Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Професорка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е лишена од слобода под сомнение дека побарала и примила поткуп од студент за да му овозможи да положи испит. – Вчера во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од штипскиот Сектор за внатрешни работи ја лишиле од слобода Т.А., 39-годишна штипјанка, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Претходно, на 22.06.2026, К.Б., на возраст од 26 години од ...
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, кој беше дел од работната група за подготовка на новиот Изборен законик во Министерството за правда, преку објава на социјалните мрежи изнесе серија забелешки за начинот на кој се одвивал процесот на подготовка на законските измени. Тој напиша дека јавноста се доведува во заблуда со тврдењата дека постоел широк политички консензус, наведувајќи дека во конечниот текст се нашле решенија за кои никогаш не ...
Под влијание на серија влажни воздушни бранови, до петок во земјава ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со повремени врнежи од дожд и грмежи. Според Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места ќе има локално поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд со количина поголема од 15 литри на квадратен метар, електрични празнења, силен ветер со брзина над 60 километри на час и појава на град. Во ...
– На територија на државата регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор до 12 часот денеска. Од нив, пет се сѐ уште активни, а другите два биле изгаснати, информираа од Центарот за управување со кризи. Од активните, првиот е на територија на општина Шуто Оризари – кај „Џиди комерц“, каде гори ѓубре и сува трева. Вториот е во подрачје на општина Старо Нагоричане – село Ругинце, каде се зафатени ниска вегетација, стрниште и сува ...
Одговорно тврдиме дека новиот изгласан Закон за игри на среќа и забавни игри содржи одредби кои се во спротивност со темелните вредности, но и со членот 55 од македонскиот Устав со кој уставотворците предвиделе гаранции за слободата на пазарот и претприемништвото. Доколку предлагачите на законот навистина сметаа дека игрите на среќа се штетни по здравјето на луѓето, тогаш тоа мораше прво да го докажат во соодветна правосудна постапка, а ...
Црн чад повторно денеска се издигна над Скопје, откако беше пријавен нов пожар во реонот на Визбегово, само еден ден по големиот пожар што избувна во истата област. Според првичните информации, гори сува трева во близина на „Џиди Комерц“ во скопската општина Шуто Оризари, а огнот се шири во правец кон околните куќи. Неофицијално, на терен гори и ѓубре, што предизвика густ црн чад видлив од повеќе делови на главниот град. За пожарот е ...
Со изгласувањето на Законот за игрите на среќа во Собранието, власта донесе една од најштетните економски и правни одлуки во државата. И покрај предупредувањата на домашната и меѓународната експертска јавност, економските анализи, аргументите на легалната индустрија и бројните апели за јавна расправа, беше донесен закон кој нема да ги заштити граѓаните, туку ќе создаде услови за уништување на легалниот пазар и експанзија на нелегалното ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска точно на пладне го игра својот прв меч на Гренд слем турнир. Таа на Вимблдон ќе игра против ланската финалистка Американката Аманда Анисимова, која е рангирана како шеста носителка. Ѓорческа за пласман се избори преку квалификациите каде постигна три победи. Во првото квалификациско коло македонската тенисерка ја совлада Анхела Фита Болуда од Шпанија со 2-0 во сетови (62 64), потоа ја ...
Мароко по вистински трилер обезбеди место во осминафиналето на Светското првенство, елиминирајќи ја Холандија по подобро изведување на пенали, откако по 120 минути игра резултатот беше 1-1. Натпреварот започна со иницијатива на Мароканците, кои први сериозно се заканија. Во 20. минута Ел Ајнауи испрати опасен удар, но Вербруген одлично интервенираше. Само една минута подоцна Хакими повторно го тестираше холандскиот чувар на мрежата, кој уште ...
Иран соопшти дека во наредните денови нема да одржи никакви директни преговори со Соединетите Американски Држави, иако Вашингтон претходно најави средба на двете делегации во Доха. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека техничката делегација на Иран ќе отпатува во Катар, но тоа нема никаква врска со американската делегација. „Во наредните денови нема да имаме никакви преговарачки средби со ...
Три лица, меѓу кои и едно дете, се тешко повредени во експлозија на експлозивна направа што се случила во понеделникот вечерта во станбена зграда во Монако. Осомничениот по нападот побегнал во Франција, а полицијата интензивно трага по него. Нападот се случил околу 21 часот на влезот од станбен комплекс во близина на француската граница. Според властите, повредени се две возрасни лица и едно дете, кои веднаш биле пренесени во болници во ...
Вечерва, со почеток во 20 часот, на платото пред арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи комеморативен собир во чест на Владо Јаневски, кој неодамна почина по кусо боледување. Настанот го организира продукцијата „Прагма“, со цел пријателите, колегите и бројните почитувачи на неговата музика заеднички да му оддадат последна почит на еден од најзначајните македонски кантавтори и изведувачи. „Ќе се собереме уште еднаш за да му се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди трговците на мало со гориво веднаш да ги намалат своите цени или ќе се соочат со „големи проблеми“. „Трговците на мало со гориво мора да ги намалат своите цени, СЕГА“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social. „Нема да има зголемување на цените, што е целосно нелегално. Ако трговците на мало не го сторат тоа, ќе има големи проблеми! Започнете да се стремите кон околу 2,50 долари за ...
Времето во земјава денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Фудбалерите на Бразил се пласираа во осминафиналето на Светското првенство по драматичната победа над Јапонија со резултат од 2:1. Победничкиот гол за петкратниот светски шампион го постигна Габриел Мартинели во петтата минута од судиското продолжение, крунисувајќи го големиот пресврт на тимот на Карло Анчелоти. Бразил ја презеде иницијативата и ја контролираше топката од самиот почеток, но Јапонија уште еднаш покажа зошто се смета за една ...
Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, на денешната пленарна седница реагираше на начинот на кој се носи Изборен законик, обвинувајќи дека јавноста е доведена во заблуда со тврдењата дека за текстот бил постигнат широк политички консензус. Крмов истакна дека седницата е свикана спротивно на Деловникот на Собранието, кој предвидува пратениците да ги добијат материјалите најмалку десет работни дена пред расправата, но ...
Пратеничката група на СДСМ со 10.000 амандмани ќе се спротивстави на измените на изборниот законик. На социјалните мрежи лидерот на партијата – Венко Филипче објави фотографии од процесот на подготовка на амандманите, а во опис напиша: ,,Наскоро граѓаните ќе видат како изгледа криминален закон. Нема да дозволиме изборна кражба.10.000 амандмани спремни”. Пратеничката група на СДСМ со 10.000 амандмани ќе се спротивстави на измените на ...
Британскиот тинејџер Џегер Стренг, кој се закануваше дека ќе нападне училиште со експлозиви, е осуден на 3 години и 11 месеци затвор за поседување експлозиви и упатување закани. Стренга, кој имаше 17 години во времето на злосторствата, беше пријавен во полиција од страна на раководството на колеџот Стафорд во септември минатата година, откако им кажа на тројца соученици дека планира да детонира бомба во училиштето и потврди дека поседува ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека граѓаните можат да ја очекуваат неговата оставка на крајот на јули, како и дека оваа одлука ќе зависи од авторитетите на некои политички партии и „неговата енергија“. „Што и да правам и каква и да е одлуката што ќе ја донесам, тоа ќе биде транспарентно, како што направив со објавувањето на мојата оставка, тоа нема да биде изненадување за никого“, рече Вучиќ во Палатата на Србија, ...
Безживотното тело на новороденче е пронајдено во паркот Берже во париското предградие Бобињи, соопшти полицијата. Сведоци виделе како некој остава крвава вреќа во паркот, по што ја повикале полицијата, која го пронашла телото на бебето во вреќата, дознава BFM TV од полициски извори. Според судски извор, започната е истрага за убиство на малолетник и криење на тело. Безживотното тело на новороденче е пронајдено во паркот Берже во париското ...
Руските напади низ Украина однесоа девет животи и повредија десетици луѓе, соопштија властите, а нападите продолжија и во текот на попладнето додека бројот на жртви расте. Пет лица загинаа, а 29 се повредени во ракетен напад врз југоисточниот град Днипро, изјави регионалниот гувернер Олександр Ганжа на Телеграм. „Русија изврши ракетен напад врз Днипро, гаѓајќи ја инфраструктурата“, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на ...
Собранието денеска ги усвои измените на Законот за Царинската тарифа, со кој од 1 јули 2026 година ќе стапат во сила пониски царински стапки за 70 стоки што се користат како суровини и репроматеријали во домашната индустрија. Со законските измени се врши дополнително усогласување на царинските стапки со оние што важат во Европската унија, согласно определбите од Програмата за работа на Владата 2024-2028 година и заложбите за подобрување на ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар денес изјави дека во првите 50 дена од неговата влада, Унгарија се врати во Европа и инфлацијата падна на ниво невидено со години. Тој на парламентарната седница рече дека финансирањето на јавниот долг стана многу поевтино и дека земјата повторно води предвидлива економска политика, пренесува Хирадо. Според неговите зборови, во тој период започната е најголемата антикорупциска кампања во историјата на Унгарија, ...
Турција мора да биде вклучена во сите европски одбранбени и безбедносни структури, изјави денес претседателот Реџеп Таип Ердоган, една недела пред клучниот самит на НАТО во Анкара. Неговите коментари доаѓаат во време кога Европа се обидува да ја обнови својата одбрана во услови на руска закана и ризик од повлекување на САД од НАТО, додека воената алијанса се подготвува за клучен самит во турската престолнина на 7 и 8 јули. – Незаменливиот ...
Истражниот судија на Вишиот антикорупциски суд на Украина денес го отфрли барањето на одбраната на поранешниот шеф на Кабинетот на претседателот на Украина Андриј Јермак за промена на безбедносната мерка, односно за укинување на обврската за носење електронска алка на нога, пренесува украински Интерфакс. Во соопштението објавено на Телеграм каналот на украинскиот Виш антикорупциски суд не се споменува името на поранешниот функционер, но, ...
Енцо Мареска е новиот главен тренер на Манчестер Сити, потврди клубот. Овој 46-годишен експерт потпиша тригодишен договор и го наследува Пеп Гвардиола на клупата, кој го напушти клубот во мај по десет години. Неговото назначување беше одложено поради преговорите меѓу Челси и Сити за пакетот за компензација за поранешниот шеф на Лестер. Ready to go! 🫡 pic.twitter.com/pgvBvgD3WX — Manchester City (@ManCity) June 29, 2026 Италијанецот го ...
Вистинската драма се одвива во Јужна Кореја по шокантната елиминација на репрезентацијата веќе во групната фаза на Светското првенство. Селекторот Мјунг-бо Хонг поднесе оставка, а во татковината му се закануваат со смрт! Фудбалскиот дебакл отиде подалеку од спортот и стана национално прашање, што ги натера претседателот, полицијата и целата јавност да реагираат. Јужна Кореја, предводена од врвната ѕвезда Хјунг-мин Сон, ја заврши ...
Од „Сакам да работам“ се разочарани што пратениците не ги прифатија нивните апели и оти и покрај тоа го изгласаа Законот за игри на среќа и забавни игри. Затоа бараат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да не го потпишува указот за негово стапување во сила. – Постепеното затворање на легалните објекти за игри на среќа ќе предизвика хаос. Ќе никнуваат играчници на диво по подруми, на државата ќе и се лизга од раце досегашната контрола, ...
Галичката свадба ќе се одржи од 10 до 12 јули во Галичник, а годинашни младенци се Александар и Мартина. Најавени се и неколку новитети годинава, што за првпат ќе бидат претставени пред гостите кои ќе присуствуваат на манифестацијата што трае со години наназад и ги негува традицијата и обичаите со доста внимание. Огњен Лазиќ, генералниот директор на Пивара, на денешната прес конференција рече дека скопска Пивара над 50 години дава поддршка ...
Драмски театар Скопје првиот дел на сезоната ја заокружува со гостување во Белградскиот драмски театар. Вечерва и утре вечер во 20:30 часот ќе се изведе претставата „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ. Претставата е четирипартитна копродукција на НУ Драмски театар Скопје, Белградското драмско позориште, Местното ...