Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги посочи главните цели на мадридскиот клуб за остатокот од сезоната по елиминацијата од Лигата на шампионите. - Што ќе правиме во оваа ситуација? Во моментов се бориме за титулата во Ла Лига. Точно дека заостануваме, но ни претстои меч со Барселона. Исто така, финалето на Купот и Светското клупско првенство во оваа бесконечна сезона. Треба да ги кренеме главите и да учиме од нашите грешки, изјави Анчелоти ...

Русија веќе 36 дена го игнорира американскиот предлог за прекин на воздушните, морските и копнените напади, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето традиционално вечерно обраќање до нацијата, пренесоа украинските медиуми. -Пред 36 дена, САД предложија целосен и безусловен прекин на воздушните, морските и копнените напади. Украина го прифати тој предлог веднаш - пред повеќе од еден месец. Русија продолжува да го ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му нареди на израелскиот тим преговарачи за примирје во Газа да „продолжат со напорите“ за да обезбедат гаранции дека ќе бидат ослободени заложниците кои се уште ги држи радикалната палестинска група Хамас во енклавата, соопштија од кабинетот на премиерот. -Бенјамин Нетанјаху вечерва имаше средба за заложничката проблематика со преговарачкиот тим и високи безбедносни функционери, се вели во вчерашното ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат „голем напредок“ во трговските преговори со Јапонија, пренесоа светските агенции, наведувајќи дека шефот на државата синоќа направил изненадувачки потег со тоа што лично се вклучил во разговорите со јапонската делегација во Вашингтон за прашањето за дополнителни царини за јапонски стоки за САД. „Голема чест за мене - штотуку се сретнав со јапонската делегација за трговијата. Голем ...

Северна Кореја денеска ги критикуваше Соединетите држави за испраќање суперсонични стратешки бомбардери Б-1Б во Јужна Кореја на заеднички вежби. Портпаролот на севернокорејското Министерство за одбрана во соопштението вели дека присуството на американски стратешки бомбардери во регионот станало „редовна воена практика“, опишана од Пјонгјанг како „неразумен блеф“. Бомбардерите Б1-Б летаа над Корејскиот полуостров како дел од заедничките вежби ...

На сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот во Велес синоќа на свеченото затворање на фестивалот на комедијата „5 РЕ“, што се одржа по четврти пат, беа доделени наградите на фестивалот. Претставата „Покојник", на Црногорското народно позориште ја доби наградата за најдобра претстава по избор на публиката, додека претставата „12" на Македонскиот народен театар беше прогласена за најдобра претстава по избор на жири комисијата. За ...

Најмалку две лица загинаа, а 28 се повредени во вчерашниот масовен напад со руски дронови врз украинскиот град Днепар, објавија украинските медиуми. Меѓу повредените има четири деца. Шефот на регионалната воена управа на Дњепропетровск, Сергиј Лисак, на апликацијата Телеграм информираше дека две жени починале, а меѓу повредените има и деветмесечно бебе. Украинските медиуми јавуваат дека се оштетени најмалку 15 згради. Меѓу нив има студентски ...

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Според прогнозата на УХМР, процесите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога наместа ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а ...

Превирањата во коалицијата „Вреди“ продолжуваат откако вчера коалицијата излезе со став дека одлуката на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари да одат со посебни советнички листи за советници на претстојните избори е донесена во интерес на ДУИ. Од коалицијата велат дека не го исклучиле Таравари, но дека тој со ваквата одлука се самоисклучил. Ваквиот чекор на Таравари, според коалицијата Вреди, значи проблем во Владата, но не прецизираат дали ...

Од денеска до 31 мај сообраќајот на автопатот Демир Капија - Смоквица ќе се одвива само по левиот тунел бидејќи десниот тунел ќе се реконструира. - Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 г. до 31.5.2025 г., поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т2. Десната тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а ...

Comodita home го отвори најновиот продажен салон во Македонија. Лоциран во Градскиот трговски центар, comodita ги отвори вратите за сите свои потрошувачи со големи изненадувања, подароци и попусти до 75% на целиот асортиман на производи. За оние што сакаат да ја освежат спалната соба ќе има попуст до 75% на производите, а нема да биде запоставена ни кујната која може да се докомплетира со производите од широкиот асортиман што го нуди comodita ...

Тајни средби со Али Ахмети и со олигарси. Изет Меџити го обвини претседателот на Алијанса за албанците, и дел од коалицијата Вреди. Арбен Таравари дека со месеци преговарал зад грбот на коалицијата. Најави дека во брзо време ќе открие и докази за како што го нарече, обидот за разнебитување на Вреди. Според Меџити, коалицијата ќе настапи со заеднички листи за советници и градоначалници, без партијата на Таравари, кој според Меџити веќе е ...

Новата влада на Србија предводена од премиерот Ѓуро Мацут беше избрана со поединечно гласање на пратениците, од кои 153 гласаа „за“ и 46 „против“. Седницата почна во понеделникот со излагање на мандатарот Ѓуро Мацут, кој истакна дека Србија е уморна од поделби и блокади, дека мора да работи на усогласување на општеството, дека хармонијата може да се гради преку дијалог, толеранција, работа и градење на вредносен систем и рече дека негов прв ...

Документацијата за сите пари потрошени од 2020 година до денес е веќе во рацете на Обвинителството По претресите на осум локации во Прилеп, истражителите анализираат тендери, фактури, книговодствени евиденции и електронски траги, во потрага по евентуални злоупотреби во прилепската болница. „Обезбедена е и електронска и материјална документација како докази. Се вршат проверки и на тендерска и на целокупна книговодствена и сметководствена ...

Одложено судењето за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, поради отсуство на бранителот на Љупчо Палевски, Јовица Страшевски. Адвокатот го известил судот дека од здравствени причини не може да присуствува на расправата. „Непосредно пред отпочнување на денешната расправа бранителот Јовица Страшевски, до судот достави барање за одлагање на расправата бидејќи бил спречен да присуствува на истата заради ...

Во тек се последните подготовки за Велигденските празници - во месарниците редици за набавка на јагнешко месо како традиционално на Велигденската трпеза. Ден пред Велики Четврток, кило јагнешко достигна цена и до седумстотини денари месарите задоволни од цената, одгледувачите на јагниња пак, нагласуваат дека откупната цена била многу ниска. Оваа година откупната цена на јагнешкото се движела од 200 до 230 денари, а на цената не влијаела ниту ...

Комисија формирана од специјалисти ќе утврдува дали има лекарски пропусти во третманот на 57 годишниот пациент со тешка срцева состојба, кој почина на Клиниката за кардиохирургија, каде операционата сали за такви интервенции била надвор од функција. Министерот за здравство вели дека пациентот бил примен, но лекарите одлучиле тој да се лекува конзервативно, а не да биде подложен на оперативен зафат. „Формиравме стручна комисија да ги испита сите ...

Десет полициски службеници од Кочани и Штип добија кривични пријави за непостапување според мерките и прописите за заштита и не извршување целосна проверка пред издавањето на лиценца за работа на кабарето „Пулс“ во Кочани, каде пред еден месец во трагичен пожар животите ги изгубија 61 лице. Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, пријавените до Министерството за економија тврделе дека објектот поседува елаборати за заштита од ...

Еден месец од страшниот пожар во дискотеката на смртта. Еден месец од трагедијата во која бројката на загинати се издигна на 61. И по точно еден месец општина Кочани ќе почне да функционира. В.д. градоначалникот, Венко Крстевски, денес на неговата прва прес-конференција рече дека состојбата во општината е хаотична, потенцирајќи дека една од неговите први одлуки е од општинскиот Буџет на Кочани да се уплатат 3 милиони денари на Фондот за ...

Никој не може да ѝ даде гаранции на Северна Македонија ако сега го смени Уставот, дека повеќе нема да има пречки на европскиот пат, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција во одговор на прашање на МИА дали ЕУ и земјите членки можат да гарантираат дека по спроведување на уставните измени не би имало нови блокади поради билатерални прашања поврзани со идентитетот, јазикот или историја. ...

Почнувајќи од задутре, законска обврска е сите поголеми маркети, аптеки, салони за бела техника, мебел, пекари, објекти за продажба на градежни материјали да ги истакнат цените на сите производи кои ги продаваат. Министерот за економија, Бесар Дурмиши тврди дека досега од ниту еден трговец не стигнала жалба во врска со правилникот., пазарниот инспекторат ќе ги спроведува контролите а казните за непочитување се до 10 илјади евра. Дурмиши ...

На дваесеттина од повредените во несреќата во Кочани ќе им биде потребна подолготрајна рехабилитација, кај некои од нив тој процес на заздравување би можел да потрае и до две години. Ова денеска го посочи министерот за здравство, Арбен Таравари, кој истакна дека во рамки на Министерството се споведуваат сите потребни активности за прифат и продолжена нега на сите повредени во несреќата. Во врска со случајот на државна Кардиохирургија, Таравари ...

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против десет полициски службеници. Во овој случај постои основано сомнение дека осомничените во временскиот период од 07.12.2012 година до 21.01.2022 година, како соизвршители, сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност. Како што соопштија од ЈО осомничените како службени лица вработени во СВР Штип и ПС Кочани, во ...

Благо намалување на бројот на претставки за 20 отсто бележи Извештајот за спречување и заштита од дискриминација за 2024 година во однос на 2023-та. Зголемен е бројот на претставки во однос на националната или етничка припадност, зад што најчесто стои политичко уверување. Работата и работните односи се најчестите области во кои се пријавува дискриминација, но исклучително покачен е бројот на претставки во областа на членувањето во синдикалното ...

Денешното рочиште на кое првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, требаше да продолжи да одговара на прашања од неговиот адвокат Јовица Страшевски е откажано. Адвокатот Страшевски го известил судот дека не може да присуствува на денешното рочиште од здравствени причини. Поради тоа судот ги отповикал наредбите за спровод од затвор на обвинетите Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски, како и ...

Дисциплинската комисија на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го казни Фудбалскиот сојуз на Албанија со затворање на најмалку 20 отсто од капацитетот на стадионот на следниот натпревар кој ќе биде против репрезентацијата на Србија во квалификациите за Светското првенство, поради „неприфатливо однесување“ на албанските навивачи на неодамнешниот дуел против Андора. Паралелно со ова, Фудбалската федерација на Албанија ќе треба да плати и ...

Неименуван бездомник од Калифорнија освоил милион долари на лотарија откако купил билет во локална продавница за алкохол која често ја посетува, пишува Гардијан. -Тој влезе во продавницата, ја изгреба картичката и рече: „О Боже, дали е ова реално?“ „Човеку, јас повеќе не сум бездомник!“, изјавил менаџерот на продавницата, потсетувајќи се на ноќта кога била освоена наградата. Победникот првично мислел дека освоил 100.000 долари, пред неговиот ...

Благо намалување на бројот на претставки за 20 отсто бележи Извештајот за спречување и заштита од дискриминација за 2024 година во однос на 2023-та. Зголемен е бројот на претставки во однос на националната или етничка припадност, зад што најчесто стои политичко уверување. Работата и работните односи се најчестите области во кои се пријавува дискриминација, но исклучително покачен е бројот на претставки во областа на членувањето во синдикалното ...

По вчерашните претреси на осум локации во Прилеп обезбедена е целокупна документација за финансиското работење на прилепската болница од 2020 година па до денеска. Сега документацијата ќе се анализира, велат од прилепското Основно јавно обвинителство. Оформен е предмет во фаза на предистрага заедно со Финансовата полиција. -По претресот кај осомничени лица на осум локации е обезбедена документацијата. Се вршат проверки и на тендерска и на ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предлага да се прекине финансирањето на мировните мисии на ОН, објави Ројтерс, повикувајќи се на внатрешен документ што го видела, јави БТА. Мотивот се проблеми и неуспеси во работењето на мисиите во Мали, Либан и Демократска Република Конго. Вашингтон најмногу придонесува во буџетот на ОН, заедно со Кина, која е на второто место. Американскиот придонес сочинува 22 отсто од буџетот на ОН ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
30%
1021
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
2.57
42%
1022
weather icon

Загреб

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
40%
1021
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1022
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
5.01
61%
1022
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
1.03
61%
1022
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
7.15
37%
1014
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
37%
1015
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
28%
1017
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
7.72
52%
1023
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
1.79
38%
1023
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
7.72
61%
1017
Currency

61.525

Currency

53.9949

Currency

73.0232

Currency

35.0966

Currency

39.3139

Currency

65.5041

Currency

7.49982

Currency

0.68154

Currency

0.37263

Currency

0.52484

Currency

1.37073

Currency

0.62808

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15222.50

Рутениум

19708.41

Калај

32.51

Сребро

1174.68

Злато

106845.06

Бакар

9.80

Паладиум

34626.35

Платина

38771.98

Родиум

188081.87

Цинк

2.63