
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Зијадин Села од Алијанса за Албанците (АА) ќе биде носител на пратеничката листа во Изборната единица 5 како дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ соопшти лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по потпишувањето на коалицискиот договор со Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија. Лидерот на ДУИ го промовираше Села како носител на пратеничка листа уште пред да биде официјализирана соработката со Алијанса на Албанците во ...
Во значајна иницијатива насочена кон справување со предизвиците со кои се соочуваат младите во регионот, сто динамични млади поединци од Пелагонискиот регион успешно ја лансираа првата Младинска платформа.Овој пионерски проект означува голем скок кон унапредување на соработката помеѓу граѓанскиот и јавниот сектор, со крајна цел за подигање на гласот на младите во заедницата.Девет клучни локални организации, предводени од “Про Локал“, и деветте ...
Во текот на денешниот ден (29.03.2024) во период од 13 -19 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 78 возачи. Од нив 36 возила се на подрачје на Ресен, 16 Битола, 15 Прилеп, шест мерки во Македонски Брод, три Крушево и две мерки на подрачје на Демир Хисар. Сообраќајните контроли ...
ЕСМ Топлификација Битола информира дека денес завршија работите околу изведување на проектот “Топлификација“ во делот на улица “Железница“ – Обиколница во должина од еден километар и изведба на главна разделна шахта. Со завршувањето на работите улица “Железничка“, од Дулие до реката Драгор, е пуштена за сообраќај. ЕСМ Топлификација Битола информира и дека од понеделник се продолжува со изведбени работи согласно градежната дозвола и ...
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО) во својот состав ќе вклучи Медицински факултет. Овој значаен момент за проширување и збогатување на наставно – образовната дејност на УКЛО поврзан е со донесениот Закон за основање Медицински факултет во состав на Универзитетот. Ректорот, проф. д-р Игор Неделковски и раководството на УКЛО со големо задоволство ја споделуваат новоста којашто се оценува како историска и посебно важна не само за ...
На 28.03.2024 во 15.00 часот во СВР Битола, А.С. (54) од село Слепче, демирхисарско, пријавил дека му било одземено неговото патничко возило „шкода фелиција” со битолски регистарски ознаки, кое што било паркирано на паркинг со наплата во Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и за расчистување на случајот. На 28.03.2024 во 19.30 часот во СВР Битола, Р.Б. (47) и Л.Б.(26), двајцата од Битола, пријавија дека на ул. “Караорман“ во ...
Форца Волеј Ема – Пелистер Волеј 0:3 (14:25; 22:25; 22:25) Екипата на Пелистер Волеј од Битола во рамките на претпоследното 17. коло славеше победа во Скопје над екипата на Форца Волеј Ема и запиша нови три бода, со кои се искачи на третата позиција, која најверојатно ќе биди и конечен пласман за оваа сезона. Во натпревар во кој освен во првиот сет, повеќе внимание беше дадено на кадетките и пионерките, кои направија доста грешки, односно како ...
Во текот на месец март Здружение за поттикнување на економскиот и културен развој “ЕРЦ Соработка“ Битола го имплементираше проектот “Танцуваме, готвиме, волонтираме!“ со 20 млади од македонска, албанска, турска и ромска етничка припадност.Целта на проектот е да се подигне свеста за значењето и придобивките од културната разноликост и меѓусебно почитување, како и да се поттикне активно учество на младите во процесите кои придонесуваат за ...
На уличката преку која се стигнува до основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ во Битола од страната на “Булеварот“ , кај реката Драгор е поставен знак кој означува дека од овој дел, пред училиштето и строга пешачка зона. Но, како и бидува кај нас тоа воопшто несовесните возачи не го почитуваат, а тука има во секој ден од денот паркирани автомобили, од една причини бидејќи тука не е обележан паркинг простор на кој се наплаќа паркирањето, ...
На 28.03.2024 во 00.50 часот во СВР Битола, В.Т. (39) од с.Горно Оризари, битолско, пријавил дека на 27.03.2024 околу 21.40 часот на бензиска пумпа на ул. „8 Септември” во Битола едно лице, кое го познавал, со возило „пежо“ удрило во него и неговото возило „фолксваген голф“, по што физички го нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 28.03.2024 околу 01.00 часот на ул. „Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР ...
Пелистер – ФМП 98:89 Вечерва во Битола кошаркарите на Пелистер ја победија екипата на ФМП и го обезбедија осигураа третото место на табелата на едно коло до крајот на регуларниот дел на шампионатот на Македонија со што батем малку ги заборави разочарувањата на АБА2 лигата. “Пелистерци“не победија како и се очекуваше, рутински, бидејќи ФМП со прецизни шутеви, посебно за три поени, им правеа проблеми, а умрот од “балонот“ во Мостар беше ...
Денес на Техничкиот факултет во Битола се одржа вториот Саем за вработување, практикантство и стипендии, како мост што ги поврзува компаниите од регионот со студентите – идни инженери.Важниот настан од име на УКЛО го поздрави ректорот, проф. д-р Игор Неделковски.Присуството на голем број компании, го оцени како потврда дека реалниот сектор има потреба од квалитетен инженерски кадар. Според него, тоа е и потврда дека УКЛО со Техничкиот факултет ...
Научното списание „Хоризонти” издание на Универзитетот „Св. Климент Охридски”- Битола успешно е вклучено во респектабилната академска база Index Copernicus. Новиот напредок УКЛО го оценува како значајно достигнување што го потврдува квалитетот на списанието и претставува силен стимул за подобро позиционирање на УКЛО во светски рамки, овозможувајќи уште поголема видливост на истражувачките резултати и академските достигнувања на авторите. ...
Денес, среда, 27 март, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 19 степени. Утре, четврток, 28 март, во Битола, времето ќе биде претпладне променливо облачно со врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од ...
Вечерва во свечената сала на Офицерски дом во Битола пред полната сала се одржа првиот официјален концерт на Камерниот оркестар – Битола насловен “Барокна фантазија“ на кој присуствуваше министерката за култура – Бисера Костадиновска-Стојчевска, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, професори, музичари, љубители на музиката од градот…Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска пред почетокот на првиот искажа почит кон ...
Во ера во која социјалните и корпоративните одговорности се вкрстуваат повеќе од кога било, Mint Fintech Group се издвојува не само по своите иновативни финансиски решенија, туку и по својата силна посветеност на социјалните причини, особено оние кои ја допираат родовата еднаквост. Признаена како компанија која никогаш не бега од учество во критички дијалози, Mint е насекаде каде што е важно, води разговори за прашања со врели теми и да ...
На 26.03.2024 во 01.50 часот во СВР Битола, 54- годишен жител на Битола пријавил дека на 25.03.2024 околу 21.30 часот бил физички нападнат од неговиот син, кој употребил и остар предмет и му нанел повреди. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување. На 25.03.2024 во 13.00 часот во средно општинско училиште во Битола, полициските службеници на СВР Битола лишиле од слобода 18 – годишна ученичка од ...
Денис Васиљев, кружниот напаѓач на Еурофарм Пелистер одлули од наредната сезона да ја промени средина, заминува од Битола и ќе биде член на ракометниот клуб Балатонфуреди во Унгарија, а овој трансфер веќе е најавен на официјалната страница на унгарскиот клуб. Васиљев до крајот на оваа сезона ќе биде во Битола како дел ос тимот кој ќе брани трофејот во Суперлигата, а ќе атакува и на победа во Купот. Денис Васиљев помина во Битола две сезони и со ...
INTERNATIONAL COMPETITION DAVORIN JENKO е јавнамузичко-педагошка манифестација на која учествуваатредовни и вонредни ученици од основните и средните училишта, музички институции, како и студенти на музички академии. На ова реномирано натпреварување настапија ученици од Државното музичко училиште од Битола кои одлилно се претставија пред жирито и се вратија со голем број награди. Жирито на натпреварот го сочинуваат истакнати музичари уметници од ...
Годинешното 7. по ред издание на “Џез Фактори Фестивал“ во Битола, ќе се одржи од 3 до 6 април со настапот на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство во Народниот театар и Центарот за култура Битола, како и во неколку кафе барови. Фестивалот ќе биде отворен со промоцијата на книгите “Радио“ и “Неправилен ритам“ на авторот Љупчо Јолевски. Следниот ден е резервиран за настапот на “Јулиа Сиедл Трио“ од (Австрија) и Николас Гардел ...
Универзитетската библиотека “Св. Климент Охридски“ од Битола одбележува 79 години од своето постоење, а во рамките на свеченостите ги програси и читателите на годината, односно читатели кои позајмија и прочитаа најмногу книги, а тоа не остана незабележано од вработените во Библиотеката во Битола кои ревносно бележат.НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и оваа година на симболичен начин ги награди читатели на годината: Емил Стојаноски, Лена ...
Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,33%, соопшти РКЕ. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува. Од ноќеска на полноќ (26 март 2024) максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: -Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00 (денари/литар) -Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар) -Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 ...
Стартот на европската униврзитетска Алијанса Колорс, чиј полноправен член е УКЛО и перспективите што ги нуди за студентите, за општината и регионот, беа теми на прес конференцијата која се одржа во Ректоратот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола.Споделувајќи ги искуствата од стартувањето на Алијансата, ректорот, проф. д-р Игор Неделковски ја истакна важноста на европската интернационализација на УКЛО и бројните придобивки. ...
Основата на конфликтите кои настануваат помеѓу родителите и децата е кога родителот сака да ја промени природата и структурата на личноста на детето посакувајќи да биде како што тој би сакал да биде. За мајката родител, воопшто е важно да знае нешто повеќе за себеси за својот карактер (природа) “заради тоа мајката мора да го разбере своето дете.“Со тоа и комуникацијата родител – дете ќе биде подобра. Научни модели на однесување нема, ни научно ...
Денес, понеделник, 25 март, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 13 степени. Утре, вторник, 26 март, во Битола времето ќе биде умерено до значително облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 14 степени. ...
Во паркот кај Градскиот часовник во Битола се одбележа значаен јубилеј, дваесет години од постоењето на спортско качувачкиот клуб Вертикал од Битола.Спортско качувачкиот клуб Вертикал од Битола одлучи, а го организира одлично со забавно-рекреативни содржини, а најинтерсно за големиот број битолчани кои беа таму беше ревијалниот натпревар во качување на гајби. Прво членовите на Вертикал ги покажаа своите вештини, а потоа им се приклучија и млади ...
TuS Ergenzingen е со голема традиција. Тренерот на големиот англиски клуб Liverpool тренирал во TuS Ergenzingen и секоја година во лето го финансира познатиот турнир Bitzer Cup во Ergenzingen. Марко Лозановски од Битола има 18 години, живее во Norb am Neckar во Германија. Tој е млад талентиран фудбалер и моментално игра во германскиот клуб TuS Ergenzingen. Претходната година на 49 иот турнир Bitzer Cup во Ergenzingen, за него многу големо ...
-Пред 10 години, во март 2014 година обавен беше зборник на трудови за една значајна дејност во Битола која оставила длабоки траги во историјата и колектовната меморија за нашиот град, а тоа фотографската дејност, која за среќа и сега, во некое “ново време“ “живее“ во Битола, започна со своите сеќавања за настаните од “блиското“ минато, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Поводот беше дека во 2014 година се ...
Спроти денот на пролетта и пролетниот саем на книгата, битолската издавачка куќа “Восток“ од Битола ни понуди свое ново издние, тоа е збирката поезија „Невидлива е војната“ од авторката Стела Маја. Промоцијата на збирката се одржа во кафе бар “Паладиум“ во Битола во атмосфера на нов концепт со срдечна интерактивна комуникација меѓу промоторите и гостите љубители на поезија. Во рецензијата на оваа книга, промоторката м-р Симона Петровска, ќе ...
Охрид – Пелистер 25:32 (16:18) Актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер од Битола како гостин во Охрид го победи истоимениот тим во натпревр во која покажа дека има квалите и сила, но и карактер кога е најпотребно.“Пелистерци“ не му дадоа шанса на охриѓани во ниту еден дел од натпреварот за пресврт и за водство, иако во еден играа два натпревари, прво против Куманово, а потоа и Охрид во вечерниот термин. Во отворањето на натпреварот ...