Во Албанија денеска се одржуваат 11ти по ред парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим, на кои право да гласаат имаат 3.721.116 избирачи. На овие избори за првпат право да гласа има и албанската дијаспора, која се чини ќе има големо влијание врз конечните резултати. Новите 140 пратеници, колку што брои Законодавниот дом, по првпат се избираат по принцип на затворени листи, што значи 92 сигурни мандати и 48 преку отворени листи. ...

Кремљ потврди - Руска делегација утре ќе биде во Истанбул и ќе чека да се појават претставници на Украина за директни мировни преговори но сеуште не открива кој ќе ја претставува Москва. - Можам уште еднаш да потврдам дека сè што рече претседателот во неговата изјава на 11 мај е сè уште релевантно. Руската делегација всушност ќе ја чека украинската делегација во Истанбул во четврток, на 15 мај. Тоа е утре“.Ќе го објавиме составот кога ќе ја ...

Соединетите Американски Држави и Саудиска Арабија потпишаа договор за продажба на воена опрема вреден речиси 142 милијарди долари, врз основа на кој Ријад ќе добие најсовремена опрема и услуги од американски компании, соопшти Белата куќа. Договорот, потпишан за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Ријад, е дел од ветените саудиски инвестиции во САД во вредност од 600 милијарди долари, се додава во соопштението. Трамп и ...

Односите Србија - ЕУ, дијалогот Белград - Приштина и патувањето на Вучиќ во Москва на 9 мај во фокусот на средбата помеѓу претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта и престедателот на Србија Александар Вучиќ во Белград. -Драг Александар, процесот на пристапување се темели на градење доверба. Знам дека многумина, не само во Србија туку и во регионот ја изгубија довербата во овој процес, но дојдов лично да ве уверам дека иднината на Србија е ...

Трамп во посета на Саудиска Арабија Американскиот претседател Доналд Трамп отпатува за Саудиска Арабија, првата станица од неговата турнеја на Блискиот Исток. Ова е прво патување на Трамп во регионот откако се врати на власт во јануари. Се очекува тој да ги посети и Катар и Обединетите Арапски Емирати. Трамп изјави дека до крајот на неделата е можна негова средба со неговиот кинески колега Си Џинпинг. Тој изјавата ја даде откако беше постигнат ...

По неколку месечни тарифни мерки, САД и Кина постигнаа договор за привемено намалување на давачките едни против други. Двете страни треба да ги намалат тарифите за 115 отсто почнувајќи од среда и ќе траат следните 90 дена. Постигнавме договор за 90-дневна пауза и значително ги намаливме нивоата на царини. Двете страни ќе ги намалат реципрочните царини за 115 проценти. Имавме многу интензивни дискусии. Двете страни покажаа големо почитување ...

Излезните анкети од парламентарни избори во Албанија говорат за изборен триумф на актуелниот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама. -Социјалистите освоија 51,8 проценти од гласовите на изборите покажуваат податоците од излезните анкети објавени од „Албениан пост“, објави Топ чанел. Ова ѝ обезбедува на партијата 79 мандати во парламентот со 140 пратеници. Според новата изборна формула, секоја партија учествува на изборите со 186 ...