Јапонската премиерка Санае Такаичи го распушти Долниот дом на парламентот, со што официјално го отвори патот за предвремени парламентарни избори закажани за 8 февруари. Потегот се смета за обид да се искористи нејзината висока популарност и да ѝ се помогне на владејачката партија да ја врати водечката позиција по значајните изборни загуби во изминатите години. Распуштањето на парламентот, сепак, ќе го одложи усвојувањето на клучниот буџет, ...

Долниот дом на јапонскиот парламент беше официјално распуштен денес по иницијатива на премиерката Санае Такаичи, која се надева дека ќе ја искористи својата популарност на предвремените избори на 8 февруари, а воедно ќе се бори и со инфлацијата, пренесува Нова.рс. Распуштањето, кое го одлучи Санае Такаичи, која во октомври стана првата жена премиер на Јапонија, го отвора патот за предвремени парламентарни избори. Непосредно пред распуштањето ...