Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка по повод Денот на наставата на турски јазик, посочувајќи дека овој ден нè потсетува дека образованието на мајчин јазик е педагошка потреба, но и длабока цивилизациска вредност и уставна определба. -Преку јазикот се пренесуваат знаењето, културната меморија и чувството на припадност, а преку училиштето тие вредности се претвораат во заедничко богатство на државата, наведе Мицкоски. Премиерот ...
Јасна распоредба на одговорностите и засилена меѓуинституционална координација се клучни за успехот на реформите. Ова е заклучокот од денешниот неделен состанок што го одржа премиерот Христјан Мицкоски. Фокусот на разговорите бил ставен на динамиката со која се одвиваат процесите и почитувањето на зададените рокови. Премиерот преку социјалните мрежи информираше за текот на состанокот: „Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска ...
М-НАВ информира дека денеска успешно ги заврши преостанатите градежни активности за целосна демонтажа на останатите делови од стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје. Работите, како што информираат, биле реализирани во период со магла и намалена видливост, кој бил оптимално искористен за комплетно и безбедно завршување на активностите, без какво било влијание врз одвивањето на воздушниот сообраќај. Со оваа фаза се заокружува процесот ...
Поради маглата која и денеска е присутна во скопската котлина, на Меѓународниот Аеродром Скопје има намалена видливост што резултираше, во периодот од 00:00 часот на полноќ до 12 часот денес напладне, авиокомпаниите да откажат 20 лета и да пренасочат еден лет. По 11 часот слетаa авионите од Дортмунд и од Виена, а во моментов се очекува да полета авионот за Хамбург, информираат од ТАВ Македонија. Од ТАВ Македонија посочуваат дека согласно ...
Поради магла има намалена видливост на неколку патни правци низ државава, соопшти ЈП „Македонија пат“ апелирајќи на внимателно возење. -Намалена видливост поради појава на магла до 30 метри на патниот правец Жировница – Луково, намалена видливост 150 метри во околината на Тетово, Штип, Петровец и Демир Капија, стои во соопштението. Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, додека на ...
Скопје и денеска е меѓу 25-те најзагадени градови во светот и второ во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух „Ај-Кју Ер“. Индексот на загаденост за Скопје во 9 часот изнесува 95, што е во категоријата на средна загаденост. Министерството за животна средина завчера издаде препораки до граѓаните за заштита од загадувањето. На сите работодавачи им се препорачува да ги ослободат од ...
Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случила утрово на автопатот Белград – Ниш во Србија. Според информациите на српските медиуми, автомобилот излетал од патот. Според првичните и неофицијални информации, возилото марка „Сеат“ со германски регистарски ознаки изгубило контрола и излетало надвор од коловозот. Третиот патник во возилото е тешко повреден и пренесен во болница. Патниците патувале од Германија за ...
Во духот на празниците, НУ „Охридско лето“ ѝ подари на публиката посебно музичко доживување преку свечениот новогодишен концерт, кој синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид донесе врвна уметност и празнична атмосфера. На сцената настапија виртуозниот пијанист од Италија, Франческо Барбаџелата, и моќниот шпански тенор Рамирез Дроз Реиналдо Елаис, воодушевувајќи ја публиката со нивната импресивна изведба и извонредна ...
На денешниот,седми конгрес на Медитеранската ракометна конфедерација, Македонија беше примена во медитеранското семејство како полноправна членка, објави Македонската ракометна федерација. Конгресот на Медитеранската конфедерација се одржа во рамките на изборниот конгрес на Меѓународната ракометна федерација во главниот град на Египет, Каиро. Нашата земја досега имаше статус на придружна членка. Наредната година во февруари, на Медитерански ...
Францускиот фудбалер на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, постигна гол против Севилја во победата од 2:0 на домашен терен во 17. коло од шпанската Премиер лига. Овој гол беше 59. за 27-годишниот напаѓач за Реал Мадрид во 2025 година, израмнувајќи го рекордот поставен од Кристијано Роналдо во 2013 година. Во сезоната 2025/26, Мбапе постигна 29 гола и имаше четири асистенции во 24 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања. Неговиот договор со ...
Лос Анџелес клиперс утрово ги победија Лос Анџелес лејкерс во домашен натпревар од НБА-лигата со 103:88. Кавај Ленард го предводеше својот тим до победата со 32 поени и 12 скока. Џејмс Харден исто така имаше дабл-дабл со 21 поен и 10 асистенции. Кај Лејкерс најефикасен беше Леброн Џејмс со 36 поени. Клиперси ја прекинаа серијата од пет порази. Тимот победи во седум од 28 натпревари и се наоѓа на 14. место во Западната конференција. Лејкерси, ...
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо не е задоволен во целост од играта на неговиот тим во победата над Севилја. Реал синоќа на домашен терен славеше со 2:0 во 17. коло од шпанското фудбалско првенство. - Ќе имаме време да размислиме каде сме. Денес беше натпревар што мораше да го добиеме. Знаеме дека сме способни да играме подобро и сакаме да играме подобро. Ја знаеме нашата ситуација, имаме одредени барања и елемент на самокритика што ќе ни ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, татко и син од гевгелиското село Богородица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес со судска наредба во домот на осомничениот татко на 17 декември, како што ...
Образованието на мајчин јазик е важно човеково право, суштинско за зачувување и за градење на националниот и културниот идентитет, но и за персоналниот развој и успех, се вели во честитката од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 21 Декември - Денот на наставата на турски јазик. - Почитувани припадници на турската заедница, почитувани наставници. Имам особена чест, во име на сите граѓани и во лично име, најсрдечно да ви го честитам 21 ...
Најстудено изутринава со измерена минимална температура од -4 степени е во Тетово, Битола, Прилеп и Берово, а најтопло со измерени 0 степени во Охрид, Претор, Виница, Гевгелија и Kрушево, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Струмица и Кавадарци измерени се -3, во Скопје-Петровец, Штип, Куманово и Mаврови Анови -2 и во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Велес и Демир Капија -1 степен. Времето денеска ќе биде сончево со мала ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла од 100 до 200 метри има од Тетово – Скопје – Куманово – Кочани – Сарамзалино – Велес – Неготино - Д.Капија и магла со видливост до 50 метри има Битола – Прилеп – Ѓавато – Ресен - М.Брод - Кичево и Дебар, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од ...
Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите Истанбул, Измир, Венеција и Љубљана, како и повеќето полетувања. Бидејќи временските услови се менуваат постојано, од ТАВ Македонија апелираат до сите патници да ги следат информациите и насоките за ...
Едно лице загина, а едно е тешко повредено во несреќа што денеска се случи на жичницата на Савин кук на Дурмитор, кога странски туристи паднале од корпа на ски-лифтот, јави Радио-телевизија Црна Гора (РТЦГ). Несреќата се случила на вториот, пострмен дел од жичницата, а загинатиот е маж, додека повредената жена била свесна и комуникативна и веднаш ѝ била укажана медицинска помош. На лице дошле полиција и спасувачки екипи кои вршат увид, а ...
Во голема операција против илегалната трговија со дрога италијанската полиција откри и конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 лица. Во операцијата 655 лица се ставени под истрага, од кои 39 малолетни, а конфискувани се 35 килограми кокаин и повеќе од 40 парчиња огнено оружје. Полицијата изврши контроли и во 312 продавници за канабис, при што привремено се затворени пет продавници во три града откако биле извршени 312 контроли. Конфискувани ...
Папата Лав Шеснаесетти ги повика кардиналите на дводневен собир на почетокот на јануари следната година во Рим, за да му помогнат во управувањето со Црквата, соопшти денеска Ватикан. Конзисториумот, односно официјалниот состанок на Кардиналскиот колегиум, ќе се одржи на 7 и 8 јануари, веднаш по завршувањето на 2025 година на 6 јануари, Светата година за Католичката црква, која се одбележува на секои 25 години. Како што соопшти Ватикан, првиот ...
Американските власти понудија потенцијален нов формат за мировни преговори меѓу Украина и Русија, со учество на американски и можно европски пратеници, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Киев ќе одлучи за форматот кога ќе биде јасно дали билатералните разговори со американските преговарачи, кои продолжија и денеска, се позитивни, рече Зеленски, додавајќи дека планира ова прашање да го покрене со шефот на украинската делегација ...
Грчката полиција уапси 12 лица, од кои шест малолетници, поради трговија со кокаин и хашиш во училиште во регионот Атика во Грција. Дирекцијата за безбедност на Атика разби синџир за трговија со дрога, главно во училиште, при што беа уапсени шест полнолетни и шест малолетни лица, пренесе денеска „Катимерини“. Локалните власти соопштија дека членовите на синџирот тргувале со кокаин и хашиш дури и за време на петдневна школска екскурзија. ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла претпладне. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени. Во понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. По одделни ...
На денешен ден 1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас Бекет, кој во 1170 година бил погубен поради противењето на политиката на англискиот крал Хенри Втори. Претходно бил близок пријател на кралот и негов канцелар до изборот за надбискуп во 1162 година. Противејќи се на ограничувањата на црковната власт, посебно на судството, во 1164 година емигрирал во Франција. По враќањето со одлука на Хенри Втори бил погубен во Кентербериската ...
На 67-годишна возраст почина театарскиот, филмски и телевизиски актер Лазе Манасков, објави неговата матична куќа Драмски театар од Скопје, каде што го помина целиот работен век. Манасков дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а од 1983 година работеше во скопскиот Драмски театар, каде што остана до пензионирањето во 2022 година. Покрај многубројните улоги на театарската сцена, Манасков оствари плодна кариера и на филм и ...
Густата магла го парализираше сообраќајот. Сообраќајна несреќа вечерва се случи на автопатот близу патарината Петровец. Нема информации за повредени, но кај возилата има материјална штета. Една од сообраќајните ленти е затворена од страна на полицијата поради увид. Од спротивната страна паркирани се неколку возила. Официјално од ЦУК само кусо велат дека во Петровец има судар на два автомобила, каде екипата од СВР Скопје врши увид на местото ...
Србија има обезбедено доволно керозин, мазут, дизел и бензин најмалку до 15-ти, а можеби и до 25 јануари. Ова го истакна српскиот претседател Александар Вучиќ, обидувајќи се да ги смири граѓаните по информациите за проблемите со нафтената индустрија. Иако државата веќе 70 дена функционира без увоз на нафта, Вучиќ тврди дека енергетскиот систем е стабилен и дека нема причина за паника пред претстојните празници. Сепак, тој призна дека ...
Густата магла го парализираше сообраќајот. Верижна сообраќајна несреќа вечерва се случи на автопатот близу патарината Петровец. Засега нема информации за повредени, но кај возилата има значителна материјална штета. Една од сообраќајните ленти е затворена од страна на полицијата поради увид. Од спротивната страна паркирани се неколку возила. Од АМСМ предупредуваат на голема претпазливост на сите патни правци, бидејќи маглата е густа, а ...
Арбр Адеми нов генерален секретар, досегашниот Фатон Ахмети нов потпретседател, потпретседател останува и Бујар Османи. Рокади и по некое ново лице во најтесното раководство на ДУИ – Бујар Османи останува потпретседател, како и Арбана Пашоли. Нови потпретседатели се Арта Биљали Зендели и Еркан Арифи. Фатон Ахмети и Арбр Адеми ги менуваат местата – Адеми генерален секретар, Ахмети потпретседател. Неби Реџепи, поранешен државен секретар во ...
Пред лицето на правдата да се изведат и оние кои не се обвинети а имаат вина, да се утврди индивидуалната одговорност на сите инволвирани. Ова се барањата кои родителите на загинатите во дискотеката Пулс ги истакнаа на 34-тиот „Марш за ангелите“, кој се одржа денеска во Кочани. Родителите сметаат дека поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски кој си поднесе оставка, немал храброст и волја самостојно да го отвори предметот од денот на ...