
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



LinkSense.mk Според податоците и анализите на Здружението за растително производство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Србија (ПКС), во текот на 2022 година од Северна Македонија увезени се најмногу јаболки, потоа домати, кромид, зелка, свежи пиперки и лубеници, јави дописникот на МИА од Белград. Според податоците и анализите на Здружението во 2022 година во Србија се увезени 305.990,5 тони овошје, односно за 9,1 отсто помалку ...
LinkSense.mk Според прелиминарната проценка, годишната стапка на инфлација во еврозоната во октомври паднала на 2,9 отсто од септемвриските 4,3 отсто, објави вчера Евростат. Инфлацијата во еврозоната сега е најниска од јули 2021 година. Евростат проценува дека цените на храната, алкохолот и тутунот во октомври пораснале за 7,5 отсто на годишно ниво, како и цените на услугите – за 4,6 отсто, индустриските производи освен енергијата – за 3,5 ...
LinkSense.mk Археолошкиот музеј на Каталонија во Барселона во саботата ги отвори вратите за нудисти, нудејќи им на заинтересираните посебна обиколка низ просториите без облека. Оваа 90-минутна тура е организирана во соработка со каталонскиот „Натуристички клуб“. – Сакавме да има поинтересна тура, а не обична тура со водич, изјави Едгар Местре, водич кој и самиот ја обиколи изложбата без облека. – Сакавме луѓето кои би дошле да ги погледнат ...
LinkSense.mk Со концерт на Даниел Апостолов (фагот) и Дарко Мариновски (пијано), вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба ќе заврши годинашниот фестивал на македонски музички уметници „Златна лира“. На затворањето на фестивалот ќе биде доделена и наградата „Златна лира“ која Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ) ја доделува за врвни уметнички достигнувања во изминатата година. За 2022 година, наградата му се доделува на ...
LinkSense.mk На сцената на Националната опера и балет вечер ќе се изведе операта „Травијата“ од Џузепе Верди. Диригент на операта е Бисера Чадловска, режијата е на реномираната германска режисерка Верена Штојбер, креирајќи моќна продукција чии главни атрибути се смелото сценско дејствие и визуелниот квалитет, сценограф и костимограф е Софија Шнајдер (Германија), кореограф: Саша Евтимова. Во улогата на Виолета Валери ќе настапи Наде Талевска, во ...
LinkSense.mk Новиот конкурент на мрежата Икс (Х), Тредс (Threads) достигна речиси 100 милиони корисници месечно, изјави извршниот директор Марк Закерберг во презентацијата на резултатите од последниот квартал на матичната компанија Мета. Сè што беше претходно познато за развојот на Тредс беше дека услугата достигна 100 милиони регистрации за неколку дена кога беше лансирана на почетокот на јули. Фирмите за веб-аналитика процениле дека бројот на ...
LinkSense.mk Социјалната мрежа Икс почна да ја воведува услугата за аудио и видеоповици. Опциите може да се најдат во делот „Поставки“ за „Директни пораки“, а новите функции може и да се исклучат. Оваа новина во август ја најави извршната директорка Линда Јакарино, истакнувајќи дека ова е само чекор во еволуцијата на платфрмата кон тоа да стане „апликација за секого“, исто како што напомна и сопственикот Илон Маск. Корисниците ќе имаат можност ...
LinkSense.mk Американската поп-пејачка Мадона и натаму е женска уметница со најмногу продадени музички плочи на сите времиња, објави вчера Гинисовата книга на рекорди. Се истакнува и дека Мадона (65) има продадено повеќе од 400 милиони плочи во текот на нејзината 40-годишна кариера, пренесува „Пипл“ (People). Пејачката го држи рекордот од 2009 година, а по неа следат Ријана, Мараја Кери, Тејлор Свифт и Бијонсе. На почетокот на овој месец, Мадона ...
LinkSense.mk Амбасадорот на Израел во Обединетите нации вчера, во Советот за безбедност на ОН, си стави жолта ѕвезда на реверот од сакото, велејќи дека ќе ја носи додека Советот не ги осуди злосторствата на Хамас, а палестинскиот претставник, пак, рече дека Газа сега е „пеколот на Земјата“ и повика за спасување на нејзините жители. Гилад Ердан и неговиот персонал си закачија жолти Давидови ѕвезди со натпис „Никогаш повеќе“, додека присуствуваа ...
LinkSense.mk Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – септември 2023 година, продажбите на македонскиот фармацевтски гигант „Алкалоид“ достигнуваат 9.212.341.451 денари, што е за 13 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 12.483.936.387 денари, што е за 14 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби ...
LinkSense.mk – Директорите на „Гугл“ во мај ја претставија функцијата „Имерсив вју“ за рути, којашто овозможува навигациски фотографии за планирани патеки. Сега оваа опција е достапна за корисниците ширум светот. Кога корисникот се движи пешки, на велосипед, во јавен превоз или во свое возило, новата опција ќе му овозможи и виртуелно да се движи по улиците следејќи визуелни слики на патеката што ја избрал. Функцијата, надградена со технологијата ...
LinkSense.mk На поле за голф во Австралија мистериозно се појавија шест ајкули. И, тоа 10 години по повторното отворање на голф-клубот „Карбрук“, откако 17 години бил затворен, меѓу другото, и поради овие „гости“, објави „Си-ен-ен“. Слатководното езеро близу голф-теренот, на околу 14 километри од Тихиот Океан е пример дека тн. бикова ајкула може да преживее секаде. Иако потекнуваат од топлите и тропските солени води, овие ајкули имаат органи ...
LinkSense.mk Австриската економија влезе во третиот квартал во рецесија главно поради намалената потрошувачка на домаќинствата и државата, се вели во проценката на економскиот институт ВИФО (WIFO). Бруто домашниот производ во периодот од јули до септември е намален за 0,6 отсто во однос на претходните три месеци кога падна за 0,8 отсто, пресмета институтот. Падот на БДП-то два последователни квартали означува рецесија. Потрошувачката на ...
LinkSense.mk Пред пет години 84 отсто од граѓаните на ЕУ гласаа за укинување на оваа докажана нездрава работа. Но, залудно. А, кому воопшто му паднала на ум „генијалната“ идеја за да се воведе летно и зимско сметање на времето? Во рамките на ЕУ, промената на времето се применува во сите земји-членки од 1996 година (освен прекуморските територии) за околу 512 милиони граѓани и за милиони соседи во Европа. Дискусиите „за“ и „против“ се водат од ...
LinkSense.mk Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамките на нејзината официјална посета на Северна Македонија, ја посетија компанијата „Џанвики ДОО“, која е специјализирана за преработка на зеленчук и овошје.. Овој индустриски капацитет е поддржан со претпристапна помош на ЕУ за рурален развој, ИПАРД 2, преку поддршка за ...
LinkSense.mk Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која денеска е во официјална посета на земјава, одржаа тет-а-тет средба, по која се одржа билатерална средба помеѓу двете делегации. На средбата на на која присуствуваа и Артан Груби, Прв Заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедницитa, Бојан Маричиќ, ...
LinkSense.mk После двенеделен раст, минатата недела цените на нафтата на светските берзи паднаа, а нивното движење главно зависеше од вестите од Блискиот Исток. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 1,8 отсто, на 90,48 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 3,6 отсто, на 85,54 долари. Цела недела, цените осцилираа во релативно тесен опсег, во зависност главно од вестите од Блискиот Исток. ...
LinkSense.mk На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска ја пречека претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која во придружба на делегација на Европската Комисија, престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Премиерот Ковачевски и претседателката на Европската Комисија, Фон дер Лајен, ќе одржат тет-а-тет средба, ...
LinkSense.mk Купувачите на американските десетгодишни обврзници, прв пат после 2007 година, повторно бараат пет проценти принос од оваа хартија до нејзиното доспевање, а тоа се услови кои на берзата не дозволуваат да „дише“. Билансот од минатата недела не е убав, европските берзи паднаа најмногу во последните седум месеци. Гувернерот на Федералните резерви, Џером Пауел, забележува дека инфлацијата, иако се лади (во септември годишната инфлација ...
LinkSense.mk Претседателот Стево Пендаровски вчера во Вила „Билјана“ во Охрид, ги додели сертификатите на учесниците на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование за 2023 година. На свеченоста, претседателот Пендаровски во своето обраќање потсети на идејата за формирање на Претседателскиот центар во 2020 година и ја издвои неговата најважна цел, а таа е да обезбеди платформа за демократски дијалог и политичко ...
LinkSense.mk Времето денеска ќе биде сончево, во југозападните делови претпладне со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утрото ќе биде свежо, минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 11, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје сончево со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 24 степени. Од вторник облачноста ќе се зголеми, а во среда кон крајот ...
LinkSense.mk – Американскиот претседател Џо Бајден му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на нивниот телефонски разговор претходно вчера дека протокот на хуманитарна помош во Газа треба „веднаш и значително да се зголеми“, соопшти Белата куќа, пренесуваат израелските медиуми. Израел за време на викендот повторно го отвори вториот од трите водоводни цевководи кои обезбедуваат вода до Појасот Газа, но 90 проценти од протокот ...
LinkSense.mk Најмалку 15 луѓе биле застрелани во неделата наутро по локално време во Чикаго на забава по повод Ноќта на вештерките, јавува Си-Ен-Ен. Меѓу жртвите има шест жени и девет мажи на возраст од 26 до 53 години, соопшти полицијата во Чикаго. Двајца (26-годишна жена и 48-годишен маж) се во критична состојба. -Насилникот побегнал пеш и бил приведен од полицајците кои реагирале на пријава за пукање, соопшти полицијата. Напаѓачот имал пиштол ...
LinkSense.mk САД веруваат дека Израел треба да направи се што може за да направи разлика меѓу палестинските цивили и милитантите на Хамас во неговата воена операција во Газа, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан. Во интервју за Си-Ен-Ен, Саливан го повика и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „да го спречи насилството од страна на екстремистичките еврејски доселеници врз невините луѓе на Западниот ...
LinkSense.mk „Алкалоид“ годинава заокружи дведецениски јубилеј како дел од најреномираниот светски настан во областа на фармацијата CPhl (Convention of Pharmaceutical Ingredients). Под мотото „Во срцето на фармацевтската индустрија“, CPhI се одржа од 24 до 26 октомври во Барселона, Шпанија, a тимот на „Алкалоид“ и оваа година имаше неверојатна можност да се претстави со свој штанд, од каде што недвосмислено беше пренесена најважната порака: ...
LinkSense.mk Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48% во однос на одлуката од 24.10.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,508%, кај ...
LinkSense.mk Летното сметање на времето завршува во недела, на 29 октомври во 03:00 часот, поместувајќи се еден час наназад, со што започнува зимското сметање на времето. -Согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр63/23), летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03h 00min 00s, така што со ...
LinkSense.mk Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на официјалната посета на Финска, заедно со директорката на Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани во Хелсинки, Теја Тииликаинен го потпишаа Меморандумот за пристапување на Северна Македонија кон споменатиот Центар, со што земјава стана 35-та земја учесничка. Во своето обраќање, Османи истакна дека приклучувањето на Северна Македонија кон Центарот се ...
LinkSense.mk Mинистерството за транспорт и врски набави нов систем за видео надзор и читање на регистарските таблици на граничните премини, што во следниот период ќе се инсталира на сите гранични премини во земјата. Министерот Благој Бочварски денеска го потпиша Договорот за имплементација на нов централизиран видео систем, со вредност од 928.500 евра, систем кој што ќе биде имплементиран во рок од една година. Имплементацијата на овој ...
LinkSense.mk Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска во Брисел, по средбите со лидерите на Србија и Косово, изјави дека дијалогот е единствениот начин да се дојде до решение и дека од тоа зависи европскиот пат на двете страни. -Работата е во тек. Можеби ќе треба да го напуштам Самитот на ЕУ за повторно да се сретнам со лидерите на Косово и Србија за да видиме дали можеме да најдеме решение во рамките на дијалогот. Нема друго ...