Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 41 степен. До сабота (26.07) ќе се задржи сончево и многу топло време со мала ...

Општина Чаир станува една од најжешките политички точки на претстојните локални избори. Двајца добро познати политичари, Бујар Османи од ДУИ и Изет Меџити од ВЛЕН, највеојатно ќе се соочат во директна пресметка за градоначалничката позиција, со што се очекува една од најдинамичните изборни кампањи годинава. Бујар Османи, скорешен министер за надворешни работи, во трката влегува со силна поддршка од својата партија и долгогодишно политичко ...

Шумочуварите на Национални Шуми од подружница Осогово Крива Паланка, во заедничка акција со МВР вчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини, на 2000 метри надморска височина, во месноста наречена Алтн врв, место на кое безмалку и да нема движење на луѓе пронајдоа и отстранија повеќе од триесетина на куп нафрлани автомобилски гуми, картон за потпалување, внатрешни гуми како и суви борови стебла и гранки подготвени за палење и ...

Ј.П. Водовод и канализација – Скопје информира дека и денеска се продолжува со енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, што предизвикува повторно нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем. „Како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот. Имајќи го предвид фактот дека градот Скопје се снабдува од природен извор ...

Асоцијацијата на приватни градинки „Полет“ предложи државата да го субвенционира престојот на 1.260 деца во 20 приватни градинки низ земјава, со буџет од 3,78 милиони евра. „Секоја вклучена фамилија би добила ваучер од 250 евра месечно, што би покрило најголем дел од трошоците за престој. Посебно е значајно што 5 до 10 отсто од децата би биле од ранливи категории, за кои престојот ќе биде целосно бесплатен“, изјави за „Сакам да кажам“, Билјана ...

Косово отвора летен граничен премин со Македонија. Ова го објавија косовските власти кои истакнаа дека граничниот премин Растелица – Стразимир на границата со Македонија ќе биде отворен од 25 јули до 25 септември. Според информациите, граничниот премин, кој се наоѓа во југозападниот дел од земјата, ќе работи секој ден од 8:00 до 20:00 часот (локално време), со цел „да се олесни преминот на граѓаните на двете земји за време на прометната летна ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вчера испратил писмо со кое побарал итно мислење од Венецијанската комисија на Советот на Европа за нацрт-законот за соодветна и правична застапеност на Република Северна Македонија. Според најавите, мислењето ќе биде доставено за усвојување на 144-та пленарна седница на Венецијанската комисија, која ќе се одржи на 9 и 10 октомври 2025 година во Венеција, дознава 4NEWS.mk Со ова барање, Владата сака ...

Администрацијата на Доналд Трамп во понеделник објави повеќе од 230.000 страници декласифицирани доверливи документи поврзани со атентатот врз Мартин Лутер Кинг помладиот во 1968 година . Објавувањето се случи и покрај загриженоста изразена од семејството на лидерот за граѓански права. Трамп издаде извршна наредба на 23 јануари за декласификација на илјадници владини документи поврзани со атентатите од 1963 година врз претседателот Џон Ф. ...

Доналд Трамп беше „изненаден“ од неодамнешните израелски воздушни напади во Сирија и врз католичка црква во Појасот Газа и го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во двата наврати, изјави неговата портпаролка Каролин Левит во понеделник. „Во двата случаи, тој брзо го повика премиерот Нетанјаху за да ги поправи овие ситуации“, рече портпаролката. „Во врска со Сирија, видовме деескалација“, продолжи Левит, додавајќи дека „претседателот ...

Управата за заштита на податоци на Хонг Конг во понеделник соопшти дека истражува повреда на податоци во која се вклучени околу 419.000 клиенти на Луј Витон , бидејќи брендот се соочува со серија повреди во неколку земји. Според Управата за заштита на податоци на Хонг Конг, протечените информации вклучуваат имиња, податоци за пасош, адреси и е-адреси, како и телефонски броеви, историја на купувања и преференции за производи. „Ниту една ...

Во близина на албанскиот град Драч, на плажата кај Каваја, попладнево трагично животот го загуби 66-годишен македонски државјанин. Како што информира албанската полиција, несреќата се случила околу 19 часот, кога мажот влегол во морето и набргу потоа доживеал срцев удар. Според првичните информации, тој се удавил непосредно по влегувањето во вода. Очевидци веднаш се упатиле кон телото на давеникот, а на местото пристигнала и екипа на итната ...

Словенија денеска беше зафатена од силно невреме со обилни врнежи од дожд и налети на ветер кои достигнувале брзина до 80 километри на час, што предизвика значителни проблеми во снабдувањето со електрична енергија. Според јавниот сервис РТВ Словенија, повеќе од 7.400 потрошувачи во областа Љубљана останале без струја. Компанијата Електро Љубљана соопшти дека поради невремето без електрична енергија останале и 2.049 потрошувачи во Трбовеље и 212 ...

Десетина патници од летот ТК1005 на релација Истанбул – Скопје вечерва останаа на аеродромот во Истанбул, откако авиокомпанијата Turkish Airlines не успеа навреме да ги информира за промените на гејтот. Според сведочења на патниците, гејтот за летот бил променет четири пати, а последната промена од B9A на F7 била соопштена само усно од страна на операторот на гејтот. Веднаш потоа, летот исчезнал од информативните табли на аеродромот, што ...

На 22 јули 2025 година, поради одржување велосипедски трки, ќе има целосно запирање на сообраќајот на неколку регионални патишта во земјава, информира Министерството за внатрешни работи. Од 08:00 до 16:00 часот ќе се одржи трката ХРОНО, поради што сообраќајот на регионалниот пат од раскрсницата за с. Драгоманце до Меморијалниот центар АСНОМ во с. Пелинце ќе биде целосно запрен. Од 08:00 до 17:00 часот, во ист ден, ќе се обезбедува велосипедски ...

Повеќе од 5,2 милиони базени продадени во Соединетите Американски Држави и Канада во текот на изминатите две децении се повлечени откако беа пријавени девет случаи на давење на деца, според Комисијата за безбедност на потрошувачки производи на САД (CPSC) и Здравство на Канада. Повлекувањето се однесува на одредени модели на базени произведени од „Бествеј“, „Интекс рекреација“ и „Полигруп“, кои се продаваа преку големите малопродажни синџири од ...

На 21.07.2025 година, до 21:00 часот, регистрирани се вкупно 29 пожари, информираат од ЦУК. 5 се активни, 6 се под контрола, 18 се изгаснати. АКТИВНИ ПОЖАРИ: • Општини Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Мал Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација) • Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева) • Општина Македонски Брод – помеѓу селата Локвица и Крапа ...

Пензионираниот офицер Милан Р. (75) е осомничен дека ја убил својата сопруга Миланка Р. (74) во семејниот дом во село близу Ниш. Според српскиот портал Курир.рс, трагедијата се случила утрово, кога Милан наводно ја избодел до смрт со нож. Според изјави на соседите, немало претходни знаци на кавга или семејни проблеми меѓу сопружниците. „Многу ми е тешко, тие беа добри луѓе. Отидов кај нив дома, и на кафе и ракија. Добри луѓе. Тој работеше како ...

Денес, Претседателот на Демократската унија за интеграција, г‑дин Али Ахмети, свика редовна седница на Централното Претседателство, на која се разгледаа актуелните политички случувања во државата, како и подготовките за претстојните локални избори. „На оваа седница, високо се оцени заложбата на раководството на ДУИ за креирање на широко меѓупартиско сојузништво, со цел заеднички настап на локалните избори, во служба на граѓанските интереси и за ...

Цените на златото скокнаа до 3.390 долари за унца, достигнувајќи го највисокото ниво од средината на јуни, бидејќи послабиот американски долар и падот на приносите од државните обврзници ја поттикнаа побарувачката за скапоцениот метал во услови на зголемени трговски тензии. Министерот за трговија на САД, Хауард Латник, изрази оптимизам за постигнување договор со ЕУ, но предупреди дека крајниот рок за царини на 1 август е „тежок рок“, објави ...

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир, како претставник на коалицијата Европски фронт. За градоначалник на Тетово, кандидат ќе биде Бајрам Реџепи, кој исто така ќе настапи под капата на оваа коалиција. Имињата беа официјално соопштени денеска, по завршувањето на 21. седница на Централното претседателство на ДУИ, ...

Едноиполгодишно дете од селото Заполжани, општина Долнени, било донесено во безсознание во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп на 20 јули, околу 20:30 часот. Според изјавата на родителите, детето било пронајдено во базен во нивниот двор. По укажаната итна медицинска помош, детето било префрлено на понатамошно лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на ...

На 21.07.2025 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 16 пожари на отворен простор, информираат од ЦУК. 7 се активни, 4 се под контрола, 5 се изгаснати. АКТИВНИ ПОЖАРИ: Општини Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, кај Готен планина и Малешевски Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација) Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација) Општина Македонски Брод – помеѓу селата Црешнево, ...

Еден авион ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно дејствуваше попладнево со повеќе налети врз пожарот кој беснее во близина на Преспанското Езеро, додека вториот ер-трактор беше ангажиран на фронтот кај Желино и селото Еребино, каде огнената стихија зафати голема површина од сува вегетација и нискостеблеста шума, инфомираше директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Покрај авионот, во акцијата за гаснење на пожарите е вклучен и ...

Македонија денеска се соочи со екстремно високи температури. Највисока измерена температура од 41°C е регистрирана во Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци и Демир Капија, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температури од 40°C се измерени на Зајчев Рид во Скопје и во Гевгелија, додека 39°C се забележани во Битола, Штип и Струмица. Тетово и Виница денеска достигнаа 38°C, Прилеп 37°C, Крива Паланка 36°C, а во Охрид и Претор ...

За време на топлотен бран, многу луѓе користат клима уред. Сепак, постојат работи што треба да се избегнуваат за да се постигне најдобра ефикасност и да не се троши непотребно енергија. Да се претвори домот во фрижидер кога надвор е пеколно, може да изгледа примамливо, но тоа не е најпаметен потег ако сакате клима уредот да остане во добра состојба. Всушност, можно е да правите грешки кои може да го оштетат системот за ладење на домот – и на ...

Според декрет потпишан од рускиот претседател Владимир Путин, странските бродови ќе треба да добијат одобрение од руската разузнавачка служба ФСБ за пристап до пристаништата во Русија. Според декретот, ФСБ, наследникот на советскиот КГБ, ќе биде должен да ги потврди одобренијата од пристанишните власти за влез на странски бродови. Новите мерки стапија во сила веднаш по објавувањето на одлуката. Правилата за влез претходно ги утврди ...

Попладнево изби голем пожар во отпад за автомобили на улицата „Индустриска“ во Куманово, потврдија од Територијалната противпожарна единица на градот. На терен интервенирале три противпожарни возила, а огнот бил видлив од поголема оддалеченост и од повисоките делови на Куманово. „Во моментов, пожарот е ставен под контрола. На терен сме со две екипи и две возила. Пожарот е локализиран и наскоро ќе биде целосно изгаснат. Горат каросерии од стари ...

Кремљ денес соопшти дека Москва е за нова рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина , но позициите на двете страни се дијаметрално спротивни и затоа мора да се заврши многу дипломатска работа. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека Киев доставил предлог до Москва за одржување нова рунда мировни преговори оваа недела и дека сака да ги забрза преговорите за прекин на огнот. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ...

Велешанец кој со своето возило „БМВ“ влечел најверојатно расипан „пинцгауер“ – модифицирано борбено возило за гаснење пожари, учествувал во тешка сообраќајна несреќа во која се повредени тројца лица. Како што информира МВР, несреќата се случила синоќа околу 23 часот на регионалниот пат Штип–Велес. Во сударот учествувале три возила: „Тојота“, управувана од 66-годишниот Б.И. од Велес, „Лада“, управувана од Л.Б. (31) од Башино Село, и „БМВ“ ...

Француската жандармерија го опиша овој инцидент како еден од најневообичаените досега. Во раните утрински часови на 5 јули, маж на околу 60 години, заедно со неговата 62-годишна сопруга и 22-годишна ќерка, застанал на бензинска пумпа во Памплона, на автопатот А10 во централна Франција, за да наполнат гориво. Било околу 4 часот наутро кога сопругата излегла за да оди во тоалет, но ни мажот ни ќерката не забележале дека таа не се вратила во ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
53%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
6.17
81%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 17ᴼ
0.51
94%
1008
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
7.72
64%
1016
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
5.67
63%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
98%
1009
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
0.45
53%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
73%
1016
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
65%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
66%
1018
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
4.63
92%
1007
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
83%
1017
Currency

61.54

Currency

52.6113

Currency

71.1425

Currency

34.7556

Currency

37.9725

Currency

65.9533

Currency

7.38768

Currency

0.62047

Currency

0.35675

Currency

0.52533

Currency

1.27435

Currency

0.5964