Нигериецот Виктор Осимен ќе остане во екипата на Галатасарај и ќе потпише договор со турскиот гигант. Оваа информација ја пренесоа повеќе италијански медиуми, кои тврдат дека напаѓачот ќе се обврзе на соработка до 2028 година, со можност за продолжување за уште една сезона. Галатасарај му понуди на Наполи „фиксни“ 50 милиони евра, плус уште пет милиони низ разни бонуси, а италијанскиот клуб веќе се согласил на оваа зделка и само се чека ...
Виктор Осимен беше поврзуван со евентуален трансфер во Јувентус уште откако замина на заем во Галатасарај, но „Тутоспорт“ тврди дека италијанскиот клуб веќе не размислува за соработка со нигерискиот напаѓач. Осимен беше фаворит на претходниот менаџмент предводен од Кристијано Џунтоли, но новиот извршен директор Демиен Комоли донел одлука дека Јувентус треба да размислува за други опции. Во моментов Галатасарај е најблиску до договор со Наполи за ...
Наполи ја одби воведната понуда на Галатасарај вредна 55 милиони евра за Виктор Осимен, но Турците многу брзо возвратија со втора и го известија клубот чиј газда е Аурелио де Лаурентис дека ќе ја исплатат откупната клаузула која е впишана во неговиот договор. Откако турскиот шампион постигна договор со Осимен за тригодишна соработка, „лавовите“ не сакаат во ниту еден случај да го остават напаѓачот на цедило, па поради тоа, се согласиле на ...
Трансферот на Хакан Чалханоглу во Галатасарај е се понеизвесен, откако европскиот вицепрвак Интер ја одреди цената за 31-годишниот турски репрезентативец. „Нероазурите“ им испратија јасна порака до челниците на тимот од Истанбул. Ако сакаат да го видат играчот од средниот ред, тогаш треба да дадат 30 милиони евра на Интер. Галатасарај не се надеваше на ваков исход, и сметаше дека ќе го има играчот за помалку, односно за максимум 20 милиони евра. ...
Турската лига не е многу привлечна за најдобрите фудбалери во светот и тие често одат таму кога нивните кариери се пред крајот. Турците даваат големи пари на такви играчи и јасно е дека имаат пари за фудбал, но Галатасарај ги надмина сите со својата нова понуда. За Виктор Осимен, кој воопшто не е играч кој го поминал врвот на својата кариера, Галатасарај му понуди на Наполи 60 милиони евра. Италијанците го одбија тоа, а доколку турскиот клуб ...
Раководството на Галатасарај испратило понуда вредна 50 милиони евра, плус дополнителни 5 милиони во форма на бонуси за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен. Нигерискиот напаѓач минатата сезона ја мина токму во дресот на турскиот клуб, каде што имаше импресивен ефект, 37 голови и осум асистенции на 41 натпревар. Осимен има голема желба да остане во Истанбул, но сè ќе зависи од претстојните преговори меѓу Галатасарај и Наполи. Во неговиот договор ...
Италијанскиот фудбалски првак Наполи ја отфрли и втората понуда од Галатасарај за напаѓачот Виктор Осимен, кој минатата сезона ја мина на позајмица во турскиот гигант. Како што синоќа објавија италијанските медиуми, се очекува Наполи да го продаде 26-годишниот нигериски фудбалер ова лето, а неговиот договор има откупна клаузула вредна 75 милиони евра, која важи за клубови надвор од Италија. Според италијанските медиуми, Осимен ги договорил ...