Програмата за главниот град треба да произлегува од потребите и проблемите на граѓаните со цел да се задоволат елементарните услови за функционирање. Оваа програма ќе биде изработена прецизно и темелно, со рокови, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори – Орце Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски оствари средби со граѓани и прибира идеи за креирањето на програмата ...

Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на град Скопје за претстојните локални избори, беше гостин во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија. Тој се осврна на состојбата со пожарите во земјава, и притоа истакна дека има доверба во институциите по однос на оваа ситуација. ,,Многу одговорно на територија на Скопје Противпожарната бригада ја врши и совесно својата работа. Одговараат навремено ...