Пералницата на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје не работи, а состојбата е алармантна. Според „Слободен печат“, вработените со месеци немаат земено плата, машините се нефункционални, а ниту една клиника од комплексот не ја предава болничката облека во овој супстандарден објект. Објектот е урнисан, со оштетени ѕидови и кров, протекува вода, а текстилот се чува со натрупување во купови на подот. Машините за перење и сушење се стари со ...

Едно лице е убиено, а друго е рането во пукотници и експлозии во северен Минхен, каде што од раните утрински часови се води голема полициска и противпожарна операција, соопшти локалната полиција. Инцидентот се случил на улицата Лерхенауер, објави „Билд“, а на местото на настанот се наоѓаат специјални единици и експерти за деактивирање бомби. Пронајдено е тело на маж. Според „Билд“, мажот веројатно поставил експлозиви во куќата на своите ...

Денеска (01.10.2025) во периодот од 10.00 до 12.00 часот поради одржување на протест, за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Гоце Делчев“ на потегот од крстосница со ул.„Филип 2-ри Македонски“ до крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ во насока на движење кон Влада на РСМ и бул.„Илинден“ во двете насоки на движење на потегот од крстосница со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосница со бул.„8-ми Септември“ во Скопје. Од тие причини Единицата за ...

Јапонската компанија Piala Inc. одлучи да ги награди непушачите со шест дополнителни слободни денови годишно, за да го надомести времето што пушачите го поминуваат на паузи. Идејата се роди по жалба од вработен непушач, а целта е позитивно охрабрување – а не казнување. Оваа одлука веќе покажува резултати, бидејќи некои вработени престанаа да пушат токму поради дополнителните денови за одмор. Директорот на компанијата верува дека овој пристап ќе ...

Голем дел од федералната администрација во САД престана да работи (т.н. затворање на владата). До овој момент дојде откако републиканците и демократите не успеаја да постигнат договор за финансирање на федералната влада. Обидите за наоѓање компромис во Сенатот, каде што републиканците имаат мнозинство, но не доволно, продолжија до последен момент синоќа. Не сите федерални вработени ќе престанат да работат. Вообичаено во вакви случаи, основните ...

ОВЕН Некој на работа врши притисок врз вас и приморани сте некои работи да ги завршите побрзо отколку што очекувавте. Партнерот ќе го покаже своето право лице. Нема да бидете премногу воодушевени со она што го гледате. Можни се проблеми со притисокот. БИК Многу активно учествувате во завршувањето на работните задачи и максимално сте посветени на својата работа. Ве мачи љубомора. Немате доволно доверба во партнерот, се сомневате дека нешто крие ...

Од младоста сесрдно одеше по Христа, ослободувајќи се од двете големи бремиња: од бремето на богатството и од бремето на телото. Од првото бреме се ослободи раздавајќи го сиот свој имот на бедните и на сиромасите, а од другото со голем пост. И така се исцели прво себеси, па потоа почна и на другите да им дава исцеление. Бестрастен и исполнет со благодат на Светиот Дух, Евмениј заблесна со светлина што не може да се скрие. Па како што е напишано ...

Неодамнешните контакти меѓу Русија и Соединетите Американски Држави на највисоко ниво и на ниво на министри за надворешни работи покажаа заемна посветеност на мирно решавање на конфликтот во Украина, изјави денес портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова. „Сите ја потврдија потребата од наоѓање мирно решение. Тие исто така разговараа за потребата од разбирање на корените на оваа криза, бидејќи овие работи се ...

Пет лица загинаа во земјотрес со јачина од 6,9 степени што ја погоди централната област на Филипини, соопшти локалната полиција. „Имаме потврдени пет смртни случаи“, изјави полицаецот Фелипе Камбаге од градот Сан Ремигио, додавајќи дека нема повеќе информации за идентитетот на жртвите. WATCH | NEWS UPDATE: Video captures the moment strong tremors were felt in Metro Cebu when a magnitude 6.9 earthquake struck Bogo City in the northern part of ...

„Го слушам Мицкоски вчера, вика после изборите ќе донеле правда. Немало правда заради СДСМ и Филипче. Мицкоски, дали си ти уште во опозиција? Што направи ти за правдата да кажеш после година и пол? Што? Освен што вработивте во судството и обвинителството ваши луѓе — баџанаци, сопрузи на градоначалници. Што друго направивте?“, изјави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Штип. Филипче потенцираше дека власта на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека најверојатно ќе има затворање на владата на Соединетите Американски Држави. „Ништо не е неизбежно, но би рекол дека затворањето на владата е многу веројатно. Воопшто не ги видов демократските сенатори да се поклонуваат“, рече Трамп во Овалната соба на Белата куќа, пренесува Си-Ен-Ен. Порано денес, Трамп повторно ги обвини демократите во американскиот Сенат дека се обидуваат „да им ...

На вечерашниот митинг во Струга, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека по локалните избори ќе се посвети на борбата против корупцијата во судството и обвинителството, истакнувајќи дека тоа е клучниот бастион на криминалот во државата. Тој посочи дека СДСМ и ДУИ, според него, ќе се обидат да ги заштитат своите позиции и да избегнат одговорност. – Судството и обвинителството денеска служат како заштита на корумпираните ...

По рускиот напад врз украинскиот град Днепар, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека официјална Москва со секој таков напад докажува дека е потребно да се изврши силен притисок врз Русија и да се воведат „поболни санкции за агресорот“. „Спасувачите, општинските служби и агенциите за итни случаи работат во Днепар по рускиот напад со беспилотни летала врз тој град. Тоа беше едноставно дрзок напад врз цивилната инфраструктура, ...

„Година и пол ВМРО-ДПМНЕ нема со што да се пофали, нема нови мерки, нема развојни политики и затоа ја почнаа старата проверена приказна со напади кон ДУИ. Јас ова го нарекувам стратегијата на политичките кукавици“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва во Пробиштип. „Национализмот и нападите со ДУИ им останаа како единствено оружје да ги оттргнат луѓето од реалните проблеми. Да заборават дека немаат доволно пари, дека цените растат, ...

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека веднаш започнала внатрешна проверка по наводите изнесени во документарниот филм на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и донела одлука за суспензија на дел од вработените, сè додека трае постапката за утврдување на фактичката состојба. „Мерката е преземена заради заштита на институционалниот интегритет, угледот на Управата и довербата на граѓаните,“ наведуваат од УЈП. Во објавата на ИРЛ беа ...

Пет лица, меѓу кои две жени и тројца мажи, се повредени во вооружен инцидент кој денеска околу 14 часот се случи во едно кафуле во Вишњичка бања, општина Палилула во Белград. Според првичните информации, напаѓачите биле поделени во две групи – едната влегла во кафулето и отворила оган врз присутните, додека другата пукала од куќа преку улицата. Како цел на нападот биле посочени двајца навивачи. Очевидци велат дека пукотниците биле силни и се ...

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес-конференција најави низа инфраструктурни проекти, меѓу кои и пробивање на улицата Есенинова до населбата Шампионче, што ќе овозможи поврзување на ул. „Антон Панов“ со бул. „Борис Трајковски“. „Скопје мора да се движи, а не да стагнира. Со овој проект ќе се подобри мобилноста и ќе се растерети сообраќајот во Кисела Вода“, изјави Ѓорѓиевски, најавувајќи ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека во периодот од 13 до 17 октомври ќе има прекин во испораката на природен гас кон потрошувачите во земјава. Причината, како што информираат од Комисијата, се ремонтни активности на регионалните системи за транспорт на гас, како и на гасоводот „Турски тек“. „Сигурноста во снабдувањето е наш примарен интерес. Законската регулатива овозможува, во услови на прекин на испорака, операторот со ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна судењето против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Според обвинението, на Димитровска ѝ се става на товар оддавање службена тајна на екс-директорот на ТЕЦ Неготино и обвинет во случајот „Адитив“, Небојша Стојановиќ, како и добивање на безбедносен сертификат за пристап до ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против тројца турски државјани за кои постојат сомненија дека сториле кривично дело – Изнуда од член 258 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Тројцата осомничени во група, со сериозна закана по живот, присилиле еден оштетен, исто така државјанин на Република Турција, да им исплати 40.000 евра. Оштетениот на 6 септември дошол во државава со намера да ...

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски потврди дека Обвинителството води предистрага за вработени во Управата за јавни приходи (УЈП), како и во други институции, за десетина кривични дела поврзани со пожарот во дискотека „Пулс“ во Кочани. Коцевски изјави дека завршувањето на обвинението не значи дека завршила и целата постапка за пожарот, додавајќи дека податоците објавени од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) не се нови и дека сите ...

Денеска се одржа 28-та седница на Советот на јавните обвинители, на која беше донесена одлука за престанок на функцијата претседател на Советот за Душица Димитриеска, поради истек на нејзиниот мандат на 1 октомври годинава. Изборот на нов претседател беше одложен за после локалните избори, така што до изборот нов претседател ќе раководи заменик-претседателот Башким Бесими. Во рамките на точката „разно“, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Вевчани порача дека на овие локални избори, Социјалдемократскиот сојуз го очекува уште еден изборен дебакл. Посочи дека лицемерие е кога Венко Филипче вели дека нема да води негативна кампања, а веќе во наредната реченица ја злоупотребува големата човечка трагедија која се случи во Кочани, а истиот тој спрема и ново предавство и поклон за нашиот источен сосед, Бугарија преку ...

Денеска претпладне времето во земјава беше променливо облачно, додека попладне облачноста се намали и преовладуваше сончево со мала до умерена облачност. Дуваше слаб ветер од променлив правец. Максималните температури се движат од 9 степени во Попова Шапка, 13 во Крушево, 15 во Лазарополе и Маврови Анови, 18 во Берово, 19 во Крива Паланка, Прилеп, Охрид и Претор, 20 во Тетово и Битола, 21 во Штип и Виница, 22 во Скопје-Зајчев Рид, ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека му дава на Хамас „три до четири дена“ да одговори на мировниот план за Газа што го презентираше претходниот ден заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Нема многу простор за преговори за предлогот. Ќе работиме околу три или четири дена. Ќе видиме како ќе оди. Сите арапски земји потпишаа. Сите муслимански земји потпишаа. Израел потпиша“, рече Трамп додека ...

Една жена е убиена, а тројца мажи и две жени се ранети во пукотница што се случила денес околу 15 часот во кафуле во Вишњичка бања во Белград, пишува Блиц. Голем број полицајци се на местото на настанот, а истрагата веќе е во тек. Како што неофицијално дознава Блиц, убиена е Д.В. (51), додека мажот О.А. (59) и жената Љ. М. (42) се ранети и пренесени во Ургентниот центар. Се бараат сторителите Освен нив, ранети се и уште двајца мажи и една жена, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека припадници на украинската армија започнале со распоредување во рамките на мисијата во Данска за споделување на искуства во одбраната од беспилотни летала. „Нашата армија започна со распоредување на мисија во Данска за проширување на искуството на Украина во заштитата од беспилотни летала. Момците пристигнаа за да учествуваат во заеднички вежби со партнери, што би можело да стане основа ...

СВР Скопје – Полициска станица Карпош поднесе кривична пријава против А.П.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Имено, на 27.09.2025 во 19:00 часот на ул.„Козле“ во Скопје, постапувајќи по претходна пријава од двајца граѓани, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.П. затоа што бил затекнат како управува патничко ...

Земјотрес со магнитуда 6,2 го погоди регионот Лејте на Филипини денеска вечер, соопштија сеизмолозите. Епицентарот бил на длабочина од 7 километри, на локација 11.137 северна ширина и 124.093 источна должина. Најблиските градови до епицентарот се Ормок, на 58 километри западно од епицентарот, со население од околу 191.000 жители, и Бого, на 13 километри североисточно, со околу 23.500 жители. Според првичните информации, параметрите на ...

По големиот интерес во јавноста околу фотографијата со новиот iPhone 17 Pro Max, кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Курто Дудуш, денеска се огласи на социјалните мрежи со демант дека телефонот всушност не е негов. „Да ја разрешиме мистеријата за вистинскиот сопственик на iPhone 17 Pro Max – тоа е мојот братучед Алмир Дудуш, познат бизнисмен во Шуто Оризари. Со фотографијата сакавме да го промовираме бројот 17, со кој ќе настапиме на ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1025
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
64%
1026
weather icon

Загреб

16ᴼ / 11ᴼ
1.03
55%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
6.69
81%
1024
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
5.94
62%
1023
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
67%
1027
weather icon

Атина

22ᴼ / 21ᴼ
2.24
78%
1017
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
88%
1018
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
5.66
36%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
87%
1023
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
3.6
60%
1026
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
5.14
64%
1019
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225