Амбасадата на Грција во Скопје кани на проекцијата на грчкиот филм „Невести“ во режија на Панделис Вулгарис (2004 2h08). Проекцијата ќе се одржи во Кинотеката (ул. Никола Русински, бр. 1, Скопје), во вторник, 29 април 2025 година, во 19 часот. Влезот е бесплатен. Амбасадата на Грција во Северна Македонија ја продолжува успешната серија проекции на грчки филмови со наслов „Ајде да се запознаеме“, овој пат претставувајќи го значајниот грчки филм ...

Тимот што го подготви и сними филмот информира дека „Градина“ е посветен на последните герила градинари во Скопје кои по триесет и пет години градинарење на ненаселено јавно земјиште во близина на реката Вардар, се соочени со иселување. На културниот настан ќе гостуваат режисерот Бојан Тантуровски, продуцентот Илија Тирицовски и кинематограферот Кирил Шентевски, со кои по проекцијата ќе следува дискусија за филмот. Проекцијата на македонскиот ...

Утре во Кинотека на Македонија, со почеток во 18:00 часот, ќе имате можност да го погледнете норвешкиот игран филм„Љубов“. Маријан, прагматична лекарка и Тор, сочувствителен медицински техничар, обајцата избегнуваат конвенционални односи. Една вечер, по состанок на слепо, Маријан го запознава Тор на траектот. Тор, кој често ги поминува ноќите таму барајќи случајни средби со мажи, ги споделува своите искуства за спонтана интимност. Заинтригирана ...

Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот ќе биде прикажан американскиот класик од 1944 година „Лаура“. ЛАУРА е американски филм ноар, објавен во 1944 година, кој се смета за класика на жанрот. Огрубениот полицаец-детектив Марк Мекферсон (го толкува Дејна Ендруз) ја истражува мистериозната смрт на млада жена, која била застрелана во лицето. Жртвата се смета дека е прекрасната директорка за рекламирање Лаура Хант (Џин Тирни). ...

Скопје, 29 април 2025 (МИА) - Во рамки на серијата проекции на грчки филмови „Ајде да се запознаеме“, вечер во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Невести“ во режија на Панделис Вулгарис. Како што информира Амбасадата на Грција во Северна Македонија, „Невести“ е значаен грчки филм во режија на Панделис Вулгарис (2004). Сместен во 1922 година, филмот го следи патувањето на 700 жени, чии бракови биле однапред договорени од нивните семејства ...