Националниот џез оркестар ќе го изведе концертот „Македонски сновиденија“ вечерва во 21 часот на сцената на Долни Сарај, под диригентство на маестро Владимир Николов, а во рамките на 66. Охридско лето. Специјален гостин е трубачот Питер Сомуа од Гана кој живее и работи во Ротердам. Националниот џез оркестар ќе ги изведе новите аранжмани на македонски народни песни и оригинални авторски композиции инспирирани од македонската фолклорна ...

Националниот џез оркестар вчера го објави своето прво дискографско издание – албумот „Македонски сновиденија (Macedonian Dreams)“. Со голема радост од оркестарот го претставија албумот како свое прво издание, кое е снимено во Fame’s Institute и од вчера е достапно за слушање на Spotify и на останатите дигитални платформи. „Македонски сновиденија“ воедно е објавен и како прво физичко издание на Националниот џез оркестар, во CD-формат. Од ...