Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, изразувајќи почит кон неговата улога како глас на разумот и правдата во време на големи глобални предизвици и тектонски промени во меѓународниот поредок. Според неа, водството на Гутереш отвора простор за спроведување на потребните реформи на светската организација, а одличното партнерство со тимот на ОН во земјава, резултира ...

СВР Скопје го расчисти случајот со турскиот државјанин М.А.О.(61), за кој вчера (23.09.2025) околу 16:40 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ беше пријавено дека бил донесен со тешки телесни повреди од страна на едно лице со приватно возило, кое откако го оставило повредениот, заминало со возилото, а повредениот набргу починал. Од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје преземени се соодветни мерки и ...

Вкупно 111 граѓани учествувале во лекарските скрининг процедури по пожарот во Трубарево. Од нив, 11 ќе продолжат со дополнителни прегледи на Клиниката за пулмологија, додека останатите немаат потреба од понатамошен третман, соопшти вечерва министерот за здравство, Азир Алиу. Додаде дека граѓаните кои се упатени на дополнителни пулмолошки испитувања се повозрасни. Алиу апелира сите граѓани кои чувствуваат кашлица, главоболки или отежнато дишење ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска од Аеродром изјави дека премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го доведоа Скопје до пропаст и го оставија главниот град во државата да тоне во хаос. „Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со својата неспособност и себичност ги оставија скопјани да тонат во ѓубре и хаос. Градот е вратен назад во развојот. Четири години, Мицкоски и неговата партија го блокираат Град Скопје, а денес се ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати во Обединетите нации во Њујорк. Вучиќ на почетокот рече дека му е голема чест да се обрати на седницата во име на Србија. „Оваа година го одбележуваме осумдесетгодишниното од постоењето на светската организација. Во тој период, Обединетите нации биле рамка за дијалог, соработка и солидарност меѓу народите, без која не би било можно да се реагира на предизвиците на денешното време. Само со ...

Поранешен руски функционер Борис Авакјан, кој во вторник побегна од судот во Санкт Петербург, е пронајден мртов во Ерменскиот конзулат сместен на градскиот остров Васиљевски, известуваат руските медиуми. Според локалниот медиум Fontanka, Авакјан некогаш ја водел најголемата царинска брокерска компанија во Великиот пристанишен град Санкт Петербург. Кариерата во државната служба ја започнал во 2010 година како заменик на раководителот во ...

Спасувачките служби објавија дека 20 лица се повредени на југот на Израел откако израелската армија потврди дека имало напад со беспилотно летало од Јемен, објави Би-Би-Си. Израелските одбранбени сили соопштија дека дронот го погодил градот Еилат на Црвеното Море, иако биле вложени напори за пресретнување на дронот. Службата за итни случаи „Маген Давид Адом“ соопшти дека 20 лица се однесени во болницата „Јосефтал“, од кои две се со сериозни ...

Натпреварувачката комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за суспензија на стадионот во Чаир на неодредено време, сè до носење на конечна одлука на Дисциплинската комисија. Истовремено, против ФК Шкупи 1927 е покрената дисциплинска постапка и предметот е предаден на Дисциплинската комисија на ФФМ. Причина за одлуката се сериозните инциденти на натпреварот од 7. коло во Прва МФЛ, меѓу ФК Шкупи и ФК Македонија ЃП, кога ...

Бизнис моралот во Германија неочекувано падна во септември, покажа ново истражување на институтот Ифо во среда, што дополнително ги продлабочува загриженостите кај бизнис заедницата дека владата на канцеларот Фридрих Мерц нема да го исполни ветениот економски пресврт. Според податоците, индексот на деловната клима падна на 87,7 поени, од ревидираните 88,9 во август. Аналитичарите очекуваа благ раст, поттикнат од најавите за голем фискален ...

Можете ли да замислите дека во САД постои град кој гори 60 години и ќе продолжи да гори уште 250? Тоа е мал град сместен во срцето на Пенсилванија и прошаран со бројни рудници за јаглен. Секоја година пред Денот на сеќавањето, градот го горел целото ѓубре на депонијата, но во 1962 година се случил инцидент и пожарот се проширил во блискиот рудник. Обидите за гаснење на огнот биле неуспешни и тој се раширил во огромната мрежа на подземни ...

Хантингтоновата болест, разорна наследна болест, е успешно третирана за прв пат благодарение на пробивот во генската терапија. Оваа болест, предизвикана од дефектен ген, постепено ги уништува мозочните клетки, што доведува до деменција, парализа и смрт. Децата на пациентите имаат 50% шанса да ја развијат болеста, која досега беше неизлечива. Во клиничко испитување спроведено во Велика Британија и САД, генската терапија успеа да го забави ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа остар говор во Њујорк пред Генералното собрание на Обединетите нации, повикувајќи ги светските лидери да преземат итни мерки против Русија. Неговиот говор следеше кратко по промената на ставот на Доналд Трамп, кој рече дека Украина може да ја врати целата своја територија. „Само пријателите со оружје можат да нè заштитат“ Зеленски го започна својот говор со прагматична порака, истакнувајќи дека во ...

Најмалку три лица се повредени во пукотница во канцеларијата на американската имиграциска и царинска служба во Далас рано утрово, изјави вршителот на должноста директор на ICE, Тод Лионс. „Прелиминарните информации се дека можеби станува збор за снајперист“, рече Лионс. Според првичните информации, повредени се три лица. „Не сме сигурни за нивната состојба. Тие се однесени во болница“, беше објавено. Голем број полицајци и брза помош се на ...

Густ чад се издигна над Прилеп попладнево, а според првичните информации од Дирекцијата за заштита и спасување, во пожар се зафатени купишта отпад на влезот во градот. Станува збор за локација каде што локални жители подолг период фрлале ѓубре, кое во моментов гори. Противпожарната единица од Прилеп е излезена на терен и интервенира во гаснењето на пожарот, информираат од ДЗС. Од Дирекцијата додаваат дека во моментов низ земјата се активни околу ...

Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за одлуката на Владата за утврдување на бројот на членови на советите на општините, за која беа поднесени три иницијативи. Подносителите, меѓу кои се Скендер Реџепи, Ќенан Алија и пратеници од „Европски фронт“, тврдат дека Владата ја донела одлуката без законско овластување и спротивно на Законот за локална самоуправа, користејќи укината методологија од Пописот 2021. Според ...

Истрагата за четири лица и нелегален каменолом од страна на Обвинителството на Херцегованско-неретванската жупанија е при крај, речиси една година по трагедијата во која 19 лица загинаа во поплави, одрони и песочни бури во Доња Јабланица во северна Херцеговина. „Истрагата е во завршна фаза и очекуваме наскоро да биде завршена, а дали ќе биде поднесено обвинение ќе зависи од анализата на резултатите од проверките, наодите на експертите и ...

Стотици вработени кои беа отпуштени во бранот на намалување на трошоците предводен од Илон Маск сега се замолени да се вратат на своите работни места во американската влада и јавните институции. Администрацијата за општи услуги (GSA) им даде рок до крајот на неделата да ги прифатат или одбијат понудите за враќање на работа, според интерен меморандум до кој дојде Асошиејтед Прес. Оние кои ќе прифатат мора да се јават на работа на 6 октомври, ...

ЕДС официјално ги отвори своите нови канцеларии во Скопје, со свечен настан кој собра голем број гости од бизнис-заедницата, клиенти на компанија и медиумите. Настанот означува важен нов почеток за компанијата, која е дел од водечката енергетска групација PPC во Југоисточна Европа. Главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски, во своето обраќање истакна дека изминатите години ЕДС покажа дека за своите клиенти е повеќе од снабдувач со ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на годинашниот самит „Конкордија“, којшто секоја година се одржува паралелно со Генералното собрание на ОН. Сиљановска-Давкова во обраќањето рече дека она што се ОН за светот, ЕУ е за Европа, мултилатерален проект со една врвна цел: мир на континентот и нагласи дека тоа се постигнува преку проширувањето врз основа на Kопенхагенските критериуми: демократија, владеење на правото, човекови права ...

Иако се парламентарни партии со сопствени пратенички групи и повеќе од пет пратеници, Левица и ЗНAM нема да имаат право на платено политичко рекламирање на телевизиите. Парадоксално, право на медиумски простор ќе добијат и помали партии со помалку пратеници, потврди Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). „Нацрт-упатството е такво какво што е затоа што е таков изборниот закон. Ние ова упатство го донесовме во консултација со ...

Турската кинематографија беше во фокусот на 46. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој годинава му ја додели специјалната Златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност на еден од најистакнатите турски режисери, сценаристи и продуценти – Семи Капланоглу. Авторот на познатата „Трилогија за Јусуф“ (Јајце, Млеко, Мед), награден со „Златна мечка“ на Берлиналето во 2010 година, ја прими наградата во ...

Британската Национална агенција за криминал (NCA) денеска соопшти дека е уапсен маж на околу 40-годишна возраст во врска со големиот кибер-напад што предизвика повеќедневен хаос и стотици одложени летови на неколку европски аеродроми, вклучително и лондонскиот „Хитроу“. Според агенцијата, мажот бил уапсен во Западен Сасекс како дел од истрагата за „кибер-инцидент кој ја погоди компанијата Collins Aerospace“. Проблемите на аеродромите настанаа ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против С.А., на работно место полицаец во Полициска станица од општа надлежност Велес, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик. С.А. на 31.08.2025 со намера да вознемири или ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, од говорницата на самитот „Конкордија“ во Њујорк, упати остра порака до Европската Унија, обвинувајќи ја дека го изневерува принципот на мултилатерализам на сопствениот континент и дека процесот на проширување го претворила во тест за сопствениот кредибилитет. Обраќајќи се на собирот што се одржа на маргините на Генералното собрание на ОН, претседателката нагласи дека ЕУ, како проект за мир базиран на ...

Шпанскиот судија што истражува наводна злоупотреба на јавни средства од страна на сопругата на шпанскиот премиер ја заврши својата истрага и побара Бегоња Гомез да биде изведена пред суд, објави агенцијата Франс Прес, повикувајќи се на судски документи. Судијата Хуан Карлос Пеинадо верува дека асистент назначен од канцеларијата на премиерот Педро Санчез да ѝ помага на неговата сопруга, исто така, ѝ помагал во нејзините надворешни професионални ...

Шпански воен авион во кој се наоѓаше министерката за одбрана Маргарита Роблес претрпе „нарушување“ во GPS сигналот во среда наутро. Авионот летал во близина на руската енклава Калининград на пат кон Литванија во времето на инцидентот, соопшти министерството, без да даде дополнителни детали. Покрај Роблес, во авионот биле и роднини на шпанските пилоти кои се дел од новата мисија за воздушна одбрана на НАТО на источното крило, која беше започната ...

На денешната прослава по повод 24-годишнината од своето постоење, Централниот регистар истакна дека е една од првите институции која се приклучи кон платформата за интероперабилност, овозможувајќи размена на податоци помеѓу институциите на стандарден, безбеден и унифициран начин. Ова значи услуги без хартија, без чекање и без непотребна администрација. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека Централниот регистар ...

Индонезискиот претседател Прабово Субианто одржа говор на Генералното собрание на Обединетите нации, а неговите зборови беа поздравени со огромен аплауз од многу присутни. На почетокот од своето обраќање, тој рече дека сите се собрани тука пред сè како луѓе, без разлика. „Ние сме од различни вери, раси и нации, но сме тука заедно како едно човечко семејство. Ние сме тука како човечки суштества. Сите сме создадени еднакви со нашите права да ...

Говорите на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) се однесуваат на безброј аспекти од човековото постоење. Но, вчера, еден светски лидер се истакна со оддавање почит на коњот, објавува Асошиејтед Прес. „Коњите се составен дел од човечкиот живот, културата и цивилизацијата од памтивек“, рече монголскиот претседател Курелсух Укна, чија централноазиска нација претходно оваа година ја предводеше иницијативата за прогласување на 11 јули за ...

Пратениците на Парламентот ги поздравија измените на Кривичниот законик во среда, особено оние што се однесуваат на воведување на ново кривично дело – загрозување на живот и имот од систем на вештачка интелигенција, но додека некои веруваат дека заостануваме во регулирањето на оваа област, други нагласуваат дека сме проактивни. „Со забрзаниот развој на технологијата и зголемената употреба на алатки за вештачка интелигенција, се појави потреба од ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
63%
1023
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
1.54
55%
1024
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
2.06
57%
1024
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
1.03
57%
1024
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
3.38
75%
1025
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.51
67%
1023
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
7.2
73%
1018
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
37%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
40%
1020
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
4.12
76%
1024
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
2.06
61%
1025
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.69
94%
1021
Currency

61.6117

Currency

53.5431

Currency

69.9606

Currency

34.8127

Currency

38.0334

Currency

66.1643

Currency

7.52102

Currency

0.66196

Currency

0.3488

Currency

0.52486

Currency

0.60355

Currency

1.27263