Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер со пораз ја затвори сезоната во Лигата на шампионите. „Зелените“ пред својата публика загубија од ПСЖ (26-35) и завршија со три победи, две ремија и девет порази во 14 одиграни натпревари. Мечот за пелистерци беше само за престиж и за честа, додека на ПСЖ му беа потребни бодовите во битката за второто место. Сепак, тимот на Раул Гонзалез беше подобар во сите сегменти и заслужено се радува на ...
Еурофарм Пелистер во пресрет на плеј-офот од Суперлигата се засили на голманската позиција и во Битола пристигна перспективниот голман Давид Брестовац. Младиот чувар на мрежата по три години минати во Германија се врати во македонскиот шампион и своето деби за новиот клуб го имаше на натпреварот со Бутел. „Преминот во Еурофарм Пелистер е голем чекор за мене. Клуб со голема традиција и историја. Се надевам дека до крајот на сезоната ќе го покажам ...
Со натпреварот кој се одигра вечерва во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола за екипата на на Еурофарм Пелистер заврши оваа сезона во Лигата на шампиони, а за публиката од Битола и околните градови заврши уживањето “во живо“ да ги гледаат најголемите европски екипи и светските ракометни ѕвезди.Како и се очекуваше по победите над Динамо Букурешт и Алкалоид во Битола салата беше преполна, а одличната ракометна атмосфера беше најевена уште ...
Еурофарм Пелистер – ПСЖ 26:35 (13:18) Вечерва во Битола во спортската сала “Боро Чурлевски“ загубија од францускиот првак ПСЖ во натпревар кој ништо не менуваше на табелата, туку едноставно се играше за чест пред својата публика за крај на учеството во оваа сезона во Лигата на шампиони. Од “другата страна“ на ПСЖ му беа потребни бодовите во битката за второто место, кое за жал и покрај победата не му помогна.Еурофарм Пелистер загуби од ПСЖ со ...
Во натпревар без никакво резултатско значење и во кој се играше единствено за престиж, Еурофарм Пелистер успеваше да му парира на моќниот ПСЖ во првото полувреме, но македонскиот првак целосно потфрли во вторите 30 минути и на крајот се прости со убедлив пораз од новата епизода во Лигата на шампиони. Битолчани успеваа да се држат и одржуваа минимална негатива, но ПСЖ почна да се одлепува во завршните минути од првиот дел и стана јасно дека ...