“ со својот настап и музика ја подигнаа публиката на нозе. Цело време се танцуваше пееше и уживаше во ритмовите на фламенго, румба, самба, поп музика…Синоќа уште еднаш, како безброј пати, повторно се докажа дека универзалната сила на музиката како јазик што ги обединува сите.Маноло Гименез, препознатливиот глас ...

-Во декември, кога го празнуваме Св. Климент Охридски пред 10 години се одбележани 35 години од основањето на Универзитетот “Св. Климент Охридки“ од Битола со одржување свечена академија и други пропратни манифестации го прослави својот патрон празник и редок јубилеј, 35 години од формирањето, со присуство на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајден на ...

Кошаркарите на Пелистер од Битола денес во 19 часот се враќаат во натпреварувачки ритам по репрезетнативната пауза, а сите во таборот на актуелниот вицешампион се свесни дека ќе мора да се игра многу подобро отколку што тоа беше случај во изминатиот период. Последниот домашен пораз од Шкупи беше шок за сите во клубот од Битола па на „зелено-белите“ им е јасно дека треба што поскоро да се вратат во својот препознатлив ритам. -Работевме напорно ...

Денес, недела, 1 декември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура во Битола ќе биде до 2 степени. Утре, понеделник, 2 декември, во Битола времето ќе биде наутро облачно со слаб локален дожд и снег. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...

-“Земјо македонска“, “Кирјана, вино продава“, “Роден крају мој, рајска градина“, “Со маки сум се родила“, “Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ и многу други лирски, елегични и патриотски песни со гласот на Сузана Спасовска, звуците на кларинетот на маестро Благојче Трајковски, силниот поетски глас на актерот Петар Горко на концерт „Етно симфонија“ во Битола на Камерниот оркестар од Битола, музички проект што ги спои македонската традиција и ...

Македонската музичка сцена е збогатена со нова инспиративна песна – „Better“ во изведба на групата “Brass Brothers“ од Битола која носи силна порака за надеж, упорност и животни лекции. Музичкото видео за оваа песна е дело на Никола Грнчаров, еден од најголемите поддржувачи на македонската музичка сцена, чија визија и креативност совршено го доловуваат духот на песната. Текстот и музиката се создадени од Горан Мицевски – Кус, кој преку ова дело ...

Во просториите на СОУ “Таки Даскало“ – Битола се одржа работилница во рамки на проектот “НЕ за малолетнички бракови“, со цел да се подигне свеста за негативните последици од малолетничките бракови и да поттикне превентивни мерки преку едукација и поддршка. -Проектот се фокусира на создавање здрави и безбедни средини за младите, овозможувајќи им личен и образовен развој. Малолетничките бракови претставуваат глобален социјален и правен проблем ...

Денес започна првиот ден од финалето на UltiMATH, најголемиот натпревар по математика за средношколци во Македонија. Со рекордни 350 учесници од целата земја, ова е најголемиот натпревар од ваков вид, кој спојува ученици со љубов кон математиката. Во присуство на професори и со поддршка од своите родители, финалистите ги покажуваат своите математички вештини во елиминациските рунди и се натпреваруваат за престижната главна награда од 10.000 ...

Струга – Еурофарм Пелистер 26:43 Наместо во “Нико Нестор“ во Струга, суперлигашкиот дуел меѓу Струга и Еурофарм Пелистер се одигра во Битола, на барање на стружани, кои имаат проблеми со салата, а во улога на домаќини ќе бидат баш гостите.Во Битола, во овој натпревар “гостите“ ракометарите Еурофарм Пелистер запишаа уште една рутинска победа, во првиот денешен натпревар од 13. коло во Суперлигата со резултат 26:43 и со тоа ја забележаа ...

Д-р Васил Чипуровски, информира за кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне на ехо на абдомен како скрининг метода за детекција на интестинални промени, за што вели: -Една од поновите примени на ...

На 28.11.2024 во 13.40 часот во СВР Битола, вработен во ЈП „Паркинзи“ – општина Битола, пријавил дека на 20.11.2024, додека со негови колеги извршувал службени задачи на паркинг простор на ул. „11 Март” во Битола, возачи на неколку непрописно паркирани возила физички ги нападнале, при што употребиле и метални предмети. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 29.11.2024 година во 20.00 часот во СВР-Битола, пријавена е случена ...

Денес, сабота, 30 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, а на планините засилен северен ветер. Максималната температура во Битола ќе биде до 3 степени. Утре, недела, 1 декември, во Битола времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната ...

Вчера, во свечена атмосфера, го отворивме 16. издание на Фестивалот на музика од светот, фестивал што ја слави универзалната моќ на музиката и уметноста. Првата вечер, симболично насловена „Волкот на љубовта“, ги поврза зборот и музиката во единствена симфонија на емоции. Вечерта започна со интерпретација на македонската поезија од поетот Тихомир Јанчовски, кој преку зборовите на нашите најголеми литературни имиња – Блаже Конески, Ацо Шопов, ...

-На свеченоста по повод 46 години од основањето на ЈП “Стрежево“ од Битола зборуваше директорката Вера Бешлиовска и прод. д-р Владимир Мијаковски. Денес во киното “Манаки“ во Битола на свечен начин беа одбележани 46 години од основањето на јавното претријатие “Стрежево“ од Битола, на кое присуставуваа заменик министерот за земјодели – Фљакрон Беџети, директорот на “Водостопанство“ – Филип Филипов, дитекторот на инспекторатот за земјоделие – ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
87%
1032
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1029
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
81%
1033
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.96
71%
1030
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
0.51
99%
1028
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
1.34
70%
1029
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
58%
1030
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
58%
1031
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 2ᴼ
5.66
74%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
0.89
95%
1029
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.63
62%
1030
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Злато

139470.53

Сребро

2128.87

Рутениум

29192.88

Бакар

10.93

Паладиум

52470.02

Родиум

258009.74

Алуминиум

2.90

Калај

42.35

Цинк

3.03

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Платина

61733.50