
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна денеска во прекуокеанскиот француски департман Мајот, со што ја започна својата петдневна турнеја низ Индискиот Океан, пренесуваат агенциите. Авионот на шефот на државата, кој е придружуван од сопругата Брижит, слета во 8:15 часот по локално време во главниот град на територијата, Мамузу, прецизираат агенциите. Макрон денеска треба да се сретне со локалните жители и народните претставници за да ...
Почина папата Франциск, објави кардинал Кевин Фарел, јави италијанската новинска агенција АНСА. Тој беше 226-от римски бискуп и шеф на државата и суверен на Ватикан. Почина на 88-годишна возраст. „Драги браќа и сестри, со длабока тага морам да ја објавам смртта на нашиот свет отец Франциск. Во 7 часот и 35 минути утрово Римскиот бискуп Франциск се врати во домот на Отецот. Целиот негов живот беше посветен на службата на Господ и Неговата црква. ...
Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи во Прилеп. Оптимист сум дека ќе се оспособат салите во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и во Прилепскиот театар, вели за МИА уметничката директорка на Фестивалот Ана Стојаноска. Пред околу еден месец Инспекторатот при Дирекцијата за заштита и спасување, поради повеќе безбедносни пропусти, ги забрани за приредби, манифестации и претстави салите во Центарот за култура „Марко ...
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека следува период на нестабилно време со дожд и грмежи. Претпладне во текот на денешниот ден, времето се очекува да биде сончево со умерена облачност, а веќе од попладне, во западните и крајните источни делови, ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Се очекува минималната температура да биде во интервал од 4 до 10, а ...
Агенцијата за храна и ветеринарство пред Велигден спровела 617 вонредни контроли при што уништени се 1 740 килограми небезбедна храна. При контролите утврдено е дека 16 оператори не ги задоволуваат хигиенските барања за безбедност на храната и техничките услови во објектите, а четири оператори не ги спровеле задолжителните здравствени прегледи на вработените или тие имале санитарни книшки со истечен рок на важност. Пет од операторите не биле ...
Третата рунда преговори меѓу Иран и САД за нуклеарната програма на Техеран ќе се одржи задутре во главниот град на Оман, Мускат, со учество на посредници, соопшти синоќа иранскиот заменик - министер за надворешни работи Казем Гариб Абади. „Нема да преговараме за правото на Иран да збогатува ураниум и за тоа дека збогатувањето ураниум е една од нашите црвени линии. Иран не се стреми кон нуклеарно оружје, а збогатувањето ураниум во нашата земја се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека се надева дека Русија и Украина оваа недела ќе постигнат договор. „Се надеваме дека Русија и Украина ќе склучат договор оваа недела. Двете земји тогаш ќе почнат да склучуваат големи зделки со Соединетите Американски Држави и ќе заработат богатство“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social). Трамп минатата недела разговараше за прекинот на огнот со највисоките ...
Дваесет дена театарска магија во Велес. Фестивалот „5РЕ“ го затвори четвртото издание со порака дека сцената е место каде уметноста и животот се преплетуваат и каде што емоциите не се мерат со бројки, туку со аплаузи. Театарската сцена во Велес беше домаќин на четвртиот фестивал „5РЕ“, посветен на доајенот Петре Прличко. Од комедии до драми што боли во стомакот, на публиката ѝ беа понудени десетина претстави од Македонија и регионот. Фестивалот ...
Маркетите во Македонија веќе неколку денови на своите веб-страници имаат обврска да ги објавуваат малопродажните цени на производите поради измените на Законот за заштита на потрошувачи. За да ја тестираме функционалноста на оваа законска измена, посетивме неколку веб страни на одредени маркети. Кај некои од маркетите табелата со цени имаше опција за пребарување на производи, додека кај други пак мораше да се врти страна по страна. За ваквите ...
Река од верници ги преплавија многубројните црковни храмови во Охрид балканскиот Ерусалим кој и оваа година величенствено го дочека Христовото Воскресение. Точно на полноќ со домаќините jајца кршеа и туристите кои овој викенд гостуваат во туристичкиот центар. Со желби за добро здравје и среќа,лошите работи да останат зад нас, граѓаните го дочекаа христовото воскресение.. Централната богослужба традиционално се одржа на Плаошник во храмот Свети ...
Православните христијани го празнуваат најважниот верски празник Велигден. На полноќ, со велигденски јајца и со отпоздравувањето „Христос воскресна-Навистина воскресна“, го чествуваат воскресението на Исус Христос, на третиот ден по неговата смрт. Молитви, црковни ѕвона, велигденски отпоздравувања-се одбележува Христовото воскресение. Велигденската служба започнува на полноќ, која значи почеток на велигденското утро. Пред литургијата на полноќ, ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, којшто годинава во исти ден го слават сите граѓани од христијанска вероисповед во светот, упати честитка до поглаварите на Црквите во земјава: Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, до скопскиот бискуп и епарх струмичко-скопски на Католичката ...
Борбените авиони на британското воено воздухопловство (РАФ) полетаа двапати во последните 48 часа за да го заштитат воздушниот простор на НАТО од руски борбени авиони, објавија денеска британските медиуми. Британските „тајфуни“ беа ангажирани за два одвоени инциденти оваа недела, откако руски воен авион прелета премногу блиску до границата на НАТО, предизвикувајќи тревога, пренесува лондонски „Телеграф“. Ова е првпат РАФ да биде повикан да ...
Новиот српски министер за информации Борис Братина во својата велигденска честитка ги повикува надлежните органи да ја деблокираат Радио и телевизија на Србија бидејќи нејзиниот пад е исто како и државен удар, јави дописникот на МИА од Белград. Министерството за информации и телекомуникации на Србија на граѓаните им го честита Велигден со желби за мир, воздржаност и промисла. Заедно со велигденската честитка, упатен е и повик до државните органи ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и премиерот Христијан Мицкоси синоќа во црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид го дочекаа Христовото воскресение - Велигден. Сиљановска Давкова на својот Фејсбук објави дека Христовото воскресение го дочекала во возвишената атмосфера на црквата Св. Богородица Перивлепта, под светлината на свеќите и со молитви во срцата, со смирение и духовна радост. -Како стожер на верата, Христовото воскресение, ...
Велигден не е само сеќавање на некое историско случување од минатото, туку е живо присуство на Божјата сила која секогаш е со нас, која нè води, која нè облагородува и која нè ослободува. Во таа смисла, ние не сме само сведоци на Христовото Воскресение, туку и негови учесници, истакна митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски Петар. За време на празничната богослужба пред верниците во битолскиот Храм „Св. ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до припадниците од православната и католичката вероисповед со порака дека денешниот празник дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците. -На сите христијани од православната и католичката вероисповед им го честитам денешниот голем празник, ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Африм Гаши упати честитки до граѓаните од христијанска вероисповед, по повод Велигден. -Во овие светли денови на радост и духовна обновеност, дозволете ми од свое лично име и од името на Собранието на Република Северна Македонија да Ви ги честитам Велигденските празници. Велигденската порака е порака на надеж и обнова. Овој значаен празник е можност повторно да се потсетиме дека ...
Јапонија ќе ја „нагласи праведноста“ во сите дискусии со САД за девизните курсеви, рече премиерот Шигеру Ишиба, додека очекуваните билатерални трговски разговори го привлекуваат глобалното внимание поради царините објавени од американскиот претседател Доналд Трамп, пренесуваат агенциите. Говорејќи на јавниот радиодифузен сервис NHK, Ишиба сугерираше дека Токио може да купи повеќе енергетски ресурси од САД и понуди флексибилност во однос на ...
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во рамки на посетата на Рим имаше „кратка средба“ со папата Франциск во папската резиденција каза Санта Марта во Ватикан, пренесоа американските медиуми. Во извештаите се наведува дека средбата се случила „во момент на затегнати односи меѓу Ватикан и Вашингтон“ поради антиимиграциските мерки кои ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп и намалувањето на меѓународната помош, пренесува Скај Њуз. Џеј ...
Францускиот претседател Емануел Макрон добил покана од британскиот крал Чарлс Трети да ја посети Велика Британија пред американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе ДПА, повикувајќи се на публикација во британскиот весник „Сандеј Тајмс“. Ова е знак дека Велика Британија настојува да се приближи до Европската унија, од која се одвои, се истакнува во изданието. Малку луѓе во владата и кралскиот дворец знаат за посетата, која би била прва државна ...
Чествувањето на Воскресението на Исус Христос во Белгија, покрај со заедничките карактеристики со сите христијански заедници, како вапцањето јајца, постот и одењето на црковна служба, има своја особеност поврзана со легендата за исчезнувањето и враќањето на камбаните. Според оваа легенда, која датира од седмиот век, на Велики четврток „исчезнуваат“ црковните ѕвона и „заминуваат“ во Рим за да ги благослови папата. Поради ова, камбаните на црквите ...
Во САД се одржаа стотици антивладини протести против власта на претседателот Доналд Трамп. Од Вајоминг до Вашингтон и од Мисисипи до Менхетен, протестите вчера се одржаа под мотот „50501“, назив на децентрализирана иницијатива започната на социјалната мрежа Reddit, чија цел беше организација на протести во сите 50 сојузни држави кои требаше да се одржат на 5 февруари. Според портпаролот на движењето, тоа се продемократски активисти кои се борат ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени, информираат од Управата за хидро - метеоролошки работи. Во Скопје, исто така, се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура да се ...
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии. Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави ...
Верниците на Римокатоличката црква денеска го слават Воскресението Христово - Велигден, најголемиот христијански празник, што годинава на ист ден го празнуваат и православните верници. Традиционално во државава централното одбележување на католичките верници се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде што беше отслужена Воскресна литургија. Велигденската литургија ја предводеше скопскиот бискуп и струмичко – ...
Премиерот Христијан Мицкоски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден, во свое име и во име на Владата упати честитка до Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, свештенството, монаштвото и сите православни верници. -Воскресението на нашиот Спасител е вечен симбол на победата на животот над смртта, на светлината над темнината. Нека оваа Пасха донесе духовна радост, мир и благослов во секое ...
Овогодишниот Велигден го доживуваме поразлично од досега, по страшниот пожар во Кочани во кој пострадаа шеесетина наши чеда, а повеќе од двесте беа повредени. Трагедијата за кусо време, како ретко кога, го сплоти во тага и во молитви сиот наш народ, но и сите оние коишто сочувствуваа со нас. Истовремено, кочанското страдање на најсуров начин повторно нè соочи со немилосрдната стварност на смртта. Во молитвеното испраќање на овие млади луѓе и во ...
На 63 години почина Тоше Поп Симонов, еден од најзначајните композитори, продуценти и аранжери во современата македонска музика. Тој остави особено длабока трага во македонската музика во 90тите соработувајќи со речиси сите познати имиња од поп, рок, па и фолк-сцената во земјава и со изведувачи од регионот. Поп Симонов ја почна својата музичка кариера во 80тите, како еден од основачите и гитарист на култната рок-група „Бастион“, а потоа и ...
Истрагата за трагедијата во Кочани ќе заврши за краток временски период - уверува првиот човек на полицијата Панче Тошковски. МВР постапува по сите наредби на јавното обвинителство, се надевам дека постапката ќе премине во нова фаза, дополни Тошковски Опозицијата пак и денеска со серија критика за досегашниот тек на истрагата. Од СДСМ велат дека владата предводена од Тошковски и Мицкоски, прави се за да ги заштити своите и да ја дефокусира ...