Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Денес, вторник, 4 февриари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 3 степени. Утре, среда, 5 февруари во Битола времето ќе биде ведро и студено, а преку денот претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната ...
По повод јубилејот – 80 години настава на современ македонски јазик 1945 – 2025, СОУ Гимназија “Јосип Броз –Тито“ од Битола ги започна празнувањата изложба на слики инспирирани од делата на македонската преродбеничка литература и од современата македонска литература која беше заедно со литературниот награден конкурс во галеријата „Ранко Струмениковски“ во Битола .“Создавам значи постојам“ е изложба на слики инспирирани од делата на ...
Националната атлетска надеж Дарија Ивановска од Битола ја започна новата сезона со одлични резултати на Националното првенство во атлетика на Бугарија за атлетичари под 18 години, кое се одржа во Софија на 1 и 2 февруари. Ивановска, која настапи вон конкуренција, постави личен рекорд на 1.500 метри со време 5:17.84, што ѝ донесе трето место. Покрај ова, таа учествуваше и во трката на 800 метри, каде со време 2:34.37 го освои петтото место. ...
Од досега спроведената истражна постапка за предметот познат во јавноста како „Адитив“, во насока на проширување на постапката, под раководство на предметните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кои постапуваат во предметот, денеска се приведени осум лица од Битола, Кичево и Велес и извршен е претрес на една локација во Велес. Како резултат на обезбедениот доказен материјал, донесена е ...
Себични, непристојни, неблагодарни или едноставно, нималку пријатни – ова се негативните особини кои се поврзуваат со оние кои на работното место често велат НЕ. Сепак, на овие колеги треба и да им се позавиди за нешто, зашто точно знаат што можат,а што не можат да направат и не се грижат што ќе помислат другите. Сепак, на повеќето луѓе им е тешко да го достигнат тоа ниво на самодоверба. Превземањето иницијатива на работното место е клучен ...
Најголемата издавачка куќа во регионов, “Кроација рекордс“, премиерно го објави на CMC TV најновиот видео запис за темата „Конкретно“ на група “CODE 369“ од Битола во соработка со младата и талентирана Мила Влаисављевиќ од Србија. Истиот беше сниман во Битола, во пилатес студиото на Бобан Масалкоски, ексклузивниот клуб, ресторан “Утопија“, ресторанот “Аурум“ во трговскиот центар “Блис“ и ноќниот клуб “Расчекор“. Текстот е на Мила, музиката ...
-Во мојот живот сум видел на два-три пати поплади во Битола и Пелагонија, но поплавата во 2015 година можам да кажам дека беше најголема. Во зима, во јануари не знам дали имало некогаш вакви големи поплави, туку биле на пролет, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроначар на Битола и доајен на битолското новинарство.–Слика на Пелагонија во 2015 година многумина ги потсетуваше на периодот од 1961 година, кога Пелагонија буквално беше ...
Пред три години, во 2022 година никој во Битола не сакаше да поверува дека за две и пол години, односно во август 2025 Битола ќе добие нов трговски центар кој го посакуваа сите битолчани.Трговскиот центар започна да се гради во почетокот на 2022 година, на просторот на поранешната градежна база на градежното претријатие “Бетон“ од Битола, а површината по прекинувањето на работата на ова градежно претријатие беше претворена во мини депонија и ...
Денес во Битола се одржува традиционалниот годишен настан – народна кујна за социјално загрозените семејства во Битола, “Food drive“.Храната се подготвува во мобилната кујна поставена кај старата битолска касарна, а сите потребни продукти за подготвување на оброците ги обезбеди “Mint Fintech Group“, чии вработени се вклучија во акцијата.“Mint Fintech Group“ како лидер во финансиските решенија посветувајќи позитивно влијание на заедницата, ...
Денес, недела, 2 февруари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 11 степени. Утре, 3 февруари, во Битола времето ќе биде променливо облачно, со можна појава на магла. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 1о степени. ...
Пелистер Волеј – Универзитет Тетово 3:0 (25:11; 25:09; 25:08) Пелистер Волеј од Битола конечно беше комплетен и го отвори пролетниот дел од полусезоната, онака како што и претходно најавуваа со убедлива победа над екипата на Универзитет од Тетово со 3:0 по сетови (25:11; 25:09; 25:08), а натпреварот се одигра во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола .Најефикасни беа коректорката Белокозовска и капитенот Најдановска, за истакнување е и ...
Кожув – Пелистер 91:73 Кошаркарите на Пелистер во рамките од 16. коло го претрпеа шестиот пораз во прволигашката конкуренција откако вечерва загубија на гостувањето против Кожув со резултат 91-73, во натпревар во кој домашниот тим беше подобар на теренот и заслужено се радуваше на победата. „Пелистерци“ имаа контрола над резултатот само во првите пет минути, во кои избраниците на тренерот Трајковиќ во неколку ситуации имаа и минимална ...
Од денес екипата на македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер од Битола замина на подготовки во Стара Пазова, Србија, каде ќе ја темпира формата за остатокот од сезоната и за предизвиците во Лигата на шампионите. По две и пол недели работа во Битола и без ракометарите кои настапија на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка, првакот на Македонија, Еурофарм Пелистер од денес замина за соседна Србија. Имено, Раул Алонсо ја ...
Со д-р Васил Чипуровски информираме за стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност. Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за синдром на болен синусен јазол -SSS, за што вели: -Нормалниот срцев ритам се создава во високо диференцирани клетки на синусниот јазол кој е лоциран во ѕидот на десната преткомора а се шири преку деполаризација на ...
Денес, сабота, 1 февруари во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност која попладне ќе се зголеми. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Максималната температура во Битола до 10 степени. Утре, недела, 2 февруари, во Битола времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната ...
За денешниот голем верски празник Св. Атанасиј неколку стотини верници од Битола и потпелистерските села, го посетија истоимениот манастирот кој се наоѓа на неколку километри од Битола, над населбата Стрчин, во горниот дел на Касарната, на местото на иселеното село Смолево.Овој празник Св. Атанасиј денот уште и го означува како последен празник од зимските слави, а по повод празникот на Светецот, кој е заштитник на православието, синоќа ...
Денес, петок, 31 јануари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Температурата во Битола до 12 степени. Утре, сабота, 1 февруари, во Битола времето ќе биде претпладне со можна појана на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална ...
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 3 и став 2 од Кривичниот законик. Сомнението произлегува од фактот дека осомничениот, на 27 јануари, како лице кои вршело работи од јавен интерес, односно како доктор – хирург на Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, извршил ...
Фудбалската федерација на Македонија го спроведе годишниот семинар за доктори и физиотерапевти на тема „Ургентни состојби и траума во фудбалот“ на кој учество земаа доктори и физиотерапевти од Битола кои работат со фудбалските клубови од Битола. Настанот го проследија тимските доктори и физиотерапевти од националните репрезентации, како и клупските доктори и физиотерапевти од Прва и Втора МФЛ и од Прва ЖФЛ, а на семинарот докторите од ...
Компанијата “77 Ентертејмент“ е најмладата компанија која влегува во состав на “КС Групација“. Иако е релативно млада компанија сепак за неа изминатата година беше плодна и активна во секој поглед. Под диригентската палка на оваа компанија се објави ја песните: “Бура” на пејачот и композитор Димитар Андоновски, “Ќе преживеам” – дуетската песна на Димитар Андоновски и Александар Тарабунов и “Сцена” на Полина Тасева. Настапите на големите ...
Меѓу пршленските тела на р’бетот постојат меки и еластични, дисковидни тела кои имаат улога на амортизери, перничиња кои понекогаш знаат да попуштат под дејство на различни фактори. Кај младите луѓе овие меѓупршленски тела (дискуси) се меки и еластични, но како и кај многу структури во телото, со возраста тие ја губат својата еластичност и стануваат подложни на повреди. Најновите иследувања покажуваат дека кај 30% од луѓето на ...
Денес, четврток, 30 јануари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 11 степени. Утре, петок, 31 јануари во Битола времето ќе биде претпладне со можна појава на магла, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...
На 28.01.2025 во 19.30 часот на ул. „Кланица” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 32 годишно лице од Битола затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок. На 28.01.2025 во 16.20 часот во СВР Битола, С.Б. (71) од Битола пријавил дека на ул.„Индустриска” во Битола бил каснат од куче скитник . На 28.01.2025 во 16.20 часот во ОВР Прилеп, ...
Фудбалерите на Пелистер од Битола деновиве во Охрид ја одработуваат втората фаза од зимските подготовки пред вториот дел од сезоната, откако подготовките ги започнаа во Битола. Тие денес на стадионот “Билјанини извори“ играа против екипата на Земун, од Србија и се поразени со резултат 1:3, полувреме 0:2.Тимот на Пелистер работи под раководство на новоназначениот тренер Срџан Захариевски кој тимот го презеде пред стартот на подготовките, а ...
Ракометарите на двата клуба од Битола кои го носат името на Еурофарм Пелистер учествуваа во голема крводарителска акција, каде им се придружија членовите на стручниот штаб, но и дел од навивачката група “Чкембарите“ од Битола. Членовите на клубот и дел од навивачите со овој хуман потег решија да дадат позитивен пример и да им помогнат на луѓето на кои тоа им е најпотребно, со што уште еднаш ја потврдија својата општествена свест и ...
На 28.01.2025 во 17 часот во просториите на Клиничка болница Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 64 годишен лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик, односно дека по завршен хируршки зафат побарал и примил поткуп од лице од битолско. Кај него биле пронајдени и одземени парите, кои претходно биле обележани. ...
Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола е запозната со случајот од страна на СВР -Битола и ги охрабрува истражните органи да постапат транспарентно и законито. Како Клиничка болница се оградуваме од постапката на посочениот доктор. Категорично сме против и силно ја осудуваме секоја намера на здравствен работник да оштети пациент на било кој начин и во било која форма. Во овој случај, итно е спроведена постапка за смена на докторот од ...
Денес, среда, 29 јануари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 6 степени. Утре, четврток, 30 јануари, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. ...
Изминатите два дена во Маврово се одржаа првите детски трки оваа сезона во алпско скијање на кои учествуваа и мпадите скијачи од ски клубот Пелистер од Битола .Пет млади скијали од Битола предводени од тренерите Марјан Нашоку и Дамјан Неделковски имаа добри пласмани во слалом и велеслалом. Ангела Ристевска со супер пласман и две втори места во велеслалом и слалом во U16. Јаков Мицевски со одлични две трети места во вчерашниот слалом и ...
Веќе десетина дена Битола како и години-години наназад е окована од пелагонискиот сињак при тоа голем број на битолчани депресивното магливо време го заменија со сонцето и чистиот воздух на Пелистер.Како “прави“ битолчани тројцата спортисти од Србија кои настапуваат за ракометниот клуб Еурофарм Пелистер и кошаркаркиот клуб Пелистер од Битола, Урош Борзаш, Богдан Радивојевиќ и Никола Мишковиќ, неколку часа избегаа од сињакот и уживаа на ...