1191.- Почнало зографирањето на црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото Курбиново, Ресенско. На 19 октомври 1991 година била одбележана 800-годишнината од животописувањето на црквата. 1284.- Роден е англискиот крал Едвард II. Неговото владеење од 1307 до 1327 година било проследено со низа воени порази во Шкотска, посебно во 1314 година во битката кај Банокберн. Пред стапувањето на престолот, во 1301 година станал првиот принц од Велс. Во септември 1327 ...

885.- Во Моравија умрел Методиј Солунски, постар брат на Константин Филозоф – Кирил, двајцата македонски и сесловенски учители и просветители. Создавајќи ја првата словенска азбука, преведувајќи ги на словенски јазик најпотребните богослужбени книги, издигнувајќи еден македонски говор на прв словенски книжевен јазик и формирајќи силни следбеници, како што беа нивните ученици Климент Охридски, Константин Брегалнички и други словенски ...

570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на исламот, според муслиманското верување – “последниот пророк”. Во 40 година почнал да проповеда нова вера во еден Бог, но во почетокот имал малку приврзаници. Бидејќи не успеал во Мека, по 10 години отишол во Талф, а подоцна во Медина, каде што ја основал првата општина на новите верници. 1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер Кромвел го распуштил Парламентот и вовел лична диктатура како ...

753 п.н.е.- Според преданието, Ромул го основал градот Рим. 1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес Кабрал пристигнал до брегот на Бразил и го прогласил за португалски имот. 1509.- Умрел англискиот крал Хенри Седми, основач на династијата Тјудор. 1699.- Умрел францускиот писател Жан Батист Расин, кој до совршенство ја довел француската трагедија и инсистирал на психолошка анализа на човечката, главно љубовната страст. Негови најпознати ...

– Денеска е Ден на поштарско-телеграфските работници на Македонија. – Денеска е Ден на планетата Земја 1529.- Во Сарагоса бил потпишан Договор со кој Шпанија и Португалија ги одредиле границите на интересните зони во Тихиот Океан. 1724.- Роден е германскиот филозоф Имануел Кант, професор на Универзитетот во Кенигзберг, основач на германската класична филозофија. Тој ја поставил хипотезата за природно формирање на Земјата и небеските тела. Негови ...

– Денеска е Светски ден на книгата и авторското право 1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир, англиски поет и еден од најголемите драмски писатели во светот. Во своите многубројни драмски дела уметнички силно ги прикажал универзалните човекови дилеми и заплети. Најпознати негови дела се „Хамлет“, „Магбет“, „Ричард Трети“, „Кралот Лир“, „Ромео и Јулија“ и „Отело“. Умрел во Стартфорд, на 23 април 1616 година. 1792.- Создадена била француската ...

1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I „Молчеливиот“ од Оранж (познат како Вилијем Орански) кој од 1579 година бил прв државен поглавар на Протестантската република на Обединетата провинција на Холандија. Во борбата против Шпанија, која на Холанѓаните силно им го наметнувала римокатолицизмот, бил заповедник на холандската револуционерна војска. Во јули 1584 бил убиен од Балтазар Жерар по налог на шпанскиот крал Филип II. 1731.- Умрел ...