Иран дополнително ја заостри својата позиција во преговорите со САД, условувајќи го продолжувањето на контактите со укинувањето на американската поморска блокада на неговите пристаништа, објави „Волстрит џурнал“, додека други меѓународни извори укажуваат дека оваа блокада стана една од главните пречки за обновување на дијалогот меѓу двете страни. Според весникот, кој се повикува на пакистанските медијатори, иранскиот преговарачки тим се ...

Анализата на „Фајненшл тајмс“ го истакнува падот на американската поддршка за Израел, при што младите луѓе и демократите се сè повеќе критични кон политиките на Бенјамин Нетанјаху и сочувствителни кон Палестинците. Во неа се вели дека постои многу реален ризик Израел да се скара со Доналд Трамп. Кој во Америка сè уште се сеќава на Јицак Рабин? Едвард Лус, уредник на „Фајненшл тајмс“, го поставува прашањето со доста цинизам, убеден дека ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес во Никозија, Кипар, изјави дека преговорите за пристапување на Украина во Европската Унија треба да започнат без одложување. „Храбриот отпор на Украина кон Русија е непоколеблив. Исто така и поддршката на Европа. Со оглед на континуираните реформски напори на Украина, преговорите за пристапување треба да започнат без одложување“, напиша фон дер Лајен на платформата X, по ...

Командантот на елитниот 53-ти посебен извидувачки баталјон на вооружените сили на Украина наводно ја напуштил земјата и отпатувал во Германија, откако добил бројни закани од роднини на исчезнати војници во Сумискиот регион, пренесува ТАСС, повикувајќи се на извор во руските безбедносни структури. Според овие наводи, единицата ја изгубила својата борбена способност во Краснополскиот округ во Сумискиот регион, а нејзиниот командант, ...

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирил Буданов, денес потврди дека Украина добила барања од партнери за запирање на нападите врз руската нафтена инфраструктура. Буданов изјави за време на 18-от Киевски форум за безбедност дека ова не е нешто ново и дека се сретнал со такви барања уште во 2023 година. „Ова е системска, да речеме, работа што се интензивира кога има масовно распоредување. Неодамна, тоа едноставно следеше по ...

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград, Управата за криминалистичка полиција, во соработка со Првото основно јавно обвинителство во Белград, го уапсија македонскиот државјанин А. К. (42), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело измама. Тој е осомничен дека лажно се претставил како хирург, заедно со неколку засега непознати лица, ја водел и ја одржувал оштетената во заблуда дека ќе изврши итна ...

Европската унија денес го усвои својот 20-ти пакет санкции против Русија, воведувајќи нови мерки што ги опфаќаат енергетиката, финансискиот сектор, трговијата и пропагандата, и за прв пат активирајќи механизам за спречување на заобиколување на санкциите. Европската комисија вели дека целта на новите санкции е дополнително да се изврши притисок врз Москва да се согласи на преговори за војната во Украина под услови прифатливи за Киев. Новиот ...

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош, Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од РТВ Предавател Водно, кула АЕК Водно, село Горно Нерези, Етно село – Нерези, Предавател Космофон, објект Даре Џамбаз-Водно објект на Поштенски ...

Новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, не ја користи истата централизирана власт како неговиот покоен татко Али Хамнеи, туку наместо тоа ја префрла власта на повисоката команда во Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), објавува Њујорк Тајмс. За разлика од неговиот татко, кој „имал апсолутна власт над сите одлуки за војна, мир и преговори со Соединетите Американски Држави, Моџтаба Хамнеи не ја игра истата ...

Дел од трибините се урна за време на фудбалски натпревар на Градскиот стадион Лапад во Дубровник, објавија градските власти. Инцидентот се случил во среда за време на натпреварот помеѓу локалниот клуб ГОШК Дубровник 1919 и Неретванц од Опузен, кога долниот дел од трибината се урна поради дотраената структура. Едно лице е полесно повредено. Градот Дубровник изјави дека оштетениот дел од трибините веднаш ќе биде ограден и ставен надвор од ...

Нов европски заем од 90 милијарди евра за Украина ќе биде дополнителен товар за обичните граѓани на Европската Унија и чекор кон конечно губење на суверенитетот на европските главни градови, изјави денес секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу. Амбасадорите на ЕУ вчера одобрија заем од 90 милијарди евра за Украина и 20-тиот пакет санкции против Русија. – Горенаведените трошоци за финансирање на режимот во Киев ќе бидат ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ѝ наредил на американската морнарица да „пука и убива“ секој брод што поставува мини во Ормутскиот теснец. Во објава на неговата мрежа Truth Social, тој тврдеше дека неговите „миночистачи го чистат теснецот токму сега“. „И наредив на американската морнарица да пука и убива секој брод, без разлика колку е мал (нивните воени бродови се СИТЕ, сите 159 од нив, на дното на морето!), што ...

Иран сè уште има позначаен воен капацитет отколку што јавно признаа Белата куќа и Пентагон, според неколку американски функционери запознаени со разузнавачките информации. Според нив, околу половина од арсеналот на балистички ракети на Иран и придружните лансери останале оперативни на почетокот на прекинот на огнот на почетокот на април, објавува CBS News. Службениците исто така велат дека околу 60 проценти од поморските сили на ...

Препознатливиот градски фестивал Виноскоп годинава се враќа со јубилејното 15-то издание, со амбиција и оваа пролет повторно да биде едно од клучните градски случувања. Винската приказна од 13 до 17 мај 2026 година во градски парк на Школка повторно ќе ги обедини љубителите на доброто вино, музиката и урбаната култура, носејќи нова енергија и уште побогата програма. Во текот на изминатите години, Виноскоп прерасна во препознатлив градски ...

Протераниот син на последниот шах на Иран беше прелиен со црвена течност за време на прес-конференција во германската престолнина Берлин. A person threw tomato sauce on Iran's Crown Prince Reza Pahlavi in Berlin, Germany, today 🇩🇪🇮🇷 pic.twitter.com/hVQn94eP5L — Visegrád 24 (@visegrad24) April 23, 2026 Лицето осомничено дека ја фрлило течноста врз Пахлави е уапсено. Скај њуз објави дека Пахлави е опозициска фигура која се спротивставува ...

Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија информира дека, по спроведена постапка согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и важечките подзаконски акти, за директор на МРТ е избран Зоран Ристоски. – Во постапката беа разгледани вкупно шест пристигнати кандидатури. Изборот беше направен врз основа на квалитетот на предложените програми за работа, при што гласањето се одвиваше по принцип на анонимност – програмите ...

На Тумбе Кафе во Битола, на стотина метри од куќите, пронајдени се 1.067 неексплодирани убојни средства, рачни бомби и минофрлачки гранати, но има и тромблонски гранати останати од Првата Светска војна, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Во изјава за медиумите, Ангелов посочи дека според стручните лица на Дирекцијата за заштита и спасување се очекува да биде откриена поголема количина убојни ...

Лишени од слобода биле двајца романски државјани, откако во полиција било пријавено дека измамиле скопјанка и одзеле пари и златен накит. – Синоќа околу 19:30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР – Скопје ги лишија од слобода Ј.Г., на возраст од 35 години и еден малолетник, двајцата од Романија, постапувајќи по претходна пријава дека измамиле 83-годишна скопјанка. Според пријавеното, Ј.Г. дошол во домот на оштетената на ...

Семос Eдукација, во соработка со Стопанска банка АД Скопје и преку младинскиот банкарски пакет ТОПСИ, овозможува 20% попуст на избрани курсеви и академии за сите корисници на ТОПСИ картички, со цел да се олесни пристапот до практични дигитални знаења и вештини. Поволноста е наменета за млади на возраст од 14 до 28 години и опфаќа програми прилагодени на различни нивоа и интереси. За помладите (14–18 години), достапни се кратки и практични ...

Анализите покажуваат дека, освен семејно насилство, има и институционално насилство во системот – изјави министерот за здравство Азир Алиу на денешната собраниска седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, на која се разговара за спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и ...

Портпаролката на Владата Марија Митева денеска во врска со најавите на СДСМ дека ќе се повелечат од работната група за Изборниот законик ако се укине техничката влада истакна дека со ваквите најави лидерот на опозициската партија, Венко Филипче нема да успее да за скрие реалноста со која се соочува неговата партија и додаде дека сега се против нејзино укинување, иако во минатото биле согласни дека тоа треба да се направи. -Ваквиот обид на ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска го очекува извештајот за нерегуларностите утврдени на Филозофскиот факултет на УКИМ, на кој на студенти со тригодишни стручни студии во измиантите седум години, спротивно на законот, им било овозможено да запишуваат магистерски и докторски студии. По извршениот вонреден надзор иснепкторите донеле решение, по кое Филозофскиот факултет постапи, да им се прекинат студиите односно да им ...

Објавен е тендерот за избор на надзор за третата фаза од пругата кон Бугарија, а за 10-ина дена треба да биде објавен и тендерот за избор на изведувач, со што во текот на летото ќе почнат работите на терен – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред состанокот за активностите и плановите за проектите на Коридорот 8, кој се одржува во соработка со претставници на Делегацијата на Европската унија во Скопје. ...

„Макпетрол“ од полноќ ја намали малопродажната цена на течен нафтен гас за пет денари за литар, од 59 на 54 денари. Истовремено, во трговијата на големо е евидентирано намалување од десет денари за килограм, што во пресметка значи приближно пет денари за литар – изјави денеска на прес-конференција портпаролката на Владата, Марија Митева. – Она што е особено значајно е дека и другите компании на пазарот го следат овој тренд. Во малопродажба, ...

Американската војска инсталираше украинска технологија против дронови во својата клучна база во Саудиска Арабија во последните недели. Пет извори запознаени со ситуацијата потврдија за Ројтерс дека со овој потег, Пентагон се обидува да ги запре нападите кои досега уништија авиони и згради и одзедоа животи на најмалку еден американски војник. Станува збор за украинската платформа Sky Map. Нејзината инсталација во воздухопловната база Принц ...

Пратеничката и претседателка на ЛДП, Моника Зајкова, преку видео порака ги повика своите колеги пратеници уште денеска да појдат на нотар и да дадат изјава дека имаат исклучиво македонско државјанство. „Ајде колеги, сите на нотар со иста изјава – да се види дека е став, а не популистички потег. Или сте за само македонско државјанство или манипулирате. Јас не манипулирам, еве ја мојата нотарска изјава“, порача Зајкова. Иницијативата доаѓа ...

Бизарната дипломатска сапуница меѓу Вашингтон и Техеран продолжува. Откако американскиот претседател Доналд Трамп се пофали дека спасил осум демонстранти од сигурна смрт со бесење со својот личен апел до иранските власти, иранската амбасада во Република Јужна Африка објави порака што го запрепасти светот: „Ура, Трамп спаси осум луѓе создадени од вештачка интелигенција“. Hurray, Trump saved 8 AI-generated people. https://t.co/q9Tcbfht15 — ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека пратеничката група на СДСМ и коалицијата ќе се повлече од работната група за подготовка на Изборниот законик доколку власта продолжи со постапката за укинување на техничката, односно Пржинската влада. Тој посочи дека предлог-законот за измена на Законот за Влада, со кој се укинува Пржинската влада, претставува „автократски манир на владеење“ и оцени дека ваквиот чекор директно го загрозува ...

Европската Унија предупреди дека Европа се соочува со „многу сериозна криза“ поради падот на снабдувањето со гориво за авиони предизвикан од војната во Иран, што би можело да ги принуди патниците да ги променат своите планови за одмор ова лето, објави Скај њуз. „За жал, многу е веројатно дека одморите на многумина ќе бидат засегнати, или од откажувања на летови или од многу, многу скапи билети“, рече европскиот комесар за енергетика, Дан ...

СДСМ тврди дека зад концесијата за рудникот за антимон на локалитетот „Луке“ во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ и ја обвини Владата дека бизнис-проектот го претставува како „државниот интерес“. На денешната прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, рече дека антикорупцискиот тим на партијата дошол до податоци според кои концесионер на локалитетот е компанијата „РИ Енергетика Пела ДОО ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
3.27
21%
1017
weather icon

Белград

36ᴼ / 35ᴼ
3.58
34%
1017
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
2.67
37%
1018
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
3.39
35%
1019
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
2.7
32%
1017
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 32ᴼ
0.89
53%
1018
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
5.36
35%
1014
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
1.58
22%
1016
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
3.8
23%
1016
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 35ᴼ
2.68
39%
1018
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 37ᴼ
7.6
28%
1018
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 30ᴼ
5.76
100%
1017
Currency

61.6417

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Кобалт

56.29

Платина

51923.46

Сребро

1902.84

Родиум

249168.29

Иридиум

233896.68

Рутениум

49029.89

Калај

50.56

Цинк

0.00

Бакар

12.33

Алуминиум

3.20

Паладиум

38195.09

Злато

131072.82