Во Националната опера и балет во Скопје вечер ќе биде одржано 71-издание на изборот „Спортисти на годината 2025“. На оваа традиционална спортска манифестација ќе бидат прогласени и наградени најуспешните македонски спортисти, тренери, спортски тимови и репрезентации и национални спортски федерации за 2025 година, во девет категории. Во рамки на настанот ќе се одржи и доделување на 500 стипендии „Спортска надеж“, наменети за млади, талентирани ...

Хрватска ја совлада Унгарија со 27 – 25 во завршното коло од групата 2 на Европското ракометно првенство и се пласираше во полуфиналето, во кое место обезбеди и Германија, откако во групата 1 триумфираше над Франција со 38-34. Хрватите три четвртини од натпреварот во Малме беа во резултатска негатива која достигнуваше највисоки – 3 голови (2-6, 7-11, 15-19), но откако во 46. минута прв пат дојдоа во водство (21-20) не го испуштија до самиот ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја забележаа четвртата победа во регионалната АБА 2 лига, откако вечерва пред своите гледачи ја совладаа Подгорица со 67-54 и се искачија на шестото место на табелата. Актуелниот македонски шампион од самиот почеток најави победнички амбиции и по двете воведни четвртини имаше предност на полувремето од 34-20. Во воведниот дел од третата четвртина, Подгорица ја намали негативата на минус десет поени (26-36), ...

Завршните натпревари од главната фаза во кои Данска вечерва ја совлада Норвешка со 38-24, а Шведска триумфираше над Швајцарија со 34-21 ги комплетираа полуфиналните двојки на Европското првенство во ракомет. Данска со вечерашниот триумф го освои првото место во групата 1 и во полуфиналето ќе игра против Исланд, како второпласирана репрезентација во групата 2, додека Хрватска како првопласирана репрезентација во групата 2 во полуфиналето ќе ...

По завршувањето на осумте кола, познати се 24 екипи кои продолжуваат во следната рунда на фудбалската Лига на шампиони. Осумте учесници кои обезбедија директен пласман во осминафиналето се: Арсенал, Баерн, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер сити. Тимовите рангирани од 9. до 24. место: Реал Мадрид, Интер, ПСЖ, Њукасл Јунајтед, Јувентус, Атлетико Мадрид, Аталанта, Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд, Олимпијакос, Клуб ...

Просечната плата во земјава во 2024 година пораснала номинално за 9,2 проценти, а реално за 5,1, додека очекувањата се инфлацијата во текот на годинава да не надмине 3 проценти, посочува гувернерот на Народната банка, Трајко Славески во објавен статус на социјалната мрежа Х. Во осврт на протестот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за зголемување на минималната плата и на останатите плати, гувернерот нагласува дека е важно решенијата ...

Американскиот министер за финансии Скот Бесент вчера изјави дека е разочаран од одлуката на Европа да склучи голем трговски договор со Индија. Според него за Европа приоритет е трговијата пред интересите на украинскиот народ. Бесент за американската телевизија Си-ен-би-си (CNBC) наведе дека Европа купува рафинирани артикли произведени во Индија со санкционирана руска нафта и не беше подготвена да ги исполни повисоките царини што САД ги ...

Европската комисија денеска ќе усвои две нови стратегии, едната за визите, а втората за миграцијата и азилот. Портпаролот на Еврокомисијата за внатрешни работи, Маркус Ламерт во понеделникот во врска со протестите и блокадите на границите од страна на балканските превозници, изјави дека Комисијата е свесна за нивните проблеми и работи на нивно надминување во рамки на подготовките на Стратегијата за визи. - Свесни сме дека голем број ...

Армијата и полицијата на Венецуела се заколнаа на „беспрекорна лојалност и подреденост“ на привремената претседателка Делси Родригез на церемонија во Фуерте Тиуна, милитаризирана област во Каракас, каде што американските сили го заробија претседателот Николас Мадуро на 3 јануари. Родригез, која важеше за една од најлојалните помошнички на Мадуро, на 5 јануари положи заклетва како претседателка на Венецуела. Таа го осуди апсењето на ...

Најновиот развој на настаните поврзани со руската агресија врз Украина и ситуацијата на Блискиот Исток и во африканскиот регионот на Големите езера ќе бидат главни теми на денешното заседание на Советот за надворешни работи на ЕУ. Советот, со кој ќе претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, ќе започне со неформална дискусија на шефовите на дипломатиите за перспективите на надворешната ...

Во Кина егзекутирани се 11 членови на семејната криминална банда, која раководеше со центри за интернет измами во Мјанмар. Судот во Венџу соопшти дека утрово се погубени 11 лица, кои во септември минатата година беа осудени на смрт за тешки кривични дела, вклучително убиство на 14 кинески државјани, раководење со коцкарници и интернет измами. Измамите и коцкарниците на семејството Минг им донеле повеќе од 10 милијарди јуани (1,4 милијарди ...

Новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Новиот состав на ДИК, кој вчера беше изгласан од пратениците го сочинуваат, се Бојан Маричи претседател на Комисијата, Абдуш Демири потпретседател и членовите Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху. Државната изборна комисија е составена од седум члена (претседател, ...

Собранието денеска ќе ја одржи 82. седница со единствена точка на дневен ред - поставување пратенички прашања. Вообичаено, овие пленарни седници се одржуваат секој последен четврток во месецот. Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата. Според новиот Деловник, од 21 ноември лани еднаш месечно се одржува и седница за пратенички прашања од опозициските пратеници и трае два часа. ...

Судиите денеска на непосредни избори гласаат за нов член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението. Право на глас имаат сите 418 судии запишани во Судскиот изборен именик. Гласањето започнува во 8 часот и трае до 15 часот во изборните места во сите судови во земјава, по што на јавна седница се објавуваат резултатите. На кандидатската листа Судиите на непосредни избори ќе гласаат за еден ...

Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините ќе има врнежи од снег. Ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен прaвец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени. Во Скопје ќе биде облачно и магловито, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. ...

Без електрична енегија денеска во периодот од 09.00 до 11.00 часот, ќе истанат дел од корисниците од улиците „Кујунџиска“ и „Битпазарска“, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од Старата чаршија во Општина Чаир, информира РЦУК Скопје. Струја од 10.00 до 14.00 часот ќе немаат и корисниците од ул. Ј„устинијан Први“, како и дел од корисниците од ул. „Речиште“. Без електрична енегија денеска во ...

Поради протест на камионските превозници, блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Пред членовите на двете собраниски комисии е Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова–КфВ по Договорот за заем за финансирање на проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови и објекти за ученици/студенти со попречености во Северна Македонија, фаза 2, по ...

Билатералните прашања не смее да се користат за блокирање на пристапниот процес... Со 44 гласа „за“ и 11 „против“ Комитетот за надворешни работи на ЕП го усвои извештајот за стратегијата за проширување на ЕУ ... Во предлог-извештајот се повторува дека регионалната соработка е предуслов за пристапување кон ЕУ и дека процесот мора да се базира на заслуги ... „Нерешените билатерални прашања меѓу земјите од ЕУ и земјите што не се членки на ЕУ ...

Центарот на Филаделфија, Џоел Ембиид, почна да покажува форма што доликува на поранешен МВП на лигата. Високиот играч има серија од четири натпревари од над 30 поени, а го заврши својот последен натпревар против Бакс со 29, 9 и 5 поени. Тренерот на Милвоки, Док Риверс има само пофални зборови за Ембид. - Неверојатен е. Неодамна му кажав на еден член на Куќата на славните дека Џоел Ембид е најталентираниот играч што некогаш сум го тренирал. ...

Канадските власти ги засилија процедурите за скрининг за апликации за виза за навивачите кои планираат да присуствуваат на натпреварите од Светското првенство во 2026 година, објави „The Globe and Mail“, повикувајќи се на претставници на Министерството за имиграција и државјанство на земјата. Според изворот, мерката има за цел да спречи потенцијално зголемување на барањата за азил поврзани со Мундијалот. Министерството спроведува особено ...

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека ги проверува наводите што докторот Жан Митрев ги изнесе, а кои се однесуваат на тоа дека поранешниот премиер Зоран Заев и ексминистерот за здравство Венко Филипче се обиделе да го принудат да им ги продаде неговите сопственички удели во клиниката. Предметот кој го води скопското обвинителство е оформен по допрен глас на 21 јануари. Се вршат проверки со цел да се испита евентуално постоење на ...

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Како што информираат Автомотосојузот на Македонија и ЈП „Македонијапат“, снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка, Маврово и Крушево. На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Сите други патни правци во државата се проодни. Интензитетот ...

„Уа“ и „лопови“ се извикуваше на протестот на работниците кои бараат 600 евра минимална плата. До носителите на јавни функции испратија порака – ако не се зголеми минималната плата, доаѓаме по вашите плати. Се најавуваат блокади, генерален штрајк и директни законски иницијативи доколку не се прифати барањето за зголемување на минималната плата. „Уа“ и „лопови“ се извикуваше на протестот на работниците кои бараат 600 евра минимална плата. До ...

Форумот за разумни политики (ФРП) денеска го објави првиот анализиран случај во рамките на Индексот за политички интегритет (ИПИ), а во чиј фокус е в.д. претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска. Целта на Индексот за политички интегритет е јавно адресирање на прашања поврзани со интегритетот, етиката и одговорноста на носителите на јавни функции, а анализираниот случај кој се однесува на Димовска е во контекст на ...

Транспортниот сектор ја има клучната улога во развојот на регионалната економија и секое ограничување на работењето на превозниците ќе има негативно влијание врз целиот регион во Западен Блакан, потенцира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој во рамки на работната посета на Загреб остварил средба со Лука Буриловиќ, претседател на Стопанската комора на Хрватска. Како што информира Министерството за транспорт, ...

Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, денеска изјави дека во последните денови не бил во контакт со специјалниот американски претставник, Стив Виткоф, ниту пак Техеран побарал преговори, објавија иранските државни медиуми. Аракчи изјави дека разни посредници водат консултации со Техеран, но дека разговорите можат да се одржат „само кога нема повеќе закани и прекумерни барања“, јавија британските медиуми. „Во последните денови немало ...

Британскиот премиер Кир Стармер ја отфрли идејата на својот канадски колега Марк Карни за обединување на средните сили против големите глобални сили, нагласувајќи дека Велика Британија претпочита да применува „здрав разум“ во меѓународните односи. Стармер, кој денеска треба да пристигне во Кина како дел од посетата насочена кон рестартирање на билатералните односи со оваа азиска земја, за време на летот за Пекинг изјави дека британскиот ...

Кина и Европската Унија се партнери, а не ривали, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со Емануел Бон, дипломатскиот советник на францускиот претседател Емануел Макрон. Пекинг и Брисел се придржуваат до исти или слични позиции за прашања како што е поддршката на принципот на мултиполарност и се способни да ги решаваат трговските спорови преку дијалог, нагласи уште Ванг Ји. Тој исто така забележа дека ...

Започна протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија за 600 евра минимална плата и за повисоки останати плати за 100 евра. Според синдикалните лидери, протестот се организира поради инфлацијата која го топи работничкиот стандард, минималната кошница која македонските семејства не можат да си ја дозволат и игнорантскиот однос на Владата и дел од работодавачите кои не ги зголемија платите на работниците. Според маршрутата, протестот ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
6.17
50%
1012
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.63
46%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 15ᴼ
3.09
43%
1015
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
55%
1017
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.7
87%
1017
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
55%
1016
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
59%
1010
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
62%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
48%
1012
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
3.6
68%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.06
41%
1015
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.63
100%
1012
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Калај

43.90

Родиум

350443.14

Бакар

10.68

Злато

166450.52

Цинк

3.07

Алуминиум

3.18

Иридиум

258288.78

Платина

60154.05

Рутениум

56199.51

Кобалт

66.14

Паладиум

45911.27

Сребро

2840.84