Крива Паланка уште еднаш покажа дека знае, може и сака да ја чува природата. Со искрена желба за почист, поздрав и позелен град, стотици граѓани, институции, здруженија, волонтери и јавни служби денес се обединија околу една заедничка цел создавање подобри услови за живот и зачувување на природните вредности за идните генерации, преку реализацијата на шестата по ред национална еколошка акција „Генералка Викенд“, информира службата за ...

Инвестицијата во дигитални компетенции и вештачка интелигенција е суштинска за создавање подготвени генерации кои ќе можат да одговорат на современите предизвици. Дигиталните вештини и образованието се клучни за европската иднина на младите, истакна заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков, во денешното обраќање на завршниот настан од проектот „Код за иднината- Центар за вештачка интелигенција и дигитални вештини“, кој се ...

Демографските промени имаат директно и длабоко влијание врз образованието. Изминативе две децении Македонија се соочува со намалување на стапката на наталитет, иселување, стареење на населението и изразени регионални нерамномерности. Тоа резултираше со намалување на бројот на ученици и неадекватен сооднос со бројот на наставници. Дополнително, две третини од сите училишни објекти се подрачни училишта, но во нив учат само 12 проценти од ...

Во време кога вештачката интелигенција го преобликува секој аспект од деловното работење, кога сајбер заканите еволуираат со невидена брзина, а инфраструктурата се изградува одново за една сосема нова деловна реалност, една порака јасно одекна на петтото издание на Ingram Micro & Vendors Networking во Охрид: иднината нема да ѝ припадне на оние со најнапредна технологија, туку на оние со најсилни партнерства. Вчера во Охрид, регионалната ...

Делегација на Собранието на Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПСМ), во состав од пратениците Сали Мурати, Јованка Тренчевска и Ѓорѓија Сајкоски, како и заменик-генералниот секретар на Собранието Ибуш Јусуфи, од 6 до 9 мај во Будва, Црна Гора, учествуваше на 20. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Медитеранот. Како што информира собраниската прес-служба, делегацијата била официјално пречекана од претседателот ...

Во дворот на претседателскиот Кабинет, во присуство на основци од скопските училишта „Владо Тасевски“, „Димитар Миладинов“, „Исмаил Ќемаљи“ како и од „Блаже Конески“ од Прилеп, денеска се одржа церемонија на менување на државното знаме. Учениците љубопитно и со почит ја проследија свеченоста што традиционално ја реализира Баталјонот за почести при Армијата, а потоа ги разгледаа просториите на Кабинетот, се запознаа и разговараа со ...

Успешно заврши првиот ден од еколошката акција „Генералка викенд“ во Штип. Вработените во штипските јавни претпријатија, општината, учениците и вработените во Универзитетот „ Гоце Делчев“ –Штип денеска се вклучија во најголемата еколошка акција, чистејќи ги дворовите и околината околу објектите. Во Штип „Генералка викенд“ ќе продолжи и утре, најави секретарот на општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова. -На 9 мај 2026 година (сабота), со почеток ...

Учениците и наставниците од Општинското основно училиште „Васил Главинов“ од Велес по повод претстојниот Ден на Европа-9 мај денеска во спортската сала „Гемиџии“ организираа настан под мотото „И ние сме Европа“ во рамки на кој учениците и наставниците активно учествуваа во различни активности. Денешната активност е во рамките од Еразмус плус програмата која со повеќе проекти повеќе години наназад успешно се реализира во оваа најголемо велешко ...

Децата од двете основни училишта и детските градинки во Гевгелија учеа за правилно селектирање и рециклирање текстилен отпад преку едукативни кампањи организирани од Општината во соработка со компанијата „Тексомак“ која е колективен постапувач за управување со отпаден текстил. Со интерактивни презентации, разговори и едукативни содржини прилагодени за најмладите, тие се запознаа со важноста за грижата за животната средина и за тоа како секој ...

Политичката коалиција „Вреди“ утре, на 9 мај, официјално ќе се трансформира од соработка меѓу пет политички субјекти во единствено политичко тело. Овој процес на обединување ќе биде потврден од над 805 делегати, соопшти денеска на прес-конференција претставникот на „Вреди“, Дритон Сулејмани. Сулејмани посочи дека оваа промена претставува чин на одговорност кон граѓаните и доказ дека заедничкиот интерес може да се стави над теснопартиските ...

Министерката за енергетика Сања Божиновска најавува дека, ако е потребно, повторно ќе се разговара со „Окта“ за продолжување на попустот за дизел-горивото од четири денари за литар и за бензините од два денари и по 18 мај кога истекува сегашниот договор. Тоа, како што вели, ќе зависи од случувањата со цените на нафтените деривати на берзите и од војната на Блискиот Исток. – Следиме сè што се случува. Нашите мерки моментно се до 18 мај, што ...

Мрежата за промовирање на лингвистичка разновидност (НПЛД), денеска на Генералното собрание во Стокхолм, Шведска, го прифати предлогот на Македонското друштво „Сонце“ следното Генерално собрание на НПЛД во 2027 година да се организира во Албанија, во соработка со друштвото. -Пред делегатите на Генералното собрание имав чест да го претставам предлогот ова значајно европско собрание да се одржи во Албанија, а предлогот беше едногласно прифатен. ...

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, во гостување на една од телевизиите, на 7 мај 2026 година, говореше за повеќе актуелни уставно-правни прашања, при што се осврна на предметот за Законот за употреба на јазиците, имплементацијата на одлуките на Судот, измените на Кривичниот законик, уставната тужба, реформите во јавната администрација и иницијативите поврзани со судските плати и олективниот договор во културата. Во однос ...

За воспоставување целосно функционален систем што ќе опфаќа една национална СОС-линија, десет центри за упатување жртви на силување, ќе обезбеди долготрајна нивна психосоцијална поддршка, најмалку 28 засолништа, 19 советувалишта и бесплатна правна помош за жртвите, годишно треба да се одвојат околу седум милиони евра, што е 0,1 отсто од националниот буџет – истакна денеска проф. д-р Катерина Шапкова-Коцевска од Правниот факултет „Јустинијан ...

Спорт, дружење и едукативни активности денеска обединија околу 300 ученици од основните училишта во Куманово на манифестацијата „Мини Олимписки игри 2026“, која се одржа во спортската сала на средното училиште „Перо Наков“. Настанот беше организиран од Македонски олимписки комитет во рамки на ОВЕП програмата, поддржана од олимписка солидарност. Учениците се натпреваруваа во интерактивни игри и спортски активности преку кои се запознаа со ...

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, заедно со шведскиот амбасадор Ола Сулстром и Лесли Милер од Канцеларијата на УНИЦЕФ, како и претставници од здружението LEAD беа дел од презентацијата на проекти за иновативни решенија во рамки на програмата UPSHIFT, реализирана во партнерство со LEAD и УНИЦЕФ, со финансиска поддршка од Шведска. Во рамки на проектот UPSHIFT, седум ученици од СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ – Штип го ...

Венко Филипче по цели две години чмаење на претседателското место на СДСМ даде ветување дека првиот премиерски потпис ќе го стави на закон против корупција. Нема потреба Венко Филипче да се изначека за премиерско место, на кое никогаш нема да седне, туку може веднаш да повика Васко Ковачевски екс директорот на РЕК да се врати од бегство и да одговара пред лицето на правдата за сомнежите за криминал, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. ...

Општина Маврово и Ростуше денеска се вклучи во акцијата „Генералка викенд” и преку масовно учество во оваа национална активност уште еднаш ја покажа својата силна еколошка свест. Предводени од градоначалникот Онер Јакупоски, во акцијата се вклучија вработените во општинската администрација, Комуналното претпријатие, како и наставниот кадар и учениците од сите општински основни и средното општинско училиште. Акцијата беше фокусирана на темелно ...

Сојузот на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија (ЗМСТАС), предводен од Здружението „ЗА НАС“ на Македонија по повод Неделата на сестринство на градскиот плоштад во Тетово одржа симулациска вежба. Во рамки на вежбата беше симулирана сообраќајна несреќа во која мотоциклист е удрен од возило. Волонтери од Црвениот крст први му укажаа помош на повредениот, по што интервенираше екипа на Итната ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ даде рок на ЕУ до 4 јули да го исполни трговскиот договор, во спротивно САД ќе воведат повисоки царини. Трамп изјави дека имал „одличен разговор“ со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, во кој ѝ го пренел својот став за овој рок. Во објава на неговата социјална мрежа тој наведе дека „трпеливо чекал“ ЕУ да го исполни својот дел од „историскиот трговски договор“ постигнат во ...

Ништо од надежите за смирување на тензиите на Блискиот Исток. Иранците нападнале бродови, а Американците повторно стрелале врз ирански пристаништа. Официјален Техеран соопшти дека биле активирани системите за противвоздушна одбрана во западниот дел на Техеран, а иранската воздушна одбрана дејствувала против непријателски цели. Сè уште нема официјални информации кои биле целите, ниту, пак, кои биле напаѓачите. Американската војска, пак, ...

Тензично беше синоќа и во Украина, односно Русија, каде што се јавува за напади со беспилотни летала во близина на Москва. Во пресрет на 9 Мај, кога Русија го прославува Денот на победата над нацистичка Германија, градоначалникот на Москва, Сергеј Сибјанин, тврди дека украинската војска лансирала десетици дронови кон руската престолнина. Првите три дрона биле соборени додека се приближувале кон Москва, со што вкупниот број на соборени дронови ...

Светската Здравствена Организација соопшти дека епидемијата на хантавирус на крузерот, која предизвика три смртни случаи, не претставува „почеток на епидемија“, ниту „пандемија“ во оваа фаза. „Ова не е почеток на епидемија. Ова не е почеток на пандемија, но е совршена можност да се потсетиме дека инвестициите во истражување на патогени како ова се клучни, бидејќи терапиите, тестовите и вакцините спасуваат животи“, изјави Марија ван Керхове, ...

Штипската Клиничка болница денеска го објави првиот оглас за вработување медицински персонал, во текот на оваа година. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев изјави дека денеска е објавен оглас за 23 работни места, а веќе следната недела ќе бидат објавени уште две позиции за административен кадар. -Денес во националните весници е излезен оглас за 23 вработувања во моментот. Од тие 23 вработувања ќе има уште две вработувања ...

Со изведување докази на одбраната денеска во Основниот суд во Велес продолжи судскиот процес за опожарувањето на куќа во селото Капиново, општина Чашка, што се случи во мај 2025 година. На барање на бранителот на еден од обвинетите повторно сведочеа двајцата оштетени, таксистот кој ги превезувал обвинетите до куќата, како и Сашо Муневски, кој за случајот веќе е правосилно осуден и издржува затворска казна во КПУ Затвор Прилеп. Сопственикот на ...

Спортски игри, дружење, насмевки, навивање и многу детска енергија. Скопје денеска пулсира во знакот на спортот и младоста.На Плоштадот Македонија се отворија „Плазма – Спортските игри за млади“, најголемата детска спортска манифестација во државата, на која оваа година ќе учествуваат повеќе од 27 илјади деца.Младите ќе се натпреваруваат во десет спортски дисциплини – атлетика, ракомет,одбојка, одбојка на песок, мал фудбал, кошарка, шах, ...

За да се спречи семејното насилство и да бидат згрижени повеќе жртви потребните се седум милиони евра. Оваа сума на пари се потребни за сите сервиси на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство да можат да функционираат и да згрижат повеќе жртви но и да се искористат сите услуги кои им се потребни. Најголем дел од овие средства недостасуваат за функционирање на шелтер центрите, советувалиштата за психолошка помош и ...

Општина Струга почна со дистрибуција на решенијата за плаќање данок на имот за физички и правни лица и за комунална такса – фирмарина. Граѓаните имаат можност за првпат обврските да ги подмират и онлајн, соопшти општинската прес-служба. Општината aпелира до сите граѓани и правни субјекти да ги подмират своите обврски во законски предвидените рокови, со цел да се избегнат пенали и дополнителни трошоци. – Новина оваа година е можноста обврските ...

Во Куманово, денеска по шести пат пред градскиот базен, спортската сала и на кеј, се одржува еколошката акција „Генералка викенд“. Ученици, претставници од ЈП „Чистота и Зеленило“ и од општината учествуваа на акцијата која се одржува во неколку градови. Масовната акција е во организација на Одделението за животна средина при Општина Куманово, во соработка со организацијата „Man and mountagne LLC“ од Австрија и со поддршка од ЈП „Чистота и ...

Нема простор за каква било паника бидејќи не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани, што е најважно во овој момент. Секторот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на дневна основа е во комуникација со Светската здравствена организација (СЗО) и со Европскиот центар за контрола на болестите, така што на дневна основа ги добива сите податоци што ни се потребни за какво било преземање ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
4.13
31%
1017
weather icon

Белград

29ᴼ / 29ᴼ
2.24
46%
1020
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
3.12
44%
1019
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
3.24
42%
1019
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
4.16
34%
1019
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 32ᴼ
0.45
47%
1018
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
6.26
30%
1016
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
3.98
35%
1016
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
1.78
34%
1017
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
3.58
35%
1020
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 30ᴼ
0.89
34%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
6.93
57%
1017
Currency

61.6417

Currency

53.7651

Currency

71.1372

Currency

37.738

Currency

38.0419

Currency

66.843

Currency

7.94298

Currency

0.73359

Currency

0.33373

Currency

0.52521

Currency

1.15832

Currency

0.57015

Кобалт

45.39

Платина

54174.01

Злато

134000.56

Паладиум

40445.64

Иридиум

253540.09

Сребро

2098.24

Цинк

0.00

Калај

53.70

Алуминиум

3.40

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Бакар

12.79