Полска од полноќ во среда ќе ги отвори граничните премини со Белорусија, кои ги затвори поради руско-белоруските воени маневри „Запад 2025“ што се одржаа во Белорусија од 12 до 16 септември, објави денес полскиот премиер Доналд Туск. „Заедно со министерот за внатрешни работи, кој денес ќе издаде декрет, одлучивме во четврток навечер да ги отвориме граничните премини за патен и железнички сообраќај, кои беа затворени поради воените маневри „Запад ...

Американскиот претседател Доналд Трамп штотуку сигнализираше оголема промена во неговиот став за војната во Украина. Објавувајќи на својата платформа Truth Social, тој вели: „Мислам дека Украина, со поддршка на Европската Унија, е во позиција да се бори и да ја ОСВОИ цела Украина назад во нејзината оригинална форма“. Ова е целосен пресврт за Трамп, кој претходно беше многу скептичен кон перспективите на Украина во војната и го критикуваше ...

На социјалната мрежа Фејсбук вечерва се појави и масовно се споделува вознемирувачка фотографија од СМС порака, за која се тврди дека е последен, очаен повик за помош, наводно испратен од неодамна убиената Росица К. од Велес до министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Автентичноста на пораката не е официјално потврдена, но нејзината содржина, во која се наведени и точни броеви на судски предмети, предизвика лавина од реакции и гнев во ...

Градот Битола повторно е потресен од вознемирувачки случај на масовно труење на улични животни. Утрово, зад старото Аурум, пронајдени се пет отруени кучиња, што предизвика голема загриженост кај граѓаните и здруженијата за заштита на животните. Труењето на животни е сериозно кривично дело, казниво според член 233 од Кривичниот законик. Покрај нехуманоста кон животните, ова претставува и сериозна закана за јавната безбедност, бидејќи отровот е ...

Палестинското раководство во егзил го прогласи постоењето на Државата Палестина во 1988 година. Палестинската држава сега е признаена од 157 од 193 земји-членки на ОН. Во недела, признанијата дојдоа од Обединетото Кралство, Канада, Австралија и Португалија, а во понеделник истото го сторија и Франција, Луксембург, Белгија, Малта, Сан Марино, Монако и Андора. Иницијативата на Франција и Саудиска Арабија за создавање решение за ...

Пожар кој започна во понеделникот, на 22.09.2025 година, во Шумско стопанската единица Брест, во близина на скопското село Малино Маало, се прошири на непристапен терен во Кумановско. Огнот е сѐ уште активен, а силните ветрови го отежнуваат гаснењето. Според извештајот на ЈП „Национални шуми“, пожарот бил пријавен од месното население, по што веднаш на терен излегле пет вработени од подружницата „Караџица“ од Скопје. Тие, заедно со локалните ...

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа говор на 80-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Тој зборуваше речиси четири пати подолго од предвиденото, а неговиот говор беше препознатлив – полн со лични пораки, напади врз климатската наука, критики кон европските земји за миграцијата и купувањето руска енергија и обвинувања против самата организација. Воведен говор: Златното доба на Америка Трамп го започна своето ...

Министерот за здравство Азир Алиу вечерва во емисијата Топ Тема на Телма изјави дека седумгодишното дете кое почина прво било третирано во приватна здравствена установа, по што било пренесено во Клиничката болница во Тетово. Алиу информира дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат веќе извршил надзор и доставил наод, кој ќе биде дополнително разгледан. „Утре ќе имаме наша експертска група која од клинички аспект ќе го анализира целиот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се пофали дека откако се вратил во Белата куќа во јануари, успеал да стави крај на седум вооружени конфликти ширум светот. Настапувајќи со својот прв говор пред Обединетите нации од 2020 година, Трамп изјави дека благодарение на неговата администрација биле прекинати судирите меѓу Камбоџа и Тајланд, Косово и Србија, Пакистан и Индија, Израел и Иран, Египет и Етиопија, Ерменија и Азербејџан, како и меѓу ...

Албанската министерка за внатрешни работи, Албана Кочиу, потврди дека го отпуштила својот заменик поради непочитување на забраната за пушење во американски ресторан. Таа напиша на Фејсбук дека ја отпуштила Анди Махила врз основа на жалба од албански државјанин кој живее во Њујорк дека Махила, која била во посета, пушела цигара во ресторанот „предизвикувајќи немир меѓу присутните“. Албана Кочиу е првата жена началник на полицијата во историјата ...

Американската компанија Мета, сопственик на социјалната мрежа Фејсбук, објави дека воведува асистент базиран на вештачка интелигенција (ВИ) во својата услуга Фејсбук Запознавање, која треба да им помогне на корисниците да ја запознаат својата сродна душа. Вештачката интелигенција може да им предложи на корисниците, на пример, да пребаруваат „девојка од Бруклин која работи во технолошката индустрија“ или да го подобрат профилот на корисникот за ...

Во македонските затвори и понатаму постои сериозен проблем со корупција и недозволени предмети, призна в.д. директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. На денешната Меѓународна научна конференција организирана од Факултетот за безбедност – Скопје, Пандов истакна дека во изминатата година, откако ја води Управата, имал бројни средби со обвинители и судии и дека несомнено е дека во затворскиот систем постои корупција. „Од она ...

Експертите велат дека постои 90 проценти веројатност дека во следната деценија, астрономите ќе забележат експлозија во длабоката вселена што ќе потврди неколку долгогодишни теории за црните дупки – и што ќе ја открие целосната колекција на сите честички што постојат, познати и непознати. Тоа е заклучокот на новата студија на физичарите од Универзитетот во Масачусетс Амхерст (UMass Amherst), кои предлагаат дека овие експлозии го означуваат смртта ...

Русија во вторник изјави дека не била вклучена во летовите на беспилотни летала над аеродромот во Копенхаген што го блокираа воздушниот сообраќај четири часа. „Секој пат слушаме неосновани обвинувања“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Данските власти во вторник го осудија „сериозниот напад“ врз инфраструктурата на земјата, а премиерката Мете Фредериксен изјави дека „не ја исклучува“ одговорноста на Русија. Данската полиција започна ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска најави дека во четврток ќе биде објавена драфт верзијата на Резолуцијата за црвените линии и преговори со ЕУ која партијата ја подготвуваше изминатиот период. „Многу внимателно пристапивме кон овој процес. Темата е чувствителна и бараше консултации со бројни експерти од правото и меѓународното право. Во четврток ќе ја презентираме работната верзија – наш предлог, кој го ставаме на маса за сите ...

Една од поубавите глетки што треба да го краси градот Гостивар, реката Вардар, деновиве е речиси целосно пресушена. Наместо силен тек, остана само суво корито полно со камења, а вода има само во неколку помали бари. Овој тажен пејзаж покажува дека природата и локалните власти имаат итен проблем за решавање. Ова не е само последица на летните горештини, туку и на долгогодишната негрижа. Коритото е полно со ѓубре, а бреговите се обраснати со ...

Од ВМРО-ДПМНЕ попладнево испратија реакција на соопштението на Здружението на јавни обвинители и Здружение на судии. Како што велат, ја виделе реакцијата на судиите и обвинителите и мислеле дека ќе прочитаат нешто повеќе посериозно и потемелно. „Кога тие гледаме самите си кажаа што е причината што вака работат. Ниските плати. Со тоа во нивната совест си ги оправдуваат погрешите одлуки и постапки, веројатно дел од нив од истите причини и земаат ...

Во Велика Британија ќе биде воведено ново правило за матичните лекари откако 27-годишна жена беше пропуштена со рак. Џесика Брејди го контактирала својот матичен лекар повеќе од 20 пати затоа што се чувствувала лошо, објавува Би-Би-Си. На лекарите во Англија сега им се советува да „размислат повторно“ ако пациентот дојде кај нив три пати со исти симптоми и не можат да постават дијагноза или нивните симптоми се влошуваат. Inspired by the legacy ...

Србија јасно пропиша задолжителна опрема што секое патничко возило (категорија М1) мора да ја има според Законот за безбедност во сообраќајот и релевантните прописи. Оваа опрема не е луксуз – таа е законска обврска и е неопходна за безбедноста. На пример, според прописите, дефинитивно мора да ги имате следниве предмети: Резервно тркало или комплет за брзо поправање гуми – резервно тркало со гума со иста големина и носивост како главните тркала е ...

Нутриционистите со години нагласуваат дека овошјето е основа на балансирана исхрана. Истражувањата, исто така, ја утврдија оптималната количина: околу две порции овошје и три порции зеленчук дневно се поврзани со помал ризик од прерана смрт. Експертите од Американската асоцијација за срце веруваат дека целото овошје има предност во однос на соковите. Во пракса, наместо да се бара „совршена“ храна, корисно е да се вклучат овие пет групи овошје ...

Тајната служба на САД соопшти дека демонтирала мрежа од софистицирани електронски уреди во областа на Њујорк кои биле користени за заканување на американски владини претставници додека странските лидери се собираат за Генералното собрание на ОН оваа недела. Уредите биле запленети во радиус од 56 километри од седиштето на ОН, каде што претседателот на САД, Доналд Трамп, треба да одржи говор во вторник. „Првичната анализа укажува на мобилни ...

Поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување по задолжение за отстранување на истите, Министерството за образование и наука информира дека е донесена одлука за привремено запирање на работата на приватната висока стручна школа – Факултет за бизнис економија во Скопје. Нерегуларностите се констатирани од страна на посебна комисија во рамки на МОН за вршење надзор над законитоста во работењето, а одлуката за времено запирање на ...

Јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопје“ се соочува со енормно зголемени количини на одложен комунален, кабаст и градежен отпад, како во самите контејнери, така и во нивната непосредна околина, односно на јавни и сообраќајни површини. Од претпријатието соопштуваат дека токму поради ова може да се случи на одредени локации да има доцнења при собирањето и транспортот на отпадот. Жителите на главниот град веќе подолго време реагираат на ...

Германската полиција интензивно бара маж кој нападнал и силувал 20-годишна девојка во приморскиот центар Гремиц, во округот Остхолштајн. Злосторството се случило под закрила на ноќта, а полицијата сега бара помош од јавноста за идентификување на сторителот. Истражителите објавија фотографија од осомничениот, објавува Bild.de. Нападот се случил ноќта помеѓу 11 и 12 август годинава, околу 1 часот по полноќ, на улицата Хафкамп. Непознат маж, кој ...

Замислете да откриете дека вашиот татко е еден од најзлобните сериски убијци во американската историја. Токму тоа ѝ се случи на Кери Росон во 2005 година, кога нејзиниот татко, Денис Радер, беше уапсен среде работен ден. Навидум обичниот семеен човек, претседател на црковниот одбор и поранешен водач на извидниците беше разоткриен како озлогласениот убиец БТК, одговорен за десет грозоморни убиства помеѓу 1974 и 1991 година. „Мојот татко, убиец ...

ВО ДЕНЕШНИОТ свет, каде што сопствениците на бизниси се борат да го привлечат вниманието на клиентите на социјалните медиуми, истакнувањето е вистински предизвик. Угостителската индустрија е особено тешко погодена од пандемијата, а многумина сè уште се борат да работат, пишува Bored Panda. Сепак, има и такви кои пронашле победничка формула. Еден ресторан во Тексас го погоди клинецот во главата со својот маркетиншки пристап и докажа дека ...

Револтирани од, како што велат, игнорантскиот однос на институциите кон пријавите за физичко и психолошко насилство и закани, група граѓанки и граѓани најавија блокада на сообраќајот во центарот на Скопје. Акцијата е закажана за овој четврток во 18 часот на раскрсницата кај Паркот „Жена борец“. „Време е за организирање и здружено делување. По минатонеделниот протест Ниту една повеќе, повикуваме на блокада. На раскрсницата кај Жена борец сакаме ...

Илон Маск, технолошкиот милијардер, долго време е отуѓен од својот татко, Ерол Маск, кој во последниве години станува сè погласен за своето семејство и деловните потфати поврзани со познатото презиме, објавува „Њујорк тајмс“. Истрагата на „Њујорк тајмс“ откри дека клучната причина за раскинувањето на врската на Илон Маск со неговиот татко лежи во сериозните обвинувања за сексуална злоупотреба на деца против Ерол Маск. Според личните писма, ...

Цената на златото се зголеми за 0,22 проценти утрово, достигнувајќи рекордно високо ниво од 3.184 евра (3.755 долари) за унца во 9:30 часот наутро по средноевропско време. Цената на златото флуктуираше помеѓу 2.150 евра (2.536,91 долари) и 3.184 евра (3.755 долари) за унца во текот на изминатите 12 месеци, што е зголемување од 42,8 проценти. Пазарните очекувања за понатамошно намалување на каматните стапки од страна на Федералните резерви на САД ...

Генералниот секретар на НАТО изјави дека одлуките за тоа дали да се соборат авиони што го нарушуваат воздушниот простор на НАТО се донесуваат врз основа на достапните разузнавачки информации и проценка на потенцијалниот ризик, а руските авиони што влегоа во естонскиот воздушен простор се оценети како не претставуваат непосредна закана. Руте одржа прес-конференција по состанокот на Северноатлантскиот совет, составен од амбасадори од ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
63%
1023
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
1.54
55%
1024
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
2.06
57%
1024
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
1.03
57%
1024
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
3.38
75%
1025
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.51
67%
1023
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
7.2
73%
1018
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
37%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
40%
1020
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
4.12
76%
1024
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
2.06
61%
1025
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.69
94%
1021
Currency

61.6117

Currency

53.5431

Currency

69.9606

Currency

34.8127

Currency

38.0334

Currency

66.1643

Currency

7.52102

Currency

0.66196

Currency

0.3488

Currency

0.52486

Currency

0.60355

Currency

1.27263