LinkSense.mk Цените на акциите на светските берзи минатата недела силно пораснаа затоа што инфлациските притисоци во САД и во другите западни земји попуштаат, па инвеститорите веруваат дека циклусот на заострување на монетарната политика е завршен. На Волстрит, Дау Џонс (Dow Jones) минатата недела порасна за 1,9 отсто, на 34.947 поени, додека СиП 500 (S&P 500) зајакна 2,2 отсто, на 4.514 поени, а индексот Насдак (Nasdaq) за 2,4 отсто, на ...

LinkSense.mk „Повеќе од два месеца Јавното обвинителство молчи и не отвора истрага зошто пациентите не ја добивале соодветната терапија, зошто не работел КАТО системот на клиниката за Онкологија и кој се заработувал на грбот на болните граѓани од канцер. „Низа информации кои излегоа од граѓани кои биле директно засегнати, информации од медиумите дека се набавувала терапија од омилената веледрогерија, без протоколи и евиденција, информации дека ...

LinkSense.mk Утрово во Берово се измерени -5 степени целзиусови, во Скопје- Петровец, Тетово, Битола, Демир Капија и Струмица – 2, -1 степен е измерен во Куманово, Прилеп, Охрид, Штип и Велес, нула во Скопје – Зајчев Рид, Претор, Крива Паланка и Кавадарци, три на Попова Шапка, еден степен во Маврови Анови, Крушево и Виница, 2 во Гевгелија и 6 степени во Дојран. Во текот на ноќта преовладуваше ведро време, информираа од УХМР. Утрово е сончево со ...

LinkSense.mk Во текот на вчерашниот ден (19.11.2023) во периодот од 16.00 до 21.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Шуто Оризари во Скопје, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 90 возачи, од ...

LinkSense.mk Соопштение за јавност „Енергетските политики на СДСМ даваат резултати. Владата предводена од СДСМ спроведува стратешки инфраструктурни проекти за енергетски сигурна и стабилна иднина. „После 13 неуспешни тендери во изминатите 20 години, стартува со реализација најважниот енергетски проект во државата, хидроелектраната Чебрен, инвестиција од над 1 милијарда евра. Новиот енергетски капацитет од 333 мегавати целосно ги задоволува ...

LinkSense.mk Утрото студено, преку денот сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени. Во вторник по одделни котлини ќе има појава ...

LinkSense.mk Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ќе го посети Косово, каде што ќе се сретне со претседателката на државата, Вјоса Османи и со премиерот Албин Курти. Според официјалната програма, Столтенберг ќе го посети и кампот „Нотинг хил“, на Мировната мисија на НАТО – КФОР, каде што ќе се сретне со командантот генерал Озкан Улуташ и ќе им се обрати на војниците, а ќе се сретне и со директорот на Советодавниот и тим за ...

LinkSense.mk Жетвата на руска пченица би можела да достигне 92,9 милиони тони, според локалната логистичка компанија „Русагротранс“. Американското Министерство за земјоделство прогнозира 90 милиони тони, без Крим, аналитичарите на СовЕкон“ (SovEcon) 91,6 милиони тони, а консултантската компанија „ИКАР“ 92 милиони тони, што е се поблиску до рекордните 92 милиони тони собрани минатата година. Кон крајот на октомври, Министерството за земјоделство ...

LinkSense.mk Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е отворен за можна забрана за продажба на сексуални услуги, што е барање на опозициската демохристијанска коалиција ЦДУ/ЦСУ. Шолц рече дека би сакал да види законски ограничувања за сексуалната работа во Германија, додавајќи дека продажбата на сексуални услуги е „неприфатлива“ и не треба да биде „нормална“, пишува Дојче веле. „Мислам дека не е прифатливо мажите да купуваат жени. Ова е нешто ...

LinkSense.mk Поранешната прва дама на САД Розалин Картер, сопруга на поранешниот претседател Џими Картер, почина вчера на 96-годишна возраст, јавува Би-би-си. Како што е соопштено, таа починала мирно со семејството покрај неа. Во петокот беше објавено дека таа влегла во дом за нега и дека таму поминала време со нејзиниот 99-годишен сопруг, кој е во болница од февруари. На Картер во мај му беше дијагностицирана деменција. Првиот пар со најдолг ...

LinkSense.mk Во пресрет на 81. роденден на претседателот Џо Бајден критичарите се повикуваат на резултати од најнова национална анкета во која мнозинство од Американците сметаат дека тој е престар за нов претседателски мандат и бараат неговиот кабинет да си даде оставка. – Кога тој лани наполни 80 години Белата куќа организираше свадба за да го одвлече вниманието од медиумите. Венчавката на внуката на Бајден во јужниот тревник не беше ...

LinkSense.mk Пет лица загинаа, а шест се повредени, меѓу кои и возачот, кога автомобил влета во паб во австралискиот град Дејлсфорд, соопшти денеска полицијата. Момче, двајца мажи на возраст од 30 и една жена на 40-годишна возраст починале на лице место, додека една тинејџерка починала во болница во Мелбурн, каде што била пренесена со хеликоптер по несреќата. Шеесет и шестгодишниот возач на БМВ бил пренесен во болница откако со својот автомобил ...

LinkSense.mk Целосниот прекин на вториот по големина австралиски мобилен оператор „Оптус“ (Optus) ги парализираше денеска телефонските и интернетските врски на повеќе од 10 милиони луѓе на континентот. Од раните утрински часови корисниците ширум земјата не можат да телефонираат ниту да пристапат на Интернет, јавуваат австралиските медиуми. Според извештајот на телевизијата „9Њус“, ова е најголемиот прекин на телекомуникациите во историјата на ...

LinkSense.mk Надлежните власти успеале да го вратат лавот кој избегал и залутал по улиците на градот Ладисполи во локалниот циркус во близина на Рим, а градоначалникот изразил надеж дека настанот ќе ја разбуди совеста и ќе ја спречи експлоатацијата на животните во циркусот. Градоначалникот Алесандро Грандо, кој управува со градот со околу 40.000 жители, ги повика во саботата вечерта своите сограѓани да не ги напуштаат своите домови додека ...

LinkSense.mk Мистериозното зуење што се слуша ноќе во град во Северна Ирска го натера градскиот совет да го истражи неговиот извор, пишува британскиот „Телеграф“. Жителите на Омаг, во округот Тајрон, се пожалија дека не можат да спијат поради „постојаното зуење“, а информации за бучавата првпат беа изнесени на крајот на октомври. Советникот Стивен Донели вели дека таинственото зуење, опишано како поразлично од сообраќајна бучава, се покажало ...

LinkSense.mk Товарниот авион што минатиот четврток требало да лета за Белгија од Њујорк, бил принуден да се врати на аеродромот „Џ.Ф. Кенеди“, откако коњ, кого го превезувале, се ослободил од заградениот простор, пишува „АБЦ Њуз“. Како што може да се слушне на снимката од разговорот меѓу екипажот на авионот и контролата на летот, коњот се ослободил 30-тина минути по полетувањето. Боингот 747 бил на надморска височина од околу 9.000 метри кога ...

LinkSense.mk Финска ќе затвори четири од деветте премини на границата со Русија за да го запре приливот на баратели на азил во оваа нордиска земја, изјави вчера премиерот Петери Орпо. Финскиот претседател во средата рече дека се чини оти зголемениот број баратели на азил кои пристигнуваат на источната граница на земјата е предизвикан од руската одмазда поради соработката во одбраната на Финска со Соединетите Американски Држави. „Владата денеска ...

LinkSense.mk Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потпиша трилатерален Меморандум за соработка во областа на криминалот поврзан со огнено оружје помеѓу Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство и Царинската управа на Република Северна Македонија, а со цел зајакнување на соработката помеѓу трите најповикани институции во државата за гонење на криминалот поврзан со огнено оружје. Притоа, меморандумот ќе ...

LinkSense.mk Европската младинска картичка се дигитализираше и од денес е достапна за онлајн користење ширум државата и низ 30 држави ширум Европа. Со цел да се подобри и олесни процесот на користење, младинската картичка ќе се издава исклучиво во онлајн форма и преку неа ќе се овозможи дополнителен комодитет и пристап до сите бенефиции и попусти кои што следуваат. Европската младинска картичка е бесплатна, а може да ја добие секој млад човек на ...

LinkSense.mk Северна Македонија и Србија денеска потпишаа Меморандум за соработка за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси како дел од железничкиот Коридор 10. Меморандумот е потпишан во Владата на Република Србија од страна на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ, во присуство на премиерите Димитар Ковачевски и Ана Брнабиќ, јави ...

LinkSense.mk Работници во стотици кафетерии на Старбакс ја напуштија работата барајќи ангажирање на повеќе работници и подобар распоред, објави синдикатот Обединети работници. Штрајкот беше организиран на голем промотивен ден (Ден на Црвената чаша), кога Старбакс им доделува бесплатни црвени чаши со празнични украси на клиентите. Тој настан вообичаено привлекува голем број граѓани, па така лани прометот скокнал за 94 отсто во однос на дневниот ...

LinkSense.mk Фото: ЕПА Бројот на смртни случаи од мали сипаници во светот минатата година се зголеми за цели 40 отсто, бидејќи за време на пандемијата на коронавирусот, бројот на вакцинирани луѓе драстично се намали – се вели во извештајот објавен од Светската здравствена организација (СЗО) и американскиот Центрите за контрола и превенција на болести. Оваа многу заразна болест минатата година предизвика епидемии во 37 земји во светот, што е ...

LinkSense.mk Патнички воз вчера се судри со машина за чистење снег во близина на Чикаго, при што беа повредени десетици луѓе. Во несреќата со повреди се здобиле 38 лица, главно патници, информираа од Итната помош на прес-конференција. „23 лица се пренесени во болници, две или три се тешко повредени, но никој не е животно загрозен“, им изјави на новинарите Кит Греј, претставникот на итната служба. Несреќата се случила околу 10.30 часот по локално ...

LinkSense.mk Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ инвестираше 23,6 милиони долари во американската биотехнолошка компанија „Микрон Биомедијал“, за развој на масовна примена на вакцини без употреба на инјекции. Новата технологија се темели на примена на вакцини со фластери со растворливи микроиглички. Светските здравствени експерти веќе долго време ја туркаат оваа технологија заради нејзиниот потенцијал да ја зголеми вакцинацијата против смртоносни ...

LinkSense.mk Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во рамки на Министерскиот состанок на САД – Јадранската повелба се сретна со помошничката на секретарот за одбрана на САД, Селест Валандер со која разговараше за македонско-американската одбранбена соработка, заедничките обуки и вежби, како и за улогата на нашата држава во регионалната безбедност и стабилност. Министерката Петровска изрази задоволство од резултатот на состанокот на ...

LinkSense.mk На конференција во Сиетл, САД, „Мајкрософт“ го претстави својот прв чип со вештачка интелигенција – „Маја 100“, којшто може да се натпреварува со многу бараните процесори на „Енвидија“. Технолошкиот гигант го претстави и чипот „Кобалт 100 арм“, наменет за општи компјутерски задачи и со слични функции како процесорите на „Интел“, пренесува „Си-ен-би-си“. „Мајкрософт“ во мигов го тестира чипот „Маја 100“ во чет-бот со ВИ на ...

LinkSense.mk Во Предлог-буџетот за 2024 година се проектирани средства за исплата на повисоки плати за вработените во јавната администрација и за исплата на повисоки пензии согласно утврденото системско решение, но нема да има повисоки плати за функционерите. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју во Централниот дневник на МРТ. „За она што е предвидено со потпишаниот Општ колективен договор, со кој од септември оваа ...

LinkSense.mk Акциите на Циско паднаа за 13% во тргувањето после работното време по извештајот, повлекувајќи ги надолу акциите на компаниите што вршат иста дејност, како што се „Ариста Нетворкс“ (Arista Networks), Џанипер Нетворкс (Juniper Networks) и „Сиена“ (Ciena). „’Циско’ забележа забавување на нови нарачки на производи за првиот квартал од фискалната 2024 година и верува дека главната причина е што корисниците во моментов се фокусирани на ...

LinkSense.mk Најмалку 25 луѓе загинаа, а десетици се примени во болница, од пожар во управна зграда на фабрика за јаглен во северната кинеска провинција Шанкси, објавија државните медиуми. Пожарот избувнал околу 6.50 часот (среда 23.50 часот по средноевропско време) во управната четирикатна зграда на компанијата за јаглен „Јонгџу“, во градот Лулијанг. „Бројот на загинати се искачи на 25. Пожарот е под контрола, а спасувачката операција ...

LinkSense.mk Припадници на специјалните единици на германското Министерство за внатрешни работи спроведуваат операција против неколку исламистички здруженија низ земјата. Средиштето на акцијата е Хамбург, а целта е да се добијат докази за забрана на овие здруженија и конфискација на имот, јавува германски „Велт“. Рацијата истовремено е спроведена во неколку германски сојузни држави. Полицајци упаднаа во повеќе од 50 згради ширум Германија, ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
49%
1011
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.57
66%
1011
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
73%
1014
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
0.33
46%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.34
46%
1011
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
1.03
86%
1015
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
5.66
49%
1008
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
64%
1009
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
0.51
47%
1010
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
52%
1010
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
3.6
68%
1013
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
7.72
57%
1008
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0818

Currency

65.2285

Currency

7.33049

Currency

0.65711

Currency

0.35837

Currency

0.52536

Currency

1.289

Currency

0.60048