
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



LinkSense.mk Намален рејтингот на СИРИЗА и тесна трка со ПАСОК за втората позиција, владејачката Нова демократија естабилна на првото место, а Мицотакис за половина од анкетираните е најсоодветен за премиер, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење во Грција спроведено од агенцијата „GPO“ за телевизијата „Стар“, јави дописничката на МИА од Атина. По изборот на Стефанос Каселакис за лидер на СИРИЗА, 70,6 проценти од анкетираните ...
LinkSense.mk Државниот институт за статистика на Албанија, ИНСТАТ, соопшти дека пописот на населението и домаќинствата, што требаше да заврши на 30 овој месец, продолжува до15 следниот месец. Во соопштението на ИНСТАТ, се наведува дека „околу 3 отсто од подрачјата на целата територија на Република Албанија се уште се не попишани, затоа рокот се продолжува за уште 15 дена”. -Институтот за статистика ја информира јавноста и медиумите дека ...
LinkSense.mk Министерката за одбрана Славјанка Петровска вечерва во емисијата Click Plus на ТВ21 говореше на повеќе теми поврзани со одбраната, вклучувајќи го и буџетирањето на одбраната и инвестициите во нова и модерна опрема за Армијата каде најави дека следната година, и формално одбраната ќе влезе во процес на набавка на дронови за потребите на Армијата на Република Северна Македонија. „Процесот веќе е започнат и во текот на следната година ...
LinkSense.mk Политичките елити во земјава од уставни измени, фокусот го префрлија на претседателските и парламентарните избори 2024 година, па така, деновиве датумот на изборите е меѓу најпопуларните теми во медиумите. И дека реално има потреба од навремено одредување на тајминзите за да може законите и Уставот доследно да се применат, а институциите да ги организираат изборите, укажа вчера претседателот на Собранието Талат Џафери. Тој исто така ...
LinkSense.mk – Портпаролот на Белата куќа вчера нагласи дека САД ќе одговорат во „време по наш избор и на начин по наш избор“ на неодамнешната серија напади за кои САД велат дека биле извршени од групи поддржани од Иран против американските војници стационирани на Блискиот Исток. Острато предупредување од портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, дојде еден ден откако претседателот Џо Бајден рече дека ајатолахот ...
LinkSense.mk Околу 250.000 Израелци ги напуштија своите домови поради војната во Појасот Газа помеѓу Израел и Хамас и борбите долж границата со Либан, изјави портпаролката на израелското Министерство за одбрана. Околу 126.000 луѓе се преместени во побезбедни области како дел од програмата за евакуација. Околу 250.000 луѓе доброволно ги напуштија своите домови за да избегаат од борбите. – Израелските власти препорачаа евакуација на населението од ...
LinkSense.mk Данска ќе и донира на Украина воена опрема во вредност од 3,7 милијарди круни (околу 495 милиони евра), соопшти вчера данското Министерство за одбрана и ја потврди својата „непоколеблива поддршка“ за Украина. Донацијата вклучува тенкови, борбени возила на пешадија, артилериска муниција, беспилотни летала и малокалибарско оружје, се наведува во соопштението на данското МО. Два дена по посетата на данскиот министер за одбрана Троелс ...
LinkSense.mk „Спорт Лајф“ („Sport Life“) обложувалниците, заедно со „Спорт Лајф Геминг“ („Sportlife Gaming“) автомат клубовите во изминатите месеци, остварија повеќе донации и спонзорства, како дел од стратегијата за општествена одговорност на компанијата. „Активно учествуваме во поддршката на спортот и развојот на општеството, особено на иницијативите од локален карактер и хуманитарните акции, бидејќи афирмацијата на спортот е потребна на сите ...
LinkSense.mk Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, повика на итен прекин на огнот меѓу израелските и палестинските сили, но во исто време одби да го нарече Хамас терористичка група и го откажа планираното патување во Израел, пишува „Гардијан“. Турскиот лидер повика Израел да ги запре нападите врз Газа, но и на запирање на нападите врз Израел. Со зборови кои би можеле да предизвикаат жестоки реакции во Израел, Реџеп Тајип Ердоган го опиша ...
LinkSense.mk Најмалку 22 лица загинаа, а меѓу 50 и 60 се ранети во престрелка во градот Левистон, во американската сојузна држава Мејн, што се случи на две локации вчеравечер, пренесоа американските медиуми. На прес-конференцијата синоќа, комесарот за јавна безбедност на Мејн изјави дека полицијата не може да го потврди точниот број на жртви бидејќи ситуацијата се уште „е во тек“, но полициски извор за Фокс њуз изјави дека дури 22 лица се ...
LinkSense.mk Оливер Спасовски – македонскиот министер за внатрешни работи денеска изјави дека безбедноста не е загрозена по вчерашниот инцидент во „Ист Гејт Мол“, кога беше пукано врз две лица, меѓу кои и Раде Трајковски – Штекли. „Безбедноста во овој дел не е загрозена, и полициските служби постојано се на терен. Работевме во делот на безбеден град или безбедно лето, во зависност на периодот во кој се спроведуваат овие акции. Поради големината, ...
LinkSense.mk Јапонскиот Врховен суд се очекува денеска да донесе одлука за оправданоста на законската клаузула која бара од луѓето кои сакаат службено да го променат полот да се подложат на операција за стерилизација. Неколку меѓународни тела, вклучително и Европскиот суд за човекови права, Светското професионално здружение за трансродово здравје и експерти на Обединетите нации, рекоа дека таквите барања се дискриминирачки и ги кршат човековите ...
LinkSense.mk Полицијата во Кина спасила околу 1.000 мачки од камион што се движел кон кланица. Тоа било дел од нелегалната трговија со месо од мачки што се продава како свинско или јагнешко, објавија тамошните медиуми. Акцијата се одвивала во Џангјаганг, во источната кинеска област Џијангсу. По дојава од очевидци и активисти за заштита на животните, властите пресретнале возило што се користело за собирање и пренос на заловени мачки. Полицијата и ...
LinkSense.mk Јапонската компанија „Хонда“ и „Џенерал моторс“ од САД пред неколку дена објавија дека планираат нови такси-услуги без возач во Токио во 2026 година. Тоа, велат, „ќе помогне во справувањето со недостигот на работна сила“ во „Земјата на изгрејсонето“. Развиен во соработка со операторот за самоуправувачки автомобили – „Круз“, со седиште во Сан Франциско, САД, проектот ќе нуди „целосно нов вид на искуство во движењето“ во Јапонија… ...
LinkSense.mk Шефот на дипломатијата Бујар Османи вчера рече дека ако опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги изгласа уставните измени ќе добие можност да одлучи за датумот на изборите. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, Христијан Мицкоски, вчера кажа дека мора да се одбере датум за редовни избори и го повика премиерот Димитар Ковачевски „да напише кој било датум помеѓу двата најголеми верски празника идната пролет и да одржиме парламентарни и претседателски избори ...
LinkSense.mk За луѓето кои имаат приватен и деловен профил на „Ватсап“ или пак два профила од иста природа, наскоро нема да им требаат два мобилни телефона. Апликацијата ќе им овозможи на своите корисници да имаат два профила на еден уред. Но, условот е корисникот да има два телефонски броја или мобилниот телефон да поддржува е-СИМ или двојна т.е. повеќенаменска СИМ-картичка. Од „Ватсап“ велат дека сега веќе нема да треба да се одјавите од еден ...
LinkSense.mk Пилулата за тропската денга-треска развиена од „Џонсон енд Џонсон“, се чини, штити од тој вирус кај неколку пациенти во мало испитување на луѓе во САД, според податоците што денеска ги презентираше компанијата на годишниот состанок на Американското здружение за тропска медицина и хигиена во Чикаго. „Во мигов не постои специфичен третман за болеста денга-треска, инаку растечка светска здравствена закана“, соопшти компанијата пред да ...
LinkSense.mk Ресторан од синџирот на познатиот британски готвач Џејми Оливер „Jamie’s Italian“ наскоро ќе биде отворен во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. На официјалната страна на белградскиот ресторан „Jamie’s Italian“ стои дека ресторанот ќе се наоѓа на улицата Херцеговачка, во населбата Белград на вода. -Горд сум на „Jamie’s Italian“. Нашиот одличен тим е како големо семејство – тие ќе се грижат за вас додека уживате во вкусна ...
LinkSense.mk Боби, Гинисовиот рекордер како најстарото куче на светот, угина во саботата на 31 година и 165 дена. Веста за неговата смрт ја објави ветеринарот кој го лекуваше. „И покрај тоа што го надживеа секое куче во историјата, неговите 11.478 денови на Земјата никогаш не би биле доволно за оние кои го сакаат“, напиша д-р Карен Бекер на својот интернет-простор. Во февруари годинава Боби стана официјално најстарото живо куче на светот и ...
LinkSense.mk Интернет-страницата на британската компанија „Стрес фри кар рентал“ (Stress Free Car Rental) 10-на дена пред „Ноќта на вештерките“ претстави топ 7 листа најморничави мистериозни места во Европа. Можеби најблиску нам, од ова поднебје, е селото Шкрињари во Хрватска. На списокот, првото место го зазеде Општината Бран во Романија. Како што е познато – таа била инспирација за приказната за „Грофот Дракула“. Иако Брам Стокер, Ирецот – ...
LinkSense.mk Сортата банани „Кавендиш“ моментално е на работ на изумирање како последица на габична болест – попозната како Панамска болест. Посевите во Азија, Африка, на Блискиот Исток, и во Австралија и Централна Америка се сериозно погодени од овие габи кои настануваат во почвата, пренесува „Унилад“. Болеста уште се нарекува и „венење на бананите“ и е посебно разорна, бидејќи го таргетира „крвотечниот систем“ на плодот, намалувајќи ја ...
LinkSense.mk Група од 33 американски сојузни држави, меѓу кои Калифорнија и Њујорк, вчера поднесоа тужба против Мета за наводно оштетување на менталното здравје на младите луѓе и свесно дизајнирање функции на Инстаграм и Фејсбук што ги прават децата зависни од тие социјални мрежи. Во тужбата поднесена до судот во Калифорнија се додава дека „Мета“ рутински собира податоци за деца помлади од 13 години без согласност на нивните родители, што е ...
LinkSense.mk Во организација на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) во соработка со фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје денеска ќе се одбележи Европската недела на безбедност и здравје при работа. Како што информираат од МТСП, на одбележувањето на Европската недела на безбедност и здравје при работа ќе се обратат Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Штефен Худолин, Делегација на Европската унија во ...
LinkSense.mk 25 октомври 2023 НАЈАВА ЗА ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ: Oд 24.10.2023 година ќе се започне со реконструкција на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум). Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со содветна сообраќајна сигнализација. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ...
LinkSense.mk Неколку институции во Берлин пријавија закани за бомби, по слични закани во повеќе училишта и медиумски организации во други делови на Германија претходно и вчера. Полицијата соопшти дека е закана стигнала и до централната железничка станица во Берлин. Железничкиот оператор Дојче Бан добил заканувачки мејл во текот на ноќта, изјави денеска портпаролката на полицијата. Полицијата потоа ги засили силите на главната станица и ја ...
LinkSense.mk Полскиот бискуп, во чија епархија имаше скандал поради оргија во дом на свештеник, поднесе оставка, соопшти Ватикан. Во соопштението не се наведува точната причина за оставката на епископот Гжегож Кажак, туку само дека Папата ја прифатил. Епархијата на Кажак во југозападна Полска ја потресе скандал откако во септември во полските медиуми беа објавени извештаи за оргија во дом на свештеник во градот Даброва Горница. Според полските ...
LinkSense.mk Неколку луѓе во Австрија завршија во болница откако, според првичните претпоставки, користеле фалсификувани верзии на лекот за дијабетес Оземпик од данскиот Ново Нордиск, соопшти вчера австрискиот регулатор за здравствена безбедност во првиот таков извештај, подготвен со цел да се сузбијат фалсификуваните лекови. Пациентите доживеале хипогликемија и напади, кои се сериозни последици што укажуваат на тоа дека производот содржел ...
LinkSense.mk Молдавија денеска го блокираше пристапот до повеќе од 20 руски медиумски веб-страници поради „информативна војна што се води против земјата“. Во уредбата на Службата за разузнавање и безбедност се наведени 22 руски новински куќи кои треба да бидат блокирани, меѓу кои и „Раша тудеј“, НТВ Рен ТВ, државниот медиумски холдинг ВГТРК и други. Во документот се вели дека на давателите на интернет услуги во земјата им е наредено веднаш да ги ...
LinkSense.mk Новите правила за влез во Европската унија нема да важат најмалку уште една и пол година, потврдиле од Европската комисија за Н1. Како што е наведено од ЕК, Агенцијата на ЕУ за оперативно управување со големи ИТ системи во областа на слободата, безбедноста и правдата (ЕУ-ЛИСА), која е одговорна за планираниот систем за информации и овластување за патување (ЕТИАС), усвои нова временска рамка која предвидува нејзино пуштање во ...
LinkSense.mk Ураганот „Отис“ се приближуваше вчера кон популарното летувалиште Акапулко и се очекува да стигне на брегот на Мексико како „исклучително опасна“ бура од петта категорија. Се очекуваше дека „Отис“ ќе дојде на брегот рано утрово, носејќи силен ветер и силен дожд. Веќе беше ураган од четврта категорија вчера доцна попладнето, со максимални постојани ветрови од 145 милји на час, соопшти американскиот Национален центар за урагани. „До ...