Централна кооперативна Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти, дека постави нов банкомат на следната локација: Рамстор Капиштец Со новиот банкомат, Централна кооперативна Банка АД Скопје дополнително ја проширува својата мрежа на банкомати. Проверете ја мапата со сите локации на банкомати на Централна кооперативна Банка АД Скопје на следниот линк. ...

„Народната банка има витална улога во ублажувањето на влијанието на кризата и обезбедувањето економска и финансиска стабилност. Вашите професионалност и независност се од клучно значење.“ – рече директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, на состанокот со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, одржан вчера. На состанокот беше нагласена важноста на силните и кредибилни институции, особено во услови на криза, кога треба да ...

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите приматели на пензија преку банката дека исплатата на пензиите за месец март ќе се врши на 29.03.2021 година (понеделник). Почнувајќи од 29.03.2021 година пензиите ќе може да се подигнат со платежна картичка од било кој банкомат на банката. Пензионерите кои не користат картичка, односно своите пензии ги подигнуваат на благајна во банката истите ќе може да ги подигнат почнувајќи од 29.03.2021 година ...

Пред неколку денови Халкбанк на својот официјален Фејсбук профил откри дека подготвува нешто ново и единствено… Беше најавен нов и иновативен HalkTalk серијал! Но, за што всушност станува збор, погледнете го новото видео, поточно првата епизода од HalkTalk заедно со омилениот Сашко Коцев. Преземањето на оваа содржина не е дозволена без согласност од Редакцијата на Банкарство.мк ...

Централната банка на Јамајка е новата институција што сака да пушти своја национална дигитална валута. За таа цел почнати се партнерски чекори со ирската компанија „eCurrency Mint” откако го доби објавениот тендер. Пилот проектот треба да биде готов во мај и се се очекува првите реални анализи да се објават кон крајот на годината. Ако работите одат според планот, „eCurrency Mint” ќе ја изработи целата инфраструктура за дигиталната валута која би ...

Вредноста и бројот на продадени полиси за осигурување имот расте пет години во контиунитет. Лани, во услови на здравствена пандемија, расте осигурувањето имот кај: домаќинствата, компаниите, земјоделците и кај државниот сектор. Вкупната продажба на полиси за осигурување имот лани надмина 30 милиони евра и порасна за 5 проценти. Осигурителните компании (вкупно 11 друштва кои продаваат полиси за осигурување имот) лани на своите осигуреници им ...

Турската лира утринава имаше остар пад на вредноста, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатиот викенд го отпушти шефот на Централната банка, критикувајќи го дека каматните стапки во земјата се превисоки. Курсот на доларот во однос на лирата утринава скокна за околу 12 проценти, на 8,05 лири за долар, што е најголем дневен пад на турската валута од август 2018 година и тогашната финансиска криза. „На властите им преостануваат два ...

Банкарскиот сектор во турбулентната 2020 година покажа висок степен на стабилност како и вообичаено, банките остварија високи приходи и профити, дури и во време на пандемија на Ковид-19 вирусот. Профитабилноста на македонските банки од година во година расте, а изминатата 2020 година достигна вредност од неверојатни 7,25 милијарди денари или приближно 118 милиони евра покажуваат податоците на Народна банка. Профитот на банките се зголеми и ...

НЛБ Банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека Експозитурата во Тафталиџе ќе биде привремено затворена. Банката ги замолува клиентите да се обратат во некоја од најблиските експозитури, како експозитурата Карпош 3 на Бул. Партизански Одреди бб, ТЦ Лептокарија, со работно време од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот. За сите дополнителни информации НЛБ Банка стои на располагање во секое време на телефонскиот број 02/15-600 и на ...

Во февруари вкупните депозити на годишна основа се зголемени за 7,1%, при речиси еднаков раст на депозитите кај двата сектора. На годишно ниво, вкупните кредити бележат раст од 4,4 проценти. Нагорната промена е под влијание на зголеменото кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес кон растот на секторот „домаќинства”. Кредитите на домаќинствата се зголемени за 0,5% и 7,1 проценти, на месечна и годишна основа. Анализирано по валута, ...

Централна кооперативна банка АД Скопје известува дека ќе изврши исплата на годишна камата, по каматна стапка од 2,2% на годишно ниво на имателите на конвертибилни обврзници со ИСИН MKSILB200014 и шифра CKBKO. Исплатата на каматата ќе се изврши на 22.3.2021 година. Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на конвертибилни обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност, заклучно со 21.3.2021 ...

За сите потреби на своите клиенти, Стопанска банка а.д. Битола лансираше нов, најповолен потрошувачки кредит со девизна клаузула. Каматната стапка е 4,7% и е фиксна за првите три години. Максимален износ на кредитот е до 15.000,00 евра, а рокот на враќање до 95 месеци. Користењето на средствата може да биде целосно ненаменско или наменско -односно дел од средствата да се искористат за затворање на постоечки обврски во други банки. Покрај ...

Финансискиот регулатор на Северна Македонија ѝ одобри на Загребската берза да го зголеми нејзиниот удел во Македонска берза од 5,3 на 15,19 проценти со стекнување на 276 акции, објави Загребската берза. Загребската берза (ЗСЕ) продолжува да се шири и на другите регионални пазари. Според ЗСЕ, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија донесе одлука да и одобри на Загребската берза натамошна аквизиција на акции на Македонска ...

Информациите се клучни за донесување одлуки, особено кога се засноваат на точни и навремени податоци. Централен регистар е единствена централна информативна база на правни и други релевантни податоци кои се внесуваат, со цел развивање на регистри, чии податоци се споделуваат и се достапни за сите заинтересирани корисници. Централниот регистар покрај тоа што обезбедува најдобри можни услуги на корисниците, нуди и можност за истражување и развој ...

ТТК Банка АД Скопје ја информира јавноста дека рано утринава, на 15.3.2021 година, веднаш по завршување на забраната за движење вон работното време на Банката, извршена е кражба на парични средства од банкомат лоциран во експозитурата АРМ во Тетово од непознат сторител. При кражбата одземени се околу 1,3 милиони денари. Целиот имот и средства на Банката се претходно осигурени во функција на елиминирање на ризиците од ваков вид настани. Банката ...

На почетокот на тргувањето со девизи денеска, американскиот долар продолжи да поскапува во однос на еврото, фунтата и јенот во пресрет на дводневниот состанок на ФЕД што почнува утре. Инвеститорите се фокусираат на предвидувањата на ФЕД за тоа кога да очекуваат зголемување на краткорочните каматни стапки, јави Си-Ен-Би-Си. Според главниот економист на „Action economics”, Мајк Ингланд, претседателот на ФЕД, Џером Пауел „нема да сака да зборува за ...

Денес, 15-ти март го одбележуваме светскиот ден на правата на потрошувачите. Тоа е ден посветен за подигнување на глобалната свест за правата и потребите на потрошувачите. Правата на потрошувачите во голема мера значат дека секој потрошувач има право да добие информации за безбедноста, квалитетот, трајноста, цената, производството, стандардот на добрата и услугите, како би се спречиле можните злоупотреби на пазарот. Организацијата на потрошувачи ...

Врз основа на член 166-б од Законот за хартии од вредност, согласно Решението на Гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија, издадена е претходна согласност за реименување на г-дин Турхан Адеми за Извршен Директор на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје, известува Банката преку соопштение на Македонска берза. Промените се упишани во Централниот регистар на Република Северна Македонија на ден 04.02.2021 година. Г-дин Турхан ...

Планот на станот веќе го имате во глава, а го имате замислено и секој детаљ од уредувањето. Тоа значи дека ви останува уште реализацијата! За таа цел Комерцијална банка ви нуди кредит со најниски камати на пазарот: 2,9% фиксна за првите 5 години или 3% фиксна за првите 10 години и 3,9% променлива за остатокот од периодот. Максималниот рок на отплата е до 30 години. Кредитот можете да го искористите за купување, изградба, доградба или ...

Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста преку соопштение на Македонска берза дека г-н Хари Костов, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор, се стекна со 500 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. Со оваа нова инвестиција од 500 купени акции од Банката со која раководи, г-н Хари Костов дополнително го зголемува својот и онака голем акционерски капитал во Комерцијална банка АД Скопје, каде што вкупниот ...

Стопанска банка АД – Скопје известува дека донесе Одлука за именување на Катерина Илиќ Нонкуловска како одговорно лице за контакт со инвеститори на Банката. Катерина Илиќ Нонкуловска е Директор на Дирекција за работа со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги. ...

По високиот пораст на цената претходната година, кога ги достигна историски највисоките вредности, златото од почетокот на тековната 2021 година бележи константен пад на вредноста. Од почетокот на новата година до сега, неговата вредност е намалена за високи 9 проценти и дури за 17 проценти од август кога всушност ја достигна својата рекордна вредност. Благородните метали како што се златото и среброто остануваат под силен притисок, а меѓу ...

Македонска берза АД Скопје се приклучи кон глобалната иницијатива “Ring the Bell for Gender Equality”, со што за прв пат годинава влезе во друштво на стотина берзи ширум светот каде по повод Меѓународниот ден на жената со симболично ѕвонење на берзанското ѕвоно, се означува почетокот на тргувањето. Звоното на Македонска берза го зазвонија М-р Нора Алити, Претседател на Комисијата за хартии од вредност и Иван Штериев, Главен извршен директор на ...

Врз основа на член 68 и 69 од Статутот на Охридска Банка АД Скопје и член 32 став 3 од Правилата за котација, Надзорниот одбор на Охридска банка АД на седницата одржана на 25.02.2021 година ја одобри одлуката на Управниот одбор на банката со која беше назначен Мито Ѓорески како одговорно лице за контакт со инвеститори на Охридска банка АД Скопје. Мито Ѓорески е Директор на Сектор за финансии и контролинг. ...

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец февруари 2021 година. Вкупниот промет е зголемен во однос на претходниот месец за виски 170,48 проценти, па тоа придонесе дел од компаниите кои котираат на берзата да забележат висок пораст на вредноста на своите акции. Компанија која забележа највисок пораст на вредноста на своите акции е Лотарија на Македонија АД Скопје. Просечната цена на акциите на оваа компанија во месец ...

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.02.-28.02.2021 година вкупниот промет изнесува 1.390.563.281 денари и е зголемен за енормни 170,48% во однос на претходниот месец јануари. Класичното тргување изнесува 1.004.456.344 денари и бележи огромен раст во однос на јануари за 155,37%. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 586.617.601 денари и обврзници во вредност од 417.838.743 денари, додека пак нема ...

Македонската берза и Загребската берза потпишаа Договор за соработка, којшто има за цел да го подобри професионалното знаење и развој на директните и индиректни учесници на македонскиот пазар на капитал преку семинари организирани во рамки на Академијата на Загребската берза. Учесници од Македонија ќе имаат можност да присуствуваат на обуки за различни теми поврзани со пазарите на капитал, како што се портфолио менаџмент, користење на финансиски ...

Кредибилитетот на инвеститорите во нашата економија и политиките кои се спроведуваат расте, согласно тоа се намалува каматната стапка по која би купиле еврообврзница од нас. Осмата еврообврзница ја издадовме по убедливо најниска каматна стапка од 1,625 % која е неколкукратно пониска од сите претходно издадени еврообврзбици од земјава, но истовремено е пониска и од каматните стапки по кои другите земји во регионот неодамна издадоа еврообврзници. ...

Во четвртиот квартал од 2020 година, БДП се намали за -0,7 проценти, што е во линија со иницијалната проекција од „Finance Think” од -0,8%. Во овој квартал, продолжи растот на јавната потрошувачка (6,6%) како резултат на државната помош за намалување на социо-економските последици од корона-кризата, но со помал интензитет од претходно, се порачува во Макроекономскиот монитор Q4 2020 што го објави „Finance Think”. „Извозот забележа стабилизација ...

Искористете ги поволностите на наменските кредити за енергетска ефикасност за физички лица на НЛБ Банка со цел поддршка на инвестициите во зелени технологии и тоа: Енерго плус потрошувачки кредит, на износ до 25.000 ЕУР и Енерго плус хипотекарен кредит, на износ до 50.000 ЕУР. Пресметајте колку средства можете да заштедите доколку инвестирате во енергетско ефикасни технологии во Вашиот дом користејќи го калкулаторот за енергетска ефикасност на ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1015
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
2.06
70%
1015
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
60%
1015
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
59%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.9
70%
1014
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
79%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
3.09
44%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
56%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
53%
1013
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
4.12
69%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
56%
1015
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.66
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52