Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница едногласно ја утврди предлог-одлуката за избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија. -Согласно член 27 став 4 од Изборниот законик, од кандидатите на предлог листата политичките партии предлагаат претседател и двајца членови на Државната изборна избори, а партиите на власт предлагаат потпретседател и тројца членови на ДИК, рече ...

Основниот кривичен суд Скопје денеска му изрече затворска казна од четири години на поранешниот директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи, и затворска казна од една година и десет месеци на Блерим Амити, вработен во установата, во случајот „Геријатрија“, поврзан со примање поткуп и награда за противзаконито влијание. Судот ги огласи двајцата обвинети за виновни, оценувајќи дека во целост се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ја критикуваше Европа во говорот на Светскиот економски форум во Давос, велејќи дека европските земји, според него, одат во погрешна насока и се одговорни за сопствениот пад. „Можеме да се расправаме, но нема аргумент“, рече Трамп, додавајќи: „Не го признавам тоа, и не на позитивен начин, туку на негативен начин“. Тој продолжи: „Ја сакам Европа, но… не оди во вистинската насока“. Трамп ја обвини ...

„Длабоко ни е грижа за Европа. Ужасно е што прават“, рече Доналд Трамп во својот говор во Давос. „Имам многу почит кон граѓаните на Данска и Гренланд. Но, секоја членка на НАТО мора да може да ја брани својата територија. Ние сме единствената сила, голема сила, што може да го направи тоа. Ја видовме Данска како паѓа во 6 часот во Втората светска војна. Тие немаа шанса, а се обидоа. Се боревме да ја спасиме Данска, тоа големо, убаво парче ...

Како што усвојувањето на криптовалутите се забрза во 2025 година, така и измамите и финансиските злоупотреби еволуираа со исто темпо. Поттикнати од вештачка интелигенција, социјален инженеринг и сè пософистицирани тактики, современите измами ги разоткрија ограничувањата на традиционалните, реактивни безбедносни пристапи. Како одговор, Binance го пренасочи својот фокус — од едноставно спречување измами кон изградба на постојано адаптивна ...

Јас и Владата го разбираме револтот на транспортерите, како и протестот што ќе го направат превозниците од понеделник, не само од Македонија туку од целиот регион од Западен Балкан поради новите правила за електронска евиденција во земјите од шенген-зоната. Новите правила ѝ штетат на домашната економија, драстично ќе ја намалат работата на транспортерите, а на удар директно ќе бидат транспортниот сектор и челичната индустрија – одговори ...

Во Министерството за внатрешни работи пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака, наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, каде се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен мејл, бидејќи наводно, примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа измислени кривични дела, што ги нема сторено – како детска порнографија, педофилија и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп слета во Швајцарија и е на пат кон Светскиот економски форум во Давос. Трамп ќе одржи говор таму. Неколку европски лидери го напуштија Давос пред неговото пристигнување. Меѓу нив се Емануел Макрон и Урсула фон дер Лајен. Во исто време, средбата на Трамп со германскиот канцелар Фридрих Мерц е исто така откажана, објави Ројтерс. Технички проблеми во претседателскиот авион беа наведени како причина. ...

На денешната прес-конференција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, коментираше дека премиерот Мицкоски ја свел политиката во земјата на ниво на таблоидски објави. Според Филипче, наместо конкретни решенија за економските и социјалните проблеми, се објавуваат изјави и афери кои, како што рече, го одвлекуваат вниманието од суштинските прашања. – Ќе објават една лажна вест за зграда во Дубаи, а во позадина ќе протуркаат Декрет во ...

Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции, управните одбори се сведуваат на три члена, а статусот в.д. станува исклучок строго временски и правно ограничен, рече денеска министерот за јавната администрација Горан Минчев, презентирајќи го Предлог-законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите. На јавна дебата за Предлог-законот, Минчев напомена дека со предвиденото решение прв пат се воспоставува ...

Сите државни патишта во земјата се проодни и безбедни за сообраќај. Поради врнежите од снег, Автомото-сојузот на Македонија апелира на зголемена внимателност при управување со возилата. Екипите на ЈП „Македонијапат“ се целосно ангажирани на терен, со потребната механизација и работна сила, и континуирано вршат расчистување на снегот. Во координација со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт се преземаат активности за ...

Двајца возачи починале, а еден возач и тројца сопатници од кои едно малолетно дете се потешко повредени во три одделни сообраќајни несреќи што се случиле во изминатото деноноќие. Како што информира МВР, во ОВР Крива Паланка утринава во 04:50 часот е пријавено дека на магистралниот пат Граничен премин Деве Баир – Крива Паланка, во атар на село Узем, кривопаланечко, товарно возило „сканиа“ со косовски национални ознаки, управувано од Н.Х.(56) ...

Просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во ноември 2025 година изнесувала 45.961 денар и во однос на истиот месец лани е повисока за 9,4 %, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16,5 %, Дејности на здравствена и социјална заштита за 11,1 % и Трговија на големо ...

Германија одамна е една од главните дестинации за македонските граѓани кои бараат подобри услови за живот и работа. Според најновите податоци од Централниот регистар на странци (AZR), во оваа европска земја живеат 161.044 македонски државјани, со што Македонија се најде меѓу 25-те земји со најбројна дијаспора во Германија. Во земја со над 14 милиони странци, Македонците се 22. по бројност, веднаш зад Кина и Иран, а пред Виетнам. Податоците ...

Политичката партија Левица денеска соопшти дека до нив пристигнале пријави за наводно незаконско политичко влијание, судир на интереси и злоупотреба на службената положба во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Според Левица, во фокусот на пријавите е членката на Комисијата, Цвета Ристовска. Од партијата тврдат дека во ДКСК постоела воспоставена мрежа преку која се влијаело врз текот и исходот на одредени предмети, како и ...

Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, припадници на кавачкиот криминален клан, непосредно пред нивното апсење во Белград на 4 февруари 2021 година планирале да стапат во контакт со „Американците“ и да им предадат компромитирачки информации за српските власти. Ова произлегува од транскриптите на нивната комуникација преку криптираната платформа SKY ECC, во кои увид имале црногорскиот истражувачки портал „Либертас“ и неделникот „Радар“. Од пораките ...

Заканата на американскиот претседател Доналд Трамп со воведување казнени царини за сите што би се обиделе да го спречат во преземање на Гренланд, за многу европски влади претставуваше „капка што ја прелеа чашата“, пишува Politico. По една година зголемени тензии од неговото враќање во Белата куќа, сè погласно се зборува за можен трансатлантски раздор и за иднина на Европа без Соединетите Американски Држави. Европски функционери, кои ...

Здружението на судии на Македонија соопшти дека внимателно ги следи настаните поврзани со притворањето на судијата од Апелациониот суд во Скопје Ѓоко Ристов и изрази јасна поддршка за надлежните институции во борбата против организираниот криминал и корупцијата, вклучително и на највисоко ниво. Од Здружението очекуваат темелна, прецизна и транспарентна истрага, без селективност, во која ќе се утврдат сите релевантни факти и евентуалната ...

Канадските вооружени сили создадоа модел за случај на американска инвазија, поттикнат од изјавите на Доналд Трамп за можна анексија на канадска територија. Се верува дека ова е првпат по 100 години Отава официјално да ја разгледа можноста за напад од својата јужна граница, пишува „Телеграф“. Според извештајот, канадските генерали веруваат дека земјата би морала да се потпре на неконвенционално војување поради огромната воена супериорност на ...

Во „Кинотека“ вечер почнува специјалната програма „Најдоброто од Киненова“, соопштија утрово организаторите. – Ова е концентриран избор на најдобрите од најдобрите филмови што беа прикажани на минатото издание, но и на изданијата претходно. Имаме два победника, филмови добитници на гран при на МФФ „Киненова“, првиот филм на победникот на последното издание на Берлиналето, Даг Јохан Хагеруд, еден од најактуелните и најпровокативни ...

Американската стриминг услуга Netflix надмина 325 милиони претплатници низ целиот свет, објавувајќи го своето прво ажурирање за бројот на претплатници за една година во вторник. Компанијата ја заврши 2024 година со 301,6 милиони корисници кои плаќаат. Во последниот квартал, Netflix ги зголеми приходите за 17,6 проценти на годишно ниво на нешто над 12 милијарди долари. Нето добивката достигна 2,42 милијарди долари, што е зголемување од ...

Од 9.30 часот сообраќајот на наплатната станица Отовица, односно патниот правец Велес-Скопје е нормализиран, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на овој патен правец беше целосно затворен од Од 9.16 часот поради расчистување на снегот. ЈП Македонијапат соопшти дека од 9 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар. Надлежните служби апелира возачите да ја следат ...

Патнички воз синоќа удри во урнат потпорен ѕид во близина на Барселона, при што загина машиновозачот, а 37 лица беа повредени. Четири лица се сметаат за критично повредени по инцидентот во каталонскиот регион во североисточна Шпанија, изјави портпаролот на регионалната противпожарна служба, Клауди Гаљардо, за новинарите. Инцидентот се случи во вторник, само два дена откако два брзи возови се судрија во Андалузија на југот од земјата, при ...

Американските сили ја вратија контролата врз танкер за нафта во Карипското Море, објави војската. Моторниот брод „Сагита“ и пркосеше на блокадата што ја наметна претседателот Трамп врз санкционираните танкери, објави Јужната команда на САД (SOUTHCOM) на платформата X. Through #OpSouthernSpear, the @DeptofWar is unwavering in its mission to crush illicit activity in the Western Hemisphere in partnership with @USCG, @DHSgov and ...

Во Основниот Кривичен суд денеска треба да биде објавена пресудата за случајот „Геријатрија“ во кој Мухсин Арифи – поранешен директор на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина и Блерим Амити – вработен во клиниката се товарат за примање поткуп и награда за противзаконито влијание. Според обвинителниот акт, Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, побарал имотна корист ...

„Ер Форс Уан“, кој го носеше претседателот Трамп, мораше да се врати во Мериленд кратко по полетувањето поради, како што изјавија претставници на Белата куќа, „мал електричен проблем“. Авионот се упатил кон Давос, Швајцарија, а Трамп го продолжил своето патување со друг авион околу еден час подоцна, објави CBS News. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, им изјави на новинарите дека екипажот забележал „мал електричен проблем“ по ...

Скопје утрово се резбуди со снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени. Поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража од 07.45 ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека ќе оди на Светскиот економски форум во Давос само ако таму можат да се постигнат конкретни резултати. Во вечерното видео обраќање, тој нагласи дека сите украински владини претставници сега треба да работат на проблемите на Украина. „Ракетите за воздушна одбрана се потребни секој ден, оружјето е потребно секој ден, опремата за обновување, за резервата е потребна секој ден. Ако ...

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, донесе решение со кое на осомничениот апелацискиот судија Ѓ.Р. му се определува мерка куќен притвор, како и дополнителна мерка за обезбедување присуство – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова. -Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, ...

Фудбалерите на Манчестер Сити го доживеаја својот втор пораз во Лигата на шампионите, откако по неуспехот во градското дерби против Манчестер Јунајтед, беа поразени и во Норвешка од Бодо Глимт – 3:1. Сити со тоа стана уште една „жртва“ на норвешкиот клуб на домашен терен, каде што во минатото паднале бројни европски гиганти. Овој пораз би можел скапо да го чини тимот на Пеп Гвардиола, кој – во зависност од резултатите од другите натпревари ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
66%
1016
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
58%
1016
weather icon

Загреб

12ᴼ / 9ᴼ
0.0
52%
1018
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
59%
1018
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
2.11
68%
1016
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
73%
1019
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
5.14
76%
1009
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
54%
1013
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
7.2
38%
1015
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
1.54
48%
1014
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
1.34
44%
1016
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
84%
1011
Currency

61.6417

Currency

53.1915

Currency

71.2324

Currency

36.9682

Currency

38.6869

Currency

67.3099

Currency

7.73117

Currency

0.65765

Currency

0.33472

Currency

0.5249

Currency

1.19947

Currency

0.56705

Цинк

3.04

Сребро

2840.84

Родиум

340797.91

Иридиум

258288.78

Кобалт

964.52

Бакар

10.81

Рутениум

56199.51

Калај

43.61

Алуминиум

3.21

Платина

61343.62

Злато

141731.52

Паладиум

45107.50