Не бараме повеќе пари за повисоки плати, туку за останатите потреби и трошоци на Јавното обвинителство, вели државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за „360 степени“. Коцевски вели дека се потребни пари за вештачења кои не можат однапред да предвидат колку би чинеле, а и Обвинителството има потреба од нови вработувања затоа што во моментот нема кој да направи завршна сметка, а дефицитарни се и информатичарите. Како пример посочува ...

Истрагата за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби е при крај и се чека само неговата екстрадиција, изјави државниот обвинител Љупчо Коцевски во „360 степени“. Тој нагласи дека сите докази се собрани, вклучително и финансиска истрага, но Обвинителството нема информации каде се наоѓа Груби. Во однос на оценката на Европската комисија дека корупцијата е сериозен проблем, Коцевски рече дека за поефикасна борба се потребни повеќе истражители и ...