Масовни протести се оддржуваат на улиците низ Израел поради планот на владата за преземање контрола врз градот Газа во појасот Газа. Демонстрантите , меѓу кои и членови на семејствата на заложници во Газа стравуваат дека планираната офанзива ќе ги загрози животите на заложниците и на војниците испратени во битка. Бараат договор со Хамас за завршување на војната и ослободување на заложнците. Израелкиот план за заземање на градот Газа тема и на ...

Поранешната прва дама на Јужна Кореја, Ким Кеон Хи, е уапсена поради обвиненија за корупција и мито. Таа е обвинета за примање скапи подароци, луксузен привезок, две чанти и дијамантско ланче, кои не ги пријавила. Подароците, наводно, ги добила од бизнисмени и верски лидери за да обезбеди политичко влијание во корист на нивните бизнис интереси. Обвинителството побарало, а судот одредил притвор поради опасност од уништување докази и попречување ...

Топлотниот бран создана големи проблеми пред се на земјите од Балканот, како тие од јужните делови на Европа. Црногорски војник (41) загина, а друг е тешко повреден при гаснење пожар во реонот на Кучи, на југот на земјата, кога се преврте воена цистерна со вода. Снимките покажуваат големи облаци чад како се издигаат над Буљарица откако пожар избувна низ крајбрежниот град во Црна Гора. Во изминатите 24 часа, во Србија се евидентирани 181 пожар. ...

Еден војник загина, а еден е тешко повреден откако воена цистерна се превртела во Црна Гора. Државата се бори со шумски пожар кој ги загрози домовите и беше причина за евакуација. Пожарникарите се обидуваат да го контролираат, но тој зафати неколку куќи во близина на Подгорица. Пожари беснеат речиси низ целиот Медитеран. Повеќе од 2000 луѓе се евакуирани во близија на шпански Кадис. Американскиот претседател Трамп потврди дека пред средбата со ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, потврди дека пред средбата со рускиот претседател Владимир Путин, ќе разговара и со европските лидери и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој ги нарече европските лидери „одлични луѓе и одлични лидери“, но потврди дека се „уморни“ од војната и сакаат да се вратат на трошење пари за своите земји. Трамп потпиша извршна наредба со која ќе се спречи воведувањето на високите американски царини за ...

Најмалку еден загинат и 30-тина повредени по земјотресот со јачина од 6,1 степени според Рихтер во Турција. Земјотресот ја погоди северозападната провинција Баликесир. Урнати се десетина згради, а се уште трае спасувачката мисија на локалните слуби. Земјотресот се случи изутрината, нешто пред 8 часот, а почувствуван бил во повеќе околни провинции, вклучувајќи го и најголемиот турски град, Истанбул. Двајца новинари и тројца сниматели на Ал Џезира ...

Едно лице загина во земјотресот што синоќа ја погоди северозападната турска покраина Баликешир, а беше со магнитуда од 6,1 степени, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, додавајќи дека 29 лица се повредени, а 16 згради се урнале. Спасувачките операции се во тек во Синдирги, област во покраината Баликешир. Земјотресот бил почувствуван во повеќе покраини, вклучувајќи го и најголемиот град во земјата, Истанбул. Министерот соопшти ...