Денеска стартува 34. шампионат во ПМФЛ во самостојна Македонија. „СпортСпорт“ низ 12 текста во следните денови до понеделник, во деновите кога ќе играат, ќе ги претстави сите клубови кои во сезоната 2025/26 ќе играат во елитата. Секако дека ќе почнеме со Вардар, со нашиот најтрофеен клуб од кого се очекува со сите сили да атакува кон својата вкупно 13 титула (11 во самостојна Македонија и таа една од екс-СФРЈ). Вардар ова лето по цели седум ...
Како и секoја година кога стартува новата сезона во ПМФЛ, така и оваа кога се однесува до Работнички, стои прашањето. А тоа е што може овој тим од Градски парк? Што може овој “нов“ Работнички? Видовме како мина во Европа, видовме какви резултати имаше на подготвителните мечеви, посебно на “генералката“ со Скопје 0:1. Нов тренер, нов тим, драстично подмладен и релативно послаб во однос на квалитетот, во однос на минатата сезона. Лани Работнички ...
Ако Вардар и Шкендија се големи фаворити во битката за титулата, ако Струга ТЛ, па и Силекс е наметнуваат како фаворити од сенка, тогаш Тиквеш е во тој круг на клубови, барем според прогнозите кои треба да се бори најмалку за излез во Европа. Кавадарчани имаат нов спонзор, годишен буџет од најмалку еден милион евра, имаат одличен стратег на клупата во името на Ѓорѓи Мојсов и секако, она најважното, имаат и одличен тим, но и широк ростер. Одамна ...
Претстојната сезона во ПМФЛ за Арсими ќе историска. Малиот клуб од с.Чегране, за првпат во својата клупска историја ќе игра во елитната фудбалска лига во Македонија. Јасно е дека Арсими своите мечеви нема да ги игра дома туку во блискиот Гостивар, но исто е така јасно дека кога Арсими ќе биде домаќин цело Чегране ќе дојде на трибините на стадионот во Гостивар. Дебитантот во елитата секако дека си има свои амбиции. Најважно е да се извбори ...
По долги, долги години пауза, во новата 2025/26, Куманово, еден од нашите најголеми градови повторно ќе биде прволигашки град. И тоа благодарение на Башкими, клуб кој да не заборавиме дека во 2005 година, пред точно 20 години, го освои Купот на Македонија и играше во Европа. Башкими во текот на овој летен преоден рок и тоа како добро “пазареше“. Новиот стратег Муарем Муарем ги доби Ајдоган, лани како член на Гостивар беше еден од најдобрите во ...
По само една година пауза, Македонија ЃП, некогашен шампион, одново ќе игра во нашата елитна фудбалска лига. “Лавовите“ и Ѓорче повторно се во елитата. Јасно е дека овој клуб со оглед на буџетот, има свои јасни амбиции, а тие се ако се може да се избегне битката за опстанок. Од друга страна исто така е јасно дека тоа ќе биде тешко. Има во ПМФЛ во новата сезона има доста поквалитетни екипи од Македонија ЃП и прогнозите се тие, ама секогаш едно ...
Иако лани важеше за убедливо најголемиот фаворит за титулата, трета по ред, Струга ТЛ потфрли. Не само што не успеа да го задржи тронот туку не успеа да избори пласман во Европа. Токму затоа раководството на некогашниот двократен првак направи “рез“. Го доведе еден од најдобрите тренери во Албанија, Бледи Шкемби, се раздели со неколку играчи, доведе адекватни засилувања и секако дека желбите и амбициите се повторно Струга ТЛ да биде при врвот ...
Шкупи е клуб, кој важи за еден од најголемите во Македонија, со четири шампионски трофеи во својата историја. Но исто така е клуб кој сеуште нема назначено официјално тренер, кој е под истрага за сомнителни настапи и резултати на пријателските, клуб на кого фановите му го свртеа грбот и обвинуваат за криминал. Ова е клуб кој нема регистрирано 15 професионалци и само тој клуб не ги исполнил ВАР условите. И што да се каже, што да се анализира за ...
Шкендија ова лето дојде до историски успех во Европа. Оствари пласман најмалку во групна фаза во Лигата на Конференции или по ново во лигашката фаза. Допрва ќе видиме дали може повеќе. Актуелниот шампион во претстојната сезона ќе го брани тронот и ќе оди по својата шеста “ѕвездичка“. Веќе е втор најтрофеен клуб во Македонија, веднаш зад Вардар. Јасно е дека по неколку години пауза, повторно, барем такви се прогнозите, за титулата ќе решаваат ...
Пелистер ја имаше таа “среќа“ новата сезона да ја започне кај својот најголем ривал, на гости кај Вардар во “Дербито на Македонија“. Во клубот од Битола, кој иако нема титула во изминатите 33 сезони, сепак важи за еден од најголемите во Македонија, ова лето се случија големи промени. Старата раководна гарнитура, во која беа легендите на клубот па и на мак-фудбалот, си заминаа а на нивно место дојдоа лица кои имаат нескриени амбиции. Како прво ...