Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски пред официјално ДИК да ги затвори резултатите, веќе прогласи победа на кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Онер Јакупоски во Општина Маврово и Ростуше на денешните повторени избори. По обработени над 94 отсто од избирачките места, Јакупоски убедливо води пред Анес Ахмети од СДСМ и коалицијата. Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски пред официјално ДИК да ги затвори ...

Како и по секои избори така и на повторените сите се победници, барем ваков впечаток се остава по реакциите на партиите откако завршија повторените локални избори. ВМРО-ДПМНЕ освои уште еден градоначалнички мандат во Маврово-Ростуше и на локалните избори освои 56 општини. Според партијата изборниот исход уште еднаш потврдил дека довербата не се добива со лажни ветувања, туку се гради со работа, резултати и одговорност. Социјалдемократите ...