Кинеските производители на автомобили сè повеќе се пробиваат во Европа и се обидуваат да ги победат локалните брендови дома. Ова е моментално случај во Германија, каде што BYD постигнува силен напредок. Ова е особено очигледно во седиштето на Opel во Риселсхајм, каде што пенетрацијата на BYD ја водат двајца поранешни менаџери на Stellantis. Тие се регионалниот директор на BYD за Европа, Марија Грација Давино, и директорот на BYD за Германија, ...

Руската влада одлучи да ја продолжи забраната за извоз на бензин до крајот на годината, освен за испораките извршени врз основа на меѓудржавни договори, изјави денес рускиот вицепремиер Александар Новак. Според него, паралелно ќе се воведе забрана за извоз на дизел гориво за компании кои не се производители, пренесува Интерфакс. Руските индустријалци предупредуваат дека забраната за извоз може да предизвика проблеми за самите производители. ...

Полска се подготвува да го промени законот за воени мисии во странство, така што нејзината армија може да соборува руски авиони, како што се беспилотни летала, над Украина без претходно одобрение од НАТО или Европската Унија, објави полскиот весник „Газета Виборча“. Се очекува нацрт-законот, поднесен од Министерството за одбрана во јуни, брзо да помине низ парламентарната процедура. Според стариот закон, претседателот можеше да одобри испраќање ...

Денеска попладне улиците низ Скопје беа исполнети со граѓани кои се собраа на протест во знак на солидарност и осуда за фемицидот што се случи во Велес. Организатор на протестот е движењето „Ниту една повеќе“, кое го повикува општеството и институциите да се справат со родово базираното насилство со максимална сериозност. Сара Миленковска, претставничка на движењето, истакна дека случајот во Велес не е изолиран инцидент. „Ова не се случува само ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, свечено ја отвори „Претседателската патека на славните“ пред Западното крило на Белата куќа, каде што се изложени портрети на сите американски претседатели. Патеката содржи црно-бели портрети во златна рамка, но со еден исклучок – наместо ликот на актуелниот претседател Џо Бајден, поставена е фотографија од автоматско пенкало (автопен). Советничката за комуникации на Трамп, Марго Мартин, објави видео од ...

Естонија денес воведе санкции врз Милорад Додик, поранешниот претседател на ентитетот Република Српска, заедно со поранешната молдавска пратеничка Ирина Влах, а на Додик не му требаше долго да го коментира случајот. Естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цахкна изјави дека санкциите се насочени кон лица кои го поткопуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на државите и поттикнуваат сепаратизам, со можност за забрана за патување ...

Естонија денеска воведе санкции врз Милорад Додик, неформалниот српски лидер во Босна и Херцеговина, и проруската молдавска политичарка Ирина Влах за водење сепаратистичка политика во тие земји. Информацијата ја сподели на неговиот X профил естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цахкна. „Естонија нема да ги толерира оние што го поткопуваат суверенитетот и го поттикнуваат сепаратизмот. Воведуваме санкции врз Ирина Влах и Милорад Додик. ...

По обраќањето на претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, пред Генералното собрание на Обединетите Нации, македонската делегација ја поздрави нејзината порака со аплауз – со еден исклучок. Единствен кој не се приклучи беше министерот за европски прашања, Орхан Муртезани. Според присутните, додека останатите членови на делегацијата аплаудираа, Муртезани цело време беше зафатен со неговиот мобилен телефон и не реагираше на ...

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, се обрати пред Обединетите Нации со порака дека европскиот пат на земјата предолго се одложува поради, како што рече, „субјективни националистички причини“, наместо поради реална проценка на исполнетите критериуми. Таа нагласи дека новиот услов за почеток на пристапните преговори – уставни измени – претставува наметнување кое ја доведува во прашање самата суштина на државниот ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на ОВР Дебар при што го посети и Граничниот премин „Блато“ кој се наоѓа во близината на Дебар. Министерот Тошковски со раководството на ОВР Дебар беше информиран дека безбедносната состојба во целиот регион е стабилна со значително подобрени резултати во справувањето со насилниот криминал, имотните деликти и унапредување на сообраќајната безбедност. На средбата ...

Зоолошката градина Скопје денеска упати јавно предупредување до граѓаните да внимаваат на лажни Фејсбук страници кои користат генерирани ВИ текстови и објавуваат измамнички наградни игри. Според објавата, ваквите страници имаат за цел да ги измамат корисниците преку собирање лични податоци, но и да се доберат до нивните финансиски средства со злоупотреба на банкарски картички. „Внимавајте, лажни Фејсбук страници со генерирани ВИ текстови ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на сесијата посветена на 30 годишнината од Светската програма за млади, што се одржа во рамки на 80. Генерално собрание на ОН. Таа укажа на потребата младите генерации да добијат заслужено место во оформувањето на иднината на Обединетите нации и ја потенцираше важноста на стратегијата Youth2030 како основа за активно, а не само симболично вклучување на младите во реформите на ОН на сите нивоа. ...

Во прилог на овој меил, Ви ја доставуваме целосната Претставка (вклучувајќи забелешки и правно мислење за противуставноста и политичката дискриминација на Нацрт-упатството за ППР) која Левица ја адресира до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупцијата и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, велат од ПП Левица. „Со ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им постави ултиматум на руските власти да ја запрат војната или „да најдат засолништа од бомби“, рече тој во интервју за новинската мрежа „Аксиос шоу“. Тој рече дека украинската војска нема да се двоуми да нападне центри на руска моќ, како што е Кремљ, доколку продолжат руските напади врз инфраструктурата и цивилите во Украина. „Тие треба да знаат каде се наоѓаат засолништата од бомби“, изјави тој, ...

Германскиот министер за одбрана предупреди дека сателитите на неговата земја се следени од руски сателити. Борис Писториус изрази загриженост поради два сателита „Луч/Олимп“ кои ги следат „Интелсат“ сателитите што ги користат германските сили и други. Тој на конференција за вселената во Берлин изјави: „Русија и Кина брзо ги проширија своите капацитети за војување во вселената во изминатите години. Тие можат да ги нарушат операциите на ...

Лишени од слобода три лица во Прилеп за предизвикување на општа опасност по чл.288 од кривичен Законик На 25.09.2025 во 10:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Ф.М.(38) од Битола, М.С.(56) и А.Н.(23), двајцата од Прилеп. Тие се сомничат дека на 24.09.2025 во населба Тризла во Прилеп намерно предизвикале пожар на дива депонија. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната против пожарна единица ...

Од цистерна што денеска се преврте на регионалниот пат Гевгелија–Богданци истекле околу 25 тони нафта, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Како олеснителна околност, Ангелов посочи дека нафтата се излеала во канал покрај патот, кој веднаш бил затрупан со песок со цел да се спречи понатамошно ширење и поголема штета. Претходно, Ангелов информираше дека претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала ...

Руската амбасада во Данска денес објави дека руската страна ги отфрла шпекулациите за вмешаност во инцидентот кога неколку беспилотни летала прелетаа над аеродромот во Копенхаген во вторникот, што доведе до негово затворање. „Очигледно е дека инцидентите поврзани со пријавените нарушувања на данските аеродроми се инсценирана провокација. Нема сомнение дека тие ќе бидат искористени како изговор за понатамошно ескалирање на тензиите во интерес на ...

Судскиот совет на Република Северна Македонија соопшти дека остро се спротивставува на користењето на судството за дневнополитички цели и порача дека судиите се самостојни и независни во донесувањето на одлуките. Секое надворешно коментирање на судските постапки, како што се нагласува, претставува недозволив упад во работата на судството. „Судиите, и покрај ограничените човечки и финансиски ресурси, вложуваат максимални напори за обезбедување ...

Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) во соопштение до медиумите реагира на одлуката на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) со која политичката партија Левица е исклучена од покривање на трошоците за медиумско претставување во кампањата за локалните избори. Од ГРОМ сметаат дека станува збор за скандалозна и недозволива одлука, имајќи предвид дека Левица е парламентарна и опозициска партија. „Во држава која е членка на ...

Радарот на Скопскиот аеродром утрово повторно е ставен во функција и проблемот е решен за само три дена. Сите безбедносни протоколи се испочитувани овие денови и сообраќајот се одвива безбедно. Проблемот постои триесетина години, зошто претходната Влада седум години не го решила проблемот и зошто не е инсталиран новиот радар кој е набавен, – истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при денешната ...

Новите канцеларии се симбол на „нови почетоци“ и јасна потврда за растот и стабилноста на компанијата, која повеќе од 13 години е сигурен снабдувач со електрична енергија за голем број компании, истакна главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски на брифингот со новинари на кој присуствуваше и заменик главниот извршен директор на PPC Групацијата, Џорџ Каракусис. „Нашата мисија отсекогаш била да понудиме решенија прилагодени на ...

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.Ц.(41) од Струмица, поранешен директор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица, В.М.(36) од Струмица, поранешен вршител на должноста директор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица и В.Т.(42) од Струмица, заповедник на затворска полиција во Казнено-поправната установа Затвор Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ...

Советот на министри одобри Одлука за обезбедување бесплатна хуманитарна помош на Република Северна Македонија во вкупен износ од 1.490.765 лева (766.940 евра) во врска со трагичниот инцидент во Кочани ноќта меѓу 15 и 16 март. Помошта вклучува: Советот на министри, исто така, усвоил Уредба со која се одобруваат дополнителни расходи во рамките на буџетот на Министерството за здравство за 2025 година во износ од 1.431.300 лева за воздухопловна ...

Опозициската СДСМ денеска ја презентираше Предлог-резолуцијата за утврдување на државните и национални позиции за продолжување на евроинтеграцискиот процес, со јасни рокови за спроведување на уставните измени. Лидерот на партијата, Венко Филипче, на прес-конференција истакна дека целта е да се искористи актуелниот моментум за проширување на Европската Унија до 2030 година и да се спречи натамошно заостанување на земјата зад другите кандидати. ...

Демократската Унија за Интеграција најостро реагира на тенденциозните наслови и интерпретации кои се појавија во дел од медиумите, со тврдења за наводна поделба на државата. Таквите квалификации се неточни и искривуваат јасна и недвосмислена порака. „Во изјавата беше потенцирано дека целта е Македонија да стане дел од Европската Унија, без притоа воопшто да се спомене поделба. ДУИ сака да потсети дека и покрај сите напади и пропаганда во ...

Не стивнуваат реакциите во јавноста по двојното убиство во Велес. По тврдењата дека судот, на барање на обвинителството, само пет дена пред грозоморното дело му ја укинал забраната на 39-годишниот скопјанец да го напушта домот и да се јавува во полиција, од Јавното обвинителство реагираа дека обвинителот не побарал укинување на сите мерки. Останала мерката за забрана за приближување до оштетените. На 21 мај годинава, Росица пријавила дека ...

Зоолошка градина Скопје информира дека неодамнешните информации за појава на животинска туберкулоза кај поединечни животни не претставуваат ризик за посетителите. Безбедноста на јавноста и грижата за животните остануваат врвен приоритет. Туберкулозата кај животни не е нова појава и може да се сретне и во природата, парковите или игралиштата. Преносот на ова заболување од животни на луѓе е исклучително редок и бара долг и директен контакт со ...

40 штеки цигари, 5 грама марихуана, 2.700 ќесички суплементи, 17 парфеми, 7.500 евра, 600 пакувања со вештачки трепки, 35 литри алкохолни пијалоци и разна друга стока е запленета во текот на изминатите денови, во случаи на откриени прекршочни дела, при што против сторителите е спроведена соодветна постапка. Најголем дел од случаите се откриени од мобилните тимови кои при контроли извршени на граничните премини и во внатрешноста на државата ...

Тешка судска грешка во Австрија предизвика големо внимание поради мешање на имињата, во полицискиот-центар за притвор во Линц погрешниот човек бил пуштен на слобода. Причината: двајца затвореници имале исто име и презиме – а датумите на раѓање очигледно не биле проверени. Вистински требало да биде ослободен 17-годишен осомничен за кражба. Наместо тоа, на слобода бил пуштен 30-годишен Македонец. Тој требало да сведочи во процес за обид за ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
58%
1024
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
56%
1025
weather icon

Загреб

16ᴼ / 10ᴼ
1.03
54%
1025
weather icon

Софија

13ᴼ / 11ᴼ
0.51
55%
1024
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
2.69
72%
1026
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
63%
1024
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
6.69
69%
1018
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
40%
1019
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
37%
1021
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
76%
1026
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
1.79
63%
1026
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
5.66
77%
1021
Currency

61.6117

Currency

53.5431

Currency

69.9606

Currency

34.8127

Currency

38.0334

Currency

66.1643

Currency

7.52102

Currency

0.66196

Currency

0.3488

Currency

0.52486

Currency

0.60355

Currency

1.27263