Илјадници граѓани присуствуваа на денешниот протестен марш „Стоп за Усје“. Поворката започна пред влада, а потоа се движеше кон Министерството за животна средина. На 12-ти март Усје повторно ќе бара да ја обнови дозволата за работа, а ние тука треба да влијаеме, порачаа еко-активистите од денешниот протест. Дали компанија која е навистина чиста која навистина работи по закон ќе дозволеше ова да прерасне во олку голем обем, ако навистина беше ...

По двете одржани блокади, граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска ќе одржи протестен марш како притисок за, како што велат, поефикасна институционална реакција за правото на чист воздух во Скопје. Од Влада, Собрание, па до Министерство за животна средина и просторно планирање ќе се одвива денешниот протестен марш кој ќе започне во 12 часот од улицата „Илинденска“, односно од пред Владата. „Оваа сабота одиме на марш, поради молкот на ...

Точно напладне од пред Владата започна протестниот марш во организација на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ Со паролата ,,Профит за Усје, болест за народот” денеска точно напладне од пред Владата започна протестниот марш во организација на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“. „На хартија бело, во дробови црно“, „Дишеме отров“, „Воздухот не е луксус, туку наше право“, „Станете граѓани, ни ги трујат децата“, беа дел од пораките ...