На полноќ на 1 септември завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за локалните избори, закажани за 19 октомври годинава. Заклучно со 31 август најголем интерес во Демир Хисар, а помал во Битола. Од Државната изборна комисија ја добивме информација на нашето прашање за тоа колку независни листи за градоначалници и за советите во општините од овој регион се поднесени, а прашавме за општините Битола, Демир Хисар, Ресен, Прилеп, ...

Во трката за советничко место за идниот состав на Советот на Општина Битола до синоќа до полноќ кога заврши рокот за собирање потписи, во подрачното одделение на Државната изборна комисија во Битола вкупно се собирале потписи за три независни советнички листи, јави „Тера“. Препорачано Како што соопшти Државната изборна комисија (ДИК), потписи за независна советничка листа собирале Зоран Лазаровски-Паљо со пет потписи, потоа листата на Миле ...

По завршување на рокот, согласно член 63 од Изборниот законик, заклучно со 01.09.2025 година до 24 часот, до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија за поднесување на предлози за кандидатски листи за група избирачи со најмалку два потписи на избирачи, доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје и 68 иницијативи за предлагање на листи на советници ...

Седум независни канидати за градоначалници се пријавени во општините од Истокот и неколку независни листи за осветници за престојните Локални избори закажани на 19 октомври. Два незвисни канидати влегуваат во трка за градоначалничката фотелја во Кочани, а по еден пријавен независен кандидат има во Пробиштип, Македноска Каменица, Свети Николе, Чешиново – Облешево и Виница. Во истите општини има поднесено и независни листи за советници. ...

Како што соопшти ДИК, листите на кандидати за членови на советот и листата на кандидат за градоначалник на општината, заедно со евидентираните потписи како предлог и целокупната друга документација согласно законските услови и според Упатството на ДИК за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатслите листи за локални избори 2025 година се поднесуваат до Општинските изборни комисии (ОИК) до 13 септември 2025 година, до ...

Струга, 2. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Пет независни кандидатури за градоначалници и три советнички листи се поднесени до подрачното одделение на Државната изборна комисија (ДИК) во Струга, информираат од комисијата за Супер радио и OhridPress. Имиња не откриваат, но се претпоставува дека меѓу пријавените се дел од лицата кои изминатиов период најавија кандидатури за прв човек на градот, како на терен со граѓаните, така и на социјалните мрежи. ...

На престојните локални избори во Струмица, Радовиш, Гевгелија ќе има независни кандидати за градоначалник а независни листи за советници ќе има во Струмица, Босилово и Ново Село. Вака информираа за Дрнка.МК портал од канцелариите на ДИК во Југоистокот откако на полноќ заврши рокот за собирање потписи за независни кандидатури за локалните избори закажани на 19 октомври. Во Струмица Драган Котуровиќ ги собрал потребните потписи за независен ...

Охрид, 2. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Истече рокот предвиден за пријавување на независни кандидати за градоначалник и советници на престојните локални избори. Од подрачното одделение на Државната изборна комисија (ДИК) во Охрид за Супер радио и OhridPress информираат дека за Охрид поднесени се една кандидатура за градоначалник и четири за советнички листи, додека за Општина Дебрца има по еден поднесок за градоначалник и совет. Листите на ...