Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денеска треба да се изјасни по Извештајот за Стратегијата за проширување на ЕУ на литванскиот либерален европратеник Петрас Ауштревичиус. Овој Извештај дава оценка на соодветноста и релевантноста на моменталната политичка позиција на ЕУ за проширувањето и методологијата што ја применува Комисијата, проценувајќи го целокупниот напредок во подготовките за пристапување и ...
Во Собранието денеска ќе бидат промовирани два истражувачки труда - „Анализа на јавното мислење за пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија (2014–2025)“ и „Нови глобални неизвесности, стари европски обврски: Јавното мислење за пристапувањето во ЕУ во 2025 година“, во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и фондацијата „Конрад Аденауер“. Како што соопштија од Институтот за демократија, ...
Јавна расправа за Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор, подготвен во рамки на усогласувањето со правото на Европската Унија и европските политики во оваа област ќе се одржи денеска во организација на Министерството за дигитална трансформација, во соработка со Фондација Метаморфозис. Во рамки на настанот ќе бидат промовирани ажурираниот Портал за отворени податоци, како и ВИ асистентот ...
Тематски форум за користење на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата што ќе се одржи денеска во организација на Центарот за граѓански комуникации. Воведни обраќања посветени на важноста на информациите за вистинските сопственици како критична алатка за откривање, спречување и казнување на корупцијата, судирот на интереси и злоупотребата на јавните ресурси ќе имаат претседателот на Центарот за граѓански ...
Операта во еден чин, „Кавалерија Рустикана“, едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, ќе биде изведена вечер во Националната опера и балет (НОБ), соопштија од установата. Ова оперско дело претставува едно од најзначајните остварувања на италијанскиот композитор Маскањи и останува еден од најизведуваните наслови на светските, како и на домашната оперска сцена. Станува збор за интензивна приказна за љубовта, ...
Товарниот сообраќај и натаму останува блокиран поради протестот на транспортните превозници од Западен Балкан кои од завчера поставија камиони на граничните премини кон шенген зоната барајќи од ЕУ да се измени правилото за електронска евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена. Првичните проценки на коморите се дека штетите од блокадите дневно изнесуваат 100 милиони евра за регионот од кој во протестот се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се закани дека ќе ја повлече поддршката на САД за Ирак доколку поранешниот премиер Нури ал-Малики биде вратен на функцијата,јави ДПА. „Поради лудите политики и идеологии на Ал-Малики], доколку биде избран, САД повеќе нема да му помагаат на Ирак и, ако не сме таму да помогнеме, Ирак има НУЛА шанса за успех, просперитет или слобода“, рече Трамп во објава на неговата платформа Truth Social. ...
Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и најпрвин во западните делови, а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени. Во Скопје, облачно, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – М. Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради ...
Во Собранието денеска седница ќе одржа две комисии - Комисијата за социјална политика, демографија и млади и Законодавно-правната комисија. Пред членовите на двете комисии е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, во второ читање. За Предлог-законот е поднесен еден амандман од пратеничката на ...
Секој има право да протестира - рече премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар во врска со протестот што утре попладне ќе го организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за покачување на минималната плата на 600 евра. Тој посочи дека минималната плата законски се зголемува во март. - Во согласност со законот, минималната плата ќе биде зголемена во март, односно платите што ќе ги добијат работниците во април за март ќе бидат ...
Речиси еден милион евра. Толку пари морале да платат маркетите што лани биле фатени како ги кршат правилата на пазарната конкуренција. Во текот на 2025 година, Комисија за заштита на конкуренцијата изрекла казни во вкупна вредност од 53 милиони и 44 илјади денари, поради прекршување на Законот за заштита на конкуренцијата и Законот за забрана на нефер трговски практики. Од Комисијата информираат дека казните се однесуваат на картелски ...
Синдикатите утре излегуваат на протест. Бараат 100 евра зголемување на сите плати во државата и 600 евра минималец. Од Сојузот на синдикатите на Македонија велат дека очекуваат голема поддршка од работниците, кои иако, според нив, имаат многу закани од работодавачите, сепак самоиницијативно веќе се организираат за да дојдат на протест. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов објасни дека револтот е поради негрижата на Власта за приходите ...
Студентите на Универзитетот во Белград најавија бојкот на наставата за денеска како знак на поддршка на колегите и професорите од Филозофскиот факултет на Универзитетот во Нови Сад, посочувајќи на она што тие го нарекуваат злоупотреби и грубо кршење на автономијата на универзитетот. Во соопштение на социјалните мрежи се нагласуваат дека академската заедница е сведок на притисоци што ја загрозуваат автономијата на универзитетот, академскиот ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13 часот за Скопје не се пристигнати пријави за штети предизвикани од врнежите дожд. Состојбата е редовна и континуирано се следи. Во Струмички регион состојбата е стабилизирана и се бележи опаѓање на водостојот на реките Струмица и Тркања, иако на одделни места сè уште има појава на заезерување. Поради дождот, во Штипскиот регион зачестени се одрони и свлечишта на патните правци ...
Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги повика сите оние кои не се задоволни од платата да се приклучат на утрешниот протест организиран против незголемувањето на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Аргументи има многу, изговори нема, 200 илјади луѓе живеат со плата под 30.000 денари, изјави денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов. - Не треба на никој да му се плашите, затоа што не му должите на ...
Втор ден блокада на граничните премини. Превозниците не отстапуваат од барањата, да не се третираат како туристи туку како професионални возачи. Бараат да им се тргне правилото 90- 180 за престој во земјите од Шенген зоната. Додека превозници блокираат - економијата во надолна линија. Заменик министерот за економија Марјан Ристевски во емисијата Анализа на ТВ 24 - вели дека последиците се чуствуваат - но се надева на решение. Но, од ...
Утринава, нешто по 9 часот на улицата „Љубен Иванов“ во Штип, во непосредна близина на Клиничката болница, потпорен ѕид ненадејно попушти и се сруши врз паркирани возила, предизвикувајќи голема материјална штета. На местото на настанот имало застрашувачка глетка: големи бетонски блокови, огромно количество земја и камења буквално згмечиле најмалку два автомобила. Најлошо поминало патничко возило марка „Шкода“, кое е речиси целосно покриено од ...
Силното невреме и обилните дождови предизвикаа катастрофални штети во струмичкиот регион. Најкритично е во селото Костурино, каде во налетот на водата загинаа повеќе од 100 јагниња и овци. Поплавени се и земјоделски површини, а земјоделците се по своите ниви и се обидуваат да го спасат она што може да се спаси. На терен се и повеќе багери кои помагаат за намалување на штетите. Денеска, состојбата полека се стабилизира, информираат од Центарот ...
Втор ден блокада на граничните премини. Превозниците не отстапуваат од барањата, да не се третираат како туристи туку како професионални возачи. Од граничните премини - порачаа да се тргне правилото за ограничен престој во земјите од Шенген зоната. Од Асоцијацијата Макам-транс, велат дека не отстапуваат од блокадите се додека не добијат формален документ од Европската комисија со можни решенија на проблемот. ОД ССМ ги подржуваат барањата на ...
Пристигнати се пет кандидатури, но сепак ќе се почека и утрешниот ден доколку одредена кандидатура стаса по пошта, потврдуваат од собраниските служби. Владата и Советот на јавни обвинители ќе ја спроведуваат законската процедура, односно ќе ги разгледуваат веќе пристигнатите кандидатури. Премиерот Христијан Мицкоски, посочи на постапката која укажува дека на потег е Советот на јавни обвинители, односно кандидатите ќе бидат оценувани од ...
Мицкоски ќе има средба со Ахмети, но се уште не знае кога. Првиот интегративец пак и во една од последните свои изјави рече дека доколку Мицкоски не ја иницира средбата ќе ја иницираат тие. ТВ 24 и денеска побара став од Мала Речица за тоа дали и кога ќе ги превземат овие чекори но не одговорија . Сепак иако лидерска со Ахмети не му беше во фокусот на Мицкоски на денешниот настан, но одговарајќи на новинарски прашања во врска со опозициските ...
Дивоградби, неплатени комуналии, незаконско користење јавни површини и недонесени урбанистички планови Ревизорите со неповолна оценка за работењето на Општина Охрид. Во дел од населените места ревизијата утврдила изградени куќи, викендици и други хотелски комплекси без платен надоместок за уредување на градежно земјиште и без издадени одобренија за градење како и 23 угостителски објекти кои користат јавни површини без одобрение и без платена ...
Крајната десница не претставува директна закана за Македонија, но блокадата кон ЕУ ја јакне, додека светските геополитички превирања ја менуваат политичката мапа и правилата на игра. Ова го покажува новото истражување на Евротинк – центарот за европски стратегии и Центарот за анализи, мониторинг и истражувања од Словачка. За разлика од Србија која гради мрежи со европската крајна десница, Македонија останува надвор од тие кругови – без ...
Македонскиот ракометар Филип Талески во продолжението на сезоната ќе го носи дресот на унгарскиот клуб Татабања. Унгарскиот тим Талески го претстави како засилување. Играчот доаѓа како слободен агент. Левиот бек по заминувањето од Вардар тренираше индивидуално, а сега ќе има неколку недели заеднички подготовки со играчите од новиот клуб до продолжението на унгарското првенство односно по завршувањето на Европскиот шампионат. Во редовите на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека ги зголемува американските царини за стоките од Јужна Кореја, вклучувајќи автомобили и фармацевтски производи, од 15 на 25 отсто, јави ДПА. Трамп напиша на својата платформа Truth Social дека потегот се должи на тоа што „Законодавното собрание на Јужна Кореја не го почитува својот договор со Соединетите Американски Држави“. „Претседателот Ли Џе Мјунг и јас постигнавме Одличен договор за ...
Одбележувајќи ја 81-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау, се сеќаваме и им оддаваме почит на шесте милиони еврејски жени, мажи и деца убиени во Холокаустот, како и на сите други невини жртви на нацистичкиот режим, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во изјавата по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот – 27 јануари. - Овие животи беа брутално ...
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, објави дека уште 20 земји „поднеле барање да се приклучат кон Одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп“. Ливит не ги именуваше земјите што аплицирале, објавија американските медиуми. Иако Одборот за мир доби мандат од Советот за безбедност на Обединетите нации само за да го надгледува управувањето со Газа во следните две години, администрацијата на Трамп има за цел да го користи ова ...
Европскиот парламент денеска ќе одржи специјална пленарна седница во Брисел по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот – 27 јануари. Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот се одбележува на денот на ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц – 27 јануари 1945 година. Седницата ќе започне со воведен говор на претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, а пред европратениците ќе ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за порталот Аксиос (Axios) изјави дека Иран е заинтересиран за дипломатско решение на тензиите откако носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ пристигна на Блиски Исток. - Ситуацијата со Иран е променлива, бидејќи САД испратија голема флота во регионот. Имаме голема армада покрај Иран. Поголема од Венецуела. Тие сакаат да постигнат договор. Знам дека е така. Тие се јавија повеќе пати. Тие сакаат ...