По драматично прекинатата средба на претседателите на САД и на Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Белата куќа, уследи поддршка за шефот на украинската држава од европските лидери. Следуваа реакции од премиерите на Шведска, Канада, Хрватска, Шпанија и Полска, на претседателот на Франција, на германскиот Канцелар, на Претседателката на Европската Комисија и уште од многу други реномирани европски и светки политичари. Реакција засега ...
Постигнување на траен мир во Украина е во интерес и на Македонија, но мораме да ги задржиме добрите односи и со ЕУ и со САД, смета шефот на дипломатијата Муцунски. Македонски национален интерес е стратешкото партнерството со САД за нашата безбедност и развој во наредните години. Коспонзорството на американската резолуција во Обединетите нации е потврда на тоа. Приоритет треба да биде и интеграцијата во ЕУ и Европа, особено во областа на ...
Прес секретарката на Белата куќа Каролин Левит изјави синоќа дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп „ја преиспитува“ паузата за испраќањето помош за Украина. Таа не кажа дефинитивно дали и паузата во размената на разузнавачки информации со Украина е привремена или трајна. По вербалниот судир со украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела во Белата куќа, Трамп во понеделникот ја прекина испораката на ...
Повеќе од 20 згради беа уништени во последниот напад со руски беспилотни летала врз регионот Одеса. Во истоимениот пристанишен град со часови имаше прекин во снабдувањето со струја и топлинска енергија. Анти-воздушната одбрана очигледно беше преоптоварена од масовниот руски воздушен напад, раскажува една тамошна жителка по име Ела за новинската агенција Ројтерс. „На почетокот на војната успеваа да соборат повеќе дронови. Се разбира дека се ...
Македонци по непријатната средба Трамп-Зеленски: Украина е нападната од Русија, Украина се брани од агресија. Интересот и на Украина и на Европа и на Америка е Русија да ја прекине агресијата и да се воспостават механизми што ќе спречат следна агресија. За тоа е потребна одлука на Москва, а не на Кијив. Препорачано Жалам што, како и при почетокот на агресијата врз Украина, македонските политичари одбраа да молчат – пред 3 години за агресијата, ...
ЦИВИЛ Медиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: На што се должи молкот на македонските политичари за ситуацијата меѓу САД-Украина-ЕУ-Русија Во услови на зголемени геополитички тензии и сложена ситуација на релацијата САД-Украина-ЕУ-Русија, македонските политичари остануваат тивки, без официјални ставови или коментари. Ова молчење предизвикува реакции кај граѓаните, кои на социјалните мрежи активно дебатираат за причините ...