Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Додека пред Собранието се одвиваше блокадата организирана од Сојузот на синдикати на Македонија за зголемување на минималната плата на 600 евра и на другите плати за 100 евра, внатре во салата се водеше жестока расправа меѓу власта и опозицијата за истата тема. Предлогот на пратениците на СДСМ за дополнување на дневниот ред со законско решение кое го прифаќа барањето на ССМ не беше ставен на гласање, што доведе до одлука на опозициската ...
На 2 март ќе започне судењето за девет полицијаци кои на 16 март биле присутни во дискотеката „Пулс“ и не ја спречиле активирањето на пиротехниката, што доведе до трагичен исход. Полицајците се обвинети за загрозување на безбедноста и сигурноста, исто како и останатите 38 обвинети лица на кои веќе им се суди во случајот. Истовремено, Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ја прекина истрагата за сличната ...
Владата на денешната 149. седница разгледа и донесе мерки за спречување на нелегално производство на медицински канабис и негов пласман на домашниот и меѓународниот пазар, соопшти владината портпаролка Венера Љатифи-Азизи. Како што беше нагласено, институциите се задолжени да извршат вонредни контроли на сите правни лица со одобрение за производство на канабис за медицински цели, и во рок од 45 дена да достават извештај до Владата. ...
Индиската влада во понеделник соопшти дека компаниите што управуваат со платформи на социјалните медиуми мора да отстранат нелегална содржина во рок од три часа по добивањето известување, објави Ројтерс, цитиран од БТА. Агенцијата забележува дека ова е нагло намалување од претходниот рок од 36 часа, што би можело да им го отежни на „Мета“ и „Екс“ почитувањето на новите правила. Промените прават прилагодувања на правилата за информатичка ...
Случајот „Онкологија“, во кој обвинети се поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, продолжи денеска со сведочења на вештаци од Словенија за несовесно лекување на пациенти. Според вештачењата, на една пациентка била дадена терапија која не требало да ја прими бидејќи се наоѓала во терминална фаза, кога лекувањето може да ја влоши нејзината состојба. Во други случаи, ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, порача дека стратешката соработка меѓу државите е клучна за градење отпорни институции, стабилни демократии и безбедна дигитална инфраструктура во услови на засилени глобални ризици. Настанот во Будимпешта беше отворен со воведно обраќање на унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто, а во ...
Влегувањето на Венера во знакот Риби на 10 февруари 2026 година означува почеток на исклучително поволен период за одредени припадници на Зодијакот. До 6 март овој планетарен транзит носи конкретни можности за заработка, стабилизирање на односите и општ напредок, а астролошките прогнози издвојуваат четири знаци кои ќе извлечат најголема корист од оваа ситуација. Венера, планетата што во астрологијата симболизира љубов, убавина и финансии, во ...
Студентите сместени во домот „Никола Карев“ во Охрид изминатите два дена се соочуваа со прекин на електричната енергија, при што беа приморани да учат и да се движат со свеќи и електрични греалки. Инцидентот беше пријавен преку студентската платформа „Студентарија“, каде беа објавени видеа кои ја покажуваа тешката состојба во домот. Директорот на студентскиот дом, Жарко Куциноски, изјави за Мета.мк дека проблемот е веќе надминат и дека ...
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода. ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин ...
Со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и покачување од најмалку 100 евра на останатите примања, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска протестираше пред Собранието. Од ССМ најавија дека синдикалните активности ќе продолжат и во наредните денови. Во четврток работниците ќе ја блокираат Стопанската комора, а во вторник протестот ќе се пресели пред Владата. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, упати критики до ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и премиерот Христијан Мицкоски денеска информираа дека во рамки на истрага се одземени 40 тони марихуана, која, како што беше посочено, била произведувана и складирана спротивно на законските прописи. Тошковски изјави дека станува збор за марихуана која била констатирана од страна на комисија при Министерството за здравство дека се произведувала, складирала и чувала надвор од утврдените протоколи ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, најави дека СДСМ во наредниот период ќе предложи повеќе законски решенија за помош на граѓаните, меѓу кои ќе има и законско решение за намалување на цените на патарините, како дел од поширок пакет мерки за олеснување на трошоците на граѓаните. „Во следните недели ќе излеземе со предлог на повеќе закони согласно нашите вредносни ...
Во период кога стивнуваат реакциите по последниот избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Мрежата за заштита од дискриминација го повика Собранието да ја испочитува законската обврска и да распише нов јавен оглас за избор на член на Комисијата. Оттаму посочуваат дека по откажувањето на една предлог-кандидатка и изборот на двајца членови, потребно е повторување на постапката во целост. Според Законот за ...
Опасен инцидент се случи во Могадишу. Патнички авион „Фокер 50“ се лизна од пистата и заврши на брегот, објавува „Гароу онлајн“. Авионот, управуван од локалната авиокомпанија „СтарСкај“, доживеа технички проблеми кратко по полетувањето од меѓународниот аеродром Аден Аде во Могадишу на лет до Галкајо. Иако авионот доби дозвола за итно слетување, се лизна од пистата, го прелета работ и се запре на плажа во близина на брегот. Властите ...
Агенцијата за храна и ветеринарство ја информира јавноста дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот Аптамил. Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи ...
Примената на строги мерки за забрана на ароматизираните никотински производи во дел од европските земји отвори сериозни прашања за нивната ефикасност. Законот за заштита од пушење, наместо да донесе очекувани здравствени придобивки, во некои случаи доведе до пораст на црниот пазар. Како што предупредува Стопанската комора, предложениот закон во Македонија, инспириран од словенечкиот модел, може да биде неприменлив. Словенија, која во 2024 ...
Прилепската фудбалска гордост, ФК Победа, официјално соопшти дека ја прекинува својата активност во Втората македонска фудбалска лига. Поради блокирана сметка и критична финансиска состојба, клубот веќе не е во можност да ги подмирува основните трошоци за натпреварување. Според официјалното известување од клубот, кризата кулминирала по промената на сопственичката структура во април 2025 година. Новиот мнозински акционер одбил да го води ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието, најави дека покрај Законот за измена на Законот за минимална плата, пратеничката група на СДСМ и коалцијата ќе поднесе и Закон за измена на Законот за административни службеници, со цел да се врати достоинството и независноста на законодавниот дом. „Ќе поднесеме Закон за измена на Законот за административни службеници, ...
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најави дека новото законско решение за високото образование има примарна цел да го подигне квалитетот на наставата, истовремено гарантирајќи ја автономијата на универзитетите. Според неа, законот воведува рамноправност за сите студенти и наставници на целата територија, без оглед на тоа колку години постојат одредени високообразовни установи. Таа информираше дека од следната недела ...
На 08.02.2026 во 10:15 часот кај место викано „Црници“ во атар на село Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашка ги лишиле од слобода В.К.(57), И.Т.(51) и Б.Н.(77), сите од Прилеп. При вршење службени дејствија, полициските службеници ги забележале лицата како излегуваат од патничко возило „лада нива“ со прилепски регистарски ознаки, а лицето кое го управувало возилото испукало неколку истрели од огнено ...
На 10.02.2026 околу 02:45 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во куќа на подрачје на Бит Пазар во Скопје, откако пристигналa екипа од лекар, медицинска сестра и возач по претходно барање за укажување на лекарска помош на женско лице, а кај кое констатирале смрт, сопругот на почината Е.Б.(40) и братот Б.Н.(39), двајцата од Скопје, им упатиле закани. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) во својот извештај за Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за 2024 година нотира серија системски слабости во контролата на производите за широка потрошувачка. Застарена листа на забранети супстанции Според ревизорот, Министерството за здравство од 2010 година ја нема ажурирано листата на супстанции кои се забранети во козметичките производи. Додека во земјава листата содржи околу 1 600 ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека сите компании кои поседуваат лиценци за производство на канабис за медицински цели ќе бидат предмет на строги контроли. „Очекувам во следните денови да се проверат сите компании кои добиле лиценци. Нема да бидам изненаден ако бројката достигне 100 тони“, изјави Мицкоски. Мицкоски истакна дека очекува Владата денеска да го донесе задолжението за ревизија на објектите. Оваа одлука доаѓа по последниот ...
Најновиот извештај на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) за периодот октомври – декември 2025 година покажува зголемена активност на пазарот, со регистрирани вкупно 9.283 трансакции, што е за околу 1.000 повеќе во споредба со претходниот квартал. Рекордни цени во Центар Најскапиот стан во овој период е продаден во општина Центар. За површина од 83 м², купувачот платил рекордни 246.171 евра, односно околу 2.960 евра (182.404 денари) ...
Најновиот извештај на „Транспаренси Интернешнл“ покажува дека борбата против корупцијата на глобално ниво е во застој. Слабнењето на демократските механизми и притисокот врз медиумите се посочени како главни причини за падот на транспарентноста кај повеќето земји. Состојбата во Македонија Македонија во 2025 година останува со ист резултат од 40 поени (на скала од 0 до 100), што укажува на стагнација во сузбивањето на корупцијата во јавниот ...
На 09.02.2026 во 09:45 часот на ул.„Ѓорѓи Наумов“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Р.А.(37) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „даеву” со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.А., при што било констатирано дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. Во координација со јавен обвинител, возилото било одземено, а по документирање на ...
„Арамии“ и „Лопови“ се слуша утринава пред Собранието, каде работниците предводени од ССМ поставија блокади на главните пристапи. Револтот е огромен, а пораката јасна – крај на молчењето за работничките плати додека функционерите си ги зголемуваат сопствените примања. Слободан Трендафилов од ССМ упати директно обвинување дека пратениците се кријат од сопствениот народ. Според него, многумина од нив дошле на работа уште пред 9 часот само за да ...
Општина Центар започна со интензивни контроли на терен за санкционирање на непрописно паркираните возила. Комуналните инспектори и редари будно ја следат состојбата, особено кај возилата оставени на јавни и зелени површини. Што треба да знаете ако ве казнат? Казна: 50 евра Известување: Подигнување на налогот: Попуст за брзо плаќање: 8 дена 25 евра Судска постапка: Порака од локалната власт: Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека ...
Општина Битола упати писмени известувања до сопствениците на 24 куќи во градот кои претставуваат потенцијална опасност за граѓаните. Станува збор за објекти од кои постои ризик од рушење или паѓање на делови од фасади, керамиди и други предмети директно врз тротоарите и коловозите. Локалната самоуправа веќе формираше стручна комисија која ја утврди состојбата на терен. Иако дел од куќите се напуштени бидејќи сопствениците се иселени во ...
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов упати остри критики до пратениците за време на денешната блокада пред Собранието, обвинувајќи ги за лицемерие и игнорирање на работничките потреби. „Добро утро на сите, освен на пратениците. Зошто освен на нив? Затоа што веќе две години го блокираат предлогот на Сојузот на синдикатите на Македонија за зголемување на работничките плати, за покачување на минималната плата и на сите останати плати за ...