Брачна двојка од Мичиген (САД) е обвинета за тешко убиство, тортура и повеќекратни обвиненија за злоупотреба на деца што доведоа до смртта на нивниот седумгодишен син. Според властите, момчето тежеше речиси 116 килограми во моментот на смртта, пишува Телеграф. Седумгодишниот Каспер О’Брајан почина откако Итна медицинска помош и полицијата одговори на повик на 911 од неговиот дом во Мичиген во кој се пријави дека момчето не дише. Според ...

Да се затворат прозорците и ролетните во текот на денот, да се климатизираат просториите, да се избегнува престој на директно сонце во периодот од 11 до 17 часот и да се носи светла и лесна облека – се дел од препораките на Институтот за јавно здравје поради најавените високи температури. Доколку престојот на отворено е неопходен, се препорачуваат почести одмори под сенка и избегнување директен престој на сонце. Граѓаните треба да внесуваат ...

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо, новиот тренер на Реал Мадрид, не е задоволен од текот на актуелниот фудбалски Мундијал. – Морам да бидам искрен. Некои натпревари ги исклучувам по десет минути – рече Мурињо. Португалецот верува дека проширувањето на турнирот на 48 национални тимови влијаеше на квалитетот на натпреварувањето. – Не ми се допаѓа тоа чувство. За мене, Светското првенство е врв на врвот. Не е можно да се гледа 7:1 или 5:1 ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека контролата и анализата на цените на основните прехранбени производи остануваат меѓу главните приоритети на Владата. Тој посочи дека детално се разгледува состојбата на пазарот и дека, доколку биде потребно, ќе се анализираат цените „фактура по фактура“ со цел да се утврди каде настануваат зголемувањата. „Лично тоа го имам како врвен приоритет“, изјави Мицкоски, додавајќи дека се работи на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека американскa делегациja утре во Доха ќе разговара со ирански претставници. „Иран побара состанок. Тој ќе се одржи утре во Доха“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Трут Соушл. Претходно денеска извор запознаен со разговорите изјави дека иранските и американските технички тимови кои работат на спроведување на меморандумот за разбирање во наредните денови ќе се сретнат во ...

Мотоциклист го загуби животот во сообраќајна несреќа што денеска околу 12:46 часот се случи на улицата „Доне Божинов“ во Куманово. Како што соопшти СВР Куманово, во несреќата учествувале патничко моторно возило „сеат“, управувано од А.А.(64) од Куманово, и мотоцикл управуван од Д.С.(49). Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увидот на местото на ...

Најмалку пет лица се убиени во пукање во германскиот Штаде во Долна Саксонија. Полицијата и службите за итни случаи спроведуваат голема операција во Штаде, град на околу педесет километри од Хамбург. Два хеликоптери кружат над центарот на градот. Портпаролот на полицијата потврди дека пет лица се мртви откако биле испукани истрели. BREAKING: Five people have been killed in a mass shooting in the northern German town of Stade 🇩🇪 Police have ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти дека неговата партија ќе го блокира предложениот Изборен законик, оценувајќи дека предложените измени не се во согласност со европските и демократските стандарди и дека создаваат ризик од злоупотреби во изборниот процес. „Ваков закон не смее да донесе ова Собрание. Ќе го блокираме затоа што граѓаните заслужуваат фер и демократски изборен процес, а не контролиран процес каков што, според ...

Режисерот Сашо Миленковски почина на 63-годишна возраст, потврди Драмски театар — Скопје. Во текот на својата богата кариера, Миленковски реализира повеќе од педесет режии на сцените во Македонија, поранешна Југославија и Европа. Како автор, Миленковски ги реализира и своите сценски проекти „Коледе“, „Гејм овер“ и „Ова не е американски филм“. Неговиот придонес кон независната сцена е значаен и преку основањето на театарот „Бабилон“ во 1999 ...

Критичните минерали стануваат стратешки ресурс за економскиот развој, оценува Телото на Обединетите Нации за трговија и развој (UNCTAD). Во анализата се наведува дека растот на побарувачката е директно поврзан со глобалната енергетска транзиција и развојот на новите технологии. Бакарот е меѓу минералите чија побарувачка ќе бележи значителен раст до 2040 година. Македонија има потврден потенцијал токму во Иловица, каде според геолошките ...

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на денешната прес-конференција порача дека не е постигнат консензус за предложените измени на Изборниот законик. „Во ниту еден момент не се постигна консензус за ваков Изборен законик“, истакна Апасиев, додавајќи дека останале пет клучни прашања кои не биле затворени по работните состаноци: условите за независните кандидати по одлуката на Уставниот суд, електронското гласање на дијаспората, државното ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27% во однос на одлуката од 22.6.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 0,243%, кај ...

Семејството на Владо Јаневски ја информираше јавноста за деталите околу последното испраќање на македонскиот пејач, композитор и текстописец. Сите кои сакаат да му оддадат последна почит ќе можат да се збогуваат со Јаневски во капелата на Градските гробишта во Бутел, во среда (1 јули), во периодот од 10 до 11 часот. Погребот ќе се одржи веднаш по простувањето, на гробиштата во Бутел. Информацијата беше споделена од семејството преку „Авалон ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека за најавената реконструкција на Владата принципиелно има договор со коалициските партнери „Вреди“ и ЗНАМ, но оти персоналните решенија ќе бидат објавени утревечер по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. – Да, ние не сме разговарале за персонални решенија за имиња. Принципиелно имаме договор за ресорите. Јас во минатото кажав, додека не се заврши седницата на Извршниот комитет на партијата, нема ...

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ објави на неговиот фејсбук профил дека, како што вели, пред веќе извесното заминување од функцијата остава „средено и организирано“ Министерство, со буџет намален за повеќе од три пати во споредба со 2021 година и целосно укината програмата К-5. -Пред веќе извесното заминување од Министерството за односи меѓу заедниците, нека остане забележано дека од „сива зона” на системот ...

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што утринава се случила на автопатот „Пријателство“, во близина на исклучувањето кон Меѓународниот аеродром „Скопје“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Несреќата се случила околу 5:30 часот, кога патничко возило „нисан“ со српски регистарски таблички излетало од коловозот, удрило во метална заштитна ограда и се превртело. Во несреќата се повредени возачот, 34-годишниот Н.Џ. од Србија, ...

Потпретседателот на Собранието и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој беше дел од работната група за измени на Изборниот законик, денеска објави дека Левицата, чии претставници учествуваа во изготвувањето на предлог-законското решение, не сакаат да го потпишат, иако добар дел од нивните предлози бил вграден во предлог-измените за што постојат записници. Милошоски вели дека предлог-измените на Изборниот законик ќе бидат ...

Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди донација за Општина Кочани, наменета за потребите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кочани во справувањето со пожари и други елементарни непогоди. Со поддршката од Видеолотарија Касинос Австрија ќе се овозможи набавка на специјализирано возило за пристап до тешко достапни и опожарени терени, како и набавка на комплети лична заштитна опрема за пожарникарите. Опремата вклучува заштитни ...

Студентската група „Студентарија“ реагира дека студентите сместени во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид веќе шести ден се без електрична енергија, а со недели претходно немаат ниту топла вода. Според нив, состојбата сериозно ги нарушува основните услови за живот и престој во домот, додека, како што велат, досега нема официјална реакција ниту од раководството на домот, ниту од Министерството за образование и наука. „Покрај тоа што со ...

Основното јавно обвинителство Скопје синоќа донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. На 25 јуни, во атарот на селото Летевци, при вршење семејно насилство, тој со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. Осомничениот вечерта со автомобил ја зел жената од нејзиното работно место, ја однел во ...

Веста за смртта на македонскиот пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски, кој почина вчера на 65-годишна возраст по кратко боледување, предизвика бран од реакции и емотивни пораки од неговите колеги, пријатели и јавни личности. Една од првите се огласи Каролина Гочева, која сподели заеднички фотографии со Јаневски, придружени со песната „Не заборавај да се сетиш на мене“. „Владе мој, збогум со мојата најомилена песна од тебе… и никогаш ...

Бројот на загинатите во двата силни земјотреси што минатата недела ја погодија Венецуела надмина 1.450, додека десетици илјади луѓе и понатаму се водат како исчезнати. Сепак, четвртиот ден од спасувачката акција донесе и зрак надеж. Спасувачките екипи успеаја живи да извлечат татко и неговиот син тинејџер, кои биле затрупани под урнатините во градот Карабаљеда, околу 40 километри северно од главниот град Каракас. Француски и американски ...

Напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да го промени начинот на спроведување на изборите се соочија со сериозни пречки, откако судовите донесоа повеќе пресуди против неговата администрација, а дел од републиканските сенатори одбија да ги поддржат неговите предлози. Според Washington Post, овие неуспеси го налутиле Трамп, кој во пресрет на општите избори продолжува да врши притисок за промени во изборниот систем, додека времето за ...

Иран и САД се согласија да ги запрат неодамнешните судири во Персискиот Залив и да ги продолжат разговорите за спорот околу Ормускиот теснец, потврди американски функционер, зголемувајќи надежи дека привремениот мировен договор би можел да се одржи и покрај притисокот од меѓусебните напади во последните денови. „Договорено е да се продолжат техничките разговори за сите делови од меморандумот за разбирање. Двете страни засега ќе се повлечат, ...

– Ноќеска неколку минути после полноќ бил почувствиван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар. -Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0, соопшти Сеизмолошката опсерваторија. Според досегашните податоци ...

Топлото време продолжува, денеска се очекуваат температури до 39 Целзиусови степени. Како што информираше Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Температурата ќе се движи од 14 до 39 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен ...

По кратко боледување, вечерва почина македонскиот пејач и композитор, Владо Јаневски. Владо Јаневски беше еден од најзначајните македонски поп-пејачи, композитори и текстописци, кој остави длабока трага во домашната музичка сцена. Со кариера што траеше повеќе од четири децении, тој изгради препознатлив музички стил и создаде бројни песни што станаа безвременски хитови. Музичката кариера ја започна во 1980-тите како член на повеќе музички ...

– До 18:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е ставен под контрола, а шест се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Куманово, во населбата Перо Чичо, каде гори депонија и ниска вегетација, како и во населбите Бедеиње и селото Режановце, каде е зафатена ниска вегетација и садници. Активен е и пожарот на депонијата во ...

Сопругата и двете деца на аргентинскиот фудбалер Лукас Трехо беа пронајдени мртви под урнатините по катастрофалните земјотреси што ја погодија Венецуела, соопштија спасувачките служби по потрагата која траеше 74 часа. Северниот дел на Венецуела во средата беше погоден од два силни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала. Според официјалните податоци, најмалку 1.430 лица загинаа, а бројот на жртвите и понатаму ...

Шпанската фудбалска репрезентација се соочи со сериозен проблем пред почетокот на нокаут-фазата на Светското првенство, откако крилниот напаѓач Нико Вилијамс се повреди и неизвесен е за дуелот против Австрија. Шпанија го освои првото место во групата Х со седум бодови и без примен гол, но победата од 1:0 над Уругвај остана во сенка на повредите на двајца важни фудбалери. Од Шпанската фудбалска федерација соопштија дека Вилијамс го повредил ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
68%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.29
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1027
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
74%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
0.45
77%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Бакар

12.58