
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



LinkSense.mk Агенцијата за храна и ветеринарство досега преку европскиот Систем за брзо известување на небезбедна храна и храна за животни – RASSF нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци. Од АХВ денеска преку соопштение информираат дека се зајакнати инспекциските контроли при увоз на храна од оваа земја. – Како одговорна институција за безбедноста на храната, АХВ ја следи ...
LinkSense.mk Турскиот парламент од своите ресторани во вторникот ги исфрли „Кока-Кола“ и производите на „Нестле“ поради наводна поддршка на Израел, се дознава од службеното соопштение. „Производите на компаниите кои го поддржуваат Израел нема да се продаваат во рестораните, кафулињата и чајџилниците во кругот на парламентот“, соопшти турското Големо народно собрание. Одлуката ја донесе претседателот на парламентот, Нуман Куртулмуш, со цел да ја ...
LinkSense.mk Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово во Министерството се сретна со Хавиер Коломина, помошник генерален секретар на НАТО за политички работи и безбедносна политика со кого разговараше за придонесот на Северна Македонија како посветен и активен сојузник во Алијансата кон колективната безбедност на НАТО и кон стабилноста на регионот. На средбата Петровска истакна дека Северна Македонија во целост ги спроведува ...
LinkSense.mk Дека големите берзански играчи често се на вистинската страна се покажа на пазарот на нафта, кога хеџ-фондовите во август ги зајакнаа своите долги позиции, после што следеше значително зголемување на цената на суровата нафта. Но, кривата, во последните две недели нагло се сврте надолу, бидејќи вредноста на нафтата падна за повеќе од 10 отсто и заврши на најниското ниво од крајот на август. Американската лесна нафта сега е значително ...
LinkSense.mk Неколку стотици американски Евреи се собраа пред Статуата на слободата во Њујорк повикувајќи на прекин на огнот и крај на „геноцидното бомбардирање“ на цивилите во Газа. Облечени во црни маици со пароли „Евреите бараат прекин на огнот“ и „Не во наше име“, демонстрантите развија транспаренти на кои пишуваше „Целиот свет гледа“ и „Палестинците треба да бидат слободни“, пренесува Гласот на Америка. -Познатите зборови на нашата еврејска ...
LinkSense.mk Годишната стапка на инфлација, мерена преку индексот на потрошувачките цени, во Германија падна на 3,8 отсто во октомври. Во претходниот месец годишната инфлација беше 4,5 отсто. Ова е најниско ниво на инфлација во Германија во последните две години, а инфлацијата на цените на храната (6,1 отсто) падна на најниско ниво од февруари 2022 година. Цените на енергенсите се намалени за 3,2 отсто на годишна основа. Истовремено, инфлацијата ...
LinkSense.mk Портпаролот на Светската здравствена организација вчера рече дека над 160 здравствени работници починале на должност во Газа и повика на укинување на ограничувањата за медицинска помош, велејќи дека некои лекари вршат операции, вклучително и ампутации, без анестезија. „Над 160 од здравствените работници починаа на должност додека се грижеа за повредените и заболените. Тоа се луѓето кои го одржуваат здравствениот систем со ...
LinkSense.mk Најмалку 600 луѓе делат еден тоалет во преполното засолниште на ОН во јужниот дел на Газа, објави Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања. Околу 22.000 луѓе се засолниле во Кан Јунис Тренинг, центар на Агенцијата на ОН за помош и работи, каде што има само два метри квадратни за секое лице. Тие се меѓу околу 717.000 луѓе во објектите обезбедени од агенцијата, од вкупно 1,5 милиони внатрешно раселени лица, соопшти ...
LinkSense.mk Рестораните во комплексот на турскиот Парламент нема да нудат производи од компании кои го поддржуваат Израел, јави турскиот весник „Созџу“. Инструкциите за бојкот ги даде претседателот на Меџлисот, Нуман Куртулмуш. Во соопштението објавено од претседателството на Големото национално собрание на Турција се вели дека Парламентот одлучил да ја поддржи „општествената чувствителност кон бојкот на производите и стоките на компаниите кои ...
LinkSense.mk САД не поддржуваат никакво принудно преселување на Палестинците надвор од Газа, Вашингтон ниту посакува такво нешто, ниту такво прашање е на дневен ред, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател. На редовниот брифинг на американскиот Стејт департмент, Пател додаде дека Вашингтон се противи на нова окупација на Газа од страна на Израел. Портпаролот го рече ова како одговор на новинарско прашање на изјавата на ...
LinkSense.mk Производството на вино во светот годинава се очекува да падне на најниско ниво во последните 60 години, поради лошата жетва во јужната хемисфера и кај некои големи европски производители, соопшти Меѓународната организација за винова лоза и вино (ОИВ). Во првичните проекции, ОИВ го зодреди светското производство на вино, без сокови и шира, помеѓу 241,7 милиони и 246,6 милиони хектолитри, со очекување во просек од 244,1 милиони ...
LinkSense.mk Најстудено утрово е во Берово каде што се измерени нула степени. УХМР соопшти дека во 7.30 часот се измерени температури од 1 степен во Лазарополе, два во Битола, три степени во Скопје-Петровец, Тетово и Крива Паланка, четири во Прилеп, Струмица, Демир Капија и Попова Шапка, пет степени во Куманово, Охрид, Претор, Кавадарци, Дебар и Маврови Анови, шест степени се измерени во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Штип и Крушево и осум степени во ...
LinkSense.mk Во просториите на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Независниот академски синдикат (НАкС) денеска ќе одржи презентација на анализите за исплатливоста од стипендирањето студенти на прв, втор и трет циклус студии на еден од првите 100 универзитети од Шангајската листа. Автори на документот се проф. д-р Мимоза Ристова, проф. д-р Виктор Стефов и проф. д-р Мирјана Најчевска. -Во услови кога домашните студенти се ...
LinkSense.mk Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува сточарите дека во тек е јавниот повик за мерката 121.1 поддршка за набавка на педигриран добиток. Крајниот рок за поднесување апликации на овој јавен повик за оваа мерка е до 16. месецов. -Поддршката од оваа мерка се однесува за набавка на високостелни педигрирани јуници за млеко, месо и комбинирани млеко-месо и месо-млеко, со исклучок на расата Буша, потоа ...
LinkSense.mk Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека новиот пакет антикризни мерки може да се очекува кон средината или кон крајот на идната недела. -Пакетот антикризни мерки вчера беше споделен од Министерството за финансии со Кабинетот на премиерот, со нас и со другите институции вклучени во неговото креирање. Најверојатно мерките ќе бидат објавени и ќе почнат со реализација кон средината или кон крајот на наредна недела, ...
LinkSense.mk Следните месеци со сигурност ќе бидат моменти за дефинирање на глобалниот мир и иднината на светот и на безбедноста и глобалниот кредибилитет на Европската Унија, порача вчера високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во воденото обраќање на петдневната Годишна конференција на евроамбасадорите во Брисел. – Јасно е дека живееме во тешки времиња. Кога пред речиси два години го презентирав Стратешкиот ...
LinkSense.mk Рускиот претседател Владимир Путин одлучил да се кандидира на претседателските избори во земјата закажани за март 2024 година, а со овој потег тој ќе се задржи на власт најмалку до 2030 година, наведува Ројтерс, повикувајќи се на шест свои неименувани извори. Првиот човек на Кремљ, додава агенцијата, вака одлучил затоа што чувствува одговорност да ја води Русија низ нејзиниот најопасен период во последните децении. Путин, кому Борис ...
LinkSense.mk Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел вчера, на годишната конференција во Брисел на амбасадорите на ЕУ ширум светот, повика на промени во составот на Советот за безбедност на ОН, за воздржана европска дипломатија и можноста ЕУ да биде подготвена за проширување во 2030 година. „ОН прават извонредни напори, но потребни се промени поради злоупотребата на правото на вето во Советот за безбедност. Неопходна е промена на составот ...
LinkSense.mk Русија повика за прекин на борбите во Појасот Газа и соопшти дека продолжувањето на палестинско-израелските преговори е од суштинско значење за да се избегне ризикот од поширока војна и зголемена „терористичка активност“. Русија, која одржува односи со Иран, Хамас и главните арапски сили, како и со Палестинците и Израел, постојано ги обвинува САД и Западот дека ја занемаруваат потребата од независна палестинска држава во границите ...
LinkSense.mk Германската влада го повика Израел да ја почитува слободата на медиумите по инцидентот меѓу израелските војници и тим германски новинари кои известуваат од Западниот Брег. „Во ваква тензична ситуација каква што се наоѓаме во моментов, слободата на печатот е, се разбира, исклучително вредна предност“, изјави денеска портпаролката на германското Министерство за надворешни работи. Таа побара на претставниците на медиумите на терен да ...
LinkSense.mk Извршниот директор на формула тимот на Мерцедес, Тото Волф го нарече викендот во Бразил најлош во последните 13 години. Тој призна дека тимот не ги знае причините за катастрофалниот настап на Големата награда на Сао Паоло одржана вчеравечер. Волф рече дека тимот направил грешка со поставките на болидот, но дека неточните поставки не го објаснуваат толку голем дефицит на брзина во однос на конкурентите. – Спринт викендите очигледно ...
LinkSense.mk Кошаркарот на Феникс санс, Кевин Дурант, му помогна на тимот да победи синоќа на гостувањето кај Детроит (120:106) без повредените Девин Букер и Бредли Бил. Дурант за 35 минути постигна 41 поен (14 од 27 од поле), четири скока, пет асистенции и две блокади. Кевин постави клупски рекорд во Феникс за најмногу постигнати поени во неговите први 15 натпревари за тимот. Тој постигна 417 поени и ја надмина легендата на Сонцата, Чарлс ...
LinkSense.mk Во најновиот извештај што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен, се наведува дека во октомври 22,2 отсто од анкетираните германски компании вклучени во изградба на станови соопштиле дека некои од нивните проекти се откажани, што претставува зголемување во однос на Септември 21,4 отсто. – Ситуацијата се влошува. Сè повеќе проекти пропаѓаат поради повисоките каматни стапки и зголемените трошоци за ...
LinkSense.mk Најважните европски берзански индекси денеска предпладне беа во благ плус, со што го продолжија позитивниот тренд после силниот минатонеделен раст, а според добивката се истакна акцијата на „Рајанер“ (Ryanair) откако таа авиокомпанија извести за рекордна добивка. Паневропскиот индекс Стохх 600 (Stoxx 600) околу 9.30 часот беше со добивка од 0,21 отсто, откако минатата недела скокна за повеќе од три отсто, бидејќи инвеститорите беа ...
LinkSense.mk Партијата на проевропската молдавска претседателка е прва на локалните избори во стотина градови одржани викендов, но не успеа да освои градоначалнички места во најголемите градови, вклучувајќи го и главниот град Кишињев, според прелиминарните изборни резултати објавени денеска. Вчерашните избори, на кои се бираа 12.000 локални функционери, и градоначалник на Кишињев, беа тест за проевропската политика на претседателката Маја Санду, ...
LinkSense.mk Денеска, во кругот на Министерството за внатрешни работи, беше предадена донација од Фондацијата Заев, која се состои од 6 мотоцикли за потребите на МВР и македонската полиција. Директорот на Фондацијата, Зоран Заев, ја предаде донацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со цел подобри резултати на повеќе организациони единици при Министерството. Министерството за внатрешни работи има силен сојузник во Фондацијата ...
LinkSense.mk Денеска истекува рокот во кој граѓаните можат да запишат граѓански обврзници од втората емисија, за која аукцијата ќе се одржи утре. Барањето за учество на аукцијата и уплата на средствата за кои граѓаните сакаат да купат граѓански обврзници може да го направат во сите деловни банки во земјата. Министерството за финансии, проспектот за втората емисија Граѓанска обврзници го објави на 18 октомври на износ од 10 милиони евра. ...
LinkSense.mk Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е прогласен за најдобар играч на синоќешниот натпревар на неговиот тим Рајо Ваљекано и Реал Мадрид. Средбата заврши без победник 0:0, а Македонецот со неколку одбрани го спаси својот тим од пораз. Ова беше шести натпревар во тековната сезона на кој Димитриевски ја зачува мрежата „чиста“. По 12 кола во шпанската Ла Лига, Рајо Ваљекано има 18 бода и се наоѓа на 9. место, Реал ...
LinkSense.mk Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. На патот с.Извор – с.Иванчишта поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Почнувајќи од 06.11.2023, поради изведување на градежни работи за рехабилитација со ...
LinkSense.mk Од саботата е прекината евакуацијата на странски државјани и повредени жители на Газа преку преминот Рафа кон Египет, јавија британските медиуми. Евакуацијата е прекината од саботата по смртоносниот напад врз амбулантно возило, соопштија египетски, американски и катарски официјални лица, пренесоа британските медиуми. Палестинската телекомуникациска компанија Палтел соопшти дека сите комуникациски и интернет услуги повторно се во ...