Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека го поздравува мировниот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Газа. „Ја поздравувам посветеноста на претседателот Доналд Трамп за прекин на војната во Газа. Ги повикувам сите страни да ја искористат оваа можност сега. Европската Унија е подготвена да придонесе“, напиша таа на социјалната мрежа X. „Непријателствата треба да ...
Висок севернокорејски дипломат нагласи дека неговата земја никогаш нема да се откаже од својата нуклеарна програма, објави јапонскиот NHK World. Заменик-министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Ким Сон Гјеонг, го повтори ставот на својата земја за време на вчерашниот говор пред Генералното собрание на Обединетите нации. Ким ги спомена заедничките воени вежби што ги спроведуваат САД, Јужна Кореја и Јапонија, кои се дизајнирани да ...
Неговата проповед во џамија во јужниот шведски град Кристијанштад за тоа како да се справите со „бунтовните жени“ предизвика жестока реакција кај шведската јавност и свештениците. Абуеленен ја одржа проповедта во петок во јули оваа година, но дневниот весник Експресен објави за неговите зборови дури во понеделник. Абуеленен одржа проповед на тема „непослушни жени“ пред преполна џамија во Кристијанштад и ги поучи собраните верници, секако мажите, ...
„Фајерфлај Аероспејс“ вчера соопшти дека главниот погонски механизам на нејзината ракета „Алфа“ бил уништен за време на тест на земја во Тексас, само неколку недели пред ракетата да биде лансирана на долгоочекуваната вселенска мисија. „Фајерфлај“ во соопштението изјави дека сите вработени се безбедни додека компанијата го проценува влијанието на дефектот на својата тест платформа во Бригс, Тексас, во „Ракетниот ранч“ на „Фајерфлај“, кој се наоѓа ...
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова истакна дека во текот на изминатите недели, во нејзината програма за Град Скопје јавно и транспарентно ги претставив проектите и визијата што го враќаат нашиот град на патот на вистинскиот урбан развој. „Еден од клучните проекти е враќањето и модернизацијата на БРТ системот брз, ефикасен и одржлив јавен превоз, којшто Скопје одамна го заслужува. Синоќа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан ...
Двајца браќа, на возраст од четири и шест години, и нивните родители беа убиени во руски напад со беспилотно летало врз село во северниот Сумски регион во текот на ноќта, изјави регионалниот гувернер Олех Григоров во вторник. „Синоќа непријателот намерно погоди станбена зграда со беспилотно летало за напад во селото Чернечка“, напиша Григоров на апликацијата за пораки Телеграм. Тој додаде дека телата на семејството биле извлечени од под ...
Интернет и мобилните телефонски услуги се прекинати во Авганистан, објавија жителите и групите за следење во вторник, а администрацијата на Талибанците не понуди објаснување. Талибанците претходно изразија загриженост во врска со онлајн порнографијата, а властите ги прекинаа оптичките врски со некои провинции во последните недели, наведувајќи „грижи за моралот“. NetBlocks, меѓународна организација која го следи пристапот до интернет, соопшти ...
Администрацијата на Трамп врши притисок врз Тајпеј да ги префрли инвестициите и производството на чипови во Соединетите Американски Држави. Целта е половина од потребите на Америка за чипови да се задоволат на домашен терен, потег што би можел да има значајни импликации за националната одбрана на Тајван, објави CNBC. План „50-50“ Вашингтон веќе разговараше со Тајпеј за поделба на производството на полупроводници 50-50, потврди американскиот ...
Управата за извршување на санкции информира дека во Казнено-поправната установа во Гевгелија е реализирана берба на околу три тони тикви. Посевите биле целосно одгледани од самите осудени лица, како дел од секојдневните активности и работната терапија во установата. Ваквите активности имаат повеќекратна корист – придонесуваат за подобрување на исхраната во затворите, обезбедуваат дополнителни количини свежа земјоделска продукција и воедно се дел ...
Организацијата на ветерани од Ослободителната војска на Косово (OVL-UÇK) повикува на протест против специјалниот суд за Косово во Хаг на 17 октомври во Тирана, објавија албанскиот портал ABC News и косовскиот весник „Коха диторе“ . На прес-конференцијата што денес ја одржа Организацијата во косовскиот главен град Приштина, беше објавено дека протестот ќе се одржи на плоштадот „Скендербег“ во центарот на албанскиот главен град, објави „Коха ...
рчките власти се приближуваат кон одредување датум за судење за смртоносната железничка несреќа во 2023 година во централна Грција, откако претседателот на апелациониот суд ја одобри препораката на обвинителот за испраќање на 36 обвинети на суд, објави онлајн изданието на грчкиот весник „Катимерини“. Во ноќта помеѓу 28 февруари и 1 март 2023 година, патнички воз што превезувал стотици луѓе се судрил со товарен воз што доаѓал од спротивната ...
Беровчани утрово се разбудија со температура од само 3 степени. По нив следува и 6 степени Крива Паланка и Крушево, 8 во Виница, Штип, 9 во Охрид, Претор, 10 во Куманово, Битола, Демир Капија, 11 во Скопје – Петровец, 12 во Тетово. Денеска се очекува променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе ...
Науката и технологијата се сметаат за модерни суперсили, но иднината на човештвото е поврзана со суперсилата на духот, а тоа е религијата. Ова го кажа Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој одржа говор на Втората меѓународна конференција по повод 100-годишнината од основањето на списанието „Теологија“ што се одржува во Солун. Никој навистина не може да ги оспори сите придобивки што можат да ги донесат науката и технологијата. Науката всушност не ...
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс изјави дека верува оти американската влада ќе се затвори поради недостаток на договор меѓу републиканците и демократите, објави Ројтерс, повикувајќи се на неговите забелешки по состанокот во Белата куќа со конгресните лидери. „Мислам дека се упатуваме кон затворање бидејќи демократите нема да го направат она што е исправно. Се надевам дека ќе се предомислат, но ќе видиме“, им рече Венс на новинарите пред ...
Турција ќе изгради 500.000 нови домови низ целата земја за да ги задоволи социјалните потреби на луѓето, објави синоќа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во својата изјава по состанокот на кабинетот. „Овој проект предвидува посебна квота за семејства со три деца, млади луѓе, роднини на загинатите при вршење на должноста, ветерани и пензионери“, изјави Ердоган, цитиран од турските медиуми. Целта е дел од овие домови да се издаваат под наем ...
Извозот на земјоделски производи од Албанија се зголеми за 9,1% на годишно ниво во првите осум месеци од 2025 година, објави денес министерот за земјоделство и рурален развој Андис Сала, наведувајќи ги политиките за поддршка на владата и подобрувањата во стандардите за производство и логистиката. Албанската новинска агенција АТА јави за БТА. Сала рече дека зголемувањето од јануари до август ја одразува тековната трансформација на секторот според ...
Денес на веб-страницата на грчкиот парламент беа објавени декларации за имотната состојба на лидерите на политичките партии во неа и на повеќе од 1.000 функционери во земјата, објави електронското издание на весникот „Катимерини“. Замислени како антикорупциска мерка, декларациите беа објавени денес во формата во која беа доставени од службените лица, без претходна ревизија, забележува „Катимерини“. Според објавените документи, грчкиот премиер и ...
Данската биотехнолошка компанија „Генмаб“ (Genmab A/S) се согласи да го преземе холандскиот производител на лекови „Мерус“ (Merus NV) во голем договор вреден околу 8 милијарди долари, со што ќе го зајакне своето портфолио на терапии против рак. Според заедничкото соопштение на двете компании, „Генмаб“ ќе плати 97 долари во готово за секоја акција на „Мерус“. Оваа цена претставува значителна премија од околу 41 отсто во споредба со последната ...
Oвeн – Tpeбa дa ja oдpжитe вaшaтa eмoциoнaлнa paмнoтeжa. Дeнec нe e ocoбeнo пoвoлeн дeн зa ĸoмyниĸaциja co дpyги лyѓe, ocвeн зa итни cлyчaи. Koмyниĸaциjaтa мoжe дa вe oптoвapи и дa дoнece нeгaтивeн пoлнeж. Биĸ – Peчиcи цeлиoт дeн мoжe дa ви бидe cтpeceн, нo нeмa пpичинa пpeмнoгy дa ce гpижитe бидejќи ќe мoжeтe дa ce cпpaвитe co paбoтитe. Ha paбoтa мoжe дa имa мнoгy тeшĸoтии и дoцнeњa, нo нe co знaчитeлни пocлeдици! Близнaци – Bo oблacтa нa ...
Денес, на последниот ден од септември, православните христијани ги празнуваат светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија. Четирите светици уживаат голем култ и голема почит кај македонскиот народ. Денес се празнува споменот на познатата Римјанка Софија, која своите ќерки ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот. Кај нашиот народ е познато заколнувањето во ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степена. Од среда попладне до петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му кажа на својот катарски колега дека Израел нема планови повторно да го наруши суверенитетот на Катар, откако претходно овој месец нападна претставници на Хамас во Доха. Во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер се вели дека Нетанјаху во телефонски разговор со катарскиот премиер потврдил дека истото му го ветил на американскиот претседател Доналд Трамп и изразил жалење за смртта на катарски ...
Со почетокот на изборната кампања, кандидатот за градоначалник на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш привлече внимание на социјалните мрежи со фотографија на која позира пред својот плакат, држејќи го во рака новиот модел на „ајфон“. Објавата, споделена на неговиот Фејсбук-профил со краткиот коментар „IPHONE?“, веднаш предизвика реакции и коментари. Поддржувачите и симпатизерите го поздравија, додека други ја протолкуваа објавата како ...
Белата куќа го објави долгоочекуваниот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа. Според предлогот, Израел се обврзува да не ја окупира или анектира Газа, а целта на планот е да се создаде „дерадикализирана, зона без терор“ што нема да претставува закана за нејзините соседи. Планот предвидува итен крај на војната доколку двете страни го прифатат предлогот, со повлекување на израелските сили, ослободување на заложниците и ...
Вработените во Извршната агенција „Автомобилска администрација“ (IAAA) побарале 800 евра од возачите со опрема за концертот на Роби Вилијамс во Софија. Двајцата инспектори се долгогодишни вработени и работат во системот на IAAA од 2012 година. Веднаш против нив беше покрената дисциплинска постапка и тие веќе се отпуштени. Министерството за внатрешни работи и Обвинителството објавија детали за митото што го побарале и го примиле вработените. ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ истакна дека нема да бидат изненадени ако имаат повеќе од 50 градоначалници. „Ценам дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе има поголем број на градоначалници споредено со 2021та година. Нашите анализи се дека нема да бидеме изненадени ако имаме повеќе од 50 градоначалници, но очекуваната бројка е помеѓу 45 и 50, плус Градот Скопје, ...
„Сите гледаме, после една и пол година централна власт и повеќе од 4 години централна власт ВМРО-ДПМНЕ и повеќе од четири години нивна локална власт, дека се неспособни да донесат промени и да работат за и во интерес на граѓаните. Се грижат само за себе, за својата удобност и исклучиво за своите членови. Дали ова е гордата Македонија што ни ја ветија? Македонија со понижени земјоделци, со млади кои заминуваат, со семејства што едвај врзуваат ...
Бројот на средношколци кои се затруле со храна во сендвичара во Штип се зголеми на вкупно 15. Првично беа регистрирани пет случаи, но бројката, како што велат, нагло пораснала во текот на денот. По пријавата од Центарот за јавно здравје – Штип, инспектори на АХВ спровеле вонреден инспекциски надзор. Од објектот биле земени примероци од храната и брисеви од работните површини, а сендвичарницата е веднаш затворена. „Објектот ќе остане затворен сè ...
„Време е за промени, доста беше уништувањето од ВМРО-ДПМНЕ 4 години. Време е Демир Хисар да добие чесно, отчетно и одговорно раководење“, истакна на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата, кандидатот за градоначалник на општина Демир Хисар Златко Кузмановски. Порача дека актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните, ветуваше многу, а реализираше нула. „Граѓаните од секое населено место знаат и гледаат за неговото ...
Вработените од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и двете негови подружници „Флораком“ и „Луна“ денеска протестираа на улицата Илинденска во Скопје. Иако со исто барање – исплата на августовската плата, двата синдиката протестираа на различни локации, оддалечени околу еден километар еден од друг. Синдикалците предупредуваат дека доцнењето од 14 дена може да предизвика сериозни последици. Од СУТКОЗ предупредуваат дека вработените за два ...